Translate

Wednesday, 28 December 2011

Судир?!




Незнам дали внимавате што се случува но иако можеби медиумите се повеќе го вадат ова од пропорции едно е сигурно, односот меѓу Allegri и Pato во најмала рака не е идиличен!
Баш напротив... Во последното интервју на Pato, Allegri беше на повеќе места споменет во несоодветна конотација.
Почнаа и да се шират шпекулации како за едниот така и за другиот. Во која насока одат Вашите размислувања...?
Треба да се има нешто на памет, договорот на Allegri (и покрај најавите дека е прашање на време) СЕУШТЕ не е продолжен и важи САМО до ова лето!
Од друга страна Pato јавно објави дека Barbara B. уште лани била во неговата родна куќа во Бразил и била претставена пред неговите родители а се шпекулира и дека Barbara B. е во бремена состојба, нешто на што Pato само малку се насмевна и ја смени темата на разговор.



9 comments:

ReBorned said...

Дека ова е повеќе од сериозно кажуваат и последните зборови на G кој секогаш е елоквентен и внимава што зборува:
На прашањето од новинарите дали Pato е на трансфер листата (има шпекулации дека PSG и Ancelotti понудиле 50 милиони евра за него) G одговара кратко но МНОГУ јасно...

Galliani:"I don't have any signals that Pato wants to leave, or Leonardo want's to buy him. He'll absolutely stay with us, but if he asks to be transfered..."

--------------
Интересно во текот на вчерашниот ден 2 бразилци од Милан дадоа интервјуа (TS и Pato). Двете интервјуа се дијаметрално спротивни (TS изјави дека сака да биде Bandiera на Milan и дека има желба по истекот на тековниот договор (2016) да потпише нов договор уште на 5 години и за тоа ќе разговара со G. Исто така TS рече дека е горд што му била доделена честа да ја носи капитенската лента и дека се надева дека во иднина ќе успее да стане првиот странски капитен во историјата на Milan иако знае дека има неколку фудблаери кои се пред него во однос на капитенската лента.
Од друга страна Patinho освен тоа што го рече околу Allegri исто така и промрморе дека очекувал на тој натпревар кога не играле Ambro, Seedorf и Abbiati дека тој ќе ја добие капитенската лента... мислел дека има некоја хиерархија.. за веднаш потоа да се извади дека сепак му е мило што TS ја добил оти му е пријател.

CurvaSud_Milan said...

Ќе бидам бесен ако Алегри напушти заради Пато! мајке ми! Читав и јас за ова, ама мислам дека е пренапумпана целава работа во недостиг на фудбал периодов, сепак, кај што има чад, има и оган, тоа е факт.

ReBorned said...

Слична ситуација на таа што ја постирав во претходниот пост со Саки и Ван Бастен. Сепак, рака на срце тогаш зад Саки застанало цело раководство а Ван Бастен не се шмекал со претседателката на клубот. Има и друга варијанта, Пато веќе да си ја врзал работата со неговиот омилен тренер Карлито и Лео па сега со овие изјави сака да си го пробие патот. Ама па незнам дали и' касни мензисот на В.В...

Ultra said...

Realno mnogu poveke ke bideme oslabeni ako si otide Alegri otkolku Pato (koga veke moram da biram)
Napumpano e a, ama deka nesto se muti definitivno.I sto bese ona deka Boa mu promrcul na Berlu???(ne sum cul do sega nekoj ZIV da mu promrci na Berlu) ili najverojatno samo prica za da se prodavaat vesnici.
Inace seuste neam doma net izvinite za otsustvoto.

ReBorned said...

Зависи што подразбираш под „прича“.
Боатенг во интервју рече дека тој себеси се гледа како trequertista на што новинарот му рече дека Berlu повеќе сака да го гледа да игра во средниот ред на што БОА одговори „Епа среќа за нас што Берлу не е тренер“.

ReBorned said...

Наводно пред 1 месец Морати го контактирал Алегеи телефонски со цел да го убеди идната сезона да застане на чело на Интер (сегашниот договор му истекува на крајот од сезонава). Алегри учтиво се заблагодарил и одбил!

CurvaSud_Milan said...

Среќна нека ви е новата момци, па здравје да славиме во Мај :)

ReBorned said...

Денес во 16:30 играме против ПСЖ и Карлито.

ReBorned said...

http://milanstreamingcenter.blogspot.com/