Translate

Tuesday, 6 December 2011

VIKTORIA PLZEN vs AC MILAN RESERVES!!!


Во пресрет на послениот натпревар од групната фаза од ЛШ, Allegri синоќа повлече потег кој долго време го очекувавме сите. Го објави стартниот состав во кој скоро и да нема стандардни играчи. Секако дека очекувавме одредени измени во првите 11, но барем јас лично не сметав на старт на неколку ликови. Јасната слика во групата доведе до една лагодна ситуација и можност сите играчи во тимот да ја осетат магијата на најсилното натпреварување на континентот. Она што го пренесе Ри вчера многу ме радува, талентите се почесто изненадуваат, почнуваат да се наметнуваат и кај Max, а не само во primavera.
Како што и истакна Allegri вчера на пресот, еден меч во ЛШ никогаш не е обичен, дури и кога се е решено и играте со неатрактивен противник. Се надевам дека ова нема да бидат празни зборови и вистински ќе се гризе за нова победа. Секој бод, секој гол во европа е чекор напред за клубот, ама и за италијанскиот фудбал. Особено за овие играчи, кои не добиваат често шанса на ваква сцена. Мечот вечерва е добра прилика за Mexes да го одигра првиот цел натпревар во нашиот дрес, за De Sciglio, Cristante, Innocenti, па можеби и за Piscitelli да ги одиграат првите минути во ЛШ, за Taiwo, Ambro или Urby да се наметанат кај Max, и секако, за Robinho да конечно постигне гол од 3 метри :) За противникот очекувам да настапи доста сериозно и мотивирано. Всушност тоа и се очекува од "помалиот" во еден ваков дуел. Сега пак, се уште повеќе напалени веројатно, со последните успеси на чешкиот фудбал и загреани од пласманот на ЕП и условно лесната група. Освен тоа, за нив ова е супер прилика да го продолжат престојот во Европа. Имаат два бода повеќе од BATE, што би било еднакво на пролетна ЛЕ за нив. Голем успех во секој случај, дојдоа од четвртиот шешир.
Ова се стартерите и резервите:
Amelia; De Sciglio, Bonera, Mexes, Taiwo; Nocerino, Ambrosini, Emanuelson; Seedorf; Pato, Robinho.
Roma, Piscitelli, Abate, Antonini, TS, Zambrotta, Yepes, Cristante, Innocenti, Ibra.
Уште една битна информација пред заокружувањето на групните натпревари е дозволата од City да се преговара со Tevez. Иако дечкото нема да може да помогне во нокаут фазата зашто веќе има настап во ЛШ, ќе биде од огромна корист неговиот допринос во лигата. Многу слично на импактот на Cassano и MVB во минатата сезона. А кога ќе се сетиме како се развија односите со овие двајца играчи, јас премногу се радувам на оваа вест и се надевам дека ќе го "зграпчиме", особено сега кога во трката за него се вклучија уште неколку тима, пред се, нашата вечна сенка.

Одиме на нова победа, за заокружување на оваа фаза!

FORZA MILAN!!!

60 comments:

Ultra said...

Пато-Робињо по 1 гол кон.рез 0:2 :)
Рома и Јепес за стартери!
После денешниов натпревар, најинтересно нешто за нас се до Фебруари ќе биде само ждребката во петок, затоа ви препорачувам да навивате да победат Апоел, Зенит, Леверкузен..Бенфика,Базел...
Пошто 5 први места веќе се познати

Реал.М
Баерн.М
Арсенал
Барселона
Интер

А со Барса и Интер неможеме да бидеме извлечени што значи се скратува изборот на 6 тима односно
Реал,Баерн и Арсенал и 3 тима кои ќе бидат познати вечер и утре а се надеваме дека ќе бидат Апоел/Зенит, Леверкузен, и Базел/Бенфика :)
Многу математика знам, ама во случај кога сме на второ место само тоа ни останува :)

ReBorned said...

Прво да кажам дека знам дека постов го пишуваше на неколку пати :)
Исто така гледав кога беше снимуван во drafts и ти го прочитав првиот дел уште во 10:00 :)
Бев во искушение дури и да ти извршам поправка на зборот „послениот“ и да го напишам послеДниот но си реков не се мешам :)
Сето ова бидејки го отворив утрово блогот преку телефон и преку Forum Runner.
---------------------------
Околу мечот.

--------------Amelia

---De Sciglio--Bonera--Mexes--Taiwo

-------Urby----Ambrosini---Nocerino

--------------Seedorf

---------Pato--------Robinho


De Sciglio ќе стартува а Cristante и Innocenti веројатно нема да бидат ни на клупата но и овие подготовки за ЛШ меч и патување со сениорите значи многу за нив. Сепак, доколку Cristante биде на клупата и добие некоја минута ќе го собори рекордот на Abate за најмлад дебитант во ЛШ од тимот на Milan (Abate дебитираше со 17 години а Cristante е 16). Штета за Kingsley :(
-------------------------------
Barca 1
Porto 1
Leverkusen 2
Lille 1
Napoli 2
Milan 2 (ризично но 2.4 е коеф. а Пато и Бињо се во шпицот)

Ultra said...

Cristante за стартер! :Р
Моите типови малце подоцна :)

Navigator said...

Постот го пишував долго време оти го пишував од работа и со сецкање. Што се однесува до можните противници, единствениот противник кој не го посакуваме ни во сон е Real. Сите останати се победливи. Нормално дека помал е притисокот кога цела зима се спремаш за двобој со Apoel отколку со United, ама и тие, Bayern, Chelsea и кој и да е, можеме да ги елиминираме. Она што ни оди во прилог е најверојатно избегнувањето баш на United и Bayern заради домашниот натпревар на Benfica и лесното гостување на Leverkusen кај Genk. Во третата преостаната група, дали ќе играш со Apoel или Zenit баш ми е сеедно. Многу ќе биде интересно ако навистина овие тимови завршат како првопласирани. Испаѓа дека е подобро да си втор :)

И еве го мојот тип за колово:
Leverkusen 2 - 1.45
Chelsea 1 - 1.8
Arsenal X2 - 1.7
MILAN sw2 - 3.8 (победа без примен гол)
Real 2 - 2.5
United 2 - 1.65

Со 50, за 3500 денари!

Ultra said...

Баш затоа Иване од вчера само си правам калкулации и пресметки со кој ќе играме искрено повеќе го чекам наредниот петок него утакмицава вечер :)
Мое мислење е дека ќе играме со Арсенал, време е за одмазда :)
Моите тикети ме мрзи да ги ставам ама еве ви од мене предлози.

Chelsea-Valenca 1X gg
Genk-Leverkuzen X2
Olympiakos-Arsenal 1X 0-2
B.Dortmund-Marsielele gg 3+
Apoel-Shakhar 1X
Porto-Zenit 1 & TIM1 2+
Barcelona-BATE 1
V.Plzen-Milan X2
________________________________

Lincoln-Lutton 2
Cattering-Darlington 2 & 3+
Barsnley-C.Palace 1X gg
Tellford-York 2
Kinderminster-Bath 1
Oldham-Bradford 1
Preston-Chesterfield 1
Wrexham-Southport 1
Absfleet-Cambridge gg
Stockport-Gateshad gg

И другото ме мрзи да го пишувам некои од нив и веќе почнаа у главном кошарка еврокуп, хокеј и една ракомет.

ReBorned said...

Јеееееееее Cristante е на клупа! Мах, мора да му дадеш 5 минути на момчето, се надевам Абате нема да му даде лакт и да го повреди на клупата :)

Navigator said...

Ти си бил ептен загреан со кладилнициве :) По едно 3-4 ливчиња дневно, нели? :)

Незнам дали го прочитавте најновото околу Tevez... Galliani потврди усогласување на личните услови со играчот. Останува на City да го одобри преминот. Доколку се реализира, Milan ќе плати 2.5 милиони до Јуни и ќе има право на опција за договор до 2015 година за 5 милиони по сезона или вкупно 20 милиони. Мене ова ми изгледа како идеално решение. Уште малку фали Carlitos да биде uno di noi!!

Navigator said...

sopcast links?

Ultra said...

Типичен Галијани дил ќе ти биде тоа :)
Па да речеме иван запнав нешто у задње време, 3-4 ливчиња не ама онака ги пратам доста.
И давајте линк!
ја неам ништо!

CurvaSud_Milan said...

http://www.sportlemon.tv/v-2/12/196/v-339740.html солидно сеа за сеа

Ultra said...

не ми работи :s

Navigator said...

PATOOOOOOOOOO!! :)

Navigator said...

BINHOOOOOOOOO!! :)

Ultra said...

ЛИНККККККККК

CurvaSud_Milan said...

hahaha

Ultra said...

Не сте фер :(

Ultra said...

најдов!ама сецка!

CurvaSud_Milan said...

http://www.sportlemon.tv/v-2/12/196/v-339743.html probaj so ovoj

Ultra said...

Добар е, фала :))
И да ако заврши вака утакмицата ќе се обесам.Зошто?
Види го првиот коментар на постот.

Navigator said...

http://www.lshunter.tv/
има неколку

Navigator said...

10 минути за Cristante :)

CurvaSud_Milan said...

ЛЕЛЕ ЛУЃЕ НЕ ГО МОЖАМ!!!!

CurvaSud_Milan said...

АКО АКО, САМО ТАКА!!!!

CurvaSud_Milan said...

ЗНАЧИ БЕСЕН СУМ МНОГУ!!! ЌЕ СЕ ПОШТЕДАМ СЕГА ОД КОМЕНТАРИ!

Navigator said...

СРАМОТА!!!

Ultra said...

Не ја гледав така да нема што да пцујам, 2та наши гола џам, посебно поучер скилсот на Пато.
Робињо изненади (погоди празен гол).
Порто и Апоел ги бутнаа сите па и мене доле.

ReBorned said...

Ај да барам позитивни работи
1. MEXES!!! Ѕвер, одличен, смирен, стабилен, ќе биде голема конкуренција на Неста за тоа 2 место покрај TS во одбраната!
2. Урби :) Незнам зошто но секогаш сум имал доверба во ова момче иако е главна мета за плукање. Денес беше одличен на AMC во вториот дел.
3. Бињо постигна гол. И покрај тоа што беше ба празен гол ова може да направи чуда за неговата самодоверба пред противничкиот гол на следните натпревари.
4. Cristante! Поради рекордот! Утре во школо кога професорката по биологија ќе го праша каде му е домашната работа, школските другари ќе застанат во негова одбрана и ќе кажат: најмладиот дебитант во ЛШ во историјата на Милан поради професионални обврски не можеше да ја заврши задачата за денес, ќе ја донесе на следниот час, во Четврток.
-----
Негативните страни ќе ви ги оставам на вас оти гледав на мобилен и ептен ми застана сликата некаде околу 80та и не видов ништо наваму, читам Таиво ептен ноншалантно си џогирал пеи првиот нивен гол?! И Cristante, дали воопшто фати топка? :)

Ultra said...

Не ја гледав утакмицата ама морам ова да го пишам.
1.Покрај Бонера МОРА да блесне Мексес.
2.Урби МОРАШЕ конечно нешто повеќе да напраи.
3. /
4. /

CurvaSud_Milan said...

Мојата желба од дедо мраз за новата 2012 е да го продадеме Пато за 40+ милиони!!

Ultra said...

И?
Коа ќе останеме без него што?
Ќе се молиме Тевез(кој уште не е дојден) да се смири и прилагоди?
Или ќе ја купиме "Замената на Пато"
Како веќе споменатите замени на Кака и Шева.
Или ќе се молиме Ибра засекогаш да е во добра форма и расположение?
И Робињо да почне да дава голови кога му се укажува тоа.

ReBorned said...

Реков дека не ја гледав на крајот ама читам и на друго место дека многумина се бесни на Пато затоа што на 0:2 имал неколку шанси за и самиот да го затвори мечот а и да додаде до друг а бил себичен... Сепак имаше гол и асистенција претходно а тоа дава голема тежина и ги амортизира критиките...

CurvaSud_Milan said...

Милан не е Пато! Животот и успесите на Милан не почнаа и нема да завршат со Пато! Впрочем Милан никогаш не бил еден играч, никогаш не зависел од било кој, а најмалку од едно вакво накурчено прле дојдено од некое маало во Бразил каде верувам немаат ни фекална канализација! Секоја чест на талентот, упорноста и успехот кој го постигнал, но поентата е да се остане на земја токму во тие моменти, токму тогаш треба да бидеш најголем! Не ми се збори веќе за него, едноставно мразам егоистиочни, самобендисани, себични луѓе! А Пато со многу нешта го докажал тоа дека е така! И тоа пази, он е таков во средина каде што има мн поединци од кои може да учи како да се биде голем ЧОВЕК ПРЕД СЕ, на теренот, но и вон него, тука му се Неста, Силва, Амбро, Гатузо, Роналдињо беше таму, и Малдини го затекна две години ако не се лажам, незнам што ќе се случуваше да се погодешо во иста средина со Балотели, Кристијано, и ним сличните...

знаеш што е проблемот? проблемот е во неговиот егоистичен карактер, што он мисли дека е многу појак батка од сите нив, дека он му треба на Милан, дека овие се куртони(освен верувам за Малдини има одреден респект, иако не би ме чудело и него да го гледа надмено) без кои Милан може, ама без него не се може! е батка ова е Милан, ова е клуб што постои 112 години кога ни дедо ти не бил роден! Или сфати го тоа, или оди од клубот и куропецај се на друго место и друг клуб!

CurvaSud_Milan said...

Ри знаеш кога ќе се амортизираа критиките? Тогаш кога Пато искрена желба ќе се обидеше да постигне гол, или да додаде но заради сплет на околности немаше да успее во тоа, дали ќе погоди статива, дали некој ќе го пресече пасот, дали голманот ќе направи неверојатна парада... е тогаш да, ќе речеме момчето се обиде, јбг се дешава да не влезе топката, да не успее! работата е што тука имаше курчење! излегува сам со голман па поткопува нешто, глуми лудило и му ја поклонува топката на голманот! НЕ РИ, НЕ ГО ПРИФАЌАМ ТОА! НЕМОЖАМ ДА АМОРТИЗИРАМ! и зошто го прави тоа! затоа што мисли дека и да згреши it's not a bid deal! I am Pato, i score goals, and I can do anyting! NO YOU CAN'T YOU LITTLE BOY, YOU CAN'T!

ReBorned said...

Tevez изгледа ќе дојде. Од тоа како ќе се снајде ќе зависи дали ќе ја продолжиме соработката. Јас лично сметам дека Tevez ќе биде ненадминлив, дека Milan уште од времето на Pippo немал ваков clinical finisher и сметам дека Tevez не само што ќе остане и после летото туку и сметам дека следната сезона ќе биде барем во најтесна конкуренција за Capocaniere ако и не ја освои таа титула! Zlatan се претвори во институција (со игрите, со потта, со залагањето), значи и тој е недопирлив! Cassano после тоа шти го снајде ОСТАНУВА 100 % Milan нема шанси да го остави Cassano на цедило освен ако не се искомплицира нешто па докторите да забранат играње. Значи и тој останува, тоа ги прави тројца! Tevez не доаѓа за џабе! Следното лето едн ќе си замине. Во најтесна конкуренција според мојата логика се Pato и Binho. Можеби Binho е поблиску (Santos сака да го врати назад и да атакува на титулата по повод 100 годишнина од формирањето на клубот, следната сезона) но тоа не мора да значи ништо! Може ида биде Pato. Само тука е проблемот, што веќе го гледавме овој филм, парите од евентуалната продажба на Pato ќе ги снема. А толку добро можаѕ да се поделат на Yann M'Villa и Eriksen на пример. И тогаш ќе ни нема рамен. Но не решаваме ние...

Ultra said...

Владе брат не реков дека Милан е Пато туку дека ако го продадеме ќе изгуме повеќе него што ќе добиеме (барем на играчки план).
Малце претеруваш, малце и повеќе Ибра е егоистичен, себичен и самобендисан како што можеш и да оцениш и самиот од исечоците од биографијата па што.
Точно е дека детево претерува некад и си игра со нашите живци и најлошо од се делува стаклено и често се повредува ама некој да го чита твојов коментар ќе си мисли дека Пато утнал 2 пенала се скарал со соиграчите, го опцул Алегри и им покажал среден прст на јужната трибина.

Ultra said...

А да, и тоа со канализацијата благе везе нема, играчи од кај не дошле па успеале а од друга страна пак деца на богаташи испаднале тотали пропалици од фудбалери.
П.С. Пато не е крив што примивме 2 смотани гола, прашај ја задната четворка, и средниот ред.

CurvaSud_Milan said...

Едно ќе ти кажам, Инзаги да утне два пенала ни на крај памет нема да ми падне да му замерам, па макар тоа било и финале на ЛШ! Но човекот оставил позадина, го знаеме како играч кој со неизмерна љубов и желба ги играше натпреварите, за тимот, за победа! и кога ќе го промаши тој пенал или два тој ќе биде првиот што ќе сака да се закопа во моментот, затоа што ќе чувствува грижа на совест, дека ги изневерил навивачите, ги изневерил сите околу себе кои очекувале гол во тој момент, а незнае дека никој, ама баш никој нема да му замери ништо, затоа што оставил дела! А Пато, и Пато ќе сака да се закопа во тој момент, ама поради тоа што ќе му пропадне титулата, нема да ја има в раце, нема да го има медалот, но верувај дека го за*оле за тимот, за навивачите, за раководството, за останатите играчи!

Он има има лична амбиција, и тоа огромна, и тоа е добро, мора да ја има, но кај него е претерано изразена! Само се надевам дека со растот и развојот и стекнувањето искуство неговиот карактер ќе претрпат измени, и можеби еден ден за 5,6,7 години ќе биде доволно зрел да носи и капитенска лента и да предводи клуб од рангот на Милан, да биде пример за помладите... сепак мислам дека тоа тешко ќе се случи, а и тешко дека ќе остане уште 5,6,7 години во Милан.

поентата со канализацијата не ми ја сфати, и стварно ме мрзи сега да објаснувам за 5 саати на работа треаба да сум:) како и да е, Пато во моите очи е сеуште незрело дете кое лета високо високо во облаците, и тоа мене не ми се допаѓа, без разлика што никој не ме прашува :) времето ќе покаже дали грешам или не...

Ultra said...

Неспорно е дека е незрел играч.
А и Касано е незрело дете ако така гледаме :)
А ова со личната амбиција го објаснуваш како да се знаеш лично со човекот. Нема везе на крај ќе испадне дека го бранам а врска нема.
Bottom line
Го мрзиш Пато повеќе одколку што треба.

Ultra said...
This comment has been removed by the author.
CurvaSud_Milan said...

Констатација околу личната амбиција ми е врз база на сето тоа што можам да го видам, а се гледа доста.

Касано е добар човек пред се :)

И не мразам никој, треба многу да ми згреши лично некој за да го мразам, типов едноставно не го сакам, ништа мање, ништа више :)

...и реков и пак ќе речам, дај боже да грешам, но и ако не грешам дај боже тоа да се промени со тек на време и тука да остане долги години, неговиот талент и неговите играчки квалитети се неспорни, но во Милан не е доволно само тоа.

ReBorned said...

Факт е дека Пато не се развиваше баш така како што секој во Via Turati па и низ светот очекуваше. Според мене постојат 2 главни причини, 2 причини кои се толку големи и секоај за себе толку круцијална што не можат да бидат поделени со 1 и 2.
Тоа се:
- Големите и чести повреди. Не толку големи колку што се чести. Секогаш е истегнување на задната ложа и секогаш е 2 месеци во аут. Секогаш се враќа и секогаш влегува во серија за потоа пак да се случи се' од почеток. Тоа влијае на неговата психа но и на неговиот физички (играчки) развој. Немањето континуитет е најголемиот проблем на модерниот фудбалер! Посебно млад фудбалер кој треба да се развива и созрева преку континуирани надтапи. Тоа тој го нема!
- Другата (нема са кажам втората) причина поради застојот во развојот е тоа што тој во очите на сите беше гледан како вистински бисер на светскиот фудбал и не се штедеа убави зборови за него уште пред воопшто тој да го докаже тоа на теренот и делата да зборуваат за него. А кај дете нормално тоа ќе предизвика и самиот така да се гледа и егото ќе му скокне до небо. Тука можеби најголема вина има кај Milan како клуб! Сега сум на мобилен и неможам да ви копирам цитати од пред неколку години од Seedorf, Kaka па и лани и годинава од Alegri. Clarence имаше одлична изјава во која зборуваше дека Pato e одличен фудбалер но не треба да се потпре само на талентот и сите треба да го остават делата да зборуваат за него. Дека сега (изјавата е пред 3 години) повеќе му правиме штета отколку корист на неговиот развој со непрекинатите фалби. Дека само со напорна работа добриот талент се развива во фудбалер од светска класа. Нешто слично изјави и Kaka. Епљ еве на што мислеше Seedorf! Тоа што лани Pato имаше афера со ќерката на претседателот воопшто не му одеше на прилог на сето она претходно наведено.
Сепак, suma sumarum јас би му ја дал и идната целљ сезона. Пак поради две причини (или примери). Ако зборуваме за делот со повредите ќе го споменам Robin Van Persie за кој сите добро знаеме за каков порцелан стануваше збор! Незнам дали знаете, Pato води на листата на најмногу повреди со 11, втор е Van Persie со 10.
А околу вториот дел (карактерт) ќе го искористам примерот со Balotelli. Пак сите знаеме што беше Balo. Balo и денес го нема многу сменето карактерот (некни постигна гол со рамо на гол линијата а секој би постигнал со глава) но тој го насочи неговиот карактер во друга насока, успеа да го канализира по друг пат со кој ја задржи дрскоста која му помага да биде подобар фудбалер. Pato игра најдобро кога е под критики и кога не му е обезбедено местото во стартниот тим. Max досега покажа сека знае и јавно да го искритикува Pato и да го седне на клупата. Ако дојде Tevez, клупата ќе биде уште поблиска. Ќе видиме како тогаш ќе се однесува...
Се извинувам за печатјите грешки, пишувам од мобилен.

Ultra said...

Предлагам да ја одложиме дебатава околу Пато пред се зошто јас си ја инсталирав ФМ12 !!
Аххх тоа чуство....и сакам од вас тројца комплетна анализа за составот на Милан, што да продадам, што да купам на што да внимавам бидејќи не ве пратев баш коа зборевте тогаш за менаџер.
Би бил многу благодарен, а за награда до крајот на неделата има 1-2 добитни тикети од мене :)

Navigator said...

Голем ден за италијанскиот фудбал! И покрај поразот на комшиите, Италија остана со најмногу претставници во нокаут фазата. Ниту најскапата primera, ниту најсилната EPL нема три екипи што ќе презимат во ЛШ. Секоја чест за Napoli што издржа и успеа да помина онака страшна група. За шинтеровци ќе беше срамота да не поминат. Сега едвај ја чекам ждрепката во Петок.

FORZA MILAN!!! FORZA ITALIA!!!

CurvaSud_Milan said...

ME HAPPY! :))) FORZA ITALIA!

ReBorned said...

Да можам да го вратам времето назад пак би одбрал такво реми со Plzen за да го гледам манчестерското дерби во Европа Лига :)

Ultra said...

Мњаууу чао Манчестер хаххах дерби во ЛЕ и дерби во ФА или Карлинг куп не сум сигурен 3то коло :)
Ама ако и мене ми е мило што се враќаат италијанциве, мада елиминацијата на сити ме кошташе милка :)
Ама сепак Бенфика е можен противник тоа е нешто што го посакував.
Значи сума сумарум.

Нареден петок не чека:

Реал.М
Баерн.М
Челзи
Арсенал
Бенфика
Зенит

Па добро, можеше да биде и полошо :)

CurvaSud_Milan said...

...и ќе морам да се надоврзам, очигледно не сум бил јас единствениот на светот кој го воочил проблемот со Пато, Сидорф и Кака многу добро ја доловиле поентата само во многу позавиена форма и само со предупредувачки тон. Сепак и да звучело само како предупредување во тоа време, а не и како констатација морало да има причина за воопшто да дадат таква изјава! Сигурно со некој гест, со некое континуирано однесување Пато придонел за да развијат такво мислење Кларенс и Кака, затоа што од чиста мира сигурно нема да ја отворат таа тема. Како и да е, и јас би сакал да не го испуштиме фудбалерот Пато, но личноста Пато доколку не претпри промени во однесувањето со две раце ќе потпишам да го "испуштиме" од Милан.

Ultra said...

И коа сте више активни дај те ми инфо за ФМ12 плс!

ReBorned said...

Какво инфо сакаш, ти сакаш да бидеш менаџер или асистент? :)
Дај среди се малку :)
Јас какво финале имав на ФИФА 12 во последното коло = чудо. На тел сум утре ќе објаснувам.
Читав одлично интервју со Max Alegri, утре можеби ќе го постирам
The city of Manchester is not red nor blue.

CurvaSud_Milan said...

Јас со Милан немам играно одамна, може 3-4 години, последниве години игравме мрежно 4ца другари и зимавме тимови претежно од среден ранг. На пример пред две години играв со Палермо. Да беше пред две години ќе ти препорачав да го купиш Пасторе, сега тоа многу глупо ќе звучи да го кажам :) ...Гаргањо од Наполи ми беше добра алка, ама за во Милан не е сигурно, Жињак го купив во тоа време се растури од голови, ама пак не е за Милан, кога ќе видиш немаш корист од мене никаква :)

CurvaSud_Milan said...

и да не заборавам, Ван Нистелрој го пазарев за евтини пари на стари години, имаше незаборавна сезона! Сите тројца плачеа како дедото можел толку голови да дава! :D

CurvaSud_Milan said...

Каков напад Ван Нистелрој-Жињак! хахахаха ...нормално во константна ротација со Миколи.

ReBorned said...

Поради енормно густиот распоред сите идни натпревари од ЛШ на двата тима од Манчестер се одложуваат за во Четврток.

Navigator said...

Ако играш со Milan или друг голем клуб, ти препорачувам по двајца играчи од секој дел од теренот. Првите ги имам јас во тимот, а за вторите имам слушано и читано многу добри коментари.

Neuer/Hart
Sakho/Savic
Wilshere/M'Villa
Hulk/Doumbia.

ReBorned said...

Таман помислив дека работата со Барбара и Пато била само за една сезона, некако се стиши работата и немаше ништо на тоа поле... еве ги јавно рака под рака на опера :)
И знаете дека Галијани влезе во италијанската Hall of fame како најуспешен директор на фудбалски клуб? А Колина како судија.

Ultra said...
This comment has been removed by the author.
Ultra said...

А го видовте тоа клипот од фифа12 керол и фабијански у една бљак геј сцена? као на божемски баг било ама глава ставам дека е монтирано.
Ти брат пред 4 години ја последната ФМ што ја играв беше 05та!!
Кога Тевез,Кавенаги,Робињо газеа а никој не ги знаеше и коштаа по 15м! хаха Ван Нистерлој-Жињак легендарен напад :)
Фала за искрените одговори на Владе и Иван.Не и на Ри !! :D

Ultra said...

За 2 дена 57 коментара од 4ца луѓе, браво импресивно вака треба на секој пост :)

ReBorned said...

И јас кога ќе го видам бројот се радувам. Не ти кажав ништо за FM оти не сум го играл, аамо е инсталиран.
А сега Leo и PSG матат сметки со Tevez. Призна и Галијани дека и PSG се вклучил во трката. Галијани изјави дека ние го сакаме Tevez да го имаме на располагање во Дубаи. А ако тој размислува како Pastore и реши да заглави во Франција само поради пари не ни ни треба. Јас верувам дека ќе биде паметен.

Ultra said...

Глупо прашање:
Зошто амблемот на Милан на картава на сликава не е во боја?