Translate

Saturday, 10 December 2011

Шанса за врвот!



Шанса која не смееме да ја испуштиме. Коло после кое можеме во најмала рака да се израмниме по бодовите со Juventus на врвот. Ние играме со Bologna во гости а Juve ѝ гостува на полната со проблеми Roma. Сепак ние прво треба да си ја завршиме нашата работа. А тоа значи дека треба да излеземе како победници од Renato Dall'Ara во Недела во 17:50. Не смееме да заборавиме дека домакините во своите редови имаат фудбалер кој јас лично многу го почитувам, вистинска голгетерска машина која слично на Di Natale заслужи да има поголеми успеси во својата кариера. Di Vaio веќе изјави дека е полесно да постигнува голови кога неговиот голем пријател (Sandro Nesta) не е во тимот. Di Vaio и неговите соиграчи немаат постигнато гол против Milan точно 441 минута (последниот гол беше од пенал во 9та минута на 25 Јануари 2009 година. Abbiati нема да биде на голот, таму уште еднаш ќе биде Marco Amelia. Кога сме веќе кај Amelia мора да му признаам една работа. Во работата со нога и со рака во однос на развивање на нашите акции Amelia е Pele за Abbiati. Одлично ги наоѓа своите соиграчи и има одлична прегледност и чувство за започнување на напад. Браво!
Ќе ни недостига и фудбалерот кој на сите ни прирасна на срце по неговото доаѓање, како со головите така и со пожртвуваноста на секоја педа во секоја минута помината на терен. Нашиот втор стрелец во тимот, Antonio NOCE RINO! Се повреди на последниот дуел со Plzen и ќе се извршат понатамошни тестирања. На негово место ќе стартува Clyde. Сепак, иако Obama има можеби најдобро чувство за асистенција во нашиот тим на последниот натпревар против Plzen беше очаен а и со него нема никогаш да ги добиеме тие втрчувања во противничкиот шеснаесетник од страна на Noce и дрмење на противничката одбрана (замислата на Alegri). Лево повторно се враќа Antonini а покрај TS ќе застане Mario Yepes. Остатокот од тимот е познат. Тоа одприлика би изгледало вака:

--------------------Amelia

--Abate-------TS-----------Yepes---Antonini

----Aquilani--------MVB--------Seedorf

-----------BOA BOA BOA TENG TENG TENG

----------Pato----------------Zlatan

Момци најважно од се' е прво ние да си ја завршиме нашата работа! А после што биде нека биде.
Forza Milan!!!

9 comments:

ReBorned said...

Primavera се страшни! Денес е торпедирана Citadella со 6-2 (двата примени гола се на 6-0 резултат), екипа која пред почетокот на мечот беше на само 3 бода под нас, значи не е тотален аутсајдер. Carmona постигна 2 гола, кој од кој поубави! Еден од далечина и еден со вистински Alberto Tomba слалом преку тројца противнички фудбалери а и асистираше неколку пати кон головите на Comi. A Comi веќе е незапирлив, денес постигна хет трик и има вкупно 12 постигнати гола (со се' купот вкупно 14) во досегашниот дел на сезоната. Едноставно е незапирлив! Шестиот гол го постигна Lora.
Децата играа во следниот состав:

------------Narduzzo

Baldan - Ferreira - Ely - Desole

-Innocenti - Bertoni - Cristante

------------Carmona

----------Comi - Lora

Како што можете да забележите денес постигнавме 6 гола а неколку big guns воопшто не настапија (Ganz, Kingsley Boateng, Piscitelli, De Sciglio). Carmona (кој пристигна од Барса во тој трансфер со Zlatan) е примарно крилен фудблаер (тоа го играше и во Барса) но во последните неколку натпревари на кои игра чист AMC едноставно брилјира!
Comi е страшно clinical пред противничкиот гол, греота е што две вакви гол машини се' во иста генерација (заедно со Ganz). Двајцата се изразити голгетери и потешко соработуваат во ист тим, на било кој од нив им е потребен некој како Kingsley, Lora или Carmona како втор напаѓач!

Ultra said...

FORZA MILAN !!!

Ultra said...

Ајде момци поогранизирано во второ полувреме! не смееме да испуштиме ваква шанса!

Ultra said...

Амелија иди у пичку матер!

ReBorned said...

Многу лошо изигра целиот тим. Буквално за ниту еден фудбалер не може да се каже дека одигра добро.
Во последните 30 минути не можевме да врземе 2-3 додавања во серија, почетнички, аматерски грешки со додавања.

ReBorned said...

Status Quo после ова коло неѓу нас и Јуве. Најмногу искористија Удинезе, Лацио и Интер.

CurvaSud_Milan said...

ne utepa i na blogov remivo so bologna :( FORZA MILAN!

Navigator said...
This comment has been removed by the author.
Navigator said...

FORZA MILAN и од мене!