Translate

Friday, 2 December 2011

Genoa - Milan



Одиме на Marassi во Genoa. Не' очекува тешко гостување. Џеновјаните се познати како домашна екипа и дома играат двојно подобро отколку на гости. Фановите се најголемата причина за тоа. Ние одиме во Џенова без Абијати, Неста и Ван Бомел. Сите се жалат на повреди, најмногу ќе отсуствуваат Неста и Абијати (месец за едниот 15-20 дена за другиот). Напред ќе одиме повторно со Златан и Пато а зад нив ќе застане Боатенг. Амброзини ќе го замени The Boss а одприлика тоа би требало да изгледа вака:



Со тоа што кај домакините до последен момент не се знае дали Меркел ќе стартува или не. Сепак според последните информации домакините ќе настапат со 5-3-2 со Јанковиќ и Прато напред. Паласио е повреден а токму тоа е предност за нашата одбрана. Околу нашиот состав и последните информации зборуваат дека е тој што претходно графички е прикажан погоре.
Момци не заборавајте, играме вечерва во нестандарден термин! Баш таков кој не му одговара на Ри и повторно ќе си вади очи со iPhone.

Forza Milan!!!

12 comments:

Anonymous said...

Баш би сакал Ангела Меркел да стартува.
Ова со Паласио доаѓа како олеснување ако се земе во предвид фактот колку од офанзивната игра на Џенова паѓа на негов грб.
Јас сум оптимист, 2 со 0-2 гола, па зошто да не и конечен топ 0:2 :)


FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Меркел во долго интервју изјавува дека во Милан најмногу му помогнале Ван Бомел и Боатенг кои спрема него се однесувале како постари браќа. На прашањето дали ќе се радува ако постигне гол изјавува дека не размислува за тоа. „Прво да постигнам гол па потоа ќе размислувам за останатото“. Исто така вели дека не мора да постигне гол ќе биде презадоволен и ако успее да асистира кон некој од своите соиграчи.
Галијани вели дека се надева дека може да се направи добар микс меѓу тангото и самбата (и Тевез и Макси Лопез се аргентинци) :)

ReBorned said...

Pato пак во аут, овојпат со грип (треска).

Navigator said...

ANDIAMOOOOO!!!

Anonymous said...

Кој прдна?

Navigator said...

По толку неискористени шанси, ми е страв од казна, нешто како против BATE.

Navigator said...

Пак?????? Не е можно, не, не!

ReBorned said...

Се' е добро кога добро ќе се заврши но ова со Бињо веќе излегува од контрола. Т.е веќе поодамна е излезено од контрола!
Браво момци, (барем привремено) сме на врвот. Ladri кај и да е ќе киксне! Абе... Се друго фатив ама мадервил хиберниан ја имам 1 а беше 0-1 цело време и сега ја одложиле (наводно поради многу снег). На работа сум и не можам да потврдам причина и сл. ама би требало да сум добитен со 1 коеф на тој натпревар независно што била 0-1 така?

Navigator said...

коефициентот е 1 ако била одложена, а била, без оглед на кој резултат е прикинот. само парите нема да ти ги исплатат до крај на колото (понеделник), затоа што може да ја презакажат во текот на ова коло. тогаш ќе се важи новиот резултат.
моли се снег да ја завее шкотска викендов, што да ти речам :)

ReBorned said...

Фала.
Леле уште се смеа за Бињо.
Еден тип што е голем фан на Аквилани и му ги брои сите асистенции има коментар: "Одлична борбеност и додавање на Аква, ако беше баба ми пред голот на Фреј, Аквилани ќе имаше уште едн асистенција на своето конто"
А друг, кратко и јасно:
Robinho has the location abilities of a poacher but the finishing of 3 legged goat

CurvaSud_Milan said...

Викаат во секоја шала има пола вистина, ама во шегата со Робињо има некаде околу 90 и некој % вистина :) ...уплатив после долг период, тргна добро, Милан checked, останатото утре, во игра сум за убави 6300:)

Anonymous said...

Бенфика и Монако ги скршија моите надежи :)
И секако моето глупаво неследење на инстинкт да уплатам веќе напишано ливче џенова-милан 0:2 кон.рез кое и овде го напишав....тоа е...
Робињо да се среди под итно!

FORZA MILAN !!!