Translate
Monday, 31 October 2011
Saturday, 29 October 2011
Friday, 28 October 2011
НА МЕСТОТО НА ЗЛОСТОРОТ!!!
Thursday, 27 October 2011
Wednesday, 26 October 2011
AC Milan vs. Parma FC - preview
Sunday, 23 October 2011
Friday, 21 October 2011
Уште еден bogey team!
Нашиот состав полека но сигурно се рехабилитира и физички и психички. На некои фудбалери веќе им е потребен одмор (Cassano, MVB) но мора да го задржиме победничкиот менталитет и победничката серија, ова може да биде месец од исклучителна важност! Pato е сеуште во аут, со него нема да се брза. Rino и Flamini се одамна во аут а Ambro и Seedorf полека но сигурно се враќаат во ритам. TS е сосема во ред и очекува старт. Mexes и Taiwo ќе останат на клупата покрај Urby и Prince. Сето ова графички спастрено би изгледало вака:
Дуел за уживање? Oddo - Antonini
Момци одиме на победа, да скршиме уште едно taboo! Forza Milan!!!
Wednesday, 19 October 2011
AC Milan vs. FC Borisov Works of Automobile and Tractor Electric Equipment!!!
Sunday, 16 October 2011
Чиста десетка!
Нема многу што да додадам, само да се надеваме дека повредата на Т.С. не е ништо сериозно (ако треба и нека го пропушти Бате) и дека целиот тим ќе остане здрав.
Saturday, 15 October 2011
AC Milan - Palermo
Абиати
Ночерино,Ван Бомел,Сидорф
Последните информации говорат дека Робсон е спремен за старт и негледам зошто не би почнал, можеби малце офанзивно делува формацијава (незнам кога последен пат сме играле со 2ца напаѓачи + Касано) но ако сакаме да ги победиме Палермо треба да ги нападнеме со се што имаме на располагање!
Monday, 10 October 2011
Red Alert
А изговори може да најдеме тон, ама она што не интересира е како да излеземе од оваа позиција. Одговорот е едноставен треба да почнеме да победуваме! Враќање на Робињо и Гатузо осетно ќе го засили нашиот состав и ќе ни ги зголеми и онака малите играчки опции кои ги имаме. Во одбраната сме изгубени без некој од тандемот Неста-ТС (а некогаш дури и со нив). Макс не верува доволно во Таиво и сега за сега исто како да не сме засилиле во одбраната летово. Ночерино и Аквилани играат (што е добро) и покрај критиктите упатени кон нив неможеме да очекуваме тие да бидат носители на тимот.
Ибра мора да почне да дава голови, Инзаги МОРА да игра повеќе, СЕС92 мора да добива колку што е можно повеќе време на терен макар и тоа да било 5 минути.
Значи црвеното светло е запалено, и победа против нашиот вечен должник Палермо викендов ако ништо друго ќе не донесе на портокалово светло, па жолто, па зелено и се така натаму...всушност кога ќе помислам наша боја е црвената па што му е*ам матер нека стои упалено :)
FORZA MILAN !!!
Sunday, 2 October 2011
На гости во нова куќа!
Гостуваме кај Јувентус и нивната нова куќа! Најпрво, искрени честитки за црно-црните за нивниот храбар и револуционерен потег кога во прашање е италијанскиот фудбал! Секоја чест за новиот стадион и само можам да се надевам дека Ние па и сите други во Италија ќе го следат нивниот пример кога станува збор за фудбалските терени. Тоа повлекува многу позитивни работи со себе меѓу кои и трансфер буџетот...
Кога е во прашање вечерашниот дуел, гостуваме кај епиката која заедно со Наполи е во најдобра форма сезонава. Екипа која предводена од Конте игра со некоја специфична 4-2-4 формација која ја диригира „нашиот“ маестро. Токму од него зависи целата игра на Јувентус. Доколку е потребно па нека се оди и со еден класичен фластер на Пирло и мислам дека 70 % од работата ќе биде завршена. Во таа 4-2-4 особено доаѓа до израз играта на двете крила која што ја диригира Пирло. Се шпекулира дека имал незгодна повреда на коленото и неговиот настап бил неизвесен но јас сметам дека сето тоа е само игра на зборови! Пирло ќе игра против својот поранешен тим и се надевам дека ќе го почувствува она што го почувствува кога прв пат заигра сезонава против Милан (барем резултатски). Домакините немаат проблеми со повреди освен на левата бековска позиција. Поради повредата на Де Чеље веројатно е Киелини да оди на лев бек а Бонучи да игра централно заедно со Барзаљи. Останатото е повеќе или помалку познато.
Кај нас сеуште кубуриме со составот поради големиот број на повредени фудбалери. На тој список се приклучи и Абате кој се повреди пред овој натпревар. Затоа на десен бек ќе стартува Бонера а лево има фото финиш помеѓу Замброта и Антонини. Средниот ред ќе биде составен од Ван Бомел. Ночерино, Сидорф и веројатно Боатенг (кој не е спремен за 90 минути и влетува директно од болница) а напред Златан и Касано.
Епа момци одиме на победа како и секогаш!
Златан and Сидорф for the win!
Пирло против Аквилани... упс погрешни дресови :)