Translate

Saturday 10 September 2011

Милан - Лацио 2:2

Ништо страшно, резултат кој само ни покажува колку незгодна екипа се Лацијалите и декa оваа сезона ќе биде многу потешка од претходната. Одсекогаш сум велел дека ваквитe резултати служат како поука и да не приземјат да не летаме многу во облаци.
Ако го додадеме на ова фактот дека во последните 10 сезони бранителот на скудетото само во 2 или 3 случаеви победувал на отварањето на сезоната.
Аквилани и Ночерино имаа солидно деби, а Неста еден од најлошите натпревари во кариерата.Но треба да гледаме и на позитивната страна, на пример кога последен пат сме се вратиле после два гола негатива?или кога последен пат сме дале гол со глава?од корнер?изведен од Аквамен :)
Немам никаков апдејт за повредите на Рино и Боа освен тоа дека вториот направил некои тестови ама сеуште не се знае неговата состојба.

Сега може да се опуштиме и да се одмориме бидејќи следи лесна задача...... :-P




FORZA MILAN !!!

7 comments:

ReBorned said...

Како што напишав и во претходниот пост, (пре) задоволен сум од дебито на Аквилани. Беше индиректен на првиот и директен асистент на вториот гол. Додека имаше сила во своите нозе, беше одличен.
Сепак во дефанзива е лабилен посебно со Антонини зад него.

Navigator said...

убаво им тргна и на комшиите и на Roma :) ама Juve растури денес. што е право, право е...

Navigator said...

инаку младинците го отворија првенството со убава победа против Padova 4:1. Стрелци беа: Comi 2, Ely и Ganz.

Anonymous said...

Comi? некој да има нешто спремено за утре?некоја препорака/идеја за погодувањето на составите?

ReBorned said...

Спремено за утре, БЕЗ ЗЛАТАН!
Повреда на тренингот!
Сепак ми се допаѓа изјавата на Галијани:
„Ние сме смирени. Во нападот ќе настапат Pato и Cassano, двајца извонредни фудбалери. Не сакам да се самосожалувам, ние сме шампиони на Италија и ова не е елиминационен натпревар. Ќе има уште еден. Да останеме смирени“

ReBorned said...

АААААААААААА

CurvaSud_Milan said...

јбг, мн ги сакав србите во 1/4, не за да ги избегнеме литванците, туку заради можноста да ги елиминираме србите! тоа е што е, сега имаме можеби помалку шанси, но имаме и непроценлива можност да заќутиме 12 000 луѓе! МАКЕДОНИЈА!