Translate
Friday, 25 March 2011
Monday, 21 March 2011
Sunday, 20 March 2011
Само резиме...
Вечната болка... беа две... стара, неквалитетна одбрана и статичен, деструктивен, прозирен, некреативен среден ред.
Одбраната се санираше, со извонредниот раст на Абате (кој слободно можам да кажам, заедно со ТС е најстандардниот наш фудбалер на сезоната, единствените 2 фудбалери кои на секој натпревар даваат 100 % од себе), релативно ослободената од повреди сезона на Неста и нормално болната, лева бековска позиција.
Сепак, и синоќешниот натпревар го покажа тоа што се провлекува веќе сезони наназад. Имаме деструктивен, статичен среден ред. Среден ред кој воопшто не им помага на нашите напаѓачи со гол шанси. Среден ред кој само ја префрла топката до напаѓачите буквално по принципот топка во нозе а потоа тие самите (напаѓачите) се оставени на својата сопствена имагинација и својата сопствена креативност. Среден ред во кој единствената креативна сила (Пирло) е во аут пола сезона. Среден ред во кој со години наназад не се игра со класично крило, факт што е уште поголем проблем кога немаме креативци. Среден ред кој е исцрпен, блед, заситен. Среден ред во кој оние кои се замислени за носители на играта се веќе слободни агенти (со договори кои им истекуваа во Јуни) и фудбалери кои можеби повеќе се со мислите во административните проблеми отколку во проблемите на теренот. И кога на сето тоа ќе се додаде и фактот дека токму таму ги имаме најголемите здравствени проблеми, тоа веќе претставува проблем и во офанзивата и во дефанзивата.
Дефанзивците се оставени сами на себе во одбрана од противничките фудбалери, офанзивците се оставени сами на себе во креирање на шанси во нападот. Многу често може да се види како Неста и особено ТС влечат напред, до противничката половина за потоа тие, дефанзивците да ги барат нашите напаѓачи со долги топки, прескокнувајки ја средината на теренот. Само уште еден доказ за недостигот на креативност таму каде што најмногу треба да ја има! И фудбалерот кој брилјираше во средниот ред по неговото доаѓање во зимскиот преоден рок имаше 2 фатални грешки на последните 2 натпревари, 2 грешки кои не чинеа 2 гола и вкупно 5 бода!
Во зимскиот преоден рок се засиливме и во нападот! Сите очекувавме повеќе од него, започна одлично. Беше вон форма (разбирливо со долгото време надвор од терените) но во најмала рака е несериозно истото да се констатира и по 3 месеци тренинг и натпревари! Тогаш веќе нешто друго е во прашање!
Зошто секогаш ние треба да бидеме екипата која треба да ги враќа во форма бледите фудбалери? Зарем тоа не треба да биде одлика на екипи од втор или трет ешалон?
И околу тренерот... без разлика како ќе заврши оваа сезона јас би му дал уште една, барем до Јануари. Не е убаво да се менува тренер секоја сезона.
Овој пост не е демотивирачки и разочарувачки, само е реален. Воопшто не сум се предал во борбата за Скудетото, напротив! Тие најпрвин да го победат Лече а потоа да не победат и нас! А нели ние сме Милан?
Само резиме дечки, само резиме...
Friday, 18 March 2011
Во поход за освојување на Renzo Barbera!
Влегуваме во „матен“ финиш од сезоната. Сами си ги комплицираме работите но тогаш, во такви моменти треба да се покаже срцето на шампионот, карактерот на победникот! Колку и да сака некој да не претстави дека сме во криза и дека тонеме, колку и да се шпекулира со тешкиот распоред до крајот останува еден факт, ние сме на чело и најблиските конкуренти се на -5 од нас! Се додека тие не не' симнат од врвот, ние сме тие кои го водиме орото!
Екстремно клучен натпревар следи утревечер! Палермо од екипа која гази се' пред себе се претвори во екипа која ја газат сите! Нанижа еден куп порази во серија и сега ние сме тие кои треба да им го продолжат тој низ барем уште за едно коло. Натпреварот е клучен од повеќе аспекти но најмногу од еден, со наша евентуална победа разликата помеѓу нас и тие што не бркаат во најмала рака ќе остане иста пред директниот дуел, натпревар во кој дури кога и би биле поразени сеуште би биле на врвот! 5 бода, тоа се два натпревари, одличен багаж кој мора да го задржиме и после ова коло. А и кој рече дека тие ќе не добијат во дербито?!
Составот кај нас е тој со една голема разлика, Златан е на ладење! Првично 3 меча, можно е да се намали на 2. Како и да е, на ладење во најделикатниот период од сезоната (Палермо, Принтер и Виола).
Алегри пресече, ќе стартува со Але и Fantantonio во шпицот а Бињо ќе остане на клупа. Зад претходноспоменатите двајца најверојатно ќе стартува Сидорф поради тоа што БОА сеуште не е со задоволителен физикус за старт и не сака да се ризикува со него пред натпреварот за 14 дена. Одбраната е стандардна со тоа што на лев бек најверојатно повторно ќе добие шанса Јанку. Средниот ред зацементиран со Фламс, The Boss и Џенаро (постои и некоја шанса Урби да добие старт но тоа е во втор план). Токму тој цврст, деструктивен среден ред треба да се погрижи за фудбалерот за кој Зампарини тврди дека добил понуда од 50 милиони евра и сеуште ја разгледува.
Да им зададеме уште еден удар на Renzo Barbera па потоа нека ја прекинат црната серија :)
Forza Milan!!!
Sunday, 13 March 2011
Saturday, 12 March 2011
Одиме на плажа!
По расчистените сметки во ЛШ полека но сигурно се враќаме на нашата првична цел сезонава, Калчото. Можеби порастоварени, сигурно позаинатени да го оставиме искуство на WHL зад нас со позитивен резултат во Недела напладне.
Сето ова надополнето со (за нас) позитивниот резултат на комшиите од синоќа, победата е единствена опција против Бари. Победа со која како што покажува сликата погоре ќе ги замрзнеме на -7 и со евентуална победа против Палермо следиот викенд можеме многу порастоварени да го пречекаме дербито против комшиите и нивниот тренер.
Секогаш е тешко да се игра против екипи кои грчевито се борат за опстанок (ако не верувате прашајте ги комшиите) а кога на тоа ќе се придодаде дека е уште потешко да играш против аутсајдер после натпревар од ЛШ, треба максимално сериозно да му пристапиме на овој натпревар. Така размислува и Алегри.
Нема одмор за никој, најдобро подготвените излегуваат на теренот.
БОА сеуште накривнува и не е меѓу повиканите, а тие се:
Abbiati, Amelia, Abate, Antonini, Bonera, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Papastathopoulos, Emanuelson, Flamini, Gattuso, Van Bommel, Seedorf, Strasser, Merkel, Cassano, Ibrahimovic, Pato, Robinho.
Како што реков погоре, Алегри оди со најдоброто што го има во моментов на располагање а тоа е:
Abbiati; Abate, Nesta, Thiago Silva, Antonini, Gattuso, Van Bommel, Merkel, Robinho, Pato, Ibrahimovic
Епа момци, ајде на +7!
Forza Milan!!!
Wednesday, 9 March 2011
ОДМАЗДА!!!
Дојде и тој ден, тој меч, конечно..со денови наназад, всушност цели три недели мислиме и се спремаме за повторното соочување со должникот..потиснатa од сите оние натпревари дома, големи и битни, некако во втор план се спремаше одмаздата од екипата која можеби најмногу не понижи сезонава..поразот од Tottenham, каков и да беше, убаво не излади, злобниците ќе речат заслужено, бидејќи најголем дел од нас фановите беа уверени во "растурањето" на гостите до Лондон на San Siro..но она што најмногу не болеше не беше резултатот, тој е достижен..горчината доаѓаше од тоа што нашите момци не заслужија за загубат, иако рака на срце одиграа полувреме непрепознатливо за нив сезонава..грешката ја признаа сите, без исклучок..некои дури и се извинуваа, ама и уверуваа дека знаат и можат повеќе и дека тоа ќе го докажат..
Го избраа потешкиот пат, сршнаа едно 1200-1300km, за визата за четврт-финале да ја чекираат на White Hart Lane, а не на тогаш преубавиот San Siro..и пак сите веруваме дека Milan може преку оваа препрека, со право..па изминатата недела видовме две исклучително добри изданија, шампионска екипа, силна, компактна, екстремно опасна напред и екстремно цврста назад..некој ќе рече: кога можеме да ги згазиме Juve и Napoli, who the f*** is Totalhate??
Сепак, тежината што ја носи европскиот натпревар, надополнето со императивот на победа, етикетата на фрустриран фаворит и онаа намерно креирана слика за негостопримливата италијанска екипа, драстично ја отежнува работата на тимот..непријателскиот однос на англичаните е очекуван, но она што изненадува во пресрет на реваншот и поприлично разгорената игра на зборови, односно изјави со очигледна доза на непочитување на противничката и фалење на својата страна..тоа дефинитивно не оди во прилог на една екипа што ќе игра под притисок, а тоа утревечер ќе е Milan..оттаму не ми беше јасна изјавата на Max за Тот'нем како една од најслабите тимови во нокаут фазата и останатите провокации..искрено, повеќе очекував "патент на уста", а веќе од Четврток сабајле едно слатко смеење со прст кон заруменетото лице на Redknapp, а богами и Jordan..
Како и да е, најголемиот проблем за Allegri и Tassotti е одамна познат - составувањето на средниот ред..испадна како најболна точка во оваа сезона, иако никој летово не помислуваше да купува везњаци..кошмарот за стручниот штаб, најверојатно ќе се одрази на играта утревечер..иако сите "новоповредени" летнаа за Лондон и ќе бидат на располагање, во прашање ќе биде која минутажа се спремни да ја издржат..несакам да поверувам дека се работи за користење на финтите на Redknapp "игра-неигра", па да излезе дека или е спремен за цел натпревар или не е ниту на клупа..знам дека ни самиот Massimo уште незнае кој ќе ја сочинува средната линија, затоа што има мал милион комбинации од млада полетна и брза постава, до постари искусни играчи што веќе го кревале овој трофеј..од изборот на средината зависи и тоа кои дефанзивни позиции остануваат слободни, така што единствено напаѓачкото трио е извесно..
Таму треба да го бараме нашиот најсилен адут, барем утре, со оглед на негативата што треба да ја бркаме..она што ќе се случува на WHL не е непозната ситуација за момците, за жал..знаат колку е тешко да се стига тоа што го испуштиле дома..минатите три години искусувавме рано испаѓање од европските купови, НО ова е различна приказна! годинава тимот е граден за освојување на титули, а кога Berlu дава екстра пари, знаеме која е неговата омилена..човекот е едноставно болен по публицитет и не му е којзнае каков предизвик да ги крева домашните пехари..она што му се случи во Атина, а пред тоа во Манчестер го подмладува и така младоликиот газда :) не е лошо да му се подари уште една таква, од тие европските, колку да се одбележи јубулејот..башка тоа, со триумф среде Лондон ќе може да може бар некое време да му се к**чи на голегата Cameron што значи да си имаш ваков клуб зад себе :)
Одиме јако, од старт, одмазнички, да докажиме дека заслужуваме!!
FORZA MILAN!!!
Sunday, 6 March 2011
Saturday, 5 March 2011
DOUBLE D-DAY!!!
Какво време дојде, да неможеш да одлучиш кој е поважен меч, кое натпреварување е приоритет, кој играч заслужува повеќе стартови од останатите... оние фанови со барем десетина години росонерски навивачки стаж или подобро кажано, оние што почнале да го следат клубот во ерата на Ancelotti, сигурно не се осеќале вака добро во текот на целата сезона..можеби постарите од нив, момците што имале можност да ги гледаат тимовите на Sacchi и Capello, би можеле да потврдат дека ова е тимот припреман за титула..и не само за една, туку за доминација..нешто како ова што ни се случува пет години наназад, но овојпат таа низа би почнала регуларно, без скандали, природно во смисла на тоа дека работите ќе си дојдат на свое место..овојпат новиот шампион нема да добие бодовна предност, ниту предност во обезглавување на најтесниот круг конкуренти..и на крајот на краиштата, добро е Milan што го има блиску зад себе градскиот ривал кој редовно ќе му ја јаде прашината..
Целата оваа приказна за скандалите и местењата, (не)регуларни првенства и (периодов актуелните) злосторнички здружувања :), недвојбено потсетува на еден клуб, најголемиот губитник во италијанскиот фудбал последната деценија - Juventus..иако со далеку помала омраза кон нив после сето тоа што им се случи и им се случува сеуште, неможам одвреме-навреме да не се пошегувам со некој фан на Juve за сезоната мината во Serie B, за моменталните резултати и за безуспешните напори кои управата ги прави за да го врати клубот на врвот..повеќе од очигледно е колку еден така голем клуб може да зависи од еден човек..отстранувањето на идиотот Moggi од фудбалот во Италија, значеше потполно нестабилна иднина за Juve и период во кој клубот мора да бара замена за незаменливиот..можете да замислите што би се случило со Milan ако утре Uncle Fester неочекувано си замине...
Во пресрет на "најдоброто од Италија", на дербито на најголемите италијански клубови постои огромна напнатост..не дека постои којзнае колкава омраза (сега повеќе заедно го мразиме prInter, отколку што се мразиме меѓусебе), туку последиците од вечерниот резултат може да бидат огромни..домаќините ќе се борат за пресвртница во нивната кампања, обезбедување на место во европските купови (макар тоа било и ЛЕ), а можеби и сламка за спас за Del Neri..од друга страна, од Милано доаѓа еден екстремно опасен состав кој сака да го докрајчи великанот или ранетот ѕвер, како што Allegri сака го нарекува вечерашниот противник..ја знаеме сите силината на Juve, а и од искуство ја знаеме и желбата да се добие ривалот кога сме во незавидна позиција..минатите наши сезони можат сами да не научат како вечерва би се однесувал противникот..иако Massimo нема искуство во водењето на големи клубови, сигурен сум дека знае што му спремаат на најмрачниот стадион во Италија..
Со дербито во мислите и Лондон низ нив, момците вечерва најдобро можат да докажат дали во нив има таков потенцијал, за каков сите ние веруваме..и не дека со евентуален неуспех го губиме Скудетото и се пропаѓа во вода, но само да замислиме како ќе се осеќаат сите во клубот после победа во Торино..дали нешто воопшто ќе може да ги скрши или некој да ги надигра? како тогаш ќе изгледа борбата за титулата? како Totalhate ќе не пречека на реваншот?
За се ова да се оствари и да изгледа пореално, Max им а на располагање 21 играч: Abbiati, Amelia, Roma; Abate, Didac Vilà, Jankulovski, Nesta, Oddo, Papastathopoulos, Thiago Silva, Yepes; Boateng, Emanuelson, Flamini, Gattuso, Seedorf, Van Bommel; Cassano, Ibra, Pato, Robinho..лично не би се осудил да ја прогнозирам првата постава, со оглед на тактичките игри при комбинирањето на состав кој ќе брка негатива во Лондон за некој ден..во секој случај, тука и денес паѓа одлуката за приоритетно натпреварување и најпосакувана титула, иако тоа не значи откажување од двете..победата над Juve, расчистува многу, а дополнително кикс на комшиите значи Скудето..редно е да му поклонат на Berlu домашна титула во јубилејната година!
FORZA CAMPIONI!!!
Tuesday, 1 March 2011
Subscribe to:
Posts (Atom)