Долг и досаден ми беше викендов што поминува, некако празен, без она што секогаш ми го усмерува расположението за следната недела или барем неколку дена..во името на фер-плејот и отстапката за последниот претставник на Калчото во Лигата на Европа, се пролонгира дуелот на водечките две екипи во лигата или подобро кажано, се пролонгира гасењето на шампионските амбиции на Napoli..во едно од резултатски најчудните кола, сепак последните два натпревари се оние најважните за нас..со евентуален позитивен резулатат од гостувањето на комшиите на Marassi, момците на Allegri имаат идеална шанса во Понеделник да се доближат ептен блиску до трофејот кој е најголем сон на фановите..но и без тоа, како што безброј пати досега изјавуваше Max, се е во наши раце и од нашатa желба и заложба зависат нашите успеси, особено на домашен план..
Napoli на San Siro доаѓа како најголемото сезонско изненадување играјќи доста атркативно и без почит, а камо ли страв од поголемите екипи..иако мечот се пробуваше да се најави како директен дуел на најдобрите напаѓачи во двата тима - Ibra vs. Cavani, останува констатацијата дека дефинитивно Ale Pato ќе биде оној т.н. player to watch..со победата што ја донесе во минатото коло, со враќањето во првата екипа и со моментот кој никогаш нема да може да го избриши од сеќавањето, првиот сениорски гол за Milan, постигнат токму против утрешниот противник..тогаш Napoli беше повратник во елитата, а како добредојде им беше сервирана петарда..тешко дека тоа може и утре да се случи, но денешните 0:7 на Palermo и Udinese оставаат простор за се! :)
Уводот во нашите нови пеколни 10 дена, утрешните противници се обидоа да го направат потензичен, понапнат, наддавајќи на важност..се осмелија да го наречат мечот "одлучувачки за титулата", но ќе ги разбереме, уживаат во петте минути слава..ниту помалку лудиот De Laurentis летово не веруваше дека неговата екипа денес може да биде на само 3 бода од лидерот..мора да се признае дека заедно со Mazzarri створија компетитивна екипа, спремна за далечен дострел во европските купови, но на изјавите дека можат до крај за Скудето, јас секогаш слатко се смеам..сепак, наградата за нивната добра работа мислам дека ќе стигне со ЛШ настапот наредната година..и знам дека многу време и простор потрошив на анализата на противникот, ама нели е ова дуел на екипите од најтесниот врв...
Кај нас, скоро ништо ново..враќањето на Pato и Prince во првите единаесет изгледаат многу извесни, на сметка на Fantantonio и најверојатно Flams..кај мене, а верувам и кај многу фанови радува вклучувањето на Vila' во составот и можност за ново деби, што изгледа тешко веројатно со оглед на опцијата Jankulovski, Oddo, па дури и Urby да стартуваат на лев бек..останатите дефанзивни позиции се познати..во средината по сити логики има едно место за кое Massimo би има дилеми, покрај MVB и Prince..незаменливиот Binho на AMC, а Pato со голот против Chievo, по се изгледа си го купи местото покрај Ibra напред..
Без многу потреба за паметување и мотивации, Milan има јасно зацртана цел..неутрализирањето на Cavani, како ужина за TS и Sandro, но и победничка соработка на Ale и Zlatan за целосен впечаток..да се искористи умореноста на противникот и падот на концентрација по елиминацијата од ЛЕ, за што побезболно дерби..како што имаме кажано повеќепати порано, во вакви натпревари не се добиваат 3 бода, туку 6! епа господа од Неапол, наши се!!
FORZA CAMPIONI!!!