Translate

Wednesday, 24 February 2010

Виолетов пакет




Одиме на Артемио Франки кај Виола. Ужасно важен натпревар од аспект што доколку победиме се враќаме на второто место и ќе имаме само -4 од комшиите. Да потсетам, веќе викендов ние играме дома со Аталанта а тие играат на гости со Удинезе. Имаат суспендиран тренер и фудбалери на неколку натпревари а им доаѓа и двобојот против нашиот Карлито.
Од друга страна ако не успееме да победиме остануваме на трето место и Рома ќе биде пред нас а воедно и цела таа аура што не’ следи во последно време ќе се растури како сапуница.
Значи важен натпревар од повеќе аспекти. Фламини се враќа во составот по повредата.
Абијати ќе стартува, во одбраната се сигурни ТС, Неста и Јанкуловски а дилемата се однесува на десната бековска позиција, дали Абате кој што одигра одлично офанзивно против Бари или Бонера кој ќе биде противодговор на Варгас од спротивната страна.
Напаѓачката тројка напред е сигурна исто како што е сигурно играњето на Амброзини и Пирло. Значи останува само едно единствено место во средниот ред кој „чека“ дополнување. Интересна ќе биде и битката за местото напаѓач на СП меѓу Џилардино и Бориело.
Што се однесува до евентуалниот пренос на Телма, него најверојатно ќе го нема со оглед на програмската шема на нивниот сајт и фактот што во исто време Телма има вести. Доколку имате апдејт на оваа информација споделете ја.
На крајот би споделил нешто со Вас:

I, ReBorned, take you, AC Milan, to be my favourite team. I offer you my solemn vow to always cheer for you in good times and in bad, when we win and when we loose. I promise to love you unconditionally, to support you in your goals, to honor and respect you, to laugh with you and cry with you, and to cherish you for as long as we both shall live.

P.S Баравте затвор?!

35 comments:

Anonymous said...

Исклучително важна утакмица ако сакаме да се вратиме во трка за скудетото.Мислам дека ќе има трета среќа.Конечно паднаа мерда во формата почнаа да губат поени и сега ни е шансата да ги притиснеме.
Тимот со кој ќе настапиме вечер горе доле ќе биде истиот само што Бонера нема да игра лево или нема уопште да игра (не верувам) Како и да е ние сме во подем (повторно) Имаме еден куп мотиви против виолетовите кои не играат сјајно а и не немаат тепано одамна...
Се на се ќе биде многу атрактивна утакмица верувам со многу голови и секако наша победа.

FORZA MILAN

ReBorned said...

MILAN: Abbiati; Abate, Nesta, Thiago Silva, Bonera; Gattuso, Pirlo, Ambrosini; Pato, Borriello, Ronaldinho.

Толку па да нема никој...

Anonymous said...

FORZA MILAN CAMPIONI SIAMO NOI

Anonymous said...

Не ми се допаѓа многу идејава со Бонера но мора да ја стегнеме одбраната a нападот ќе си дојде сам по себе.Брзи се и добри техничари Маркиони Варгас и пред се Јоветич...
Сега во ерата на Леонардо црните дресови ни се среќни како контраст на белите на Анчелоти :)

FORZA MILAN

ReBorned said...

Ама ќе играме со бели вечерва ;)

ReBorned said...

Катастрофални сме...

Anonymous said...

Послабо полувреме мислам дека немаме играно сезонава.Роналдињо го чуваат сите 11 + Прандели.Треба Лео да ги среди срамота е вака да играат
Белки не е толку страшна повредата на Амбро :S

Anonymous said...

АЈДЕ ХУНТЕЛАРЦИ!!!

Anonymous said...

PATOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOO

CurvaSud_Milan said...

Не се сеќавам кога последен пат сум доживеал ваков излив на радост!!!!

CurvaSud_Milan said...

we are back in the game!!!

CurvaSud_Milan said...

...а да, на голот на Хунтелар против Kатанија беше нешто слично!!! :)))

Anonymous said...

ааааааааааааааааааааааа плачам тука од среќа ајде сега некој нека не запре.Луѓе дава крила оваа победа КРИЛА.хахахахахааааа
Конечно среќа имавме еднаш ама онака дебела среќа.А Клас Love him or hate him? нели е ѕвер? колку бодови ни има донесено сезонава :D
Ако изгубевме денеска ќе се откажев од Пато затоа што ништо не направи и не само денеска откога се повреди не е оној истиот :S
Браво за Дињо пак 2 асистенции - човекот е од бога пратен.

FORZA MILAN WE ARE BACK

CurvaSud_Milan said...

Ајде малку со ладна глава. Значи едно нешто што ме нервира максимално е тоа што Пато кога некој друг ќе даде гол скоро и да не покажува никаква емоција, т.е. ако не дал он гол, исто како да не дал никој, тоа ме вади од кожа!!! Друго, тоа што е вратен после долгата повреда си остава последици, но како и да е, даде гол и против Бари, и против Удинезе и денеска, така да нема простор за никакви замерки колку и лошо да играл во текот на утакмиците. Останува да покаже времето дали тимскиот дух ќе живне и во Пато!

ReBorned said...

Доколку на лето доаѓа Џеко мислам дека е попаметно да си оди Бориело отколку Хунтелар од едноставна причина што Џеко и Бориело се сличен тип на фудбалери (иако Џеко е многу повеќе сестран и технички поткован а има и одлична завршница). Од друга страна Хунтелар е ала Пипо тип на фудбалер кој може да реши работи со еден потег кога не ни оди ништо од рака (нога). Значи кога ни треба гол во 75-та повеќе би сакал да влезе Хунталар отколку да влезе Бориело. Сепак тоа што Хунтелар нема да се согласи уште една сезона да биде втора опција тоа е друга приказна.
Натпреварот сам по себе беше вистинско мачење за нас. Иако сум голем, огромен подржувач на Лео и неговата идеја мора да признаам дека направи голема грешка во првите 11 со тоа што Абате играше десно а Бонера лево. Се чини дека подобро ќе беше Бонера да биде десен а Јанкуловски лев бек. Од друга страна Абате би бил подобра опција на бек против екипи кои од самиот старт одат на реми. На пример како против Аталанта (со сета почит кон нив).
За жал, кога ни играат пресинг не можеме да ја играме својата игра. Сите ја даваат топката на Роналдињо и чекаат да направи нешто индивидуално. Ако му успее во ред, ако не...
Чудо од резултат со оглед на фактот дека не игравме апсолутно ништо и до постигнувањето на двата гола имавме само 2 шута, еден во првата минута кој воопшто не ни стигна во рацете на Фреј и еден на Фламини.
Кога сме кај Фламини, дечкото мора да добива повеќе шанса, премногу ни треба таа младост и полетност во средниот ред, премногу сме статични со „искусните“.
Задоцнив некоја минута на работа, возев со 120-130 за да стигнам ама вредеше :)
Forza Milan!!!

Anonymous said...

Пато е млад.Уште има 20 год.Има уште многу да учи како во приватниот живот така и во фудбалот,така да и да прави вакви грешки простено му е.Но неговиот гол рекорд е фантастичен како и да игра постигнува голови.
Абате беше дрво.Добра е идеата да игра само на утакмици кадешто треба ултра напаѓачки да се игра и мислам дека Лео ќе го сфати тоа.Мислам алал да му е што успеа да постигне со овој тим кој сите мислеа дека е завршен и дека ќе се бори за опстанок.Овие резултати што моментално ги имаме се Африка у споредба на тоа што ни беше предвидено од многу "стручњаци"
Исто така е добра идеата да се остави Клас во тимот затоа што е Инзаги тип на играч но ако е Џеко во нападот мислам дека утакмиците ќе ги решаваме порано од 80 мин :)

FORZA MILAN

Anonymous said...

И заборавив да го пофалам Абиати.Човекот е ѕвер.За Дида е Џеко :D Ако бранеше Дида немаше теорија на Варгас да го одбрани тој шут - ретроспектива: голот на Цигарини у 99 мин.

FORZA ABBIATI

ReBorned said...

Незнам што им кажал Лео на полувремето но ми се допаѓаше пристапот во вториот дел, како сосема друга екипа!
И уште една работа околу Лео, мора да му се оддаде признание за хазардеските потези во финишот на натпреварите. Некогаш добиваш некогаш губиш. Досега нема изгубено, нормално дека ќе дојде и тој ден... сепак ми се допаѓа фактот што конечно имаме тренер којшто (цитат) ... have a balls of King Kong!
Околу моето мислење за Пато во моментов... потполно се согласувам со коментарот претходно и ќе го копирам мојот коментар на странски форум, да не се преведувам:

His ego become a problem... Did somebody realize that when someone else score a goal Pato is like OK... "happy just for the record" and when he scores it's WOW!
And not only yesterday on Hunt goal... that is for months. He is happy for himself or for the team? Don't get me wrong, I'm glad Ale is one of us but did he is too? I hope this comes from his immaturity, like CR in his first years in Man UTD.
Forza Ale, Forza Milan!!!

ReBorned said...

Само да ве држам во тек...
Ништо од Џеко на лето, Берлу си го купил креветот на Наполеон Бонапарта (кој му бил идол).
Значи на лето наместо Џеко чекајте го Жулио Баптиста

CurvaSud_Milan said...

Значи се согласуваме околу Пато, но споредбата со Кристајано ме плаши, затоа што и покрај годините и искуството што го стекна тој остана истиот, односно максимално егоистичен!!! видеово кажува се!

http://www.youtube.com/watch?v=c1gwzaJzRCA&feature=related

запазете на 1:23!

а ова е моментот кога за првпат го заприметив Пато дека е рамнодушен кога Милан ќе постигне гол, а он не е стрелецот!!! ...и тоа против најголемиот ривал!!!

http://www.youtube.com/watch?v=lRxiwTfH-bs

Anonymous said...

Добро знаеме дека Кристијано е една голема будала и нема никаква спортска култура ама да се молиме Пато да не стане таков.Сеа незнам колку влијае на екипата тоа ама за око не е убаво и за самиот играч

ReBorned said...

Леле колку е јак Џеко... го гледав против Виљареал! Не само во голови, страшен е во секоја можна смисла... Асистира, дрибла, знае да повлече, кога ќе се загради не можат да му ја земат, со лева со десна... Страшен е!!

ReBorned said...

И вреди да се спомене... натпреварот го гледав на OBN (Босанска ТВ) и коментаторите рекоа дека јавна тајна е дека тој ВЕЌЕ има потпишано договор со италијански прволигаш и дека се чека да дојде крајот на сезоната за да се обелодени тоа што веќе речиси сите го знаат...

Anonymous said...

Ја да ти кажам штом тие 3ца викаат дека е така значи стварно така е.И во право се тоа Е јавна тајна а Џеко е убица во фудбалот.Се има и одвај чекам да го облече дресот на најдобриот тим во светот и пошироко :)

FORZA DZEKO

koljo said...

Не го рчкајте Пато само поради тоа што има 20 години и дека МОРА ДА СЕ ДОКАЖЕ. Роналдо е веќе покажан и докажан така да нема споредба меѓу нив.
ФОРЦА МИЛАН

CurvaSud_Milan said...

Karakterot na 20 i na 25 godini ne se razlikuva!

koljo said...

Е богами се разликува

ReBorned said...

Зборевме за Џеко:

José Alberto "Dzeko at Milan 100%"
27.02.2010 08:00 by Matthew Calcagni article read 5006 times
Source: calciomercatonews.com

José Alberto, expert agent market, contacted exclusively by calciomercatonews.com, spoke about the negotiations between Edin Dzeko and Milan, revealing some interesting background: "Milan have already taken Dzeko for June, the player will arrive in Milan after the World Cup . The deal was closed in mid-January, in an important dinner party Galliani, Dzeko and the father of a player who looks after his interests, I can safely say that Dzeko and 100% of AC Milan. Of course there is still the signature on the contract for the officer and the parties continue to deny by the end of the season, but the agreement has been reached. The only way to blow the deal would be a serious injury of the player, in this case, Milan could decide not to buy it, otherwise it is a done deal already. The prosecutor has confirmed the interest, which was rejected, a big English (probably Chelsea's note) against Bosnian: "A month ago there was in London for an important team player in a deal that I was following , the English club have been told that there was no longer able to buy the player because it was AC Milan. " Alberti, finally, spoke about the future of Dutch Huntelaar, probably a sacrifice to get the Wolfsburg striker: "Huntelaar will leave, will go to England." Eloquent, therefore, the words of the Argentine prosecutor, now we must wait for the next few months to discover, finally, if the heart Rossoneri Edin Dzeko reach his beloved Milan.

CurvaSud_Milan said...

Добро, ајде ќе оставам времето да покаже каква е разликата, но едно сум сигурен, дека Пато е егоистичен во голема мера!

Но се додека дава голови и игра добро никој нема да му замера за тоа, само не сум сигурен во периоди кога ќе биде во лоша форма и нема да има придонес за екипата колку ќе наиде на разбирање кај навивачите и раководствата. Мислете што сакате, но Пато не е ни приближно омилен кај навивачите колку што беше Шева, Кака и сега Дињо!

CurvaSud_Milan said...

Ова се одлични вести! благодариме на информацијата. :) ...да се надеваме дека типот знае што збори и не кажува непроверени информации. :)

Anonymous said...

Па ете и неофицијално панзерот е наш играч :) што е сигурно сигурно е дека ќе пристигне и неможам да бидам посреќен.Машината незапирлива ќе биде :D:D


FORZA MILAN

ReBorned said...

Па типот е ФИФА агент ама додека не го видам на терен ништо не верувам (посебно после Сисоко).
Околу Пато знаеш дека целосно сум на твоја страна по оваа дискусија. Дињо игра со многу поголемо срце (кога не го мрзи), на секој гол се радува како мало дете (зборувам за туѓите голови, не за неговите). Пато? Барав пола час еден линк за да го постирам ама не можев да го најдам...
П.С Пишувај пост за Аталанта немој само рефреш на блогот да даваш ;)

CurvaSud_Milan said...

и онака беше во план. ;)

Anonymous said...

[url=http://www.pi7.ru/zdorove/1705-4-privychki-staryaschie-kozhu.html ]Мужчина во время секса ругается))) [/url]
В общем ресницы и коротенькие и реденькие не загибаются. Сколько тушей не перепробовала - особо ничего не впечатляло. Может кто-нибудь что-нибудь подскажет из новинок (а может и из больше старых моделей) для таких проблемных ресниц.

Anonymous said...

[url=http://www.pi7.ru/seks-sekrety/1567-lindsey-lohan-vernulas-k-byvshey-vozlyublennoy.html ]Прикольные люди [/url] Делаю вывод, что у некоторых гардероб стоит огромные деньги, при всем при этом они жалуются на давку в метро, нечистые улицы, коие омрачают их суперобувь и т.п. У меня возникает вопрос: зачем при таком благосостоянии переться в метро в час пик? На работу ездить? Не вижу смысла, все мои удачные знакомые давно не сидят в офисах, работают удаленно. И вообще зачем жить в Москве? Не лучше ли за городом, на свежем воздхе, куда как полезней? Или это пишут те, что живут на окраине в съемной однушке, на всем экономят, но в бренде?