Translate

Sunday 25 January 2009

BOLOGNA-MILAN 1:4 ANALYSIS & RATINGS




400-стотиот натпревар на клупата на Милан Анчелоти го прослави со победа.Сосема доволна одмазда за поразот на самиот старт на шампионатот.Како што кажува резултатот Милан ја прегази Болоња пред се на тактички план.Очигледно дека со малку среќа,тактичката замисла на Анчелоти знае да биде многу исплатлива-нешто што досега ни недостасуваше токму на гостувањата од типот на Болоња.


Абиати 7.5 Уште една одлична изведба од него.Неколку одлични интервенции пред се ударот на Ди Вајо,но она што најмногу ме радува кај него и често го спомнувам е дека е константен и сигурен.Неможеше ништо да направи при пеналот на Ди Вајо.
Замброта 7.0 А зошто да не и 7.5?како и да е уште една добра изведба од Замбро.Пеналот за водство беше направен над него што значи дека имаше голем удел во победата.Забележително е дека добро соработува со Бекам на десната страна.

Сендерос 7.0 Па добар беше со оглед на фактот дека ова му беше прв старт во Серија А.На моменти несигурен,но ми се допаѓа неговата агресивност и стартовите во кои не е ни малку нежен :)

Малдини 7.0 Уште една капитенска изведба од капитенот :) Втор натпревар по ред го гледам се почесто на противничката половина,потсеќа на старите добри времиња :)

Фавали 7.0 Искусна изведба од него.Ништо посебно но не ни изигра лошо,добро комбинираше со играчите од средниот ред и сосема солидна изведба и од него.

Пирло 7.0 Си беше Пирло само не толку активен во организирање на нападите како што знае.

Бекам 7.5 Добар натпревар и мнооогу добар гол :) Бекс стартува трет натпревар по ред што воопшто не ме зачудува со оглед на фактот дека ќе биде со нас до март.Уште еднаш пофалба за Анчелоти што го смести Бекс на вистинско место и секако и за Бекс кој без проблем се уклопи :)

Амброзини 7.0 Имаше најголем дел од прљавата работа во средниот ред ама немаше многу потреба од такво нешто и затоа често го гледавме како ја контролира средината заедно си Пирло.

Сидорф 7.5 Од толку што го каравме му дојде памет и изигра супер натпревар.Даде гол,а многу ми се допадна што го видов како трча!дада трча! :) Во една ситуација несебично му асиситираше на Кака но овој се опушти и на крај ништо не испадна.

Кака 8.5 Па мен оф д меч...2 гола...можеше и трет(очигледно неможам да се помирам со тоа :).Се на се видовме 1/4 од можностите на Кака :)

Пато 7.0 Солиден натпревар и од него.За жал ја преќина серијата од 5 натпревари по ред каде што даваше голови но ќе има уште време и шанси за него да се поправи :Р Црвениот картон на Мудингаи беше покажан токму по стартот врз него.

Измени: Антонини / Роналдињо / Инзаги /

Победа,3 бода и уште поважно на само 3 бода од врвот сме каде што се израмнети јуве и мерда.Но искрено,не верувам дека мерда ќе киксне вечер иако играат без Ибра-хомович :)
Веќе в среда против Џенова дома имаме шанса за да се доближиме уште повеќе до врвот со оглед на фактот дека јуве и мерда имаат не баш лесни гостувања.




FORZA MILAN!!!

7 comments:

Milanist od srce said...

Значи конечен резултат .

Болоња-МИЛАН 1-4

Иако требаше можеби уште толку но после четвртиот некако не им беше до гол , па многу се опуштија , а и имаа и зошто ,4 комада ,плус тоа и добра игра.
Да се надеваме вечерва на кикс на Интер ,па во Среда МИЛАН игра дома против Џеноа, Интер на гости кај Катанија , а Јуве исто на гости кај Удинезе , значи тука Милан има шанса и да се израмни со бодови , со победа над Џеноа , и евентуален кикс на Интер и Јуве со оглед на тоа дека имаат силни противници и играат на гости , за разлика од МИЛАН кој игра дома .

Па да се надеваме на ова и поздрав до сите Миланисти .

FORZA MILAN и само нека реди вакви резултати .

Anonymous said...

Момци ми се згадува цело првенство благодарение на јуве и особено мерда :( како може после со чиста совест да слават скудето бе?Што судии има?аеее глупости!крајно разочоран сум!идам да се издувам позз

Anonymous said...

"Milan ready to sell Emerson to Portsmouth..."
-Best news i've heard this winter! :D

ReBorned said...

Ултра извини, знаеш дека претходно бев многу активен на блогов ама сега одкога се вработив стварно немам време! Капа доле за тебе што го ажурираш блогов навремено!
Пирло не 7 туку 3,5! Се послабо игра а се повеќе го форсира Карлито! 3 пати ја изгуби топката на 20 метри од својот гол и им правеше проблеми на своте соиграчи од одбраната!
И јас прочитав за ПУМА-та во Портсмут! Тоа ќе биде најдобриот трансфер потег на Галијани оваа зима!

Anonymous said...

Нема проблем друже таман работа :)Имаше и период каде што ти сам пишуваше на блогов.ас нема проблем цело време ќе пишувам само прашувам стално бидејќи еднаш ни се усогласија постовите,а плус ти секогаш викаш дека си за афтер меч постови :) Како и да е ќе продолжам да пишувам :)

А да ова за пумата е супер!ама е најдобра вест зимава после останувањето на Кака се разбира :)

FORZA PUMA! :P

Anonymous said...

А за Пирло нз што да ти кажам :( штета што се случува ова сега...уште повеќе кога ќе ми текне дека своевремено Пирло беше најдобар на својата позиција.Можеби треба да се вратиме на: Фламс Сидорф Амбро...или?

ReBorned said...

Пирло ми е еден од најомилените фудбалери, и за мене до пред 2 години (до после СП 2006 во Германија) УБЕДЛИВО НАЈДОБРИОТ на својата позиција во светот! Ама да бидам реален после СП 2006 (на кое одигра фантастично) Пирло веќе не е Пирло! Игра на стара слава и особено многу комплицира на својата половина и губи топки кои можат скапо да не чинат! Знам дека може да пружи одлична контрибуција во нападот (има одлични дијагонали и паралели) ама сметам дека со моменталната форма едноставно не треба да биде првотимец! Веќе утре очекувам да игра Фламини ама на местото на Бекам (не верувам дека Бекси ќе одигра 2 натпревари во 3-4 дена)! Ама од друга страна ова форсирање на Пирло ако помогне да се врати во таа своја одлична форма...
Поздрав