Translate

Saturday, 17 January 2009

Каде оди фудбалот?!



Фудбалскиот ( и не само фудбалскиот) свет е превртен наопаку! Во време на глобална рецесија и војни се појавува една (најблаго кажано) безобразна понуда! Шеиците од Сити дојдоа во Милано во мисија која што би го однесла Рики во сината половина на Манчестер. Се дотука е во ред! Арно ама таа мисија вреди околу 250 милиони евра (трансфер + плати)! Да бидам искрен, ниеден фудбалер не вреди толку пари! Доколку ова се реализира се подместуваат границите на фудбалот од корен и нема да биде воопшто чудно доколку за неколку години, ФИФА преслика нешто од НБА односно воведе некоја бета верзија на селари-капот од НБА!
Како што реков претходно, ниеден фудбалер не вреди толку пари, но ако некој е близу тоа тогаш тоа е токму тој!

Сити добива многу со неговото евентуално ангажирање! Добива пред се фудбалски бисер, страшно интелигентен на теренот а воедно и извонредно скромна личност! Личност која секогаш ќе работи за доброто на тимот и фудбалер кој нема никогаш да прави проблеми во соблекувалната. Идол на младите, маркетингшки совршена фигура и (можеби најважно) ѕвезда која може „да повлече нога“ односно да ги примами и другите идни цели на Сити да му се придружат нему!

Што добива Милан? Милан добива сума на пари со која може да формира цел нов тим (а нема потреба за такво нешто). Добива таква сума за фудбалер кој две години има хронични повреди на коленото и со операција претходната сезона! Е сега проблем претставува дали B&G се подготвени тие пари да ги инвестираат во тимот или ќе бидеме сведоци на $heva – втор дел (продаден за 45 мил. Евра а купен само Рикардо Оливеира за 15 мил.)! Милан добива одлична сума со која може да направи целосен ремонт на одбраната (која полека но сигурно се освежува со Тиаго Силва и Матиони), да се земе еден Сантакроче и да се обезбеди таа CB позиција за следните 10-тина години, да се купи уште по еден одличен фудбалер во средниот ред и во нападот!
Што губи Милан?! Милан (или поправилно B&G) губи авторитет најпрвин кај сопствените навивачи а потоа и кај останатиот фудбалски свет! Губи икона на тимот и иден капитен на Милан! Губи брзина и луцидност во средниот ред и во нападот, го губи единствениот фудбалер (со моменталнава формација и фонд на фудбалери) кој што внесува динамика во средниот ред! И што е најважно губи лидер (посебно по крајот на сезонава кога и Ил Капитано ќе ги соблече копачките)!

Што добива/губи Рики? Рики веднаш по понудата на Сити изјави дека сака да остаре во Милан и да биде капитен (како многу пати претходно). Но B&G останаа неми на понудата на Сити (молчењето значи прифаќање) и им дозволија да преговараат со Рики (што само по себе го потврдува претходното)! Во тој момент Рики се почувствува предаден и сфати дека е подобро доколку си замине. Тој добива плата со која финансиски ќе се обезбеди себе и идните 3 поколенија! Добива шанса да влезе во еден нов свет, да биде дел од еден нов проект во градење... Губи стил, губи шанса за борење за трофеи (барем во прво време) и губи европски купови (минимум за година и пол)!

Кога се ова ќе се стави на вага... кој добива најмногу?!


Најголем добитник од целата оваа ситуација (без разлика што тој воопшто не сака Рики да замине) е едно младо момче, сегашноста и иднината не само на Милан туку и на светскиот фудбал во целина... Alexandre Rodrigues Da Silva - PATO!
Момчето кое блеска со својот раскошен талент, момче кое како никој претходно не потсетува на Роналдо во своите најдобри денови! Момче кое за да може да блесне во сиот свој сјај му е потребна формација со 2 напаѓачи 4-4-2 односно 4-3-1-2, нешто што нема да го добие се додека се во тимот Дињо и Рики! Момчето има само 19 години а има страшни бројки зад своето име во лига во која е најтешко да си напаѓач! Натпреварот со Виола вечерва ќе му биде 38 натпревар во Милан (значи заокружување на една сезона)! Момчето има неверојатни 17 гола досега! Во својата прва сезона во Калчото во дрес на Милан и во време во кое не беше стандарден а едно време не играше и поради повреда! Се сеќавам добро како цел Милан го носеше на свои плеки во текот на претходната сезона кога беа повредени сите вклучувајки го и Рики! По постигнувањето на вториот гол, на она прекрасно ремек дело против Мексес и Рома едноставно бликаше со самодоверба, никогаш претходно го немав видено вака да прославува гол, момчето прераснува во маж и е спремен да гази се пред себе! Само напред Але!!!
Forza Ricky, Forza Ale, FORZA MILAN!!!

П.С Текстов е пишуван во време кога судбината на Рики сеуште е неизвесна! Но како и да е, Рики и да не оди сега во Сити веќе никогаш нема ништо да биде исто, на лето Реал ќе биде охрабрен од фактот што Рики веќе не е недопирлив, Сити ќе се врати со повеќе куфери... се ќе прерасне само во поголема фама која на крај сепак ќе заврши баш така како што би завршила сега!

12 comments:

ReBorned said...

Никако да не го пропуштите вечерашниот натпревар против Виола (знам дека нема)! Ќе биде жестоко... навивачите ќе му покажат на Рики колку го ценат а се шпекулира и со дел од навивачите да го напуштат стадионот на полувреме?!?!?!

Navigator said...

Ах бе Ри шо ми напрај ме расплака од сабајле..незнам за вас ама јас сум ептен сентиментален човек и вакви разделби со вакви луѓе ме убиваат..па и таков ни е клубот, тука сите играчи после година-две се врзуваат и остануваат долго така шо некако чудно и тешко ни доаѓаат ваквите ситуации..ние цела година кукаме и плачиме за Gourcuff кој е само на позајмица, а да не зборам за продавање на играчка икона како KAKA..сведоци сме на примерот со Sheva..во фудбалот се прават милиони трансфери во една година, се продаваат најголемите ѕвезди, легендите на клубовите, ама за никој друг играч не се зборуваше и пишуваше повеќе отколку за Sheva..да не зборам за понатамошното будно пратење на кариерата и споредувањета "пред Milan и после Milan"..едноставно заради реткоста на out-трансферите во клубот, настанува целата оваа фама..искрено мислам дека Kaka нема да одолее на понудите и ќе замини, ама не дека ќе замини на полусезона и дека ке го остај тимот на цедило..сепак тој не е еден Maldini, кој верувам за 5 пати поголема сума од оваа не би го менувал клубот..првата причина е годините на Kaka, а втората и поважната се чини се парите..па луѓе, треба да си луд за да не прифатиш ваква понуда..и сеа можи да се јави некој и да ми кажува како парите не се најбитни и дека чувствата треба да преовладаат, ама ништо неможи да ме преубеди дека денес фудбалот се игра за пари а не за papa Silvio или за соиграчите кои ги осеќам како фамилија..цело време гледате колку е среќен Ricky во Milano ама милионите си се милиони и на крајот тие ќе одлучуваат..а кога пак ќе ја видам сумата шо Milan евентуално би ја добил, искрено мислам дека со неколку играчи на разни позиции би ја пополниле незаменливоста на Kaka..тоа се огромни пари и со некој трансфер план, сличен на онај на Римчо, клубот би можел да ја смени концепцијата на работа воопшто, нешто за кое ја колиме и бесиме управата веќе 3-4 години..се на се мислам дека заминувањето на Kaka овај пат е неизбежно и ми е премногу криво шо морам тоа да си го констатирам самиот на себе..во секој случај уште поубеден сум дека Ricky нема да напрај таква неблагодарна постапка, да замини на полусезона..а познавајќи го неговиот карактер искрено не се надевам дека е спремен да му го приреди тоа на клубот..нема да невлегувам што со евентуалните пари од Kaka зашо е стварно прерано и гадно од моја страна..би му препорачал само добар избор
FORZA RICKY, SIAMO TUTTI CON TE!!!

Ultra red and black said...

Неможам да верувам што читам.... :( скршен сум едноставно....сеуште нема потврдување на ац.милан.ком и тоа е она што ме убива највеќе! :@
Ако си отиде(а по се изглеа така)нема да можам да се помирам со тоа долго,доолго време.....клипот е преубав...и за жал сега морам да го глеам за првпат....
Само уште нешто да додадам за крај....НИКОЈ ПАРИ НА СВЕТОТ НЕ БИ МЕ НАТЕРАЛЕ ДА ГО ПРОДАДАМ КАКА!!!ПА МАКАР И ДА НЕ ОСВОИ НИШТО МИЛАН ВО БЛИСКА ИДНИНА!уште еднаш...скршен сум...немам сила ни за пост...... :(

Ultra red and black said...

И да одговорам на прашањето на насловот на постот....У три лепе пичку матер!!!Бесен сум!Највеќе на Берлускони и Галијани !!! :@

Navigator said...

дајте луѓе малку позитивна енергија..за сат време имаме ептен важна уткамица и одиме само на победа..мислам дека моментално само навивачите можат да го премислат Ricky и со едно емотивно навивање преку цел натпревар да го натераат да размисли кај е најсреќен и кај припаѓа на крајот на краиштата..

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

http://www.youtube.com/watch?v=5wvX_n4SGqQ&

Today is gonna be the day
That they're gonna throw it back to you
By now you should've somehow
Realized what you gotta do
I don't believe that anybody
Feels the way I do about you now

Backbeat the word was on the street
That the fire in your heart is out
I'm sure you've heard it all before
But you never really had a doubt
I don't believe that anybody feels
The way I do about you now

And all the roads we have to walk along are winding
And all the lights that lead us there are blinding
There are many things that I would
Like to say to you
I don't know how

Because maybe
You're gonna be the one who saves me ?
And after all
You're my wonderwall...

Ultra red and black said...

He belongs to Jesus :)

А чул те Господ ако можат да го премислат Кака да остане :)

FORZA RICKY!!! FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Незнам дали Рики ќе остане или не ама сигурен сум дека она што ќе се случува вечерва на Сан Сиро ќе остане во аналите на спортот... сигурен сум околу тоа!
А дотогаш... НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!

Navigator said...

MILAN: Abbiati; Zambrotta, Maldini, Favalli, Jankulovski; Beckham, Pirlo, Ambrosini; KAKA, Seedorf; Pato.
Со среќа дечки вечер, израдувајте не со нова победа, а ти Ricky со уште некоја сезона меѓу нас
TUTTI INSIEME PER NOSTRO MILAN!!!

Anonymous said...

Hi
[URL=http://blog.bakililar.az/Botshark/]Buy Tramadol Online[/URL]

Anonymous said...

Отличная статья! большое спасибо автору за интересный материал. Удачи в развитии!!!
http://www.miriadafilms.ru/
milanfansmkd.blogspot.com

Anonymous said...

Почему регистрация не работает ?