Translate

Saturday, 17 January 2009

MILAN-FIORENTINA ANALYSIS & RATINGS

1-0!Сосема доволна победа која можеше да биде изразена и со поголема разлика,но на моменти изгледаше и Фиорентина ќе биде таа што ќе слави.Уште во петтата минута се виде дека Виола не е наивна и се закани преку Јоветич кој падна во шеснаесетникот,но по асистенцијата на својот помошник,Росети ја повлече првичната одлука да досуди пенал.Само 2 минути потоа,по добрата комбинација помеѓу Бекам и Јанкуловски,Пато се најде во одлична позиција која максимално ја искористи и со силен и прецизен удар во долниот лев агол од голот на Сторари постигна гол.
Од тогаш па се до крајот на натпреварот Фиорентина имаше поголем дел од играта и шансите,но со изненадувачки одличната одбрана и сигурниот Абиати,Милан се погрижи резултат да остане непроменет.


Абиати 7.5 Одличен натпревар се на се со кој се повеќе ме убедува мене а верувам и вас дека е вистинскиот човек за Милан,и дека ако продолжи вака нема да има потреба од купување на голман во наредните 4-5 години :)

Замброта 7.5 Газда!Заедно со натпреварот кога даде гол против Лацио,оваа му беше најдобра партија.Едноставно го имаше секаде а особено беше забележителен во одбраната каде што ако добро се сеќавам не беше прејден освен негде при крајот кога Јоветич се ослободи со него,но тоа беше на противничката половина и не претставуваше проблем за нашата одбрана :)

Малдини 7.5 Со едно око ја гледав утакмицата во целост,а со другото го следев секој потег на Малдини и што да кажам освен КРАЛ!не помина ништо покрај него цел натпревар,(скоро)сите воздушни дуели ги доби и на неколку наврати покажа и атракција,која само ја отсликува неговата уметност во бранењето :)
Фавали 7.0 Тивок но добар натпревар од него.Смирен како и секогаш и со неколку добри интервенции и беше една од главните причини зошто од Џилардињо видовме само бунење и какање :)

Јанкуловски 7.0 Ќе беше и 7.5 ама поради црвениот картон поради кој ќе паузира против Болоња доби само 7мица.Инаку константно одличен и напред и назад а забележително во нападот каде што упати неколку опасни центаршутеви.

Бекам 7.0 Бексссссссссссс :) добар е добар...неколку опасни центашутеви и еден многу опасен удар кој беше скротен од Сторари.Штета што немаше шанса да тртне некој гол од слободен :)

Пирло 7.0 Си беше Пирло :)
Амброзини 7.0 Константно добар и борбен во текот на целиот натпревар.
Сидорф 6.0 Најниска оценка од сите.Едноставно нели не беше ова негов натпревар(пак).Подобро ќе беше Шева или Пипо да почнат со Пато.Мислам дека последниве 2 натрпевара треба да го натераат Анчелоти да го седне Сидорф на клупа(ако остане Кака се разбира :(

КАКА 10. Бидејќи ова му беше можеби последен натпревар ја добива оценкава.Нема да коментирам за неговиот учинок во овој натпревар.

Пато 8.5 МеН оФ Д мЕч!3 утакмици по ред вауууууу!!!Патката распалува пак!на последните 5 натпревари постигна дури 7 гола!!!скор кој зборува сам за себе!Од Јувентус па се до Виола денес Пато посигнува голови.Ако вака продолжи во поскоро од очекуваното ќе се оствари предвидувањето на Кака дека Пато ќе ја освои златната топка еден ден :)


Замени: Фламини 7.0 Роналдињо / Сендерос 7.0 -Ме импресионираше за само кратко време поминато на теренот,браво! :)

Co oваа победа се доближивме на 6 бода од мерда и само 2 од Јуве кој утре против нашиот Горчо ќе се обиде да остане во чекор со горенаведените душмани :)


и за крај..... Кака и да остане,и да си замине ќе биде секогаш во нашите срца.Јас,(а верувам и голем дел од вас)плачев и бев во нок даун гледајќи неколку клипови со Кака...јас мислам дека нема да биде паметно да си оди но сепак,начинот на кој се поздравуваше со соиграчите по завршетокот на натпреварот говори нешто друго....како и да е остануваме
ЦРВЕНО-ЦРНИ!!!




FORZA KAKA!!! FORZA MILAN!!!

89 comments:

Anonymous said...

Ајде читај! :)

kiko_pato said...

Прочитав :) виде дека не се уклопи со никој? :) хехе... Се убаво ... од постот ... ама на крајот овоа за Кака.... кога ке се присетам на поздравот на крајот со Амбро... со Паоло... :( а ја прочита ли изјавата на Галијани??? ти значи ли нешто?

Anonymous said...

Искрено со оглед на изворот многу малку ми значи.А ако видам дека е откопано од некој друг сигурен извор тогаш би верувал :)
И уште нешто само да додадам за гоал.ком...од завчера 100 артикли за заминувањето на Кака,а нигде во трансфер зоне областа го нема Кака :) Ни во преговори :) Ова ми дава барем малку надеж дека ќе остане Ангелот меѓу фудбалерите

Anonymous said...

во Милан! :Р

kiko_pato said...

Дај Боже ... Ги читав сеа изјавите и од Анчелоти,Бекс,Патката... сите шо се вика ГО МОЛАТ да остане ... ае ке видиме неделава што ке биде... :) а брат имаш мсн ти?

Anonymous said...

Имам!пиши на блогов коа ќе бидеш да ти го кажам.

Zoki said...

Steta za kaka, duri i mene mi padna teshko... :/

ReBorned said...

Замбро убедливо човек на натпреварот.... фантастична партија!
Рамо до рамо со него беа Абиати, Але и Јанко!
Околу Рики... не е се баш розово, Берлускони изјави дека не може да го сопре да заработува повеќе пари во друг тим, доколку сака да го задржи него ќе треба да му ја зголеми платата (а веќе е најплатен фудбалер во Милан) што по себе би повлекло зголемување на платата на сите други фудбалери... доколку е баш така :( :( :(
http://www.channel4.com/sport/football_italia/gallery/twohundredandninetyone1.html

ReBorned said...

Синоќа имаше одличен банер на Сан Сиро:

- Ето 80 милиони со Master Card
- К.Роналдо 120 мил. со Master Card
- Меси 180 мил. со Master Card
- Кака... бесценет!

kiko_pato said...
This comment has been removed by the author.
kiko_pato said...

Море Ултра ајде кажи го МСН тука сум...

ReBorned said...

Аталанта ги гази Мерда.... 3-0

Anonymous said...

Forza Atalanta богами :)

Atalanta 3-1 Inter Milan
Cagliari 2-0 Udinese
Chievo 2-1 Napoli
Torino 0-1 AS Roma

Аххх да не беше Баптиста тогаш колово ќе беше скоро совршено :)

Ај да видиме што ќе биде вечер,јас искрено сум за нерешено или победа на Јуве од едноставна причина што со тоа ќе се има голем притисок над мерда со 3 или 1 само 1 бод. :)

Anonymous said...

1 де! :)

ReBorned said...

Абе батали притисок... Forza Гоче!!!

Anonymous said...

Хахаа без заебанции Ри ја си останувам на тоа :)

Енивеј...според некои несигурни извори Реал се вклучил во трката за Кака со тоа што ја израмнил понудата на сити.Наводно Реал ќе биде толку дарежлив што ќе му дозволи на Кака да остане во Милан до крај на сезоната а да се пресели на лето.
Искрено за мене ова е многу поприфатливо решение отколку она со сити :) башка ако се случи ова Реал би можеле да го продадат Рамос на Милан,нешто што досега беше незамисливо за нив.Но како и да е...ова е само шпекулација :)
Како мсн-от кико ? :)

kiko_pato said...

еејј колку ми беше мило кога му ја видов краставата фаца на мурињо :) заебани се Аталанта на Бергамо изгледа :) :) ... вечер уште чушкарот да им даде некој гол на јуве... и ке биде одлично... нас сеа ни следуваат да речеме лесни натпревари... јува следното коло игра со фиорентина ... мислам дека ке им скинат барем 2 бода... а интер игра со самдпорија ( верувам во касано) :) така да ке стане интересно во СЕРИЈА А ... :)

kiko_pato said...

Море а тебе те адд на мсн :)

Giallorosso said...

Ултра, шо ти сметаше победата на Рома?

и онака ни бегате 7 бода, а и ние не се замараме за освојување Калчо, ние идеме на нешто поголемо сезонава :P

битно ни е само да си го исчистиме патот и да ги истребиме Џенова,Наполи и Виола, а од вас па нагоре не ме занима што се дешава ;)

Anonymous said...

На крај сепак сме ривали Римчо :) А уопште не ми смета,ама на крај Рома ќе биде таа што ќе цели кон 4то место а во претпоследно коло играме со вас :)

Navigator said...

браво за дечките вчера, ама повеќе за резултатот, отколку за играта..сепак како што имаме многу пати кажано, резултатите се најважни и тие се оние кои се бројат и паметат..по мене Pato i Abbiatti се играчи на утакмицата..Ale ради голот и неколкуте прекрасни потези, како и ради формата во која се наоѓа на последните утакмици..а голманчето наше не спаси на неколку наврати и е најзаслужен за нулата кај виола..и за бековите исто имам само пофални зборови, супер утакмица за двајцата, само штета за црвениот на Јанко, не му требаше..за крај морам да го искоментирам настапот на Seedorf..ужасен, катастофален, тром, бавен, со премногу грешки..и што е најлошо, така игра во серија..мислам дека е време да седни на клупа..иначе екстра резултати за нас ова коло..MERDA BUTТUTA A BERGAMO..ммм колку ми се бендиса ова :) уште вечер Гочето за го стресе Juve и се би било идеално..а за Кака веќе незнам што да зборам, сношти изгледаше прибран покрај цел онај притисок и сигурно ја заприметивте огромната желба за дај гол..дури на моменти делуваше и себично..навивачите го бодреа буквално цело време и не видов ниту еден еден лош транспарент освен онај KAKA BELONG TO MONEY..останува да видиме што ќе се случи овие 2-3 дена со надеж дека против Bologna пак ке го видиме кај шо ја носи црвено-црната 22ка..

FORZA GRANDE MILAN!!!RICKY, SIAMO TUTTAVIA CON TE!!!

Anonymous said...

Поздрав до сите Миланисти

Navigator said...

поздрав од се срце и до тебе :) и добредојде
MILANO SIAMO NOI!!!FORZA MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

Луѓе ај да мислиме што е тоа што може Кака да го премисли да остане во Милано?

Како што кажа Ри, Кака на своевиден начин со самото тоа што Милан ќутеше на понудата на Сити(во превод ја прифати) значеше дека му е даден знак да преговара со англичаните. Во една таква ситуација Кака доколку би останел би го 'заебал' раководството и односот помеѓу нив веќе никогаш нема да биде ист. Односно само ќе се преправаат дека е ок , но нормално дека нема да биде.

Од друга страна дури и кај навивачите постои поделеност , иако повеќето сакаат да остане, имам впечаток дека не е и мал бројот на фанови кои за оваа сума го одобруваат овој трансфер. Значи Кака има скриена порака од раководството да си замине и има нецелосна подршка од навивачите да остане. Во една таква ситуација е мн. тешко веројатно дека Кака ќе остане во Милано. Но што е тоа што може да го натера да остане?

По мое ништо друго освен масовни протести низ улиците на Милано и пре Сан Сиро, само така би постоеле некакви шанси Кака да остане, иако нормално и тоа не е гаранција дека ќе остане. И Мадрид беше пола запален па Редондо премина во Милан.

Сепак мислам дека за жал нема расположение за такво нешто помеѓу навивачите во Милано и мислам дека во вторник, среда треба да ја очекуваме веста дека Кака потпишал за Сити.

Сурова е реалноста!!!

Anonymous said...

Поебана е реалноста! извинете за речникот :)

Navigator said...

незнам зошто мислите дека клубот со молчењето ја прифатил понудата или дека односите меѓу управата и Kaka се нарушени во смисла му го свртиле грбот и слични работи..и кога имаше понуди од Real и Chelsea, клубот цело време тактизираше со цената за на крај да каже дека не ја прифаќа конечната понуда..сега сме во една фаза на преговори каде секој ден арапите излегуваат со нова цена и тоа е дел од нивната, пред се, медиумска тактика..јас се сложувам дека сега Ricky e поблиску до трансфер отколку во летото, ама во секој случај никој не навестува ништо конечно..а за поддршката од навивачите ич не се сложувам со владе..виде и самиот како беше бодрен цели 90мин со исклучок на еден единствен транспарент кој значеше нешто лошо..ги виде и оние собирање на навивачите..Kaka има целосна поддршка и од фановите и од управата и од соиграчите..тоа што некои од нас веќе ги "потрошија" парите од Кака не допира до него и воопшто не влијае на одлуката..иако мислам дека нема да остани имун на понудите во иднина, сепак верувам дека ќе покажи доблест и еден вид благодарност кон она што значи Milan во целина и нема да замини на полусезона, знаејќи колку му е потребен на екипата..ваљда целото негово досегашно однесување на место, нема да го поквари со трансфер во ваков период..

RICKY, NON CI ANDARE VIA, RESTA CON NOI!!!

ReBorned said...

Вчера и денес се вртат две многу битни работи околу Рики и Милан:
1. Доколку Рики остане се шпекулира дека ќе му биде понуден нов, уште побогат договор од овој кој веќе го има (што го прави после Коњевиќ најскапо платен фудбалер)! Доколку навистина е така излегува дека тој сепак калкулира со парите а не со срцето и чувствата околу Милан! Тоа не ми се допаѓа и доколку навистина е така подобро да си оди!
2. Уште позапрепастувачки! Член од Абу Даби групата вчера изјави дека цифрите што се вртат низ медиумите околу наводната трансфер оштета немаат никаква допирна точка со реалноста и се во најмала рака смешни! Се шпекулира дека сумата би била многу поблиску до 50 мил. фунти одколку до 100?! Доколку и ова е точно, се гадам од B&G доколку за таква сума го продадат срцето и моторот во офанзивата на Милан!!
3. Нема трето... Forza Milan!!!

CurvaSud_Milan said...

Иван друже, имаше изјави од навивачи дека за оваа сума би го продале, тоа зборам пред стадион анкетирани, па се појави тој транспарентот итн. од тие причини мислам дека нема 100% подршка од фановите.

Инаку, моето размислување околу понудата е следно, значи свесни сме дека никој неможе да остане имун на таква понуда и да ја одбие без ни да ја погледно, тоа е реалност и таа реалност мора да ја прифатиме, но, за разлика од Галијани и Берлу за кои јас имам впечаток дека го туркааат Кака надвор од Милан, прво би седнал на искрен разговор со Кака и доколку тој рече несакам никаде да одам, во истиот момент би ја одбил понудата и би им рекол да не замараат со понатамошни понуди. Но, доколку Кака рече дека би размислил да си оди, како во случајот со Шева, тогаш искрено ќе ви кажам дека би ја прифатил понудата, без при тоа да давам некои големи напори да го предомислам, зашто ако он решил дека сака да си оди тогаш зошто раководството би се трудело да го предомисли.

Е сеа, затоа што мислам дека е повеќе од јасно дека Кака несака да си замине, затоа стојам на тоа што го кажа Ри дека преќутно Галијани и Берлу ја прифатија понудата на Сити и индиректно го тераат Кака да напушти.

Што се однесува до договорот на Кака со Милан, па сеа во една ваква ситуација мислам дека и нормално е за очекување дека агентото, т.е. татко му ќе ја искористи ситуацијата за да го подобри договорот. Па на крај краева, кога може Ибрахимовиќ да биде најплатен фудбалер, тогаш сигурно има многу простор за подобрување на договорот на Кака.

Giallorosso said...

гледајте го Зеитгеист домументарецот и ќе сватите зошто Абу-Даби корпорацијата нема да остане уште долго во Сити, но не само во фудбалот туку и Абу-Даби турнирите во тенис,голф,безбол ќе пропаднат... всушност цела таа корпорација ќе банкротира ;)

Кака ќе направи колосална грешка доколку го засили Сити

CurvaSud_Milan said...

Во 18:00 се закажани протести во Милано. Да се надеваме на масовност и јасна порака до раководството.

...иако како што реков и пола Мадрид беше запален па Редондо премина во Милан.

Anonymous said...

У 6 саат сите пред стадион да ве видам! :)

CurvaSud_Milan said...

'Prema pisanju sportskog portala spormediaset.it cijela situacija toliko je uznemirila, inače uvijek staloženog Kaku, da se veznjak ozbiljno posvađao s vlastitim ocem u klupskim prostorijama. Žestoka svađa nastala je zbog suprotnih stavova, jer Kaka želi ostati u voljenom klubu, a Milan i njegov otac Bosco Leite nisu uspjeli odoljeti mirisu silnih milijuna.'

CurvaSud_Milan said...

I dok cijeli svijet čeka Kakinu konačnu odluku, gotovo nezapaženo je prošlo Milanovo dovoćenje 24-godišnjeg braniča na San Siro. Milan se pojačao dojučerašnjim igračem Liverpoola, Danielom Aggerom. Talijanski mediji pišu kako će klub uskoro službeno potvrditi transfer, a nagađa se da je danski reprezentativac Rossonere koštao oko devet milijuna eura.

Agger će potpisati četverogodišnji ugovor, a tijekom idućeg tjedna trebao bi sletjeti u Milano kako bi obavio liječničke preglede. Podsjećamo, Milan je prije nekoliko dana doveo još jednog braniča, Felipea Mattionija, a na kupovinu su ih prisilile ozljede Neste i Senderosa.

Anonymous said...

Супер!Осеќав деновиве дека ќе дојде пошо беќе негде беше објавено дека Бенитез кренал раце од него.Како и да е како шо ти реков вчера Јужна,као шо сме тргнале ќе имаме вишок одбранбени играчи :Р

ReBorned said...

Милан никогаш не може да има вишок фудбалери во одбраната... за жал :(
Јужна а од каде ти е копираново...?

CurvaSud_Milan said...

od index.hr

ReBorned said...

Ова за Агер не го пишува никаде а Рафа вчера изјави дека тој останува во Ливерпул, истото го изјави и Карлито пред 3 дена...

ReBorned said...

И ДАЛИ?!?!?!?!?!?!?!?!!?!

BREAKING NEWS REPORT: Kaka Snubs Manchester City With Emphatic Milan Gesture
The Brazilian megastar is reported to have recently emerged from his house and greeted a sea of Milan fans holding a Rossoneri shirt...

kiko_pato said...

http://www.corrieredellosport.it/Fotogallery/Calcio/9285/3/Milan%2C+la+protesta+dei+tifosi+contro+la+cessione+di+Kak%C3%A0


РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ СЛИКИТЕ!!!

kiko_pato said...

Мажи ... Жени... Деца... Стари... се е на нога!

ReBorned said...

After the demonstration in front of the headquarters of Milan, about twenty supporters rossoneri have moved under the home of Kakà to him once again the desire not leave Milan for Manchester City. Alcuni dei sostenitori mostrano un cartello con scritto "Sei anni non si dimenticano, resta con noi capitano" e intonano cori come 'Resta con noi, Ricardo resta con noi'. Some supporters of the show with a sign saying "Six years is not forgotten, is still with us captain and sing songs like 'Stay with us, Ricardo remains with us'. Cori a cui il brasiliano ha risposto affacciandosi a una delle finestre del suo appartamento in un palazzo e battendosi la mano destra sul cuore e tenendo nell'altra mano una maglia rossonera. Cori to which the Brazilian replied looking at a window of his apartment in a building and fought his right hand on the heart and taking a hand in the mesh rossonera.

Milanist od srce said...

Секои 10 минути проверувам на интернет што се случува околу трансверот на Кака , со надеж дека ќе прочитам некаде како Кака дефинитивно останува во Милан ,неможам ни да го замислам Милан без срцето на клубот(Кака) Но тука се ѓубрињата Берлускони и Галијани кои од секогаш поважен им бил бизнисот и местењето натпревари , одколку фудбалот и чувствата на играчите и навивачите кои душа даваат за Милан ,овие неколку денови просто не можам да се помирам со фактот дека Кака ќе си замине , и тој притисок врз него го осетувам и врз мене како нај страствен навивач на Милан . Искрено се надевам дека нема да си замине , а и ако замине ,тој поставил некој услов со клаузула доколку во 2010 год. некој клуб понуди за него 65 милјони евра да има право да си замине , што мислам дека тоа е некоја Мафијашка тактика на Берлускони ,да ги земе парите од Арапите и за 1-2 год. за помала сума повторно да го врати во Милан ,како што направија со Шева .Поздрав до сите Миланисти .

FORZA MILAN !!!!!!!

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

Да Миланист,ама колку ќе успее тоа?сите видовме што се случи со Шева :)

Иначе...ме интересира како стигна до нашиот сакан блог :) позз

Anonymous said...

BREAKING NEWS: Milan Agree Kaka Fee With Manchester City.
Milan have agreed to sell their talismanic forward according to their official channel, with personal terms now needing to be agreed for a deal to be complete...


Е ај сеа :(

Anonymous said...

Аccording to their official channel - ова е плаши највеќе :
Изгледа затоа држеше дрес и мафташе....се поздравувал со навивачите...и затоа беше полициското обезбедување.... :(

ReBorned said...

19 милиони за фудбалерот а 120-130 за нас, можно е и Дида да биде вклучен во пакетот...

ReBorned said...

Е сега оди најди му го крајот... пишува дека Рики веќе не е фудбалер на Милан, ги пишува цифрите што ги добиваме и ние и тој и дека во следните 24 часа ќе биде претставен во Сити ...
И БОМБА:
Kaka to stay at Milan!
Monday 19 January, 2009
In a sensational twist, Milan patron Silvio Berlusconi has announced that Kaka will be staying with the Rossoneri!

Talks have been taking place all day between Manchester City directors, Kaka's father and Milan Vice-President Adriano Galliani.

It had appeared that a resolution had been found as reports stated that Milan had accepted City's £107m bid.

A statement confirming Kaka's departure was expected within the next 24 hours, but Berlusconi has made an amazing declaration.

“You can't force anyone to stay at a club against their will,” he said live on TV.

“A player who is getting paid half his potential earnings elsewhere runs the risk of becoming unhappy.

“Nevertheless, I will make an announcement - Kaka will stay at Milan because he prefers the Rossoneri and puts love above money.

“The negotiations were closed by myself and Kaka in person. All the remains to be said is long live Kaka!”

CurvaSud_Milan said...

Искрено не очекував дека волку ќе ме возбуди веста кога прочитав дека Милан се договорил со Сити.Некако мн. посмирен бев деновиве се до сеа.

Ајде Кака мавни им шамар на раководството и одбиј ја понудата!!!!

ReBorned said...

Ајде Росонери слободно се радувајте!
Рики излегол од неговиот дом со дресот со број 22 во своите раце!!!
Ги одбрал пријателите и љубовта кон клубот пред парите! Веќе е официјално!!!

CurvaSud_Milan said...

“The negotiations were closed by myself and Kaka in person. All the remains to be said is long live Kaka!”

Конечно малку светол момент!!! Дај Боже ова да е вистината!!

CurvaSud_Milan said...

Се наежив!!!! Браво мајсторе. Разумот преовлада!!!

ReBorned said...

Абе ти ме читаш ли мене?!
Веќе е официјално!!!!
Рики излегол со дресот во раце! Сега на MilanChannel ќе му се јават за изјава... ГОТОВО Е ГОТОВО!!! ОСТАНУВА!!!!!

CurvaSud_Milan said...

Па читам , затоа и ми се еден под друг коментарите, покасно го прочитав тој дека е официјално! сега прочитав и секаде низ нетов!!

Момци нека ни е со среќа !! :)

Giallorosso said...

еве директно за Каналот на Милан збори Галијани... нешо демек водителов го праша што ќе се деси со Кака на крајот, овој вика Дифичиле,дифичиле ;)

ReBorned said...

"I am very happy," declared a beaming Berlusconi. "Kaka is not only a great player on the pitch, he is also a very honourable man.

"Not only is money not everything to him, he is happy to stay at Milan with all his friends.

"He is touched with everything he has received from all the fans in Milan who pleaded him to stay.

"Kaka has never held Milan to ransom by trying to up his own contract while considering Manchester City's offer.

"He hasn't asked for an extra penny to stay here - he is a very honourable man.

"What has happened over the last week with Man City proves that money is nt everything in football.

"Milan told Kaka about the offer of Man City, just like we did with Sheva [Andriy Shevchenko] about Chelsea.

"The offer Kaka received was substantially more, but he never held Milan to ransom, and chose to stay.

"Me personally, as a football fan, I am very, very happy

"He's very strong spirtitually. Underneath his shirt, he wears 'I belong to Jesus' so he's very spiritual.

"He is an extraordinary boy."

CurvaSud_Milan said...

Значи повторно излезе како што претпоставув, последниот збор му го дадоа на Кака , иако пишуваше дека Милан ја прифатил понудата, сепак излезе дека фактички Кака беше тој што требаше прв да каже дека би заминал па Милан да ја прифати понудата!!

Разумот преовлада, фудбалот преовлада, парите се докажа дека се никој и ништо во вакви ситуации и од сега натака овој момент ќе смени и мн. на светската фудбалска сцена!!

Браво ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!!

ГОЛЕМ ЧЕКОР ЗА КОЈ ЌЕ БИДЕШ ПАМТЕН ДОЛГО ВРЕМЕ И СИ ДОБИ 5 ПАТИ ПОГОЛЕМА ПОЧИТ И ЉУБОВ ОД ФАНОВИТЕ НЕГО ЛИ ШТО ИМАШЕ ДО СЕГА!!

КАПИТЕН ВЕЌЕ ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА!!!

Giallorosso said...

ги елам фановиве на Сити веќе почнале и дресови да си купуваат од Кака :P

Giallorosso said...

еве и Морати вика дека е среќен што Кака останал.... вика дека со ова е добиена првата битка против ЕПЛ, а во Јули ќе ја добијат и втората(Роналдо во Интер) ;)

Anonymous said...

ОУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ ЈЕАААААААААААААААААА!!!!
СЛАВАМ!!!
А за капитен тоа не бери гајле друже,и официјална церемонија ако треба ќе направат каде што Малдини ќе му ја даде лентата на Кака :Р



FOLRZA KAKA!!!FORZA MILAN!!!

Giallorosso said...

епак Рики требаше уште од кога стигна понуда од Сити јавно да каже дека останува во Милан а не со големи натегања.... на пример Тоти не ни ги погледна понудите од Реал и Ман.Ју пред 5 год. :)

ReBorned said...

Абе да бидеме искрени Морати и не е баш најсреќен околу ова ама ајде...
Рики покажа дека не е се во парите! Браво мајсторе!!!
Берлускони вели: Мора да споменам дека Кака во ниту еден момент не го искористи интересот на Сити за да добие подобрен договор и поголема плата, тој одби понуда со која би заработувал двојно повеќе пари одколку тука! Ја одби понудата поради своите пријатели и љубовта кон клубот! Тој е една прекрасна личност!!!

ReBorned said...

Римче тој уште истиот ден кога стигна Сити рече дека сака да остаре во Милан и да биде капитен! Сакаш линк? ;)

Anonymous said...

Тачно!Да го цитирам Кака: "Сакам да остарам во Милан..." =D

ReBorned said...

Аууу каков мајстор е Силвио... старецот сеуште го има шмекот... ги остави сите да плукаат по него и на крај им го бапна! Ах ти naughty presidente!!!!!!

Giallorosso said...

шо шмек, ја коа ви зборев дека он лично ќе го прекине договорот... што ќе му се 110 мил. евра кога неговото богатство се проценува на 20 милијарди!

ReBorned said...

23:20 Berlusconi: "Kakà has given a lesson"

With this gesture, Kakà gave a lesson to all. I think that should be brought to the example of young people the message that has given this decision, which puts other values ahead of economic ones. Silvio Berlusconi

22:59 KAKA 'Facing: SHOW THE JERSEY NUMBER 22
Kakà is again facing the window of his apartment to greet the fans back on the road again: he waved the shirt number 22

Anonymous said...

Абе ова беше медиумски трик :Р Прво Дињо...па Бекам и сеа Кака со сите овие муабети!Изглеа планот на Б и Г беше да се разбуди светот и сите навивачи на Милан =)

уште еднаш.......FORZA KAKAAA!!!FORZA MILAAAN!!!

CurvaSud_Milan said...

Дали тоа Берлускони си поигра со шеиците и едноставно ги остави да се порадуваат дека имаат шанса да го купат Кака. :))))

Тоа ќе го каже времето, се надевам дека ќе дочекаме некоја книга од Берлу каде сето ова ќе биде искрено прераскажано и пренесено на милионите фанови. :)

Anonymous said...

Бај д уеј...видео записи има од ова негде така??давајте линкови одмаа!!!

ReBorned said...

Абе ајде нека се смири еуфоријата да си легнам, утре сум на работа :( :)
Forza Ricky! Forza Milan!!!!

ReBorned said...

Аууу Рики мајсторе... со каква почит се здоби со овој потег, не само кај навивачите на Милан туку и ширум светот! Секоја чест!!!
Сега се гледа што е разликата меѓу Рики и Робињо :)
П.С А така ни се ситеа на еден друг форум дека „веќе се е готово“ ...

ReBorned said...

гледам слика како Рики одпоздравува од својот дом на навивачите :) :) :)

ReBorned said...

http://forum.acmilan-online.com/showthread.php?t=8602&page=548

Giallorosso said...

хахахах го прашуваат од Скај-Спорт Морати дали и он ќе спречеше трансфер на Ибра за волкава сума на пари какко тоа што го направи Силвио... и овој им вика само ако повторно Јуве испаднат од лига :DDDDDD

CurvaSud_Milan said...

tomorrow headline "MANCITY BID 50 MIL FOR FAVALLI!!!"

hahahahhhaha

Giallorosso said...

епа сеа е 2-0 за вас, еднаш Шинаватра и сеа Арапиве ги тепавте со Рони и Кака ;)

ReBorned said...

и тоа кец во кец!
Јужна и јас ги читам лудите... има ептен циркус коментари! :D
Јас мислам Дон Силвио сега ептен го има фатено инает па и за Фавалињо би одбил понуда :D :D :D

ReBorned said...

Како му е сега на $heva? Нема да му биде срам да излезе на Сан Сиро утре на тренинг?

CurvaSud_Milan said...

hhahahah

... zamisli mu pustaa seriozna ponuda od 10 milioni za Favali i ja odbiva!!!

e toa ke bide istoriski moment. hihiihih

Milanist od srce said...

Ало Миланисти!!!!! Ова е она што сите го очекувавме . Читам и неможам да поверувам што читам .Солзи радосници ми потекоа од очиве . Ова е за прослава . Кажете каде да прославиме.

Инаку имаше едно прашање како сум стигнал до овој блог -Сосема случајно, секаде каде што пишува Милан ,морам да проверам штое,така да мило ми е што стигнав овде каде што сите тажни и радосни моменти можеме да си ги споделиме .Но н еверувам дека ќе има посреќен момент од овој .Поздрав до сите .

BRAVO KAKA-FORZA MILAN

CurvaSud_Milan said...

Sreka sto zena mu na Kaka nesakase da zivee vo Mancester inaku koj znae sto ke bese sea od seto ova!! :)))


ili so drugo zborovi, Kaka ne ostavi nikoj drug da odlucuva za negovata fudbalska idnina, duri i tatko mu go izignorira, za razlika od Sheva koj i dozvoli na zena mu da resava za negovata idnina kako fudbaler.

ReBorned said...

Дечки на ова му нема крај... мора да пробам да заспијам, утре сум на работа... се читаме утре!
Миланист, добредојде во нашето семејство ;)
Forza Ricky, Forza Ale, Forza Favalinho, Forza Puma (ех шо ти значи кога си расположен и такви ќе ќарат по некоја пофалба) :) :)

ReBorned said...

Ама Силвио ти е баш политичар, ќари уште неколку илјади гласови за на избори со оваа финта ;)

Anonymous said...

Пфф фала богу Ри :) Затоа треба Груевски да го купи Вардар :Р Или владе ти поише за Шеќеринска си а? :Р

Anonymous said...

хахахаха морати хахахахаа римчо ме уби!

Иначе Фавали?нема шанси!не го даваме!!! :)

FORZA MILAN!!!FORZA PATO!!!FORZA FAVALLI!!!FORZA BECKHAM!!!FORZA VOLLEY! LOL :P

Anonymous said...

Buenvenuto a "Milanist od srce" =]

Anonymous said...

eve videte go ova klipce ke zaplacete ova e premnogu za mene i za site nas kakovo srce ima covekot
http://www.youtube.com/watch?v=KgF6b5Z9VCI

Anonymous said...

Go gledam vece 10 pati i ne mi se veruva :)Duri solzi mi tecat
Bravo Kaka
Pozdrav do site Milanezi
Ja gazime Bolonja slednata utakmica