Translate

Thursday, 15 January 2009

Фелипе Матиони



Во деновите кога се повеќе се зборува за евентуалното заминување на Кака,Милан се засили со уште еден млад бразилец.Станува збор за Фелипе Матиони или едноставно Фелипе,кој игра на позиција на десен бек,и десен крилен бек.Има 20 години,доаѓа од Сантос за сума од околу 6 милиони евра.Милан во трката за неговиот потпис повторно ги победи Интер и забележително Јуве кој скоро цела година го следеше.Фелипе има италијански пасош што значи дека веднаш може да заигра.Едно нешто што ме загрижува е тоа дали Фелипе ќе добие адекватна шанса,а не да биде шета по позајмици,и уште полошо да седи на клупа.

Бидејќи бурно ја следев ситуацијава уште од раните утрински часови,се изненадив што дури пред помалку од еден час се појави официјално известување на ацмилан.ком каде што пак пишува дека Фелипе доаѓа на позајмица со опција да биде купен.Само накратко да се навратам на муабетот со Кака...според мене по заминувањето на Шевченко тој стана симболот на Милан.Сите овие шпекулации ме потсеќаат кога пред извесно време Реал беше напален за Кака,и нивната дрскост стигна до тоа ниво што и објавија кој број на дрес ќе го носи Кака за нив.Како и да е...пред некој ден самиот Кака изјавил дека сака да остари во Милан(што не е така тешко :) ) и јас верувам дека ќе остане до крај на кариерата.






FORZA MILAN!!!

19 comments:

CurvaSud_Milan said...

Хммм... Интересно, ко гром од ведро небо ме удри кога прочитав за детево на милан.ком.... појма немав дека е во тек некој трансфер. Али сепак е добро што нешто се случува. :)

Кака? 150 милиони евра? Се си има своја цена, па така и Кака. :)

Сепак, убеден сум дека Милан ќе ја одбие понудата, иако се шпекулира дека веќе ја прифатиле.

Anonymous said...

Ќути Владе...јас коа прочитав првпат на странскиве сајтови од среќа неможев да верувам!и мислев одма да пишувам пост,ама поучен од искуство(Суазо,Ибрахимович)си реков ај да чекам ац милан офишал анаунсмент :)

А што се тиче Кака,по втор пат ме фаќа страв дека може да си иде.Ама овој пат ми текна дека денес во фудбалот никој не е незаменлив и дека со 100ина милиони може мн да се направи :)
Ти иначе добар си?се отрезни од нова година :Р

Позз друже

Anonymous said...

http://www.goal.com/en/news/710/manchester-city/2009/01/16/1062867/manchester-city-offer-271m-for-kaka-report


ахахахах е ова е веќе смешно!270!!!хахахаха аман бе овие од Сити можат комотно да го напунат буџетот на ЕУ!Хахаа

Giallorosso said...

дечково е солиден играч, го иам гледано неколку пати и би можел да соработува одлично со Т.Силва и Пато бидејќи растеле заедно во репрезентацијата на Бразил под 17,19 а потоа и 21 година....

не би размислувал ако ја би бил chairman на Милан околу продажба на Кака.... колку сака нека е добар али стварно треба да ти биде криво после ако одбиеш таква шанса.... чим Шева го шитнаа за 1/3 од парите што ги нудат Сити, зашто да не би го продале и него.И еве ја после тоа како би ги искористил куферчињата....

20 за Мексес
10 за Агер
25 за Хамсик
35 за Аде
и 10 за Акинфеев

а со остатокот....

1.би го реновирал Сан Сиро
2.би вложил во јуниорската школа и би напраил поише такви школи низ светов
3.би купил акции во Гугл(иако моментално паѓаат);)

сепак мое мислење е дека Силвио нема да го шитне Кака.... после арапиве он е најбогат сопственик на фудбалски клуб и може да купи кого сака и да троши колку сака но неговиот политички имунитет не му дозволува такво нешто.... сепак не е мала работа сите клубови во Италија да ти плаќаат тебе за тв права :P

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

Убава замисла Римчо :) која верувам се должи на премногу играње на ФМ и следење на берзата :Р хехехе
Иначе ако ме прашуваш мене Кака не би го продал за сите пари на светот :) едноставно сентиМентален сум :Р башка со тазе бразилскава колонија која се развива со млади свежи играчи Кака одлично би се вклопил во неа како сега,така и по 6-7 години :)

ReBorned said...

Добредојде Фелипе!
Рики... незнам што да кажам! Икона, (после Ил Капитано) најголемиот спортсмен и фер плеј фудбалер на светот и скромен до неизмерни граници! Сепак, колку што јас знам топката е префрлена кај него... тој одлучува! Прочитав некои луди цифри за неделни плати, нешто што не се осудувам дури ни да го напишам! Доколку сака финансиски да се обезбеди себе и своите 3 идни поколенија може да прифати да оди во Сити! Сепак, цената на тоа е неиграње во Европа следната сезона! Од друга страна ако остане Рики си е Рики, сите ќе бидеме среќни. Ама ако замине како што рече Римчо се прави цел тим со тие пари (во дефанзивци УБЕДЛИВО на прво место би го ангажирал Сантакроче од Наполи)!
Само сакам да кажам една работа... ризикувам да бидам прогласен за Јуда ама... Рики, Дињо и Але не можат да играат заедно! Але се повеќе експлодира а за да биде во зенитот на својот квалитет му е потребна формација со двајца напаѓачи, нешто што нема да го добие заедно со Дињо и Рики во тимот!
Како и да е... Рики за мене секогаш ќе биде врв без разлика дали ќе остане во Милан или не!
Forza Ricky! Forza Milan!!!

CurvaSud_Milan said...

Момци шеикот се пофалил на пријателчињата дека Рикардо потпишал?!

112 милиончиња.:)

Ќе ми биде жал ако си отиде, но сепак 112?!!! секако дека е прифатливо, :)... И мора да се има во предвид дека влеча повреда на коленото, така да се на се кога ќе се измери за 112 секој разумен би донел одлука да го продаде.

Со тоа што мора да имаме сите во предвид дека сите информации што ние успеваме да ги добиеме се 1/4 од вистината, така да да причекаме , зашто може на крај да се испостави дека Милан и воопшто не ја прифатил понудата на Сити.

ReBorned said...

http://www.youtube.com/watch?v=2YqtNgmTXb8&feature=related&fmt=18

Ми се насолзија очите... го сакате и текстот од песната?

Giallorosso said...

супер клипче Ри, со одлично вклопена песна....незнам сеа колку психолошки ќе бидат способни Милан да одиграат една добра полу-сезона.... нема Росонер кој не е потресен и нејќам да сум во ваша кожа а уште помалку во кожата на оние кој се редовни на Сан Сиро...изгуби Милан голем човек, всушност цела Лига изгуби со ова заминување....

од што е голема неговата добрина замина во Сити за Милан да ги добијат парите и да го пополнат неговото место.... љубовта е раскината засекогашш!

long live Ricardo !

Giallorosso said...

се преполни касата но се намали духот и суштината на тимот :(

Giallorosso said...

добро е што сум ice-man како Чак и Кими, иначе и јас ќе се расплачев ;)

CurvaSud_Milan said...

Полека полека, :) Кака сеуште никаде не е заминат.

Giallorosso said...

гледам на Скај-Спорт..... мореееее цел Милано е во шок!

сегде транспаренти,полиција фул,бетер од протестите во Грција :P

CurvaSud_Milan said...

Нема ништо официјално, се додека не се појави официјална информација Кака останува играч на Милан.

Мое лично убедување е дека Кака ќе остане играч на Милан, да беше оваа понуда од Ман Јун, Реал, Барселона, Ливерпул или сл. можеби Кака веќе ќе беше на пат надвор од Милано, сепак, ова е Сити и мислам дека Кака лично нема да ја прифати понудата па макар било тоа и 3 пати повеќе од Милан што заработува. И со 10 милиони и со 25 милиони може да си го дозволи истиот живот, но неможе да си дозволи трки за титули и на крај краева ќе си го сруши сопственото реноме играјќи во таков тим само заради пари.

Giallorosso said...

од што го сака Милан ќе си ја упропасти кариерата за да му помогне финансиски на клубот....

друше CurvaSud_Milan, татко му имал состанок во Милано со арапскава групација и за жал 99.9% трансферот е реализиран

GIO LE MANI DE KAKA!

најверојатно нешто во смисол на, Кака е безценет :)

CurvaSud_Milan said...

99.9%, а што правиме со овие 0.1?

Нема такво нешто, 50%, 70%, 95%, 99%, или е реализиран или не е, засега не е!

Не викам дека нема да биде, но дека сеуште не е, еве сега излегоа шпекулации наводно другата недела ќе се реализирал трансферот, едноставно ништо не е готово додека не е готово.

Navigator said...

Ах бе Ри шо ми напрај ме расплака од сабајле..незнам за вас ама јас сум ептен сентиментален човек и вакви разделби со вакви луѓе ме убиваат..па и таков ни е клубот, тука сите играчи после година-две се врзуваат и остануваат долго така шо некако чудно и тешко ни доаѓаат ваквите ситуации..ние цела година кукаме и плачиме за Gourcuff кој е само на позајмица, а да не зборам за продавање на играчка икона како KAKA..сведоци сме на примерот со Sheva..во фудбалот се прават милиони трансфери во една година, се продаваат најголемите ѕвезди, легендите на клубовите, ама за никој друг играч не се зборуваше и пишуваше повеќе отколку за Sheva..да не зборам за понатамошното будно пратење на кариерата и споредувањета "пред Milan и после Milan"..едноставно заради реткоста на out-трансферите во клубот, настанува целата оваа фама..искрено мислам дека Kaka нема да одолее на понудите и ќе замини, ама не дека ќе замини на полусезона и дека ке го остај тимот на цедило..сепак тој не е еден Maldini, кој верувам за 5 пати поголема сума од оваа не би го менувал клубот..првата причина е годините на Kaka, а втората и поважната се чини се парите..па луѓе, треба да си луд за да не прифатиш ваква понуда..и сеа можи да се јави некој и да ми кажува како парите не се најбитни и дека чувствата треба да преовладаат, ама ништо неможи да ме преубеди дека денес фудбалот се игра за пари а не за papa Silvio или за соиграчите кои ги осеќам како фамилија..цело време гледате колку е среќен Ricky во Milano ама милионите си се милиони и на крајот тие ќе одлучуваат..а кога пак ќе ја видам сумата шо Milan евентуално би ја добил, искрено мислам дека со неколку играчи на разни позиции би ја пополниле незаменливоста на Kaka..тоа се огромни пари и со некој трансфер план, сличен на онај на Римчо, клубот би можел да ја смени концепцијата на работа воопшто, нешто за кое ја колиме и бесиме управата веќе 3-4 години..се на се мислам дека заминувањето на Kaka овај пат е неизбежно и ми е премногу криво шо морам тоа да си го констатирам самиот на себе..во секој случај уште поубеден сум дека Ricky нема да напрај таква неблагодарна постапка, да замини на полусезона..а познавајќи го неговиот карактер искрено не се надевам дека е спремен да му го приреди тоа на клубот..нема да невлегувам што со евентуалните пари од Kaka зашо е стварно прерано и гадно од моја страна..би му препорачал само добар избор
FORZA RICKY, SIAMO TUTTI CON TE!!!

kiko_pato said...

Клипот ме уби.... :( :( :( неможам да го замислам МИЛАН без Кака....