
Мачни но многу слатки три бода против „Мерда“! Натпреварот кој толку многу го очекувавме заврши на наше задоволство и срцата ќе ни бидат полни се до следната средба во 2009 година! Во натпревар во кој многу повеќе се тактизираше а многу помалку се играше, свој печат стави Роналдињо Гаучо со својот прв гол во дресот на Милан! И тоа со глава! Извонреден скок на Дињо кој сигурно на две раце може да ги изброи сите голови на глава во својата кариера! Нашите започнаа со 4-3-2-1 со Рики и Дињо позади Але а пред Амбро, Џенаро и Сидорф! Првата од ретките шанси на овој натпревар ја имаше токму Дињо со извонреден дроп кик удар со лева кој со фантастичен рефлекс го одбрани неговиот колега од репрезентацијата, Цезар! На спротивната страна Мерда имаше две полушанси но без конкретна закана кон голот на одличниот Абијати! И се случи таа 37 минута, клучна за конечниот исход! Рики се исфрли во еден контра напад по топката добиена токму од Дињо и кога се двоумеше дали да ја нафрли таа топка затоа што во противничкиот шеснаесетник беше само Але, така ја нафрли таа топка што буквално му ја нацрта на главата на оној од кој и ја доби претходно... Роналдињо! Роналдињо зачудувачки моќно се извиши и ја смести таа топка во левиот горен агол на Цезар! Ерупција, воодушевување, поклонувања на Дињо до публиката која што цело ова време беше до него! По ова натпреварот повторно доби едно умртвено темпо (благодарение на Милан) и првото полувреме заврши без посериозна закана! Во вториот дел „гостите“ почнаа срамежливо да ги покажуваат своите напаѓачки амбиции (сосема логично поради фактот што на нив им гореше под нозете) но одбраната на Милан зачудувачки добро се носеше со Ибра ака Чопката енд д рест! Мерда беа се понервозни како што минуваше времето и тоа го покажуваа со неколку брутални стартови при што беше исклучен Бурдисо со втор жолт за старт над Рики во акција која ветуваше опасност кон голот на Цезар! По него „Матриксот“ (колку го мразам што со овој прекар го валка името на еден прекрасен филм) се обиде да го поправи вон теренот она што не успеа додека беше на него и си доби црвен картон од клупата! По ова нашите рутинирано ја играа играта на чување на резултат иако можеби требаше да се тргне напред и да се реши натпреварот со оглед на бројчаната предност! Мерда имаше 2-3 опасни ситуации кон голот на Абијати во останатиот дел од мечот! Во таборот на Милан не може да се обележи еден фудбалер! Буквално сите беа на ниво! Рино беше ѕвер, се бореше и против противниците и против болката во својата рака! Рики беше моторот на Милан а Сидорф беше диригентот од позадина! Дињо си е Дињо! Го немаше никаде но го реши мечот!
И на крај збор два околу Карлито!
Се повтори она што го пишував за него после поразот од Џенова овде на блогов! Едноставно човекот секогаш кога е под притисок се вади во ВИСОК СТИЛ! Без разлика дали тоа ние ќе го признаеме или не... секогаш се вади со стил! По тие два стартни порази нанижи 5 победи (оваа против Мерда се брои за две) и сега бродот Миланело е во многу помирни води и е на само -1 бод од Мерда!
Forza Milan!!!