Translate

Tuesday 29 January 2013

MARIO, BENVENUTO NELLA FAMIGLIA ROSSONERA!!!


Конечно добредојде за тебе Mario! По толку години нескриена љубов, ама со многу препреки меѓу нас, конечно заедно - Milan и Balotelli! "Гнилото јаболко" е нашиот нов член. Се официјализира трансферот кој сите го очекуваа последните два-три дена. Цената е 20 милиони евра + 3 милиони во форма на бонуси, што ќе рече одлична зделка на Galliani. Очигледно ќелавиот обожава да пазари од City, после феноменалните трансфери на Robinho и De Jong. Дали и овојпат пазарот ќе се исплати, засега можеме да нагодуваме, ама сите веруваме дека Balo ќе се снајде одлично во неговиот омилен клуб. Не кријам дека многу се радувам, ама и многу очекувам. Mario конечно ќе има права прилика да блесне во полн сјај, има прилика да биде лидер, има поддршка и околина во која ќе може да го покаже најдоброто. Добредојде назад во Италија, назад во Милано, овојпат во правиот клуб!



14 comments:

Navigator said...

Човекот кој никогаш не доби адекватна шанса, играчот што никогаш не беше помеѓу омилените на Max, Urby Emanuelson, заминува на кратка позајмица во Fulham, без опција за откуп. Се гледаме во Јуни!

А за затворање на преодниот рок добро ќе дојде уште една аквизиција. Најгласни муабети се вртат околу Poli, а особено Kucka. И тоа ме радува.

Anonymous said...

Тактички потег на Берлу.
Таа една статија што ја читав одамна дека стално пред избори стариот купува пари на некое јако засилување и прави јака фама околу тоа за да добие на публицитет и гласови.
Му успева што да кажам.
Сите знаеме кои ни се маните, и сите знаеме другите позиции се приоритет, ама шанса како оваа...не се пропушта.
Шанса да се формира репрезентативниот тандем, тука во Милан. Шанса да се доведе лидер за некои 20м (пари кои беа извадени од трансферот на Пато).
Башка голем фактор играше тоа што самиот прифати намалување на платата, тоа покажува дека му се смачило од целата драма во Сити и сака да се врати дома.
Инаку ако добро прочитав, изборите во Италија се поклопуваат со Миланското дерби :)
И замислете Бало даде 1 гол и го реши тоа дерби...како Роналдо..Ибра...Пирло во минатото.
Ова докажува едно нешто, а тоа е дека ако се запне секој играч може да се купи. пред точно 10 дена цената на Бало беше 37м, скоро за пола опадна, за ПОЛА!
Раиола демовитираше со изјави како неможат Италијанските клубови да си го дозволат итн...
Галијани е човекот за вакви работи, само дај му одврзано ќесе и секој играч ќе го донесе.
Се очекува деби на Марио уште против Удине.
FORZA MILAN !!!

Anonymous said...

Инаку агентот на Абате и Анте е во Русија каде што му се претставени понуди од Зенит,Рубин Казан и Спартак Москва.
Ова не е проврено, но ако успееме од барем еден од овие двајца да се ослободиме уште во овој преоден рок тогаш ќе го прогласам за еднакво добар како оној во 2011!!

ReBorned said...

Иако имаме (по) големи потреби во останатите линии на тимот, ова е шанса која не се пропушта!

Иронично, истата фраза ја употребив при доаѓањето на Zlatan. Има некои сличности, има и разлики.
Трансфер сумата е речиси идентична (Zlatan беше 24, Mario e 20 + 3). Потребите во тимот се исти и хронични неколку сезони по ред. Шансата за таков фудбалер под тие услови беше безобразно да се пропушти, тогаш и сега.
Сепак, има некои важни разлики.
Mario доаѓа во прилично поинаква фаза од својата кариера, за разлика од Zlatan. Друга, веројатно НАЈГОЛЕМА разлика е платата на фудбалерите. Платата со која Zlatan дојде на San Siro беше disaster waiting to be happen и тоа се случи токму ова лето. Едноставно неговите примања беа премногу за Milan и за Италија во целина, па моравме да се ослободиме од него летово. Јас уште сум на мислење дека најголемата причина поради која беше продаден Thiago Silva е тоа што на еден начин бевме уценети од PSG дека ќе го земат Zlatan САМО ако дојде во пакет со Thiago. Доколку се прашувавме само ние, верувам дека ќе го продадевме САМО Zlatan а Thiago ќе останеше на San Siro.
Со Mario, ситуацијата со платата е подеднакво добро решена како и самиот transfer fee. Mario се реши да ги намали своите примања од 5.5 на 4 милиони евра по сезона (плус бонуси) и тоа беше главната причина поради која успеа овој трансфер. Со тој потег Mario покажа дека го сака овој трансфер, покажа дека е подготвен да жртвува цели 25 % од своите сегашни примања за да дојде во тимот за кој навива од дете. И тоа е за почит!
Што може да се очекува од Mario? Веројатно сè! Од фудбалер кој со 17 години (заедно со Pato) важеше за најдобар млад фудбалер во Италија, фудбалер кој со само 22 години има поминато многу на теренот и фудбалер кој со 22 години е прва напаѓачка опција на актуелниот европски вицешампион, мора да се очекува многу!
Mario конечно доаѓа во клуб во кој тој ќе биде првата опција во нападот, во тим во кој ќе игра регуларно, нешто што му фалеше во Inter и Man City. Mario доби ваков тим на последното ЕП и сите видовме како одговори на таа шанса! Тоа што клубот што ќе му ја понуди таа шанса во исто време е клубот за кој тој навива уште од дете, е само голем плус.
Mario доаѓа меѓу колеги од репрезентацијата, Mario доаѓа да игра рамо до рамо со вториот дел од нападот на Azzurri. Спојувањето на Mario и El Shaarawy во клубот може да има (и убеден сум дека ќе има)огромен позитивен ефект врз играта на нив лично, на Milan и особено на репрезентацијата. Тука е и Monti, Nocerino, Abate...
Со Mario се отвораат неколку различни варијанти со оглед на фактот дека освен како класичен напаѓач тој без проблеми игра и како AMR, AML а токму тоа и ни треба во оваа формација на клубот.
За оние што се фаќаат за неговиот темперамент. Mario во Inter имаше некои екцеси како млад незрел дечко кои кулминираа со химната на Milan, црвено-црните чорапи на тренинг и сл. Неговиот трансфер во Man City беше осуден на пропаст од самиот старт! Уште на почетокот јасно и гласно изјави дека не може да го поднесе намуртеното време во Англија, дека го мачи носталгија. Англиските таблоиди му се закачија на врат уште од самиот старт, се потоа беше историја.
Јас сакам да кажам дека ова е повеќе последна шанса за него отколку за клубот. Ако не се среди во родната Италија, во тимот за кој навива уште од дете, во тимот каде ќе биде првата опција во нападот, нема да се среди никаде! Milan секогаш ќе може да извлече минимум 17 милиони евра за него, без разлика што ќе се случува. Од друга страна, доколку Mario падне и на овој тест, не верувам дека веќе ќе биде на врвот на италијанскиот фудбал. Силно верувам дека ќе го видиме најдоброто од него!

Mario доаѓа меѓу своите! Mario доаѓа да ги затвори устите на сите неверници!
E Andiamo Mario!!!

ReBorned said...

P.S Прилично сум сигурен дека Ivan направи грешка со бројот на дресот ;)

ReBorned said...

Доста емотивно интервју на Mancini. Како вистински татко кон својот непослушен син.

http://www.guardian.co.uk/football/2013/jan/29/roberto-mancini-mario-balotelli-manchester-city

Navigator said...

Јас сум поприлично сигурен дека сликата што моментално стои најдолу во постот, во Недела ќе ја видиме и во живо :)

ReBorned said...

Алудирам на тоа дека вчера на Milan Channel еден од директорите (мислам дека беше Summa), во муабетот за Mario спомна дека дредот со број 9 е слободен во Milan...

Kole.22 said...

Што вика на интервјуто разбра некој?

Kole.22 said...

Аха

Anonymous said...

Саломон од Бреша купен во целосна сопственост за 3.5м.
Во меѓувреме како и што се претпоставуваше, Копола на позајмица во Торино и таму завршува приказната Милан за него бидејќи и тогаш му истекува договорот.
Сега за сега дојдоа:
Балотели,Закардо,Саломон,Сапонара(50%)и секако 50% од Констант.
Си заминаа:
Пато,Месбах,Ачерби у Урби,Страсер,Валоти,Копола(позајмици).
Од оние играчи кои се очекуваше да заминат по позајмици со цел да се растерети тимот, Кармона и Дидак сеуште се играчи на Милан и нема ништо околу нивно евентуално заминување.

Anonymous said...

И да на пријателската со Darfo Boario победивме 10-0
Стрелци:СЕС(3),Нианг(2),Бојан(2),Боатенг,Робињо,и Балотели со гол и една асистенција.

Navigator said...

скрпете едно постче за добредојде на сите нови, јас сепак не ги знам доволно деталите

Anonymous said...

Хммм па се мислам ако пишам сеа пост да биде сумирање на преодниот рок и најава за мечот в недела или не?