Translate

Sunday, 13 January 2013

Во поход на Marassi!


Екстремно важно гостување на Marassi за останување во чекор за трката до тоа трето место кое за сега е трка на повеќе коњи. Комшиите победија синоќа па сега сме на -8 од ЛШ и мораме да го одржуваме чекорот и амбициите. Marassi во Џенова никогаш не било лесно место за играње натпревари веројатно ниту сега, по чудната победа на Sampdoria на гости против Juventus во претходното коло. Нас нè интересираат нашите математики а тие велат дека мора да одиме на победа.
Тоа ќе мора да го направиме без Pazzini кој е суспендиран и нема да настапи. Сепак, овој меч веројатно е можно да биде одбележан како еден од најинтригантните мечеви во историјата на Milan од друг аспект, огромна е веројатноста да го имаме најмладиот напад на почетокот на еден натпревар до сега! Веројатно ќе имаме напаѓачка тројка која ќе има просек од само 20 години!!!  Уште една шлаканица во лице на сите оние кои живеат во минатото и сè уште Milan го поврзуваат со стари фудбалери. Нападот ќе биде составен од Bojan (22), El Shaarawy (20) и Niang (18) кој денес ќе го има својот прв старт во Serie A!
Во одбраната се враќа Zapata кој ќе го заземе местото на Acerbi а бековите повторно ќе бидат истите, Abate и De Sciglio. Во средината се сигурни Ambrosini и Montolivo а најблиску до третото место е Boateng.


Многу млад и се надевам многу sexy фудбал нè очекува во навалната линија! Bang Bang Niang!!!

Forza Milan!!!

23 comments:

Anonymous said...

Незнам што да пишам околу натпреварот што не пиша ти, нема да биде лесно само тоа знам. Ама верувам дека во оваа луда сезона, на вакви гостувања со една флуидна игра во нападот, и цврста средина можеме да ја совладаме Самп со 2:0.
Старт за Нианг, тоа ме радува.Многу.
Де Шиљо дефинитивно е најстандарден играч од одбраната сезонава, тоа уште повеќе ме радува.
Секои 2-3 сезони по еден Де Шиљо да вадиме ќе заштедиме многу, и ќе добиеме многу.
Мора да се внимава на Кристанте, внимателно и трпеливо да се работи со него. Неспорен е квалитетот кој го има, а има и нешто што јас не го знаев а тоа е способноста да игра на скоро секоја позиција во средината па и нападот. Но сепак јас мислам дека CMF највеќе му одговара се разбира зависно од играчите кои го опкружуваат.
Треба да се внимава на Поли,Обианг и херојот од минатата недела Икарди чија самодоверба е до небото во моментов, но ако нашиот најдобар стоперски тандем во моментот е на висина на задачата тогаш сите овие ќе бидат невидливи.
П.С. Што е логово на амблемов на Самп? Ме мрзи да гуглам ама вака ми делува како некој вид на луле или што ти знам јас.
П.П.С. Танти агури Јепес!

ReBorned said...

Кога сме кај младите фудбалери, децата на Pippo пред малку го завршија својот меч против Verona. По само 5 минути игра поведоа со 2-0, првиот гол во првата минута од слободен удар на еден од браќата Modic (има два браќа Modic во младите категории на Milan за кои сите велат дека ќе бидат одлични ОСОБЕНО Michael Modic кој го сметаат за еден од најталентираните деца на Milan воопшто)! Вториот гол беше после само неколку минути на Yaffa кој сам ја помина речиси пола екипа на Verona и голманот. На 3-0 зголеми De Santis со удар со глава. Mastour и Maldini Jr беа во стартните 11.

Кога веќе отворивме тема еве што мислат скаутите за Michael Modic по турнирот на кој играше за Milan против неколку гиганти меѓу кои и против Barcelona! Момчето го споредуваат со Giggs, има само 14 години и нереално голема брзина!



MIHAEL MODIC
AC MILAN

FACTFILE

FULL NAME
MIHAEL "MICO" MODIC

POSITION
WINGER

D.O.B.
14.01.1998

NATIONALITY
BOSNIA-HERZEGOVINA

A BIT LIKE... RYAN GIGGS


Brought over from his homeland along with older brother Andrej, it is Mihael who is said to have been the prize capture of the two in the minds of Milan's scouts. And on the form he showed during the Scirea, there is little wonder.

His blistering pace over a short run caught out countless defenders as Milan blasted their way into the later stages, with several Rossoneri goals being carved out from his position on the right. In their opening game against Varese, Modic took six corners, and Milan converted four of them in a 7-0 win.

When Atalanta had seemingly got the measure of him in the semi-final it simply prompted a switch to his more natural left for the final against Barcelona, and from there he continued to show a magnificent grace on the ball while working his way out of many a tight spot with sublime ball control and sheer confidence. Had Cutrone not been denied by a last-ditch tackle by a Barca defender, Modic would also have chalked up the assist of the tournament with an inch-perfect throughball that turned two opponents inside out.

Navigator said...

Интересно е ова околу Modic. Сум читал и слушал нешто за Mihael, ама не знаев дека се двајца браќа во Milan. И овој цел концепт е одличен со прибирање на огромни таленти, само имам мала замерка во смисла на нивна презентација. Мислам дека малку е рано за вакво големо нивно најавување. Нивната самодоверба треба да биде до небо, тоа би било супер, само да не премине некаква самобендисаност од типот на C.Ronaldo или Boateng, уште на некои 15-16 години. Се друго во оваа приказна на подмладување е одлично. Младите таленти во Milan ќе гледаат клуб каде што би имале простор за докажување, а не само отскочна даска за во финансиски најмоќните клубови во Европа. Освен тоа, со континуирана психолошка припрема, може повторно да се дојде до ниво на атмосфера која ќе потсеќа на онаа вистинска фамилија од времето на Carleto. И само напред, со тоа што треба сите да сме свесни за времето што треба да помине за Niang, Cristante, Valoti, Petagna, Mastour, Modic, Ely и другите да станат редовни првотимци.

Navigator said...

За мечот... Добра е оваа прилика насочување кон најважната цел оваа сезона, тоа 3то место. Испаѓањето од Купот јас лично не го доживеав како огромно разочарување и покрај смешните најави дека Купот ни е приоритет сезонава. Едноставно ова не е таков клуб. Ако дојде до ситуација да се бориме за трофеј во Coppa е во ред, ама очигледно дека не се вложуваме до максимум во тоа натпреварување. Шансите за ЛШ догодина ни се активни и треба да се насочиме кон тоа, дефинитивно. Овој меч вечерва не може да биде лесен, ама не е ни толку страшен, барем така сега ми изгледа. Минатото коло, со едно око ги гледав нашите, со другото поразот на Juve од Samp и беше јасно дека таа екипа може да го победи шампионот еднаш на 10 години. На тој меч видов опасни контри на гостите и една ептен млака игра на Juve (нешто слично како во второто полувреме во Средата), која им дозволи на Sampdoria да се растрчаат, иако беа со 10 играчи. Од напаѓачите здрав им е само овој самоуверениот Icardi. Palombo го играат на стопер заради проблеми во одбраната. Во средината им се сместени сите опасни играчи и тоа може лесно да се реши со една флексибилна 4-3-3 формација. За мене ова е една добра прилика, со евентуален кикс на Napoli да се дојде на -5.

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Тука голема улога игра дисциплината и начинот на функционирање.
Сите добро знаеме дека во Барса од најмали до најголеми сите се третирани исто, тренерот е учител а сите други се ученици и слушаат се што ќе им се каже.
Во Италија....тешко тоа.
За ова имаше пишувано Златан во неговата биографија. Не е буквално точен извадокот ама ќе се обидам да го модифицирам:
"Во барса сите се како ученичиња, дури и големите ѕвезди Меси, Иниеста...Кога тренерот вели скокај сите скокаат во исто време. Тоа мене ми падна чудно. Во италија ако рече тренерот скокај сите ќе го погледнат чудно и ќе го прашаат зошто да скокам? Се шегуваш нели."
Нема преголема дисциплина во овој Милан дечки.
Си заминаа сенаторите, а Абијати,Амбро и евентуално Јепес тие се тие што останаа се очекува по крајот на сезонава да си одат.
Треба да се постави една силна база, со барем 2-3 столба во тимот.
Нема лидер овој Милан. Барем сега засега.

Anonymous said...

Кикс на Наполи тешко.
Традицијата вели дека Кавани секогаш дава гол против Палермо, а го дели само еден гол од бројката 100ка која сите очекуваат да ја стигне денес.
Ама традицијата постои за да биде срушена...
Инаку сигурно веќе видовте, Кристанте и Петања повторни стрелци за Италија.

Navigator said...

И за логото... :) Тој црниот дел отцртува профил на морнар со луле. Симболиката е во работничката (морнарската) позадина на клубот, за разлика од градските ривали Genoa, кој е клуб на аристократијата. Инаку Џенова е најстариот град-пристаниште во Италија и најразвиениот центар векови наназад, се до финалното обединување на Италија, пред 150 години.

ReBorned said...

Ivanpedia :)

ace1899 said...

Delio Rossi ни е најголем душман. Мора да пукне еднаш засекогаш

Anonymous said...

Знаев дека ти ќе ми вратиш. Добро ти оди Италијанскиот и ги познаваш солидно тие прилики.
Сансоне 1-1!
Не дека ни значи многу, ама секогаш е убаво кога резултатот е анти Јуве.
Рома губи,Фиорентина губи,наполи гази 3-0 (Кавани сеуште не даде гол) а Лацио води со контроверзен гол на Флокари.

Anonymous said...

Јуве 45
Лацио 42
Наполи 40
Интер 38
Фиорентина 35
Рома 32
Милан 30
Парма 30

Вака изгледа во моментов табелата, скоро и да не сватив дека сме поблиску до Парма одколку до Јуве па се радував на 1-1 :)
Со победа избиваме на 6то место 7 бода од посакуваното 3то.
Колку ни одговараше колово толку и не ни одговараше.
7 тима се борат за 3 места затоа е ваква комплицирана математиката.

Navigator said...

Јас секогаш ти враќам :)
Колото дури можеме да го оцениме и како доста добро. Двете екипи што се пред нас загубија и нормално, лидерот повторно не победи. Имаме прилика со победа конечно да се помрднеме едно место нанапред и да дојдеме на -2 од Viola, а -7 од ЛШ.

FORZA RAGAZZI!!!

Anonymous said...

Хах и Удинезе ги заборавив, се израмнија со нас значи МОРА да се победи.

ReBorned said...

Ич не е убаво кога Јуве не победува и само тој зафркнува на ливче.

Navigator said...

Многу млитаво бе некако...

ReBorned said...

Многу бледо прво и подобро второ полувреме.
Бевме анемични во првиот дел, Abbiati нè извади со неколку одбрани, во вториот дел бевме далеку подобри од противникот. Стандардно, секогаш ни фали тој последен потег за гол. Многу слаби поединци, не вреди да почнеме да споменуваме. Од друга страна, Zapata уште еднаш покажа дека е Nesta за Acerbi.

И збор-два за Niang. Многу лошо прво полувреме, не толку лошо колку што едноставно беше невидлив, не си ја знаеше својата позиција на теренот и беше многу изолиран од тимот. Стоеше горе на AMR и сметаше дека треба да игра повеќе како класично крило а не добиваше топки за тоа. Очигледно на полувреме му беше укажано што се бара од него па во вториот дел го играше она што Allegri го бара од своите крилни напаѓачи без разлика кој игра на тие позиции, cut inside односно пресекување навнатре во 16никот а не нанадвор кон корнер знаменцето! Тоа се бара од El Shaarawy, тоа се бара од Boateng, Bojan, Urby, буквално секој што игра на AML или AMR. Niang го сфати тоа и во вториот дел беше далеку позастапен во играта на Milan.

Anonymous said...

Баш сакав да прашам за краток извештај за вториот дел бидејќи него гледав, и еве го добив.
Нешто друго за издвојување немаше?
А реално да прајме муабет од нашиот напад денеска само EL92 има воиграна позиција другиве ни самите незнаат каде и што треба :)

Anonymous said...

Имав прилика да го гледам Џуричич на последниот натпревар на Херенвен и можам да кажам дека за Холандски фудбалски прилики е импресивен.

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Gd014rlJ4dk

Kole.22 said...

Dai Ricky...

ReBorned said...

Пак каша попара :)

Kole.22 said...

Кака е поблиску од било кога.. Или во наредниве 2-3 дена или никогаш..

Anonymous said...

Мене тоа не ми се свиѓа.
Потег од очај, затоа што и Милан и Кака се очајни во моментов па ова им е као последна варијанта.
Кака никогаш нема да биде истиот играч, а и каде ќе биде ставен во тимот ни Макс незнае.