Во еден поприлично нестабилен и превртлив период, да се пишуваат најави и да
се прават некакви предвидувања е навистина тешко. Јасна ми е очигледната
замаеност на блогов во последните 2-3 недели. Тргнувам од себе, не сакам многу
да ловам во матно, особено што гледам дека матно не ми е само мене, полошо,
матно им е и на оние што ги носат одлуките. Имаме една хаотична трансфер
политика уште од летото, која наместо да ја одразува декларираната визија на
првиот човек во клубот, раѓа нови прашалници. И веќе ништо не ме возбудува од
сите овие приказни за потенцијалните засилувања. Чекам официјално известување
од клубот и дури тогаш ќе почнам да размислувам дали и како тој играч ќе го
подобри Milan. Толку се
контрадикторни што првиот вика дека ќе се гради млад тим и ќе се купуваат само
млади играчи, вториот дека официјално се преговара околу Kaka и Balotelli, а третиот дека во нападот сме комплетирани.
Секој со секого си противречи. Тука има се, само јасна визија не...
Што и да се случува во следните десетина дена, ние имаме и нешто друго на
памет, нешто конкретно. Првенството нема да чека ние да ја избистриме
ситуацијата во клубот и да го комплетираме ростерот. До крајот на преодниот рок
има два натпревари кои можат да променат толку работи што сите овие промени во
екипата можат да ги направат ирелевантни. Веројатно би било џабе да се донесат
и најдобрите играчи на планетата, ако Bologna и Atalanta не бидат победени. Затоа да тргнеме од утре, Bologna е прва на отстрел. Стопати сме кажале дека имаме
екипа, дури и годинава, да ги газиме ваквите екипи. Ама исто јасно е дека топло-ладно
перформансот на момците, не не’ прави комотни. Ако до пред некое време пристапувавме уверено и по малку
претпазливо во ваквите мечеви, сега сме исто претпазливи, ама од тоа можеме
сами лошо да си направиме, а помалку противникот.
Како и да е, пак не можам да скријам дека сум силно уверен во победа утре. Allegri дефинираше дел од почетниот состав. Меѓу
сигурните се најдоа: Abbiati, Mexes, Zapata, Constant, Montolivo, SES и Pazzini. За очекување е и старт на Nocerino и Binho. Така би останале дилемите за десен бек (Abate/De
Sciglio) и третото место во
средината, кај што има повеќе кандидати, со предност за Boateng. Тренерот на пресот вчера накратко и со
неколку добри зборови за Traore, за подобрувањето во неговата физичка спремност и за зголемените шанси за
минути плус. Од другата страна, очекувано, пофалби за Diamanti, иако мене повеќе ми е страв од Gilardino и синдромот на примање глупави голови од
бивши играчи во најлош момент за клубот.
Како што се гледа од текстов, збунет сум од целата оваа ситуација во
клубот, помалку исфрустриран од изборот на потенцијалните засилувања, ама ако
ве интересира што мислам за исходот утре... тоа е победа! Пропуштивме една шанса за
мал скок пред недела дена, ќе биде се потешко и понапнато до крај, затоа дај да
си земеме редот, да ги симнуваме еден по еден, да си фатиме место за ЛШ и после
да имаме да прераскажуваме како во наше време еден скромен тим направил нескормни резултати. Одиме
момци!
FORZA GRANDE MILAN!!!
42 comments:
Еве ги и трите гола од вчера од примавера против Verona (0-3):
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=-66AAtkTT_c
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=BYU9FwDtxPc#!
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=ciYpJngWg5c
Мислам дека натпреварот ќе биде доста матен, пред сè поради напаѓачкото трио на Болоња (Дијаманти + Џилардино + Габиадини) и нашата игра во дефанзива. Или да парафразирам, повеќе се плашам од нашата игра во одбрана отколку од играта на опонентот. Речиси 100 % сигурен за старт е и Niang, во нападот.
Околу трансфер политиката, што и да се донесе нема да ги пополни вистинските дупки во тимот. Milan колку и да нема класичен ефективен напаѓач, статистиката вели дека тимот сезонава е еден од најефикасните во лигата. Од друга страна, истата таа статистика вели дека на натпреварите кои Milan ги игра паѓаат најмногу голови, односно имаме енормно лоша одбрана. Првата аквизиција треба да биде стабилен централен дефанзивец во одбраната, тоа ќе ги направи и останатите подобри а и тимот во целина. Во иста насока одат и размислувањата за нов DMC по она што му се случи на De Jong. Доколку би се прашувал јас, CB, DMC, mezalla или AMC па дури тогаш класичен напаѓач. Го следам Adel Taraabt уште од негови 17 години и многу ми се допаѓа начинот на кој игра. И тој е во комбинација.
Сè уште не верувам во тоа што се трубеше уште во текот на летото:
https://pbs.twimg.com/media/BA8_HQdCUAAPzpO.jpg:large
Се сложувам за Taraabt, тој е веројатно најдобрата опција со која не поврзувале, за тој дел од теренот. А на сликава, можеа Kaka да го стават и во одбрана, а? :)
И дури сега дознавам дека Milan и ракометот се поклопуваат! Пу! :@
Затоа и ја споделив сликата.
Прво полувреме гледам Милан, после снимам на Макс ТВ второ а гледам ракомет, па се враќам на Милан. Затоа не очекувајте никаков коментар од мене до кај 17:30 :)
Има варијанта денес Стефан да почне на клупата. Реално, можеби тоа ќе му годи, се чувствува криза во неговата игра.
Имам подобар план: Milan-Bologna 3:0 на полувреме, па си гледаме ракометот на раат, со повремени вклучувања од Милано :)
А за SES, јас не би го оставил на клупа. Ова е најдобриот меч за враќање на старите игри. Инаку кризата во играта е очигледна.
Во последен момент, De Sciglio во аут поради грип, Abate ќе стартува! Brace yourself!
Многу убаво си сумирал се во првиот пасус на постот каде што го делиме мислењето повторно јас и ти.
Него нешто за издвојување од првиот дел бидејќи не го гледав сега доаѓам од баскет.
Му лежи Болоња на на Пацо.
10 гола има дадено сезонава, 5 против нив, а од останатите 5 гола 2 му се од пенал.
Ми се допаѓаше реализацијата во вториот дел иако доцнеше некако.
Слично нешто како оној натпревар што го реши Бојан 1-0.
Не можеме и не можеме да ја зачуваме сопствената мрежа.
Ночерино и Траоре беа интересни замени, мада лично јас би го извадил и фараонот кој во последниот напад на противникот во 94тата минута се враќаше да покрива.
Урби или Робињо можеа да го заменат.
Се на се колово добро да не речам супер.
Лацио ремизираше,Парма исто така, во директен дуел Фиорентина и Наполи одиграа нерешено,Удинезе изгуби и уште еден нерешен исход вечерва и ќе си останеме на 6тото место со -9 од 3тото место.
После ова денес, а да почекаме до лето ние за Балотели? И сè уште мислам дека момчето не игра на позицијата каде што ќе биде уште подобар.
Добро е, иако е далеку од тоа што го посакуваме. Второто полувреме беше подобро, барем поживо од млитавото прво. Првите 45 минути беа идентични на оној меч против Samp. Штета ќе беше ако не паднеше тој среќен гол на Pazzo, вака испадна заслужено. Вториот веќе беше ремек дело. И сега да не испадне дека сум многу паметен откако ќе се случи нешто, ама Pazzo мора да поблиску до голот. Џабе ни е кога го фаулираат на центар и тоа со грбот кон голот. Дури и некој од крилата да направат продор, тој останува многу назад. Јасно ми е мене дека кога SES и Niang денес играат позади центар не може Pazzo да биде во нивни 16ник, ама не признавам враќање на шпицот (особено тежок шпиц како Pazzini) на своја половина во ваква крута уткамица кај што бркаш гол.
Од другите, веројатно Niang беше најдобриот. Имаше одлична статистика денес, особено со нафрлените топки, дури 5 успешни. До него, одма Constant. Првите 30тина минути кога многу малку се движеа нашите играчи, се чинеше дека само тој има намера да создаде прилика за гол. Дриблингот му е несекојдневен за бек, многу е очигледно дека игра на изведена позиција. Montolivo за мене беше исто корисен. Се виде од стартот дека Gila е скроз отсечен, а Diamanti нема свој ден, што му дозволи на нашиот DMC да игра како AMC. За сметка на тоа, Flams одигра малку подефанзивно отколку што игра обично. Abate и Boa си запишаа асистенции од никаде, благодарение на спретноста на Pazzini. Zapata повторно на ниво, Mexes беше решен да си даде автогол и немојте да се чудите :) Веќе неколку меча се обидува, конечно му успеа :)
Сега си сме 6ти, јас сум сигурен дека Roma нема да победи вечерва (освен Ри ако не ја чека последна на ливче), па да почнеме да ги симнуваме еден по еден и да ги фрламе позади нас.
FORZA MILAN!!!
Јас испопаѓав на сè викендов. Оваа најдобро за нас Х да заврши, нели?
Нека си заврши вака...
Не сум сигурен ама мислам дека неможеше подобар викенд барем математички гледано.
Евентуално да изгубеше Лацио од Палермо мада и вака не е лошо.
Инаку во последно време Констант ОРА по теренот. Ама буквално, уште да му се даде време и простор дефанзивно да се развие и ете ни замена за Сержињо.
Инаку Боатенг си се врати на својата позиција и веднаш има резултати.
Доста трча,работи и се труди, и баш ќе беше супер да го имавме и Де Јонг на располагање ќе имавме една солидна тројка во средината заедно со Монтоливо. Вака мора да се крпиме со Фламини,Ночерино,Амброзини...
На Нианг доста доверба му се дава и одлично на оправдува барем сега за сега.
Околу нови трансфери нема да давам многу само сакам да си го кажам мислењето дека само болен и носталгичен човек би одбил понуда за Абате и притоа не би го купил Сантон.
Знам дека не е се како што читаме низ медиумите ние ама ако е стварно толку едноставно тогаш јас не би имал проблем да го изберам подобриот,помладиот и посестраниот од овие двајца.
Seria A 2012/2013
Cassano 18 5 7
Pazzini 19 10 2
BREAKING NEWS: Kaka deal off - Galliani
Sto da iskomentiram drugo ? Ne mozat da go kompletiraat najlesniot transfer na svetot ccc...
Значи дефинитивно доаѓа... Ок, јасно, јасно Galliani.
И мене ми мириса дека е далеку од готово. Ако веќе навистина е готово, се надевам дека тоа ќе значи атак на Adel Taraabt кој може многу да придонесе на овој тим а и се вклопува совршено во новата политика (23 години, во моментов зема нешто под 2 милиони по сезона и има договор до јуни годинава, значи екста ефтин).
Не сум убеден јас многу од просечен играч кој најдобрите моменти ги доживува во клуб кој е закован на дното во Премиер Лигата.
А и имаше едно интервју пред некој месец со него, сега можеби погрешно било преведено или извадено од контекст, ама дечкото имаше изјави од типот дека Милан би му бил одскочна даска за Реал.М и Барса и такви некој катастрофи.
Како што реков, не сум убеден од играч за кој прв пат чув на FM08
Инаку Yanga-Mbiwa, капитенот на Монпеље е на чекор до Њукасл.
А денес има и некои индикации дека Балотели почнал да си ги пакува куферите за Италија.
И еве еден интересе артикл кои иако е од еден недоследен извор вреди да се погледне.
http://www.goal.com/en/slideshow/1808/1/10-transfers-where-ac-milan-broke-their-word?ICID=HP_TS_2
Наводно City ја спуштил цената на Balo до 23 милиони евра. Milan е на потег.
Ок е се ама неможам да сватам зошто не се засилиме на позициите кои ни се аларматни, на крај краева нападот не ни е лош сезонава само Ел Шарави и Пацини имаат 25+ голови сега за сега.
А во лигата има дури 10ина клубови со подобар дефанзивен рекорд од нашиот.
+ повредата на единствениот асален дефанзивен играч за врска.
И да, што направија со најавите дека ќе се растерети ростерот?
Дидак,Месбах,Валоти,Кармона,Страсер(мада ја сум да остане),Траоре(ај почна да го става Макс колку толку)?
Еве има индикации дека Нандо Копола (тотално небитна фигура) ќе биде позајмен во Торино до крајот на сезоната кога и му истекува договорот.
Значи има уште една недела до крајот на преодниот рок а ние се засиливме за во лето со Рики само.
Премногу е паметно за да се направи тоа.
Последните денови ќе имаме некој паничен трансфер, така карактеристичен за нас во последните години.
Младите ќе се расчистат.
"This comment has been removed by a blog administrator."
Опаа, цензура, а? :)
Честито Llorente на Juve. Си го засилија и последниот дел од тимот каде што немаа врвен играч. Со вакви конкуренти во Италија, кои продаваат, а не купуваат, дури и ова е многу. Неприкосновени се! Ама очигледно Agnelli не се задоволува со Скудето...
Јас го бришам тој спамерот веќе 3-4 коментари имаше на овој пост.
А и ние се "засиливме" , со заминувањето на Месбах, а дали е ослабување или засилување аквизацијата на Закардо времето ќе покаже.
Мене лично не ми штети малце повеќе искуство во задната линија со оглед на фактот дека Јепес си заминува летово а можно е (т.е. јас се надевам) дека и Бони го чека иста судбина.
Само едно нешто боде очи: 4 годишен договор за 31 годишен играч?
КАДЕ Е ПРОЕКТОТ СЕГА БЕРЛУСКОНИ??
Дрогба е стар со 34, а Закардо не е? Или кажи си поштено знаеш дека ако дојде Дидие тоа значи над 8-9м годишна плата.
Па мајко му стара на играчи над 30 години се дава договор 1+1.
Инаку на Абате агентот е во Русија каде што преговара со Зенит.
И Валоти денес се поздрави со соиграчите и замина на позамица во Албинолефе.
@AC Milan Diavolo #YouthProject - In 1 day, Milan loans a 19 year old (Valoti), sells 50% of a 22 year old (Strasser) and signs a 31 year old for 3-4 years...
Добро, не се оценува цел проект од еден потег, ама сепак, Zaccardo не е играч кој го посакувавме. Точно е дека треба малку искуство позади, ама десен бек? Ако си оди Abate ок, вака не е логично воопшто. Со тоа што, нормално, Mattia би бил прв избор десно. А за Valoti и Strasser скоро и бевме сигурни дека ќе заминат за позајмица, да се правиме наивни.
А од сите овие ongoing шпекулации, трампата Amelia-Stekelenburg ми прави најмногу кеиф.
Zaccardo може солидно да покрие и централно во одбраната.
А таа трампа Amelia-Stekelenburg е повеќе од веројатна поради тоа што Amelia не може да каже не, на Roma а од некоја чудна причина Roma не го сака Stekelenburg.
Brat voopsto ne e cudna pricinata zosto roma ne go saka stekelenburg ako si gi sledel roma ovaa pa i minatata godina, mislam deka ima poveke crveni kartoni i losi intervencii i od Bogatinov :D
Сезонава не игра толку често за да го следам а лани, посебно на почетокот, имаше одлични партии.
Тоа со црвените картони е смешно затоа што во клубската кариера има вкупно 3 добиено а 2та за Рома минатата сезона дојдоа во краток период па се дигна фама околу тоа.
Ништо страшно, Мартен е одличен голман ама сега за сега изгледа дека се е сведено на шпекулација бидејќи околностите го налагаат тоа.
Односно тој несака да биде втор голман и е скаран со Земан,Амелиа е роден Римјанин итн итн...
Не е Ван Дер Сар, ама со негови 30 години и 197 сантиметри е повеќе од солиден голман и е реално подобар од се што имаме на располагање во моментов.
Не солиден, барем за мене, после Gigi и заминувањето на Cesar е најдобриот голман во лигата. И ептен сакам да се случи таа трампа. Ме бендисува тоа што викате дека е скоро извесна :)
А Драган, сериозно, што беше тоа со спамерот? Не видов ништо, кој е тој?
Kolku i da gi mrazime mora da bideme realni i da priznaeme deka posle gigi handanovic e najkonsanten golman vo calcio, barem moe mislenje.
Зборувам за мене лично и не за инает, немам таква намера. Настрана мразењето, да го зборувавме ова минатата сезона ќе речев: Gigi, Handanovic, па Stekelenburg. Годинава не, очекував многу повеќе од него...
Во меѓувреме трампа на 50% од Accerbi (до крај на сезона во Genoa) со 50% од Constant (право на настап за Milan после истекот на позајмицата во Јуни). Офф, ова го може само Италија...
Џиџи е класа но мора да признаеме дека живее на стара слава. Во последните 2 сезони Хандановиќ е голманот број 1 во Серија А.
Ма типичен спам коментар каде што оставаат линк и некои глупости на англиски не ни ги читав да ти кажам знаев одма за што се работи и ги бришев одма.
Иначе еве нешто што се очекува да се официјализира многу брзо:
Ачерби назад во Џенова!
Имено, ние поседувавме 50% кои ги купивме за 3.5м летово но сега одлучиле нашиве да се откажат од тие 50% што значи дека Ачерби моментално целосно и припаѓа на Џенова, а за замена добиваме 50% од правата на Констант, што значи дека на крајот од сезоната може за џабе пари да се откупат и останатите 50%.
Не е лоша зделкава воопшто, иако ме изненади откажувањето од Ачерби треба да бидеме реални дека типот е полош од гркот Сократис и дека е моментално најслаб штопер во тимот.
Мислам дека толку му беше, прошлата полу сезона со Киево, 15+ добри натпревари.
Сега очекувам да остане на тоа просечно ниво и да се движи низ тие среднокласни клубови од лигата, бидејќи е преоптимистички да се верува дека ќе направи некој бум кај пријателите наши.
Значи сега за сега:
Out:
Pato 15m
Mesbah trade
Acerbi Trade
Strasser Loan
Valoti Loan
Се очекува моменталниот ростер зимава да го напуштат уште Кармона,Копола (позајмици) и евентуално ако дојдат некои солени понуди Абате,Антонини и Робињо.
А да, и Дидак ако некој го рачуна воопшто.
Почнав да го пишувам коментарот пред 22:30 ама бидејќи долго ме фати ме претрка ти.
Гад демит.
Па добро бе мајка му стара,цела полусезона од авион се глеа дека најслаб дел од тимот е одбраната,едвај чекав да дојде јануари да се закрпи тоа и доаѓа ѕакардо???
Без разлика дали ќе се донесат дрогби какиња или балотели или трампи со голмани,НА МИЛАН МУ ТРЕБААТ СТОПЕРИ,и ја сум уверен дека ако до 31 не се донесе некој асален најголмеата болка после неспособноста на Макс како психолошки мотиватор ќе доаѓа од киксовите на Мексес,Бонера,Запата и слично..
Аце, тоа на сите ни е јасно ама B&G имаат фетиш за офанзивци. Доволно е да се види табелата со односот на головите 38/28 за да се види која е најголемата болка на тимот. Тоа што De Jong ќе отсуствува цела сезона, дава уште поголема тежина.
Мислам дека после ова со Acerbi дефинитивно доаѓа некој стопер. Вака нема смисла, па да му се невиди, не се B&G идиоти да го остават клубот со 4ца стопери од кои еден е полупензиониран, друг е на позајмица и уште двајца киксери. Освен ако рачунаат на Zaccardo како стопер, а не како бек. Тоа е веќе надвор од памет. Уште 5 дена до крајот на рокот, па ќе оценуваме на кое ниво на ментална свест била управата. Дотогаш си имаме ние уште еден и тоа како битен натпревар.
Момци планира некој да пишува довечер или да составувам нешто?
рокај, ја тука сум и читам ама во тесно сум со време...
Post a Comment