Translate

Thursday, 3 January 2013

Say no to racism!


Мечот меѓу Pro Vercelli и Milan беше прекинат по континуираните навреди на расна основа кон Kevin Prince Boateng од страна на мал дел од навивачите на Pro Patria! Фудбалерите, капитенот, тренерот и целокупната хиерархија на клубот стојат зад овој потег и најавија дека истото ќе се случи и во иднина доколку има навреди на расна основа, без разлика за каков тип на натпреварување се работи (Лига на шампиони, Калчо, Куп) и какви би биле евентуалните реперкусии по клубот! Milan му кажа не на расизмот!

19 comments:

Anonymous said...

http://www.football-italia.net/29025/prandelli-praises-boateng

Navigator said...

Уште една дамка за фудбалот воопшто. Јас не го разбирам тој начин на вреѓање, не ми е јасно што ги тера тие луѓе да сакаат или не сакаат некого заради боја на кожа. И искрено ми е жал за црните играчи што мора да го трпат ваквото провоцирање, особено во земји што се вбројуваат помеѓу најнапредните во фудбалска, културна, општествена смисла. Потегот е прав, освен она шутирање на топката, кое веројатно ќе се изгуби во оваа сестрана поддршка за револтот на Boa.
И уште еден инцидент денес, верувам слушнавте, со играч кој најмногу беше поврзуван со нашиот клуб. Ако е вистина тоа што првично излезе како вест, за Balo нема место во Milan. Ги исполнува сите оние нови критериуми на Berlo, млад е, ептен талентиран, италијан, докажан навивач на Milan, ама карактерот уништува се, џабе е. Премногу ризик и пари лежат во неговиот ангажман. А и црнец е :)
И да си кажам... јас си се изненадувам сам себе како немам фаворит помеѓу потенцијалните засилувања. Не ми паѓа на памет играч што реално би можел да пристигне, а да не е скап, да нема висока плата, да е млад и се друго што става како параметар Galliani во search-ot. Се некако чекам да се официјализира адиото за Binho и да бидам сигурен дека ќе доаѓа врвен напаѓач. Веројатно ќе дојде и заден везен играч, а најлошиот дел од екипата пак ќе остане недопрен. Ах што ни направи тој De Jong...

Anonymous said...

http://www.rossoneriblog.com/2013/01/03/breaking-official-pato-joins-corinthians/

Anonymous said...

Да чкртаме нешто околу заминувањето на Пато или да не се лигавиме толку?

Navigator said...

Владе нека чкртне, него му е најмногу жал :D

Ако ме прашувате мене, подобро да се чкртне пост за Siena, отколку за Pato.

Kole.22 said...

Прво да ви ги честитам празниците на сите и секако да посакаме нови успеси од стари размери на нашиот Милан.

Околу Пато, веројатно така е најдобро, прво за него а потоа и за тимот. Ке има шанса да си ја поврати самодовербата, ке игра во родната земја, ке проба да стави крај на повредите и сл. Милан вака пушта уште еден играч со повисока плата и хронични повреди и неконстантност. Неговиот статус на миленик на навивачите постепено опаѓаше, и нема потреба од претерано жалење.

Секако дека сакаме повторно да се врати, во други денови и уште побитно ми е што се разделува на начин на кој му доликува на еден професионалец и на еден врвен клуб.

ФОРЦА МИЛАН


Anonymous said...

Лошиот менаџмент не чинеше 40м минатата зима, и пак испадна како случајот со Кака, толку силење и ударање во гради на крај - пари, - играч.
Штета, дај боже да се врати онака како што се врати РВП по сите оние повреди.

Anonymous said...

Kasimpaşa заинтересирани за Бакаје Траоре, таму игра Табаре Виудез.
Имено тие сакаат позајмица додека пак Милан сака целосно да се отараси од него.

ReBorned said...

Бињо можеби ќе се врати во Милано, покрај се.

Navigator said...

Тоа сакам да го слушнам :)

ace1899 said...

Абе се ок тоа против расизам ама овој Принцов малце почна да претерува.

Boateng: "I'll see my agent, it makes no sense to stay in Italy"

Не дека многу ќе ме загрижи мене,миланистите во светов или италијанците ако тој си замине поготово после какањето оваа полусезона ама баш не гледам логика во овој потег. Ако сакаш да се бориш против расизмот ќе се бориш нема да бегаш,а и кај би „бегал“-во Англија каде секое второ коло има инциденти од таков карактер,во Германија земјата која уште не чула за расизам,или можда Шпанија кај шо летаат свински глави од културни навивачи. Абе Боа Боа,дојде до СNN интервјуа да дава за као демек авангардни потези,место да глеаме голови од него ќе се радуваме колку е познат по тоа што го напуштил теренот. Ако ти се игра играј,ако не иди лади си го со Мелиса таму

ReBorned said...

И јас го читав истото. Ако не го негира тоа и ако е точно, многу подмолен потег од негова страна! Тој го користи инцидентот за да си оди од клубот! Наместо да каже јавно како Касано дека сака да си оди затоа што се продаваат фудбалерите, тој го користи овој инцидент! Тоа што се случи не беше во ред но тој (и никој друг црномурест фудбалер) немал проблеми од ваква природа во Калчото или во купот на Италија а веќе 3 сезона е во клубот! Ова се случи на пријателски натпревар против нисколигаш! И ако тоа го користи за да ги генерализира работите и за да си замине од клубот, нека си оди уште утре!

Anonymous said...

Сиктер, и он и Бињо нека идат можел Милан без Малдини,Ван Бастен,Барези,Шева итн. ќе може и без гниди што едвај чекаат прилика да го фатат возот за идење.

Anonymous said...

Kako be decki nema rasizam vo calcio,Zoro na vremeto placejki go napusti terenot,fakt e deka imalo i ke ima zasekogas kako i vo site drugi prvenstva megutoa so toa treba da se zivee i ostro da se kaznvaat tie poedinci tokmu kako sto pravat Anglicanite slucajot Suarez vs Evra, pa i da se suspendira terenot na domasniot tim.Muabetot mi bese Boa mi lici kako da go cekase ova prava vi e konstatacijata deka nema zelba mnogu mnogu oddamna.

Unknown said...

Во среда ќе има собирче на група дечки што навиваат за Милан од кајгана па бидејќи блогов го гледам и ги ценам луѓето што го направиле и луѓето што коментираат тука па затоа ве поканувам да ни се придружите.

Сите заинтересирани нека пишат па ќе размениме контакт.
Се надевам ова ќе биде еден од многуте собири.

ReBorned said...

Знам многу добро за мечот на Зоро. Го гледав и паметам дека очите ми се насолзија! Но од тогаш наваму немало вакви големи екцеси! Тоа шти се случило поради неколку идиоти на пријателски меч со полуаматерски клуб не е слика за цела Италија и не е причина Боатенг да сака да си оди од Калчото! Не ми е мака, одамна не игра ништо, мака ми е што го користи случајот!

ReBorned said...

И дечки јас не сум во Скопје па не сум во можност ама ако имате малку време контактирајте со Филип па одете на еден лаф-муабет во среда да размените мислења, идеи и пред се дружби со останати Rossonero лица. Би сакал некој да сподели впечатоци потоа.

Navigator said...

Јас сум заинтересиран, само сакам да знам каде ќе биде собирот, а особено ме интересира што луѓе ќе има, затоа што искрено, не би сакал да гледам со дечиња од типот на оние што се на фан клубот на ФБ. Сум бил на таков собир и реков никогаш повеќе.

Unknown said...

Договараат некој кафич во околината на Рамстор а за дечиња мислам дека ќе нема,сите што сме пријавени сега за сега мислам дека сме 18+ (99%)

А и нема да биде нешто огромен собир...