Translate

Wednesday, 9 January 2013

Il vero Derby d'Italia pt.2


Важен натпревар, иако нема некоја претерано голема еуфорија околу него.
Можеби бидеќи сеуште сите се во празнично расположение и не им е многу до фудбал, а и економската криза си го направи своето па мртвиот трансфер пазар целосно умре во Италија. Но што е тука е, ние како навивачи ќе си го проследиме ова дерби и ќе се надеваме на победа по можност во регуларниот дел со цел да не се истрошат многу силите бидејќи сезоната е долга а помина само половина од првенството.
Според сите изјави а и богами според резултатите Копа Италија стана натпреварување кое големите тимови сериозно си го сваќаат во последно време. Неможноста да бидат дел од завршницата на ЛШ си го прави своето, па италијанските тимови си се насочуваат кон својот двор.
Лацио вечерва истрча со еден комбиниран, но силен состав и ја победи Катанија доста лесно. Утре се очекува и двете екипи да прават комбинации во првиот состав, но косуторор на екипата да остане горе доле ист.

Amelia                    Ambrosini            Carmona
Coppola                 Nocerino              El Shaarawy
Gabriel                   Montolivo             Bojan
                              Flamini                 Niang
Abate                    Traore                  Pazzini
De Sciglio               Emanuelson
Mexes                    Boateng
Acerbi                  
Antonini

Од овие 20 повикани, Макс изјави дека Амелиа, Мексес, Ачерби и Пацо 100% почнуваат.
Во одбраната нема ни да има многу дилеми и се очекува Абате и Де Шиљо да ги завземат страните бидејќи Анте сеуште не е спремен за старт.
Средината најверојатно нема да биде иста како со Сиена, така што можно е Фламини и Урби да бидат дел од стартните 11.
Алегри изјави дека размислува околу тоа дали Бојан да биде стартер и при таква варијанта најверојатно Фараонот ќе биде седнат на клупа, бидејќи мене не ми е многу верно дека ќе играме со 3ца напаѓачи од старт на најжешкото гостување во Италија.

Еве го составот што го предвидуваат повеќето новинари:


Amelia, Abate-Mexes-Acerbi-De Sciglio, Montolivo-Ambrosini-Boateng, El Shaarawy-Emanuelson-Pazzini



За првпат по подолго време ќе пишам и некоја информација повеќе за противникот поради важноста на овој меч.
Имено Конте сака да види како Мароне ќе се снајде во улогата на Пирло и ќе го впушти него во оган заедно со Видал и Погба. Пелусо најверојатно ќе биде лево додека пак Лихтштајнер стандардно на десната страна. Касерес, Бонучи и Барзаљи ќе го сочинуваат триото во одбраната во недостаток на други комбинации. Во нападот има некои дилеми, но најверојатно 2ца од Џиовинко, Матри и Кваљарела ќе почнат.


Јас како и секогаш не сум преголем оптимист, ама сакам да има добар и фер натпревар и да победиме со гол со рака на Пацини постигнат по нафрлена топка по непостоечки корнер во 95та од 3 минути продолжение.

25 comments:

Нино Сотировски said...
This comment has been removed by the author.
Нино Сотировски said...

Се надевам дека Алегри нема да се изглупира и да игра со Фламини. Очекувам Боатенг да биде вратен во среден ред (каде е најкорисен според мене), а напред да се игра со Шарави и Пацини. Зад нив би го играл Емануелсон од проста причина што верувам дека после тоа што Бојан и Боатенг сериозно му го загрозуваат местото во последно време, ќе биде мотивиран да се покаже.
Мило ми е и што Ачерби конечно ќе врзе 2 утакмици по ред, затоа што Бонера и Јепес никако досега не заслужиле да играат пред него, а за дефанзивец битна е константноста.

Шарави им прости, на првата утакмица сезонава, затоа сакам на оваа да им плесне барем еден гол. :)

Во купов не сме биле озбилни конкуренти доста одамна и се надевам дека Алегри ја има правилно канализирано мотивацијата, која не би требало да е проблем затоа што ипак играме дерби, без оглед што е во куп.

Navigator said...

Најдобронамерно морав да ти се смешам во насловот и да корегирам малку :) Остави им ја таа фраза на пацерите. Нашето е il vero derby! :)

ReBorned said...

Јас само ќе кажам дека уживав во последниот пасус од текстот. Го прочитав синоќа, го прочитав сабајле и го читам сега. И уште се смеам :)

Navigator said...

Јас само уште нешто ќе корегирам :) Peluso имаше веќе деби во Неделата против Samp и беше поприлично возбуден и лош. Беше активен, дури и менуваше страна, ама нафрлувањата му беа катастрофални, а кога виде тоа не му оди, се премести внатре во 16ник и остави другите да нафрлуваат. Ако се оствари тоа со Pirlo, би било убаво олеснување, но така Vidal и Pogba ќе добијат повеќе простор и посед. Осеќам дека ќе имаме проблеми со Pogba, особено ако играат на истра страна со Boa и ако треба да му биде директен чувар. Оваа 4-3-3 формација изгледа многу поприфатлива за мене на вакво гостување, заради длабината на везната линија, а и опцијата да SES и Urby се претворат скоро во бекови. Инаку ако Max сака да го игра Bojan од прва минута, тогаш тимот може да игра само во 4-2-3-1 и тоа би било 5+ натпревар. Затоа типувам на попретпазлив, подефанзивен почеток. И да, ми се допаѓа сценариото на Драган :)

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Еве ја и асистенцијата на Cristante до Petagna во акцијата за вториот гол на Italy U18 што Ви ја зборував во претходниот пост:

https://www.facebook.com/photo.php?v=10152443435755601

Anonymous said...

Ако, така треба одамна го велам тоа дека треба да се корегираме меѓусебно во интерес на блогот.
Ultras Milano

Unknown said...

Капуано?
Коментари околу него,тој клипот со песната Someone like you ич не го можам :D

ReBorned said...

Ново засилување е Saponara од Empoli. Купени се 50 % а ќе дојде во Milan на лето. Офанзивно десно крило (AMR) кое што ги привлече Juventus, Inter и Liverpool по постигнатите 8 гола во Serie B. Другите 50 % Empoli ќе ги продаде на Parma а се очекува Juventus и Inter да тргнат по делот на Parma.

Со ова засилување просечната старост на последни 14 засилувања на Milan е точно 23.5 години.

ReBorned said...

http://www.sportski.mk/statija/13896

ReBorned said...

Не знам како нè прелажаа летово со Acerbi и како беше избран во тимот на годината претходното лето. Веројатно добар само за Киево и Џенова!

Anonymous said...

‏@DTrajkovski22
Imam nekoe gadno custvo deka mirko moze da ja resi tekmava.ili toa ili penali.
Не се гордеам што го предвидов ова...ама ич.

Anonymous said...

Од моменталнава одбрана само Де Шиљо заслужува место во тимот.
И Габриел како трет голман.

ReBorned said...

Empoli’s Riccardo Saponara has admitted that he cried tears of joy after hearing reports that Milan have done a deal to sign him.

The Tuscan club, who part own him with Parma, have agreed to sell their share of the winger to the Rossoneri for around €4m.

“It is not yet official, but if it is true then it would be extraordinary,” he told the Gazzetta dello Sport on Thursday.

“I would never have thought that I would be able to reach such an objective.

“I was at training yesterday when my teammates, who had heard the stories, came over to me and hugged me. I knew nothing.

“For me, Milan are football and Kaka has always been my idol. I couldn’t ask for more, this is a dream.

“When I was told of all this I started to cry, but I feel ready. Now I just have to concentrate on doing as well as possible over these next six months for Empoli.”

The deal for Saponara, who is expected to head to Milanello in July, should be wrapped up at some stage next week.

ReBorned said...

Расчистивме со уште еден некогаш многу надежен фудбалер, Verona го откупи целосно Simone Calvano и сега го поседува 100 %. Milan веќе нема ништо со фудбалерот кој своевремено важеше за новиот De Rossi но имаше огромни проблеми со повредите во последните 2 години.

ReBorned said...

Има некоја збрка со Calvano, на сајтот на Verona и на сајтот на федерацијата пишува дека е permanent transfer ама...

@MilanNext: Calvano is still co-owned by Milan, i'm 100% sure about it. Two hypothesis: Lega SerieB made a mistake or it's some kind of burocratic mess.

@MilanNext: After reading on Serie B official site that Calvano's transfer to Verona was definitive i called Milan: they said it's a simple co-ownership.

Anonymous said...

http://uk.eurosport.yahoo.com/blogs/pitchside-europe/rise-rise-mattia-perin-174303824.html

Одличен артикл за Матиа.

Anonymous said...

Инаку во моментов агентот на Кристијан Закардо руча со Браида и Галијани.
Исто така италијанските медиуми пишуваат дека Рома одбила 15м вредна понуда за Дестро и размена Амелиа-Стекеленбург

ReBorned said...

Ќе врие деновиве, вчера Сантон изјави дека е среќен во Њукасл и сака да остане таму а денес Њукасл се заинтересира за лев бек на Валенсиен...

Anonymous said...

http://www.sportski.mk/statija/13911

ReBorned said...

Немој само да ми пушташ линкови, кажи го твоето лично мислење :)

Anonymous said...

Околу оваа тематика повеќето на блогот го делиме истото мислење.
А може да дебатираме зошто сме одбиле понуда од Зенит за моментално нашиот втор десен бек кој не покажува никакви знаци за напредок!!

Anonymous said...

Еве и Кришчито со изјава дека баш би сакал да го види Абате во Зенит.
Инаку Кристанте веќе е додаден во првиот тим, а од наредната сезона ќе му се приклучи и Петања.

http://www.acmilan.com/en/teams/roster

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=IM9f-6SzpJs&feature=youtu.be


Лигушот што беше носталгичен за дома сега е "среќен" што останува.
Не ни требаат вакви, не.

ReBorned said...

Gattuso: "I've changed my mind about Massimiliano Allegri... he's the only coach who can lead this Milan side."