Translate

Sunday, 27 January 2013

Tough one in Bergamo!



Иако очекувањата на сите од нас за утрешниот меч се големи и единствени, факт е дека не очекува тежок и тврд натпревар во Bergamo. Atalanta е една од екипите која ни ја навести ужасната есенска полусезона и го раздрма Milan на сред San Siro. Горчливото искуство уште рано во Септември, го прави овој меч своевиден реванш за нашите момци, но сега во ваква ситуација и нешто повеќе – гола борба за Европа и посакуваното трето место. Milan не смее да си дозволи киксови во вакви натпревари, во кои многумина се убедени за нашата надмоќ. Момците мора да го продолжат искачувањето кон врвот на табелата и да ја продолжат таа позитивна атмосфера. Настрана сите трансфер шпекулации и новини во ростерот, мора да се задржи фокусот на нови и нови победи. Јасно е дека никој не останува рамнодушен на сите овие сплетки кои ги читаме низ медиумите, уште помалку на заминувањата на играчи или новите фаци во Milanello.

Затоа и Max го доживуваме некако поприлично претпазливо на пресот во пресрет на дуелот со Atalanta. Тој беше дециден во тоа дека е задоволен што има на располагање млада група на играчи кои тој директно може да ги моделира и развива според своите потреби и визии. Сепак, барем мене, ми изгледа свесен за лимитот на таа група и пристапува претпазливо во најавите. Неговиот акцент во однос на играта клубот на последните натпревари беше на тоа дека Milan може да ја контролира играта во скоро секој меч и според тоа, играчите не смеат да дозволат опаѓање на концентрацијата на целата екипа што ќе го донесе во прашање позитивниот исход на натпреварот. Повлекувањето на Boa во средината е еден потег повеќе во насока на осигурување стабилност и константност. Max верува и дека голгетерскиот пост на SES е нормален за секој играч, особено за играч на негови години и дека е сигурен оти Stephan ќе почне да погодува одново. Она што мене не ми се бендиса во целиот прес е најавата за менување на формации до крајот на првенството, со цел што повеќе играчи да добијат шанса и никој да не се осеќа запоставен. Јас пак мислев дека добива шанса оној што ја заслужува, што игра најдобро и што најдобро се вклопува во основната формација на тимот. Очигледно дека клубот се наоѓа во една фаза на реконструкција, каде се бара себеси, така што може да очекуваме се и сешто до Јуни. Како и да е, само нека продолжат да победуваат.

Max повторно откри дел од стартерите за утре. Во одбраната ќе излезат Mexes, Zapata и Constant. За десно, уште стои дилемата Abate/Mattia. Во средината се очекуваат Monti-Flams-Boa, а во нападот SES и Pazzini, со опција за трет старт во низа за Niang или помалку веројатно Binho, за кој тренерот изјави дека има големи очекувања до крајот на сезоната. Zaccardo е исто така помеѓу повиканите, многу тешко дека би добил шанса. Кратко и јасно, одиме на нови три бода, нова победа, да го искористиме ова коло на киксеви кое се надевам дека ќе продолжи!


FORZA MILAN!!!

20 comments:

Anonymous said...

Абе ќе не даваат утре така? Ваљда нема Самп-Пескара да гледаме.
Околу тие две позиции скоро 99% се сигурни стартери Абате и Нианг.
Околу трансфер муабети не ни треба да се замараме, само ако има нешто конкретно.
Еве последен муабет е дека Раиола утре или задутре ќе им ја претстави понудата од 20м за Балотели на Сити.
Значи мене искрено ми е гајле ако и до лето никој не дојде само ако стигнеме до тоа трето место.
Во наредните 20 дена имаме 2 гостувања (Бергамо и Сардинија) и ги пречекуваме Удинезе и Парма.
Со добра игра,ладни глави и мотивираност можеме да извадиме 10-12 бода, и бидејќи распоредот е таков можно е до 15ти фебруари да бидеме на тоа 3то место или барем бод-два за него.
Значи ништо друго моментално не треба да не интересира освен тоа.
После следува двомечот со Барса, и две дербија со Интер и Лацио во краток период.
А најважен дел од распоредот се чини ќе бидат 2те недели од 7ми до 21ви март кога ги пречекуваме Наполитанците и гостуваме во Фиренца и Торино(Јувентус).
Сите 5 екипи што се пред нас на табелата покажуваат ранливост и пад во формата.
Сега му е мајката ако сакаме да капитализираме на нивните киксови.
FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Многу матна ситуација. Бркаме трето место а во исто време може да останеме и без ЛЕ на крајот од сезоната. Постојат толку голем број на екипи кои се во конкуренција што едноставно не може да се прават некои издржани математики. Затоа и јас практикувам повеќе да се ставаме во корелација со третото место отколку со екипата која се наоѓа на тоа, трето место. Ако сериозно сакаме да бидеме во комбинација за тоа трето место, ваквите натпревари мораме да ги победуваме. Нови три бода, кикс на конкурентот и зголемување ба притисокот.
Niang веројатно е логички избор за старт на AMR кога во само вториот старт беше избран во тимот на колото. Одбрана со Mexes и Zapata е веројатно најдоброто во моментот. Од друга страна, среден ред со Boateng и Flamini не ветува дисциплинирана игра на средината сма можностите ни се лимитирани.
Споделив интересен податок на твитер, нашиот Paloschi со голот од синоќа има вкупно 7 гола на последните 10 средби или поточно на 598 минути. Тоа значи гол на секои 85 минути и со тоа е фудбалер со најдобар ratio во калчото (нормално, изземајки ги фудалерите кои имаат постигнато по само еден гол).

Navigator said...

Сосема сте во право и двајцата, со тоа што Драган ми отиде ептен напред во времето, па се изгубив тука некаде околу Barca :) Инаку тоа е единствениот рецепт за да извлечеме максимум од оваа тешка сезона. Тепај вакви екипи, цврсто на дербиата, концентрирано на директните дуели за место погоре и за жал, батали тоа ЛШ.
И само да спомнам, да не речите не кажувам. Чекам: Milan 2, Roma 2, Sporting L. 1 и Bayern 0-2 за 7000ден. :)

Anonymous said...

Солидно прво полувреме. Уште еден гол да дадеме во вториот дел и да играме како што игравме до сега и убеден сум во победата.

Navigator said...

Уште посолиден е стартот на второто. За 5 минути, прилики колку во цело второ. Само пак истото, не смее да се дозволи такво нагло паѓање на темпото и дозволување на Atalanta да го води мечот.

DAI RAGAZZI!!!

Anonymous said...

Многу грдо второ полувреме, ама не по наша вина.
Ма мајко му стара незнаев дека биле ваква копачи овие!!
Типични сељаци и на судијава му прекурчи да се рапсрава со нив на крајот.
12 жолти картони на двете страни колеж мајко му стара.
Скапо ја плативме победава, Пацо,Монти,Мексес и Абијати со картони.
Ама многу битно е што Фиорентина ЗАГУБИ!!
Сега сме на 5то место со еден бод пред нив.
Навиваме уште за Торино вечер и колово повторно можеме да го сумираме како успешно бидејќи победивме,продолживме да се искачуваме,СЕС го прекина голгетерскиот пост,Нианг асиситираше и НЕ примивме гол.
Повторувам НЕ ПРИМИВМЕ ГОЛ!!
FORZA MAGICO MILAN !!!

Navigator said...

Ајт уште едно место погоре. Тоа и што SES даде гол се единствените светли моменти денес. Се друго беше грдо и лошо. Ај попосле ќе објаснам...

ReBorned said...

Ај сега да не се караме, батали Torino, некој чека пари :)

-----------------------------------
БЕСЕН СУМ! Не знаеме како да се справиме во натпреварите во кои имаме вишок фудбалер на теренот! НЕ СМЕЕМЕ да дозволиме Atalanta со фудбалер помалку да се пика во и околу нашиот шеснаесетник! Како што почнавме во вториот дел, така требаше да продолжиме после црвениот картон (кој беше чист како солза и не знам зошто толку драма направија).
Niang... чуден ков! Не делува воопшто брзо, дури делува и малку коптаво (веројатно поради корпулентноста) но човеку, ќе се осудам да кажам, веројатно е најдобриот фудбалер во тимот во ситуации на мал простор и кога треба да се помине фудбалерот со финта. Мислам дека само во една, единствена ситуација не успеа да помине со финта покрај десната аут линија и еднаш кога го подбраа на работ од шеснаесетникот и се уплашив да не се случи нешто посериозно. Многу, многу лесно се ослободува од својот чувар, го победува во континуитет! Нешто што го има уште само во Robinho во овој тим, но Binho често знае да претера, комплицира и ја губи топката. Niang го прави тоа така лесно, така природно и што е најважно, така успешно!

Anonymous said...

Уште еден одличен викенд.
Торино изигра за нас и очигледно во една мини криза се 6те клубови на врвот освен ние се разбира (Рома многу падна).
Сега интер има 40 бода и разликата меѓу нас е само 3 бода.

Anonymous said...

Ja stvarno ne mozam da svatam kako moze inter da se pred nas ali posle ova so go vidov sea siguren sum deka treba da mislime samo na lazio.
Vo sekoj slucaj odlicen vikend.

Kole.22 said...

Бало?

ReBorned said...

Горе - долу :)

Anonymous said...

Никогаш поблиску.

ReBorned said...

Интересна анализа http://www.sportski.mk/statija/14161

Navigator said...

И официјално!

Anonymous said...

https://pbs.twimg.com/media/BByRDmSCYAA-cVZ.png:large

Anonymous said...

I vie prodelozete da gi kritikuvate,sekogas ke vi ja zatvorat ustata!!! :D

Anonymous said...

Se razbira mislev na G&B!!!

Navigator said...

пишувам краток "добредојде" пост

Anonymous said...

https://pbs.twimg.com/media/BBypNtbCcAE9Nqq.png:large