Translate

Sunday, 6 January 2013

Let's get ready to rumble!


Буквално и фигуративно, подгответе се за rumble! Бурен, турбулентен период на самиот почеток од новата година. Се простивме со Ale Pato, можно е да се простиме и со Abate односно Robinho. Како да не беше доволно турбулентен трансфер пазарот па имавме несакана ситуација со расистички скандирања, не по наша вина. Како капак на сè, денес ја пречекуваме Siena во брутално лоша ситуација во дефанзивната линија. Од сите можни централни дефанзивци во тимот во комбинација е единствено најнесигурниот, Acerbi. Буквално сите останати се или повредени или суспендирани. Дупката покрај него според сите шпекулации ќе ја пополни момчето на сликата погоре. Уште една силна порака за вербата која клубот ја има во него! Го истисна италијанскиот репрезентативец од првиот тим, веројатно тој ќе биде и продаден поради тоа што клубот се потпира на De Sciglio за бековската позиција а еве и ќе добие за прв пат шанса во срцето на одбраната. Се надевам дека ќе биде на ниво! Доколку денес De Sciglio играше во срцето на одбраната со Nesta или Thiago покрај себе, немаше воопшто да се сомневам во неговата партија. Сепак, играта во дефанзива е специфична работа, доколку колегата се губи во простор и остава дупка зад себе, ќе трпи и другиот дел од дефанзивниот двоец. Се надевам и пред сè верувам во добра партија на De Sciglio!
Другата, помалку веројатната варијанта е да се почне со Ambro на CB. Доколку De Jong беше во комбинација, можеби тоа ќе беше првата опција. Вака, Ambro ќе биде во центарот на средниот ред.

Според Corriere ова ќе биде составот на почетокот на мечот:


Другата варијанта е со Boateng во средината, на местото на Nocerino а Urby напред, на AMR.
Со проблеми или без нив, Milan мора да оди на нова победа! Milan мора да продолжи да се искачува нагоре!

Dai Ragazzi!!! E Andiamo!!! Forza Milan!!!

24 comments:

ReBorned said...

Во првиот коментар го копирам во целост коментарот на Filip од претходниот пост за да биде актуелен и во новиот пост па ако некој е заинтересиран контактирајте:


Filip Kimovski said...
Во среда ќе има собирче на група дечки што навиваат за Милан од кајгана па бидејќи блогов го гледам и ги ценам луѓето што го направиле и луѓето што коментираат тука па затоа ве поканувам да ни се придружите.

Сите заинтересирани нека пишат па ќе размениме контакт.
Се надевам ова ќе биде еден од многуте собири.

Unknown said...

Да се надоврзам на текстот погоре,според мене Боатенг е подобро да стартува на позицијата на Ночерино а Урби или Бојан да одат десно во нападот.
Е сеа проблемот е дали уопште има желба во Боатенг за надигрување пошто сите знаеме како изреагира за утакмицава со нисколигашот.

Ми се допаѓа што управата има толкава доверба во Де Шиљо и со ова што го прават со него мислам дека даваат до знаење дека и младите ќе можат да просперираат тука,нема да е како порано.

И за крај чув дека Кристанте е повикан за денешнава утакмица па се надевам дека ќе добие шанса бидејќи нема логика да се форсираат Фламини и сличните на него.

Се надевам на победа денес која е потребна премногу.

Anonymous said...

По којзнае кој пат пак Јануари ни е бурен месец, ама ако ништо друго барем ќе биде доста интересен и неизвесен месец.
Околу составот нема што да додам и одземам вие пишавте и за мене.
А покрај понудата од 10м за Абате се говори и за наводен интерес од Р.Казан,С.Москва,Галатасарај и Волсбург за единствениот Антонини!
Па луѓе мои, ако се оствари ова и Анте си замине и притоа заработиме некоја пара тоа ќе биде пресвртот на сезоната, и тогаш ќе почнам да верувам во проектот на Берлускони.
Јес да ништо од ова погоре не е конкретно, но доколку се оствари тогаш се чисти подлога за пристигање на еден врвен играќ (верувам во тоа)
Инаку мојот миленик Џ.Роси премина во Виола за 10м, а според информациите од неговиот агент трансферот бил договорен уште од средината на ноември.
Ќе биде интересно ако успее да се врати после тешката повреда, тогаш Фиорентина ќе бидат уште поинтересни за гледање, и уште потешки за победување.

Anonymous said...

Ќе не даваат на Телма иначе?

ReBorned said...

Јок, ќе оди Јуве.

Navigator said...

Abbiati, Abate, De Sciglio, Acerbi, Constant, Montolivo, Ambrosini, Nocerino, Boateng, Pazzini, El Shaarawy.

Значи поставата е таа, стандардната, со тоа што Boa не е лажна 9ка, туку десно крило. Останатото го знаевме. Јас очекувам убаво отворање на сезоната, комотна победа и покрај дефанзивните проблеми. Siena е повеќе од аутсајдер, кој не би требало да создаде такви шанси што би ја загрозиле нашата одбрана. Си ја играм 1-1 & 3+, колку да знаете :)
И ај нека помине утакмицата, па ќе зборниме и за собиранката.

FORZA RAGAZZI!

ReBorned said...

http://www.thefirstrow.eu/watch/162031/1/watch-ac-milan-vs-ac-siena.html

Navigator said...

Многу бледо полувреме. Нема игра, нема идеа, нема креативност, нема лидер. Ептен ми е криво кога гледам ваква игра, личи на обична просечна екипа. Montolivo се почесто ме разочарува, скриен по десната страна, игра некоја алиби игра, а од него се очекува да создаде нешто. Не можеме да очекуваме дека Ambro или Nocerino ќе креираат и ќе асистираат. SES проба на 2-3 пати со продори, ама лесно е браниш кога се фокусираш на еден напаѓач. Boateng пак го нема никаде, никаде. Pazzini собира фаули врз него на 40 метри, а во шеснаесетник воопшто не е опасен. Ако продолжи ваквата игра, веројатно еден потег ќе одлучува, ако воопшто дојде до него. Понекогаш си викам дека подобро е да примиме гол за да се раздвижат нашиве. Вака ова ме заморува...

ReBorned said...

Одигравме подобро по влегувањето на Bojan и по менувањето на формацијата од 4-3-3 во 4-2-3-1. Не знам што толку фучеше Nocerino по излегувањето кога пак беше очаен. Најважно победивме!

CurvaSud_Milan said...

Поголем гаф, поголема глупост од тоа да не победевме во вакво коло ќе немаше! Се провлековме, но ова ништо не ветува.

...и среќна нека ви е новата и од мене, да се радуваме на многу победи :)

Anonymous said...

Фучел по излегувањето? Уште еден неблагодарник имаме во тимот? Не бе, убаво викаше Гатузо дека во денешниов Милан нема никаква дисциплина.
Иначе Јуве,Интер,Фиорентина изгубија, а било кој резултат вечерва ќе ни оди во прилог мислам.
И незнам дали гледавте (јас само слушнав и прочитав) но Перин имал рекордни 15 одбрани против Виола, едноставно магепсан бил голот на Пескара

ReBorned said...

Да, бил неверојатен. Сите зборуваат за тоа! А Perin по мечот го изјави ова:

Perin: "Milan are interested in me? It's obviously nice to hear these rumors - if they are true."

ReBorned said...

И да го поправам Ultras, вечерва со сè ОСВЕН победа на Napoli, третото место и пласманот во ЛШ ни бегаат само 5 бода. Доколку победи Napoli, таа „граница“ ќе се подигне на 7 поени негатива.

Navigator said...

Bojan направи разлика денес. Делуваше расположен, инспириран од влегувањето. Голот, потоа, си го направи своето и го доопушти. Испадна добро со оглед на мртвото прво полувреме, ама како што рече и Владе, ова не ветува многу. Ќе биде интересно да се види следниот викенд како ќе изгледа нападот. Pazzo е суспендиран, Pato го нема и одма останавме без напаѓач. Како и да е, убаво би било да се искористи оваа победа како почетен плус за големиот натпревар во Среда. Juve докажува дека знаел да губи, дури и со играч повеќе, при водство и на домашен терен. Колото можеме да го оцениме како повеќе од одлично, а уште едно реми вечер во Неапол и сме добиле џек-пот.

И момци, дајте ако сте за еден собир, пишете да знае Фичо. Не организираме ние ништо, одиме на готово :) Би било некој собир од 10-15 луѓе отприлика, кафич во близина на Рамстор, дечките биле фини, не се дечишта. Јас дефинитивно одам, оти зборуваме за собир подолго време, а еве добра прилика за дружење два-три саати. Ри кажа дека не може да доаѓа само за ова, ама барем ние што сме низ Скопјево... Кажете денес или утре, за да се резервираат места во кафичот.

FORZA MILAN!!!

Unknown said...

До вечер најкасно нека се пријават сите што планираат да одат бидејќи утре требало да се јават кај луѓето од кафичот.

Околу утакмицава,стандард прво полувреме како и секогаш и второ полувреме одма се виде разлика откако влезе Бојан.

Мене едно само не ми е јасно,зошто мора Нианг,Бојан и Емануелсон да седат нон-стоп на клупа?
Ајде за првиов можеби и не сум во право ама со што заслужил Ночерино да игра пред Емануелсон?

Се надевав дека денес ќе влезеше и Кристанте.

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=7g6AocwhV8s

^
Дел од шоутo на Перин денеска.

Мој план за проблемот околу голманската позиција:

-Габриел на позајмица зимава
-Абијати во пензија/аут на лето
-Амелија да се продаде
-Консиљи да се земе без пари летово
-Перин да се купи и да се позајми во некој поамбициозен клуб од Серија А.

ReBorned said...

Urby повеќе не заигра после она интервју во Холандија додека беше на репрезентативна пауза. Интервју во кое рече дека на фудбалерите им е потешко кога константно се менува формацијата. Во тој период бевме каша со формациите. Не знам дали тоа интервју и податокот што од тогаш наваму не заиграл, случајно се поклопува или не.

Anonymous said...

https://www.facebook.com/photo.php?v=10152436544115601&set=vb.242545899149052&type=3&theater

^
голот на Петања.

Anonymous said...

http://sulia.com/channel/ac-milan/f/15c055d3-8d5f-4a92-8620-2a82cb170110/

-Робињо најверојатно останува, но ако пристигне некоја солена понуда од 10+ милиони од Бразил лесно може да се премисли Галијани.
-Претседателот на Галатасарај се сретнал со Ќелавиот денеска и наводно овој бил заинтересиран за Антонини, а пак нашиов им го понудил Месбах. (ова се сведува на шпекулација бидејќи и двајцата негираат дека средбата била од деловен карактер).
-Агентот на Абијати,Астори,Сантон и Дестро, Клауидо Вигорели се сретнал со нашата управа денеска и кога таман ќе протриеме раце и ќе си помислиме дека има надеж да потишеме со барем еден од овие 3ца млади италијански репрезентативци, се очекува Абијати да го продолжи договорот за уште една година -.-

ReBorned said...

Една шпекулација вели дека Santon ќе биде доведен ако си замине Abate а друга дека веќе е договорен Zacardo од Parma. Како ден и ноќ! Доколку биде доведен Santon ќе почнам да верувам во тој нов Milan и во новата визија на клубот!

Берлу рече во интервјуто дека никогаш нема Mario да биде фудбалер на Milan затоа што е расипано јаболко.

На прашањето дали и следната година Allegri ќе биде дел од Milan одговори: Претседателот на клубот треба секогаш да ја кажува вистината затоа, next question please!

Anonymous said...

Со Сантон и Де Шиљо по страните.....мх мх мераци.
Ама да не се палиме, да не направат трампа Месбах-Закардо.

ReBorned said...

А малите газат. За Italy U18 при резултат од 0-0 на полувреме, во второ влегоа во игра Cristante и Petagna. Веднаш после 10тина минути најпрвин Cristante од слободен 1-0 а веднаш потоа одличен пас од Cristante до Petagna со кој напаѓачот излезе очи во очи со голманот, шутираше а на одбиената топка налета друг фудбалер од средината и го лобуваше голманот. Конечни 2-1

ReBorned said...

Голот на Cristante од слободен удар:

https://www.facebook.com/photo.php?v=10152441553955601

Пишувајте пост за утре, јас сум болен и не верувам дека ќе можам.

Anonymous said...

Ај јас...