Translate

Friday 11 May 2012

Емотивно неделно попладне

Сан Сиро ќе блика од емоции во Недела! Ден кој дефинитивно ме потсетува на мечот против Фиорентина пред неколку години и тој последен натпревар на Il Capitano. Ми се насолзија очите тогаш, сигурен сум дека ќе ми се насолзат и во Недела. И не, не поради загубеното скудето! Не поради титулата која ја испуштивме во последните неколку кола, поради нешто што вреди многу повеќе од една титула, поради нешто што вреди многу повеќе од еден добар или лош резултат, поради нешто што Милан го прави она што всушност е, Семејство! Во Недела за последен пат ќе ги видиме во светиот дрес неколку фудбалери кои ги задолжија црвено-црните навивачи, го задолжија Милан, го задолжија светскиот фудбал! Противникот и резултатот е неважен, во Недела се’ е заради нив:
Се сеќавам одлично на денот кога дознав дека римјанинот доаѓа во Милан! Се радував како мало дете, знаев што ќе значи тоа за мојот тим во иднина! Не погрешив! Заедно со неговиот долгогодишен партнер во потесната одбрана на Милан, Il Capitano, Nesta ќе остане запаметен како еден од најдобрите, со сигурност најпрефинетите централни дефанзивци во светот! Целата кариера ја одигра на фрапантно високо ниво, кариера во која немаше никакви осцилации во формата, кариера во која се враќаше после тешки повреди и секогаш беше на ниво кое само нему му прилега! Подеднакво одличен во дуели на земја и во воздух, против спринтери и тешкаши, во лизгачки стартови и чисто одземање на топката! Подеднакво добар во дефанзива и во префинетост! Кога Il Capitano беше диригент на одбраната на Милан и на италијанската репрезентација, тогаш Неста беше прва виолина! Кога Il Capitano ги закачи копачките, му ја предаде диригентската палка нему и тогаш првата виолина покажа дека може да биде извонреден диригент! Сега таа палка се префла во нови раце, одлични раце, најдобрите во моментов во светскиот фудбал! Бевме благословени во исто време да ги гледаме еден покрај друг веројатно најдобрите двајца дефанзивци во историјата на фудбалот! И на залезот од својата кариера го стави во џеб најдобриот фудбалер на денешницата, го фрустрираше и во натпреварите по групи и во елиминациите. Само еден е Nesta! Ти благодариме за сите прекрасни моменти Sandro!!! Ако тој пред него беше господар пред својот гол, овој господин е предатор пред противничкиот гол! Еден од најголемите предатори пред противничкиот гол во историјата на фудбалот! И не, нема апсолутно никакви предиспозиции за тоа! Никогаш не важеше за брз фудбалер, никогаш не важеше за добар техничар или одличен играч со глава! Никогаш не важеше за фудбалер кој има силен шут но имаше нешто што никој на светот не го поседуваше во толкава мера како него, вродено чувство за гол! Тоа вродено чувство за гол и таа напорна работа со која ги анулираше сите претходни недостатоци во својата игра, му донесоа енормно голем број на голови!
Во текот на целата негова кариера, Super Pippo беше задеван, не ретко и исмејуван но тој продолжуваше да дава голови! Со голови ги замолчуваше сите зли јазици, со статистиката не им даваше шанса на полупрофесионалните спортски работници да продолжат со критики кон него а оние аматери кои сепак ќе се осудеа да продолжат делуваа уште посмешно после секој негов следен гол. А ги имаше многу! За него се зборуваше многу, за него се кажаа неколку историски изреки. Сер Алекс Фергусон изјави дека Super Pippo е роден во офсајд. Сепак, веројатно изјава која најмногу ја доловува неговата кариера е веројатно онаа што самиот Super Pippo ја изјави:
Слика која веројатно е најпрепознатлива за него...
Фудбалерот кому ЛШ му беше национално првенство! Seedorf беше комплетен фудбалер од средниот ред, во неговите најдобри години, совршен во секоја смисла. Фудбалер кој подеднакво добро играше одбрана, правеше извонредни додавања, шутираше слободни удари и испраќаше вистински бомби од далечина. Со текот на годините, физичката спремност полека но сигурно го напушташе, не беше подвижен како што навивачите беа навикнати да го гледаат во претходните сезони и неретко доаѓаше до отворен судир меѓу него и црвено-црните на трибините. Но тогаш доаѓаше важен натпревар од ЛШ или од Калчото и тогаш недвосмислено, Clarence го поведуваше танцот! Фудбалер кој и кога беше во поодминати фудбалски години беше најлогичната варијанта за да се победи тежок дерби натпревар. Тоа го знаат Bayern, тоа го знаат Man UTD. Вистинска класа од човек на и надвор од теренот. Еден од оние кои најмногу им помагаа на новите фудбалери во тимот, вистински духовен татко во соблекувалната и човек кој седеше спроти Нелсон Мандела. Фудбалер, макенен, хуманист, сопственик на фудбалски тим и спортска формула, тоа е Clarence Seedorf! Навивачите на Milan нема никогаш да ги заборават солзите во Атина голем човеку! Воинот! Фудбалерот за кој во 90тата минута како да почнуваше мечот!
Веројатно фудбалски најхендикепираниот фудбалер кој успеал да ги достигне височините, рамо до рамо со мајсторите на фудбалот! Човекот кај кого токму тие „мајстори на фудбалот“ мораа да положат испит за да се нарекуваат така! А ретки се тие што успеваа! Gattuso беше фудбалер со нескротлив и на моменти пренагласен темперамент но тоа добро го знаеја и прифаќаа мноштвото од судиите и противничките фудбалери! Сите тие знаеја дека сето тоа е резултат на пасијата со која популарниот Gennaro влегува во секој следен натпревар, пасијата кон спортот што го игра со срце! Фудбалерот за кој никогаш немаше загубена битка, на теренот и во животот! Forza Gattuso!!! Во Недела не е натпревар за Milan, во Недела не е натпревар за Novara, во Недела е натпревар само за нив! Во Недела завршува една ера! Започнува нова! Forza Milan!!!

36 comments:

CurvaSud_Milan said...

Одлично склопен пост, браво. Немам многу што да дополнам, што и да кажам ќе се повториме. Само ќе речам дека сум среќен што живеев и го гледав Милан во ерата на овие шампиони. Се надевам дека и во иднина Милан ќе биде повеќе од клуб, ќе биде семејство како што беше во ерата на овие момци.

GRAZIE RAGAZZI!!!

Anonymous said...

Грутка на грлото имам во моментов...браво ри каков пост...
Сувишно е да се даваат зборови за нив, кога нивните дела врескаат!
Благодариме Шампиони !!!

Navigator said...

Еден од најдобрите постови што сум ги прочитал, некогаш. Мојата почит за тебе што собра сила да напишеш ваков пост. Јас не можев да го дочитам на првпат, ми требаа паузи, а камоли да пишувам за ова. Веројатно ни мечот во Недела нема да можам да го гледам без прекини. Премногу емотивно, барем за мене... Да испратиш вакви легенди е тажно, ама да си имал можност да ги гледаш, да им бидеш современик, е права привилегија. Ќе имам со што да се фалам и за кого да раскажувам и јас кога ќе имам прилика за тоа. Очекувам полн стадион и нова кореографија, за достојно испраќање на големите шампиони.

Navigator said...

Ова што се случува во клубот е огромна работа, за нас невидена. Клубот се збогува со милениците на Silvio, со костурот на "фамилијата". Ова што се случува деновиве и што ќе се случува летово, дефинитивно ќе донесе големи промени: или ќе продуцира нешто свежо и уште подобро од ова или со заминувањето на авторитетите во клубот ќе прерасне во тим без дух. Големите промени не затекнаа сите. Скоро никој не очекуваше дека вака голем број на играчи ќе заминат без никакво натегање и перипетии. Дали ќе следат експресни замени или last minute изненадувања или пак едноставно крпење на испразнетите позиции, ќе видиме наскоро. Големи прашања за управата на кои ќе чекаме одговори што поскоро. Ама сето тоа после простувањето со легендите.

Kole.22 said...

Секоја чест. Недела ке биде долго запаметен ден. Без сомнение моменти поголеми од скудетото. Нивно гледање за последен пат во официјален дрес и флешбекови во времето.
Милион заеднички моменти-priceless

Navigator said...

PORTIERI: Amelia, Roma, Piscitelli.

DIFENSORI: Mesbah, Mexes, Nesta, Zambrotta, Yepes.

CENTROCAMPISTI: Aquilani, Boateng, Flamini, Gattuso, Nocerino, Seedorf.

ATTACCANTI: Cassano, El Shaarawy, Ibrahimovic, Inzaghi e Robinho.

ace1899 said...

прекрасен пост,браво !
не сакам да расипувам многу со коментари више се кажавте еве доволно и ова кажува човек што беше само неполни 2 години во клубот колку се поврза http://www.youtube.com/watch?v=lb9ziHWfBOs&feature=youtu.be

ace1899 said...

Алегри на пресот го официјализираше тоа што веќе се знаеше Монтоливо доаѓа во Милан следната сезона

ace1899 said...
This comment has been removed by the author.
ReBorned said...

Ви благодарам на убавите зборови. Околу дилемата на Ultra од претходниот пост... Gattuso изјави дека дошол до заклучок дека тимот треба да се подмладува и тој ќе го отстапи своето место на помладите. Сака да одигра уште една сезона (да се прости од фудбалот како што му доликува) и рече дека за една година од сега повторно ќе разговара со Галијани да се врати во Милан но не како играч (имал ваква понуда и сезонава но решил да ја одложи за една година). Значи не станува збор за лоша плата, отказ и сл. Станува збор за љубовта кон клубот, станува збор за личноста која знае дека веќе треба да се препушти место за подмладување на тимот и токму тој самиот го покренува тоа! Браво Рино!!!
-----------------------------
Револуцијата зема се’ поголем замав! Сигурни се веќе Неста, Сидорф, Гатузо, Супер Пипо, Замброта и Ван Бомел! За Фламини се’ поизвесно е дека сепак ќе ја прифати понудата на Галијани за преполовување на сегашната плата и ќе продолжи во Милан за 1,7 - 2 милиони по сезона.
Незнам дали после летово ќе бидеме подобри или не, знам дека дефинитивно ќе бидеме поинакви, посвежи и сигурно барем на почетокот со поголем елан! Милан ќе биде интересен за гледање и за играње на компјутер :) Ќе има многу нови фаци :))
P.S Се’ уште сум под импресии од она што го видов од Ван Бомел! Трогнат сум!

ReBorned said...

“Playing and winning without sharing the emotion is nothing, but you and me, us, we did it all together. We hoped, suffered, celebrated and rejoiced”
- Inzaghi

ReBorned said...

Ми се започнува нова сезона на FIFA 12 без сенаторите а со Montolivo, Traore и Acerbi во тимот, но сигурен сум дека ќе има уште возбудувања, сигурен сум дека барем еден од Pato и Robinho ќе го напушти тимот ова лето. Исто така со оваа чистка а со само Montolivo, Acerbi и Traore во тимот ќе бидам во дефицит од фудбалери :)
Ај ќе се обидам да почекам уште малку.

Инаку Пирло изјави дека си отишол од Милан поради Алегри затоа што Алегри преферирал да игра со Ван Бомел или Амброзини пред одбраната па тој требал да ја промени својата позиција на теренот а тој не го сакал тоа...

Navigator said...

Среќа во несреќа е барем тоа што сите овие разделби, тешки моменти и солзи дојдоа во неколку дена, а не да бидеме тажни цело лето :)
Ќе ми фалат многу работи догодина: ќе ми фали уште еднаш да го чујам Pellegatti како вика gol di Pippo mio, ќе ми фали лизгачкиот старт на MVB, ќе ми фалат лудориите на Rino, прославувањето на головите на Seedorf со огрмната насмевка, ширењето на раце на Zambro кога нема што со топката во напад и да, олеснувањето кога Sandro ќе расчисти пред голот, пропратено со Nestaaa, sempre Nesta, con la testa!

А одлуката на Rino е уникатна, великодушна, едноставно голема. Тоа е тоа однесување на играчите од старата гарда, која полека преминува во категоријата легенди. Од друга страна, баш таа помисла е нештото што најмногу ме плаши од оваа ситуација. Дали клубот ќе остане истата средина без овие играчи? Дали атмосферата ќе може некогаш повторно да биде ваква? Само се надевам дека било кој што ќе дојде во клубот ќе знае да цени и почитува се она што значи Milan.

P.S. Мислам дека најсреќен од одлуката на Rino е Tassotti :) Барем уште една година ќе си ја зачува позицијата :D

Kole.22 said...

http://www.youtube.com/watch?v=5QpV5wuCJgM&list=UU74LuQTwWXSjaV7EdTIrcwA&index=1&feature=plcp


Последниот тренинг заедно.

ReBorned said...

Алегри врати на изјавата на Пирло:

„Пирло потпиша 3 годишен договор со Јувентус вреден 5 милиони евра по сезона, во Милан добиваше само едногодишен договор. И тој мене ми беше потребен како директор лево во средниот ред. Во животот некогаш мораш да донесуваш одлуки.“

------------------------------

Инаку имале состанок Алегри, Галијани и Берлускони со единствена точка на дневен ред, засилувања. Бројот на фудбалерите кои ќе си заминат е голем па од тие што ќе дојдат ќе зависи во која насока ќе се движи нашата иднина, нашата игра па дури и нашата формација. На веќе познатите сенатори може да им се приклучи и Месбах и (според мене) Робињо. Ќе биде големо лето.

ReBorned said...

Алегри има проблеми и со составување на овој тим. Покрај Пато и Силва кои подолго време се во аут, Абате е суспендиран а на повреда по дербито се пожалија и Де Шиљо, Мунтари, Бонера, Амброзини и Абијати.

Почетните 11 веројатно ќе бидат со Замбро десно а Месбах лево. Сидорф и Гатузо ќе стартуваат а Неста и Пипо ќе влезат во второ полувреме од клупа.

ReBorned said...

Баш како што прогнозирав претходно:

OFFICIAL "XI" Vs Novara (4-3-1-2): Amelia_Zambrotta-Mexes-Yepes-Mesbah_Gattuso-Aquilani-Seedorf_Boateng_Ibrahimovic-Cassano.

Anonymous said...

Mamma mia che emozione....

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=BANLmeV3xhE

ReBorned said...

Со тоа видео го завршиш мојот пост, незнам дали си гледал до крај...

ReBorned said...

Добар стрим сега е попотребен од било кога!

ReBorned said...

http://www.extreme7sports.blogspot.com/p/ch3.html

ace1899 said...

http://www.extreme7sports.blogspot.com/p/ch3.html

ace1899 said...

hahahaha se pogodivme so stream-ov

Anonymous said...

http://a8.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/s720x720/399022_389832961055958_137508389621751_994322_2000938878_n.jpg

Цела стартна постава...плус Били Костакурта,Каладѕе,Стам па и Панкаро кои беа дел од овој голем циклус...сите овие ги нема веќе.

Anonymous said...

http://lsh.lshunter.tv/static/popups/9515502665370.html

Јас нема да ја гледам сега ради недолжливи обврски и поради лоша снимка... ќе си симнам ХД пренос од оваа. и ќе барам и од последните натпревари на Малдини,Шева,Костакурта,Сержињо и Кафу.

ReBorned said...

Еве како изгледа нашата одбрана без Неста и Тиаго Силва...

А сенаторите, сите си играат за себе, секој сака да постигне гол а голот на крај ќе го даде Супер Пипо по влегувањето од клупа.

Navigator said...

Многу јасно :) Само што ќе треба да даде два гола :)

ReBorned said...

Curva Sud си останаа доследни на тоа што беа закачени со Seedorf:

http://twitter.com/#!/Maestro21Milan/status/201658451686989825/photo/1

ReBorned said...

Аквилани и Робињо се натпреваруваат меѓу себе:

http://img843.imageshack.us/img843/512/anb.mp4

ReBorned said...

Сигурен сум дека ја свртуваме во второ! Апсолутно сигурен!!!

ReBorned said...

Иван од каде ги симна новите дресови за FIFA 12 ?

Navigator said...

GOOOOOL DI PIPPO MIOOOOOOO!!!!

ReBorned said...

http://twitter.com/#!/Altaqui/status/201685023722713088/photo/1

PIPPO MIO!!! Што Ви реков на 0-1?!!!!

ReBorned said...

Прекрасна асистенција на Кларенс за голот на Пипо, штета што и самиот не постигна гол, имаше неколку шанси.

Navigator said...

Какви емоции... Легендите со солзи во очите, капитенот со солзи во очите, фановите, дури и Ќелавиот! Ден за историја, за прераскажување. Денес Milan остана без неколку големи играчи, ама со исто толку нови ѕвезди на цврено-црното небо!

GRAZIE RAGAZZI!!!