Translate

Friday 24 February 2012

Калење на титулата на Сан Сиро!



Утревечер ќе се сретнат двата најдобри тимови сезонава во Серија А. Лидерот на табелата против тимот кој има само 1 бод помалку, 1 натпревар помалку, без пораз но со запрепастувачки голем број на нерешени натпревари.
Натпревар кој може но и веројатно нема да ја реши битката за титулата. Се уште има многу до крајот, период во кој се' може да се случи. Сепак, евентуалната победа на било кој од двата тима ќе значи многу пред се' на психолошки план а богами и на бодовната разлика (доколку победат гостите).
Милан во овој натпревар влегува повеќе или помалку исто како и во сите претходни натпревари оваа сезона, со 10тина повредени фудбалери. Згора на се' ќе биде и без Златан на кој вчера му беше потврден и третиот натпревар од суспензијата, значи и дефинитивно го пропушта дербито на сезоната. Тоа што сите објективни познавачи на фудбалските прилики во Италија признаваат дека тој 3 натпревар од суспензијата на Златан е смешен, изјавите на поранешни фудбалери на ЈУВЕНТУС кои велат дека Златан мораше да присуствува на овој натпревар како и моето лично мислење дека доколку овој натпревар Милан го играше против било кој друг тим во Серија А, суспензијата на Златан ќе беше укината и тој ќе се најдеше на теренот... се илузорни! Златан нема да игра и ние ЌЕ покажеме и без него зошто сме најдобриот тим во Серија А!
Покрај Златан ќе отсуствува уште една извонредно важна карика за нашиот стил на игра, Kevin Prince Boateng! Во аут се наоѓа и природната замена на Златан, Maxi Lopez исто како и Aquilani (за кој се очекуваше дека ќе се врати навреме но воопшто не е во тимот) како и Seedorf. Поодамна на листата на повредени се наоѓаат и Flamini, Gatusso, Cassano, Merkel...
Затоа во тимот се враќа Alexandre Pato кој од болница ќе влета директно во стартните 11 (немаме друг избор) и да се надеваме дека ќе успее да влезе во ритам без притоа да се врати назад во болница! Покрај него ќе застане Binho а зад нив Urby.
Милан ќе има најголеми проблеми во средниот ред, како на теренот така и на клупата. Запрепастувачки е податокот дека најверојатно на клупата ќе имаме само еден единствен фудбалер од средниот ред (Ambrosini) без разлика дали ќе ни треба промена во ритамот на игра во средниот ред за одбрана, напад или недај боже повреда!
Напред Urby би требало да игра нетрадиционален AMC, т.е полушпиц кој би доаѓал од крило и би влечел на кај крило со што ќе се развлекува одбраната на Јуве составена од 3 дефанзивци и со тоа ќе се отвара простор за Binho и особено Pato.
Се чини клучот на натпреварот ќе биде во двајца односно 3 фудбалери. Дуелот кој треба да го даде евентуалниот победник е Andrea Pirlo - Marc Van Bomel. Од начинот на кој Van Bomel ќе успее да се справи со Pirlo и со неговите топки во вертикала во голема мера ќе зависи и начинот на кој ќе игра Јувентус во напад. На MVB би требало да му помага и Muntari посебно кога Pirlo, притиснат од маркирањето на MVB ќе се обиде да се врати поназад за да има простор за долги топки. Тука треба да стапи на сцена Muntari кој физички е поспремен и поголем тркач од MVB па треба да продолжи онаму каде што ќе застане неговиот колега, да продолжи со константниот притисок врз Pirlo! Доколку се успее во тоа, работата (барем во дефанзива) во голема мера ќе биде завршена. Напред верувам дека ќе успееме да ги отвориме барем еднаш иако сме без Златан во тимот. Ако Pato сака барем за момент да замолчи многу усти, нема подобар момент од овој!






Нека гори Сан Сиро!



Forza Milan!!

32 comments:

Navigator said...

Првата слика е врв! За другото, подоцна во текот на денот...

Anonymous said...

Се мислев дека Мексес ќе добие шанса пред Неста ама добро.
За Антонини повеќе или помалку очекувано пошо има повеќе големи натпревари во нозете отколку Месба.
За Принс се мислев дека ќе се опорави...ама вака ми се скршија надежите...и баш ме занима од што се повредил Макси? добро што воздух дишат таму?
Пак сум песимист, и незнам што да очекувам, со нерешно сме ни ваму ни таму, со пораз сме чао бела значи само победа ни преостанува.

Anonymous said...

П.С. Прљав пост, онака кине :)

ReBorned said...

Антонини vs Месбах е 50-50 Боа не е ниту на клупа. И пак ќе ги добиеме!

Anonymous said...

Барем некој е самоуверен :)

ReBorned said...

Во ситуација сме кога стартер ни игра некој што беше земен да закрпи! Во ситуација сме кога имаме само еден фудбалер за врска на клупата! Во ситуација сме кога замената на тој што е суспендиран е повредена! Во ситуација сме кога очекуваме голови од дечко кој ќе влета директно во стартните 11 после 1 месец во аут а последните 2 повреди (по кои пак беше по 1 месец во аут) беа по само 5 минути поминати на терен! Во ситуација сме кога фудбалерот кој е нашата ментална сила напред е во аут откако прерано се врати од болница за да постигне фасцинантен гол во ЛШ! Во ситуација сме кога најдобриот стрелец во тимот и (внимавајте тука) првите 3 најдобри асистенти во тимот се во аут! И пак ќе ги добиеме :-)

ReBorned said...

Иако ќе биде ѓаволски тешко! Ама само ѓавол може да ја заврши својата работа ѓаволски добро!

ReBorned said...

Пато со превоз за 3 фанови кои оделе на тренингот во Milanello. Симпатичен гест но треба да добива симпатии и на теренот #MilanFansMkd

ReBorned said...

Одлично четиво! Препорачувам на секој да го прочита
http://bit.ly/xD5Sf1

ace1899 said...

За вечер се надевам дека имењакот мој и менторот на Т.С. ќе изигра како шо му доликува на неговата класа зашто во последните неколку натпревари покажа дека иако годините даваат искуство можат да бидат и товар а може се работи и само за мал пад у форма. Се надевам дека Урби и Роби ќе продужат каде шо застанаа со чезена,дека Мунтари нема да има напади на интелегенција и дека МВБ ќе го угуши il Trilly campanellino па да им покажеме кој го носи скудетото на дресот и сигурен сум дека ќе паднат у тешки депресии сиротите се радуваат на гол ко интераш на нерешено. Отсуството на ибра може да биде голема предност баш ради тие референци и од друга страна зголеменото ниво на брзина и бразилска самба у нападот шо може да биде од голема полза со несмасни одбрани како нивната. Трпелив сум со пато ама ако дечкото не наплати за трите години поминати у болница ќе си присобере уше гнев,така да мислам дека ќе има јак мотив и го прогнозирам за стрелец вечер. Нешто што највише ме боли е немањето на КPB, не би трошел зборови многу за него али мислам дека на таа треквартиста позиција шо не му е природна момакот игра за 10ка. Без разлика на се идеме на победа вечер без милост да им плачат мајките у торино ! FORZA!!!!!

ReBorned said...

Доста издржан коментар, Аце.
Знам дека Јувентус не е Чезена ама Милан против Чезена го играше едно од најдобрите полувремиња во поновата историја! Баш поради тоа што Златан не играше, баш поради тоа што никој не ја држеше топката во своите нозе, се играше лесно, брзо, од прва. Доколку го повториме тој стил на игра мислам дека Јуве ќе биде затекнат!
Да бидеме до крај искрени, тие играат буквално со најдобрите 11, немаат ама баш никакви проблеми во тимот (како на играчки план во однос на повреди така и тоа што имаат натпревари само во Серија А, без обврски во Европа) и имаат тројца фудбалери во средниот ред кои одлично се надополнуваат (Маркизио, Пирло и Видал) како и 2 одлични крилни фудбалери.
Сепак, мислам дека евентуален нивни пораз вечерва ќе ги извади од колосек и ќе го пукне тој меур од сапуница. Незнам дали поради испадите на Конте покрај аут линијата или поради нешто друго но многу ми личат на Милан и Интер од времето на Леонардо. Леонардо имаше одлична серија на резултати и убави игри за око и со Милан и со Интер (најмногу заснована на мотивираност а не толку на тактичка зрелост) но и во двата тима по првите негативни резултати дојде до израз неискуството и баш таа позитивна енергија која беше расипана и паѓаа во слободен пад! Сметам дека нешто слично може да се случи и со Јувентус и Конте (можеби не толку да паднат како екипите на Лео но сигурно со неколку лоши резултати во серија). Тоа што немаат повреден фудбалер цела сезона (со мал исклучок на Вучиниќ на почетокот) е само уште еден ОГРОМЕН плус за нив.
Незнам како Конте би се снашол со ситуацијата во која се наоѓа АПСОЛУТНО ЦЕЛА СЕЗОНА, Алегри. Но и покрај се, Алегри ја докажува својата големина како тренер! И покрај периодот кога делувавме како да не знаеме во кој правец ќе се движиме тој успеа доста смирено да не' изведе на прав пат! Сето тоа беше крунисано со оние 4-0 против Арсенал!
Доколку фудбалерите во тимот го спроведат она што Алегри го бара од нив (првенствено тимот да биде поставен многу високо и да имаме константен пресинг врз нивната половина) и доколку нема некои гуливерски грешки (како оние на Абате), ќе ги добиеме!
P.S Primavera победи 3-4 во гости со Vicenca, на два пати Comi и Ganz.

ReBorned said...

Mesbah добил треска, ќе стартува Antonini. Тоа беше и единствената дилема во тимот.

Anonymous said...

И јас добив треска читај ги коментариве и гледајќи ретро видеа од Милан-Јуве :)
Јас мојот став си го кажав, и нема потреба да брбљам повеќе.
Владе слета во Милано?
Ultra

ReBorned said...

Ова пусто нема крај! И Неста на клупата, има проблеми! Мексес стартер. Вкупно 10 повредени во нашиот тим.

Navigator said...

Ги читам коментарите и се сложувам скоро со се од кажаното. Она што јас мислам дека ќе го реши мечот е битката на нашите бекови со нивните крила, покрај тој фамозен двобој MVB-Pirlo. Ми се бендисува ставот и оптимизмот во тимот, но и кај навивачите. Ете како може еден исклучително добар меч да го промени текот на првеството. Описот на Ри за Conte и неговото понашање е на место. Незнам дали сте забележале, но очигледно е дека и покрај сезоната без пораз засега, никој не го фали Conte онака како што лани го фалеа Max. Дури и годинава, почитта на фудбалската јавност е повеќе наклонета кон нашиот тренер. Сакам да ја видам таа наведната глава кај неодамнешните второлигаши денес, дури и по цена да се изгуби двомечот во Купот. Ние навикнавме сезонава да играме некомплетни, ќе издржиме и вечерва. И не само тоа, туку ќе покажиме кој е шампионот, кој е најдобриот.
Пред мечот со Arsenal напишав дека очекувам спектакл. И денес го мислам истото, ако ви значи нешто :)

ANDIAMO RAGAZZI!!! FORZA MILAN!!!

Navigator said...

E ANDIAMO!!!

ReBorned said...

Треба да ги победиме со хендикеп?! Ако се мора, спремни сме и на тоа!

Navigator said...

Против сите! Против се! И пак посилни! Тоа е вистинскиот Milan!!

GRANDE MILAN!!!

Anonymous said...

Леле у гз праени мамицата нивна у пичка до кога со овие нерешени се вадат да ти ибам слепците да ти ибам

Navigator said...

ми се чини дека што и да искоментираш во моментов е сувишно. само се надевам дека сега најтешко му е на tagliavento и неговиот помошник. кога е ѓубрентус во прашање, само можам да се надевам.

Navigator said...

знаете што се сетив? ако на крај првенството го загубиме за 1 или 2 бода, на wikipedia слободно можат да стават ѕвездичка како што има кај 2005 и 2006 со објаснување кој им ја поклони титулата.

ace1899 said...

Галијани бил невероватно бесен и на полувреме го чекал ѓубрево судиско и му се развикал : ЕДЕН МЕТАР БЕШЕ ВНАТРЕ ! ЕДЕН МЕТАР ! Имал расправии и со луѓето од јувентус пошо иронично тие се жалеа дека имало премногу судиски неправди на нивна страна посебно конте фарбаниот се пуваше у медиуми...да не се изгубам у преведување многу Then Juve's head of communications said "Now go to the newspapers and cry" then Conte said "Here is the mafia" .....

Да си навијач на јувентус вечерва е срам у најмала рака со 10 повредени играчи и казнети,со КРИМИНАЛ и со играње една утакмица на 2 недели ги провлекоа прљавите газиња гнасни арамиски...

Anonymous said...

http://a7.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/406404_355343037831131_141629532535817_1078145_930821251_n.jpg

https://fbcdn-sphotos-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash4/s720x720/425370_382550671756132_252245961453271_1544384_1668375163_n.jpg


Како и да се свртиш газот одпозади ти е.

Kole.22 said...

Јасно е дека беше гол.
Секој коментар сега е непотребен, да одмориме малку од нервозиве. Ова е тој стар грд јувентус од пред 6-7 години. Едноставно знаев како ке заврши натпреваров на полувреме. Дежавуа милиони.
Но тоа е што е, тек сега треба да покажеме кои сме и што сме, дека писхата ни оди само во нагорна, шампионска линија.
ФОРЦА МИЛАН

Anonymous said...

Ми се убива некој/нешто.

Anonymous said...

Леле сеа глеам дека таљавенто првично покажал кон центарот мајко мила...

https://fbcdn-sphotos-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash4/421747_342866079085745_112951102077245_964578_1158760400_n.jpg

Kole.22 said...

немате поим каква главоболка имам од нервоза. згора на се горам и на кладионица ко мањак, а неделава ми е испитна сесија, очигледно треба да бирам меѓу учење и спорт и ол-стар викенд што ич не ме радува. ма нека иде живот. (pokerface)

Anonymous said...

Мењај име на постот во Крадење на титулата на Сан Сиро.

ReBorned said...

Релациите меѓу двата клуба дојдоа до степен на оние на Реал - Барселона, БУКВАЛНО!!
Многу тешки зборови се кажаа минатата ноќ, на полувреме и по завршувањето на мечот!
Галијана го чекал Таљавенто на полувреме долу во просториите дерејки му се: Како не можеше да го видиш тоа, еден метар беше внатре, еден метар!!!“
Потоа му се обратил на прес офицерот на Јуве со зборовите „Сега ќе одите да се жалите по весниците за судиските одлуки?!“
На што од позадина (пази кој) Конте викнал „мафијата е тука, мафијата е тука!“
Наводно Сидорф ги двоел Галијани и Ањели!
Дефинитивно крај на добрите односи со старата дама, дефинитивно!

ace1899 said...

http://a.yfrog.com/img815/4/59993628.png ќе си легнат на брашното..

Anonymous said...

Не им простувам на гнидите што ја украдоа титулата никогаш!
Ultra

Rebecca said...

Против сите! Против се! И пак посилни! Тоа е вистинскиот Milan!! GRANDE MILAN!!!