Translate

Thursday 16 February 2012

Ве молам да сподели кој има информации


13 comments:

Kole.22 said...

хахаха јако јако..
туку од сабајле се мучам по јутубов и никако да најдам фул хајлајтс од вчера.бедови
а најинтересното нешто што го прочитав сабајле од рандом арсенал фаца:
1.првиот гол боатенг уште 10 пати да шутнел немало да даде гол
2.демек имало офсајд при вториот гол
3.се лизнал вермален и затоа робињо дал гол
4.имало пенал над перси, а ибра глумел
5.теренот намерно сме го раскопале за да им ја унаказиме играта по крила
-со глуп чоек не се расправа деф.

Kole.22 said...

Мунтари пристигна во Миланело! За него не знам што би рекол. Вие?

ReBorned said...

Обично претпочитам да ги коментирам фудбалерите по одигрување на неколку натпревари а никако според играта во претходните клубови (види Ночерино).
За Мунтари ќе кажам 2 работи:
1. Мах преферира таков тип на фудбалери (одличен физикус, фудбалери кои доминираат во физичката игра, трчаат многу и имаат добар шут од далечина).
2. Знае како да ни се умилкува уште на стартот (на прашањето што значи доаѓањето во Милан одговара дека тоа значи огромен чекор напред во неговата кариера (знаеме од каде дојде) а на второто интригантно прашање, дали дошол во најголемиот клуб во Италија одговара, НЕ, дојдов во најголемиот клуб во светот).
Инаку ако ве интересира денес на тренинг мечот Мунтари бил користен како MLC односно лево во средниот ред во екипата во која SES92 бил тестиран на AMC зад Pato и Maxi.

Anonymous said...

Кој губи има право да се лути.
И да ги исклучиме тие 5 факти (кои се тотално смешни иначе) пак ќе го лапнеа Арсенал.
Нека си ги бараат проблемите у нивниот табор не у нашиот, изјавата на Венгер дека ова е најслабата партија на Арсенал од кога е он тренер мн кажува.
Од Мунтари мислам дека е најдобро ништо да не очекуваме, така де се добро што ќе направи ќе ни дојде како бонус :)
Коле, хајлајтс до сега излегол гарант, а пошто беше заинтересиран за натпреварот да ти кажам јас го најдов на замунда.нет цел натпревар и си го симнав.

Kole.22 said...

Обавезно си го симињам сега.
Јас сфаќам и фан до коске и слично ама до волку да се прават телиња..
Ке му дава прилично голема минутажа на Sulley по мене, мозок од типчево не очекувам многу, али измислен е за да се става во игра при водство.
Нејкам ради него да пати Урби кој е сосема спротивен играч, но да не збориме ништо пред време..
Следна е Чезена во недела, можност за експерименти :)
Росонерски поздрав

ReBorned said...

Кас пак ќе се фатам за Урби а Вие пак нападнете ме :)
Не ви стои дека се повеќе напредува секој следен натпревар? Тие чисти клизачко стартови против Арсенал ако ги правеше Неста сите ќе ејакулиравме. Двојни стандарди?

Anonymous said...

Добар е како да го подреков па се позрело и позрело делува.
Јас не бев тој што рече да се продава одма пред се пошто е купен половно, сега за сега го сака клубот и млад е што остава простор за напредок.

CurvaSud_Milan said...

Имаше пар добри пасови и еден мизерен шут на крај од одлична позиција, просек...:)

ReBorned said...

Урби има страшен шут со лева само што досега сите шанси му се местеа на десна :)
Е сега тој последниот баш беше со лева ама не ја закачи како што сака. Јас мислам дека е прашање на самодоверба, кога ќе постигне еден гол потоа се ќе биде поинаку во однос на тие шутеви.
Знае и одлично да шутира слободни создадени за фудбалер кој шутира со лева нога.
Инаку најнови вести, Сидорф ќе биде 1 месец во аут по таа повреда но речиси по многу долго време сите фудбалери се вратија на тренинзи :)
Maxi најверојатно во Недела ќе го има својот прв старт во новиот дрес :)
Голема е веројатноста покрај него да застане SES92.

ReBorned said...

Не ми е јасно како успеаа нас да не победат? Еве што резултати имаат после тоа:

Lecce-Inter 1-0;Inter-Palermo 4-4;Roma-Inter 4-0;Inter-Novara 0-1;Inter-Bologna 0-3

ReBorned said...

Одличен текст:

http://m.bleacherreport.com/articles/1069479-allegris-milan-complete-tactical-transformation-v-arsenal-in-champions-league

Anonymous said...

Мотивација решава во дербито и мене не ми е јасно затоа пцуев ко луд.
А тек сеа видов дека изгубиле 0-3 од Болоња аааа иде реметот :)

ReBorned said...

Подобро кажано, (за жал се почесто) грешка на Абате го решава дербито.
А мотивацијата беше на највисоко можно ниво и во двете екипи :)