Јуве одамна не биле во оваа ситуација, но не се они толку добри колку што изгледаат, само пофокусирани, поспремни и дефинитиво посреќни.
Конте може да си бира со која тим може да игра, со која формација со кој напаѓач додека пак Алегри е лимитиран на некој 15ина играчи.
Amelia, Roma
Abate, Antonini, Bonera, Mesbah, Mexes, Thiago Silva, Zambrotta
Ambrosini, Cristante (34), Emanuelson, Seedorf, Van Bommel
El Shaarawy, Ibrahimovic, Inzaghi, Maxi Lopez, Robinho.
Amelia
Abate,Mexes,Thiago Silva,Mesbah
Ambrosini,Van,Bommel,Emmanuelson
Seedorf
Ibrahimovic,El Shaarawy
Да прогнозирам да не прогнозирам, и Ѕамбро е во игра за лев бек негде прочитав дека Месба може да почне и во средина со оглед на фактот дека имаме само 4ипол играчи во средината.
На друго место па прочитав дека Макс сака да почне со Ибра и Макси Лопез??
Како и да е, сакам момците максимално да се фокусираат и посветат на натпреварот посебно Ибра кој има многу да се искупува, ни треба сигурна победа од барем 2:0 за да сме во игра и за натпреварот нагости инаку маф ни е работа.
Јас си кажав ако веќе почнуваме да губиме чекор во првенството да се фокусираме на Купот и ЛШ бидејќи се играат по 2 натпревари до елиминација систем дома гости (систем со кој во ерата на Анчелоти бевме нумеро уно) бидејќи со 2 солидни изданија може да се прогресира понатаму, додека пак лигата бара константност малце киксови и среќа.
FORZA MILAN !!!
17 comments:
Ме спаси да пишувам само коментар наместо цел пост од мобилен. Одлично би било ако им го нанесеме првиот пораз, макар и во купот. Тоа би можело да ги извади од колосек и да им ја раздрма самодовербата во понатамошните натпревари. Златан игра сигурно, исто и Ван Бомел кој е суспендиран за првенството. Веројатно ќе почне Ел Шарави напред а Месбах назад. Повторно ќе бидеме најтенки онаму каде што противникот е најдобар, во средниот ред.
Натпреварот ќе оди со пренос на СпортКлуб + (Макс ТВ).
Bitch please
Телекабел :Р
Искрено друже, мислам дека малку е претерана оваа негативна атмосфера во смисла на збогување со титулата и насочување кон другите натпреварувања. Навистина мислиш дека е потешко да се стигнат евентуалните 4 бода предност на Juve, отколку да се стигне до титулата во ЛШ? 4 бода во Калчото или победа во двомеч со Arsenal, Real, Chelsea или било кој од големите европски клубови? Јас размислувам поинаку, колку и да сме во непријатна ситуација во периодов. Juve не е непобедлив, иако е непобеден, тоа треба да ни биде јасно и нас, уште поважно, да им биде јасно на играчите. Сум го гледал Juve 10тина пати сезонава и во ниеден момент не добив чувство дека е непобедлив. Juve само игра цврсто и многу често ја држи топката во средината. Но тие го имаат Pirlo и тоа е за очекување. Барем ние тоа треба да го знаеме. Јас навистина мислам дека и годинава имаме подобар тим и тоа треба да го материјализираме. Нема збор дека тие имаат предност што не играат во Европа, но победа во овој двомеч и пресвртот на табелата ќе бидат уште послатки и поголеми кога ќе се знае дека тоа сме го направиле играјќи на три фронта. Одиме на победа момци! Само победа!
FORZA RAGAZZI E ANDIAMO!!!
MILAN: Amelia, Bonera, Mexes, Thiago Silva, Antonini, Emanuelson, Van Bommel, Ambrosini, Seedorf, Ibrahimovic, El Shaarawy.
JUVENTUS: Storari, Caceres, Bonucci, Barzagli, Chiellini, Padoin, Pirlo, Giaccherini, Estigarribia, Borriello, Del Piero.
Conte си игра курац со Milan?? Нека го јаде, ако така сака...
Тие имаат игра и знаат што сакаат! Ние немаме ништо!
Кога Јуве кој прошлата сезона беше смешка за тимовите од среден ранг, кој да не им е Пирло неможат да сврзат 2 паса во противничко поле со резервниот тим не дупат и ни се исмеваат знаеш дека работите се отидени во курац.
И брат извини ама таа негативна атмосфера ја покажува нашата реалност и сеа неможе да се лажеме да кажам има шанси, имаме балансиран тим среќа со повреди и сл.
И верувај доста пати ги гледав Јувентус сезонава и кажав претходно тоа ми е највеќе криво што победуваат килаво на стаклени нозе без многу шанси со само пимплање на топка без никаква идеја и споредбено со нив ние сме Барселона само на теренот и во пракса ништо од тоа не гледаме.
А јас реков да се фокусираме на ЛШ не да ја освоиме пласман до полуфинале за нас би било одличен, и полесно е да ги надиграш Арсенал во 2 меча отколку 38 натпревара да играш во исто темпо и на исто ниво со притоа 25 и повеќе победи.
Искрено го почитувам Алегри и неговата работа, како и сите тука, но...Фабио Капело?
Незнам зошто ја форсирате таа фраза "победуваат на стаклени нозе" за Јувентус? Имаат огра, играат со висок интензитет и на натпревар прават по еден куп шанси! Играт со многу трчање и пресинг врз противникот. Овој Јувентус нема допирни точки со тој што го знаеме, досадниот! Мене лично баш ми имаат убава игра за гледање (не зборувам за овој натпревар, зборувам за оваа сезона).
И околу Алегри, знаете дека од сите овде јас најверојатно најмногу го подржувам но и мее ми пука филмот од инфериорноста против големите екипи!
Сепак може да се постави и друго хипотетичко прашање: Дај му ги на Капело Амброзини, Ван Бомел, Емануелсон и Сидорф и почекај да видиш дали ќе постигне подобри резултати...
Рано е да мислиме за друг тренер, мада секој си има свое мислење фала богу.
И Ри споредбено со нашата игра од минатата сезона кога бевме шампиони Јуве е Џенова.
Пак по само 3 дена кога сите се борат за да се намали казната?!
Ова е премногу!
Можеби си прави пат за Реал Мадрид
http://video.gazzetta.it/nuovo-episodio-controverso-fine-milan-juve-coppa/590c26ea-530d-11e1-82c8-fbed82a6976c
Преувеличено е и ова поради инцидентот со Ароника како што изгуглав јас видов дека Ибра со прстот го "удира" Сторари и на некои слики може тоа да се види, но бидејќи е тој во прашање целата работа излегува од контекст.
И сега да не испадне дека го бранам(секој играч на Милан помалку или повеќе го бранам) ама понашањето му е нула, незнам што се замислува.
Здраво од мене момци.. Ве пратам доста доооолго време, али стариот мој компјутер со 256рам + милијарда вируси ме спречуваше во можноста да отварам постови, а камо ли да коментирам..(кинење нерви нај) Како и да е се почастив еден нов PC па ке се дружиме почесто на блогов
Росонерски поздрав!!
Добредојде Коле и се надевам дека ќе партиципираш во блогот, најпрвин со коментари а зошто не и со постови понатаму. Ние сме малку членови но прилично добро сме потковани за работите кои се случиваат во и околу нашиот омилен тим! Уште еднаш добредојде!
Дечки, во овие непријатни моменти за клубот една вест многу ме радува! Во сите комбинации за утрешниот меч се шпекулира за името на втор напаѓач меѓу Робињо и Макси. Малото на Ри во сите комбинации е сигурен стартер :-)
Од потврдени извори од Миланело вчера во Виа Турати се наоѓале Берлускони, Галијани и агентот на Стефан! Изгледа сакаме да го зацементираме на Сан Сиро!
Forza Milan!!!
Здраво живо Коле :)
Berlusconi apparently told the players few months ago: 'I do not want you to have sex 2 days before games. Leave that to me'
Штета ќе биде ако клубот не го задржи фараончето. Очигледно се работи за вистински талент, а не само бомбастично најавуван "hot prospect" како што најчесто бива во последно време. Почетоците на SES бааги ме потсеќаат на оние на Pato и би било супер доколку имаме нов играч од таков калибар. Секако, без најлошата особина на Патката - "кршливоста".
P.S. Добредојде Коле!
P.P.S. Ај ќе напишам мало постче за утре, ама кратко онака. Ќе го прошириме со коментари... ;)
Post a Comment