Translate

Sunday, 29 January 2012

AC Milan - Cagliari и Макси



Повикани:

Abbiati, Amelia,
Abate, Antonini, Bonera, Mesbah, Mexes, Nesta, Zambrotta,
Ambrosini, Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Van Bommel,
El Shaarawy, Ibrahimovic, Inzaghi, Maxi Lopez, Robinho.



Моја прогноза:

Abbiati
Abate, Nesta, Thiago Silva, Antonini
Nocerino, Van Bommel, Urby
Seedorf
Ibrahimovic, Robinho

Мада не би ми пречено и да почнеме со Сидорф место Урби а SES92 како подршка ама тешко дека Алегри ќе сака да експериментира против незгодна екипа како што е Каљари. Средината ни е попара, и Меркел е аут поради истегнувањето на мускулот со Лацио, Ночерино и Ван Бомел се сигурни дилемата е помеѓу Урби и Амбро и со оглед на тоа колку Макс му верува на Урби повеќе ме влече дека тој ќе почне.
Антонини и Ѕамброта се враќаат, но тоа не значи дека треба да се отпише Месбах кој беше солиден во четвртокот.
Е сега за Макси.
Како што знаете се било договорено за Карлитос да се качи во авион за Милано арно ама се искомплицирала работата и Галијани сакал да остане на својот збор дека доколку во петок до 19:00 не дојде Тевез тој ќе биде новиот напаѓач на Милан.
Влеваат оптимизам најавите на Ќелавкото дека тој мисли дека во наредниот преоден рок Тевез е сигурно наш но на сред зима не се мисли каде ќе се иде на летување.
Инаку сите знаеме како почна кариерата на Макси но како се движеше понатаму?Бразил, Русија, Шпанија, Италија шетан дечко нема што :)
Утре победа нормално, се помалце значи резил.




FORZA MILAN !!!

Thursday, 26 January 2012

Milan Vs Lazio - Coppa Italia



Продолжува жестокиот распоред среда (или во моментов четврток) - недела. Вечерва на San Siro ќе го нагостиме Lazio. Натпреварите во купот традиционално се во втор план за италијанските гиганти но секогаш е слатко кога ќе се освои. Во насока на тие муабети доаѓа и веста дека вечерва нема да ги видиме Zlatan од едната и Klose од другата страна, барем не од почетокот. Затоа пак најверојатно ќе добие нов старт Piccolo Faraone.



Момчето кое беше заборавено некаде меѓу клупата и трибините а беше цврсто решено да се бори за свое место во тимот е одличен показател дека секогаш доаѓаат твоите 5 минути, треба само да знаеш да ги искористиш! А тој ги користи повеќе од одлично! Во првите 2 меча во кои одигра во новата полусезона веќе има постигнато гол и 2 асистенции. Уште повеќе вреди тоа што едноставно брилјира на теренот а со тоа ги привлече на своја страна љубителите на фудбалот ширум цела Италија а не само своите! Значи, Stephan El Shaarawy повторно ќе настапи од самиот старт. Најверојатно покрај него ќе стартува Robinho а зад нив Merkel или рековалесцентот Seedorf. Остатокот од тимот ќе биде шарен. За одбележување е фактот дека најверојатно Mesbah ќе дебитира на позиција лев бек.

Повикани: Goalkeepers - Amelia, Rome. DEFENDERS - Abate, Antonini, Bonera, Mesbah, Mexes, Nesta, Ely (No. 53). MIDFIELD - Ambrosini, Calvano (54), Emanuelson, Merkel, Nocerino, Seedorf and Van Bommel. FORWARDS - El Shaarawy, Ibrahimovic, Inzaghi, Robinho.

Почетните 11 повеќе или помалку би требало да изгледаат вака:

---------------Amelia

--Abate--Bonera--Mexes---Mesbah

-----Merkel----MVB----Nocerino

-------------Seedorf

-----Robinho---------SES92

Forza Milan!!!

Sunday, 22 January 2012

NOVARA vs. AC MILAN preview!!!


     Без разлика на противникот, без разлика на расположението меѓу нас, овој блог не смее да остане без нов пост за првенствен меч и воопшто за официјален меч. Така беше досега, би сакал така да биде и понатаму. Затоа го пишувам овој краток пост, за едно обележување на дуелот кој навидум лесен и не толку важен, но во ваква ситуација може и титула да значи. Одигравме со нив пред четири дена и видовме дека можат да бидат незгодни. Факт е дека составот не беше најдобиот, но ние секогаш, на секоја утакмица сме Milan, а од Milan се очекува победа. Особено против клуб како Novara. Така и денес, овојпат на гостување, но рака на срце и со многу посилен состав. Добро е што овој пеколен период го почнуваме со два back-to-back дуела со очигледно поскромен состав, а уште повеќе што Novara може да се нарече и предградие на Milano, па гостувањето и не е вистинско патување. Еден интересен факт: San Siro и Silvio Piola се оддалечени 47km или 30-35 минути возење, а на дел од играчите, домот им е поблиску до  стадионот на Novara, отколку до домашниот :) 
     Кај нас ситуацијата е пак критична во поглед на повредите. Никако да истуркаме подолг период без нови повреди. Ништо ново со Pato, кој пак ќе биде во аут месец дена (ова е веќе фрустрирачки). И Boa и Aquaman ќе бидат повредени исто толку, што би значело опасност по двомечот со Arsenal. Abbiati исто така нема да патува за Novara, а Nesta денес ќе биде суспендиран. Со оглед на здравствениот биланс, јас типувам дека Merkel повторно би стартувал, а Seedorf би одел на AMC, а Mexes на местото на Sandro. Или посликовито:


     ОДИМЕ МОМЦИ НА НОВА ПОБЕДА!!!
     FORZA MILAN!!!

Thursday, 19 January 2012

The future is here!

Еве што правеше SES92 на мечот против Novara. Уживајте!

Tuesday, 17 January 2012

Back to back Novara



По поразот кој најмногу боли полека треба да се сосредочиме на периодот кој следи. Да оставиме се' зад нас и да бидеме максимално сконцентрирани во најкритичниот период од сезоната. Во следните 2 месеци ќе изиграме огромен број на натпревари, квантитативно и квалитативно тежок период. Се активираме во купот на Италија.
За неколку дена ќе одиграме 2 натпревари против Novara, најпрвин во купот а потоа и во првенството. За натпреварот во купот кој се игра утревечер во 21:00 Alegri ќе повика и неколку фудбалери од Primavera. De Sciglio, Valoti, Carmona се дел од имињата со кои што се шпекулира. И од првотимците треба да добие шанса некој кој многу не се изнаиграл во претходниот период. Во вакви рани натпревари од купот на Италија е неблагодарно да се шпекулира со стартни 11 оти буквално се' е можно. Сепак доколку се прашувам јас, би им дал шанса на SES92 на AMC и Urby на лев бек.

И една одлична вест! Нашето момче се враќа дома :) Можеби уште денес, најдоцна утре, Alexander Merkel се враќа во Milan!!По одличната полусезона во Genoa во која забележа 13 настапи во лигата и 1 во купот зачинети со неколку директни асистенции, Merkel ќе биде во комбинација за натпреварот против Novara, само не се знае за кој натпревар.



Договорено е со Genoa да се врати и да помогне во проблемите во средниот ред. Сеуште не е дефинирано на кој начин (најверојатно ќе остане 50-50 а само ќе биде позајмен до летото во Milan. Постои и варијанта да ние да го позајмиме Taiwo во Genoa до летото) најважно од се' е дека Merkel се враќа!
Во негова сенка е и пристигнувањето на Mesbah со кого веќе се средуваат последните детали и исто како и Merkel ќе пристигне во Milan за ден-два.

Наскоро во ист дрес, Merkel и Mesbah.

Saturday, 14 January 2012

MILAN vs. THE MILAN WANNABES!!!


     Овој пост ќе го посветам на старите добри времиња и новите, уште подобри што доаѓаат. Во овој пост нема да прочитате директна навреда за противникот, нема да прочитате погрдни зборови (ептен ќе се трудам да ги одбегнам), нема да осетите напнатост кај мене, ниту страв, а богами ниту преголема возбуда. Не дека помалку ми е интересно дербито сега отколку порано, напротив, секогаш ќе очекувам подобрување на оној 6-0 резулатат. Работата е тоа што сега и слично како пред 5-6 години: не зборуваме дали ќе ги победиме, туку со кој резултат. Возбудата пред натпревар е неминовно помала. Тука не се работи за поголем или помал фан, за поинакво доживување, туку едноставно за величината на предизвикот. Кога клубот беше на колена, а утрешниот противник немаше конкуренција, сакавме да докажеме дека местото не ни е таму, дека тоа што е било само инцидентно. Од другата страна пак, го живееја "the time of thier lifeѕ", што само по себе носеше еуфорија, бескрајни иритации и помалку или повеќе непријатна миризба. Сега сето тоа помина и е зад нас. Ама жалосно е што истото тоа не е и зад нив. Тие 4-5 сезони, на сино-црн фан секогаш ќе му бидат пред очи. Разбирливо е после таквиот пост, ова да им потрае. Чувствувам жал за нив додека го пишувам ова...
     Дерби натпревари се играат насекаде, но денес, некои од нив едноставно се повеќе традиција отколку вистинско дерби. Вардар - Пелистер, Partizan - Crvena Zvezda, Dinamo - Hajduk секогаш ќе бидат дербиа, Boca - River исто така, ама ако играат утре, сите веќе го знаат победникот. Така е и со Derby della Madonnina во последно време. Противникот е ривал, само затоа што го дели стадионот со нас. Ќе сакав да нашишам и градот во претходната реченица, ама отсекогаш сум имал проблем со тоа кога треба да ги најавам како другата страна на Milano. Не ми оди некако фразата "сино-црната половина на градот"... Знам дека не е половина, тоа сигурно го знам. Можеби ова би поминало: "сино-црно петтина на Milano"... Што мислите?
     И додека нивните играчи сонуваат за гол против големиот Milan, нашите момци зборуваат за победа. Со пофални зборови за противникот, со најава на уште едно убаво дерби, културно ги одбиваат оние од другата страна што бараат да си ги мериме. Свесни сме за нашата сила, за нашата положба, свесни сме дека ги гледаме од горе, а и за тоа дека провокациите се својствени за предизвикувачите. Е сега, колку еден таков клуб може да биде предизвикувач на Milan и незнам баш. Со пет добри натпревари одиграни во низа не се станува шампион. Ние го знаеме тоа од деновите кога клубот не можеше да одигра добро еден цел месец и кога си дававме лажна надеж дека можеме до Скудето. Видовме лани како треба за да се биде шампион. Го гледаме тоа и годинава. Може ли некој да рече дека го гледаме тоа и кај противниците? Дури сега, после Нова година слушнавме дека и ним амбицијата им била домашна титула. И како да не се насмееш на тоа?
     Годинава ривалството меѓу клубовите од борба за титула, се префрли во борба за потпис на еден играч. Тоа веројатно им дава сатисфакција и чувство дека ние како навивачи, одвреме-навреме им го споменуваме клубот. Тоа ривалство со сигурност утре ќе се префрли и на теренот. Самата појава на Ibrahimovic значи кревање на страстите. Кореографијата на навивачите е фактор плус. Се на се, за мене како навивач на Milan, мечот утревечер и вистинско уживање! Го сакам периодот кога го чекам дербито, уште повеќе кога после тоа се сеќавам на него. Сакам за го гледам противникот понижен, на колена, а Moratti пребледен. Сакам да ги гледам нашите момци пресреќни, славејќи со полн стадион и уште милиони пред ТВ-ата. Чест ми е што сум навивач и дел од прикзната наречена MILAN. Нека уште еднаш градот биде обоен црвено-црно!

Традиционално, пред секое дерби:
Come sempre a inizio stagione
interista fai lo spaccone...

FORZA GRANDE MILAN!!!

Saturday, 7 January 2012

Тешко гостување во Bergamo!



Помина паузата околу новогодишните и божиќните празници и повторно се враќаме на Калчото. Пред нас се два пеколни месеци во кои ќе треба да одиграме еден куп натпревари во првенството, купот на Италија и ЛШ. За ваков пеколен распоред е потребно да се поседува квантитативно и квалитативно добар squad. Но нема да биде така, барем не на првиот натпревар во новата година. Гостуваме во Bergamo кај ОДЛИЧНАТА Atalanta која доколку не беше кастрирана со бодови на почетокот од сезонава сега ќе беше многу повисоко!
И на вакво тешко гостување Max има многу големи проблеми во тимот, особено во средниот ред! Буквално на располагање ги има само MVB, Nocerino и Boateng кој најверојатно ќе биде повлечен на MRC за да го покрие отсуството на Aquilani. На негово место на AMC ќе стартува Robinho или Urby а од тоа зависи и кој ќе му прави друштво на Zlatan во нападот. Значи средниот ред е во тотален дебакл! Отсутни се Aquilani, Ambrosini, Gatusso, Flamini, Seedorf.
Во одбраната покрај Thiago Silva ќе застане Mexes а отсутен ќе биде и Abate. Zambrotta, Taiwo, De Sciglio и рековалесцентот Antonini ќе се борат за 2 бековски позиции. Се' на се многу тешко гостување со премногу повреди. Евентуалната победа најверојатно би стигнала преку некој индивидуален блесок и брилијантен потег на некој фудбалер. Премногу сме растргнати со повреди за да имаме добра игра.

Осум од првите 11 се познати:

-----------Abbiati

----? - Mexes - Silva - ?

--Boateng - Van Bommel - Nocerino

--------Robinho/Emanuelson

-------Ibrahimovic - ?

На клупата ќе се најдат многу деца со оглед на моменталната ситуација во тимот (El Sharraway, Valoti, Carmona, можеби и De Sciglio).


Forza Milan!!!