Веќе влеговме во машинеријата од тешки натпревари до крајот на сезоната. Претходниот викенд „завршивме“ со Сампдорија а сега се соочуваме со уште еден претендент за четвртото место т.е екипата која веќе ја запоседна таа позиција. Палермо е тим кој сезонава игра над очекувањата, има константни игри и млада но исклучиво талентирана екипа. Екипа која во својот тим има фудбалери како Кјаер, Пасторе, Кавани и Миколи е многу повеќе од солидна екипа. Верувам уште едно измачување за нас, посебно за нашата одбрана! Во повиканите за овој натпревар има еден куп младинци но реално е само еден од нив да го почувствува теренот, Микеланџело Албертаци. Единствен здрав централен дефанзивец во тимот е ТС (кој патем речено игра веќе 10-тина натпревари под закана од жолт картон и суспензија но извонредно зрело се соочува со тој податок). Го нема ниту Абате и Фламини. Најверојатен состав за вечерва е:
---------------Дида
--Замбота--ОДО--ТС---Јанкуловски
------Гатузо----------Пирло
--------------Сидорф
-----Мансини------------Роналдињо
---------------Бориело
И искрено, жал ми е за Тиаго Силва со ваква одбрана :(
Толку за тоа, нешто повеќе за она што е многу поважно...
Вчера на годишното собрание на акционери беше усвоен буџетот за 2009-та и 2010-та година. Загубите во текот на минатата година се само 9,8 мил. евра односно 85 % подобри резултати од претходната година кога имавме минус од 66,8 мил. Акциите пораснале за 38 %. Сепак, црната страна на нештата... Галијани пред акционерите рече дека оваа сезона ќе биде потешка од претходната и овој трансфер пазар ќе биде многу потежок од ланскиот (каде што патем речено ги купивме, Хунтелар и Онуеву, зарем може полошо од тоа?).
Примарна цел на тимот ќе бидат фудбалери кои се на крај од договорот, кои би дошле бесплатно. Од друга страна Галијани потврди дека „ѕвездите“ на тимот нема да бидат продадени и тука ги наброја: Пато, Тиаго Силва, Роналдињо, Бориело и Хунтелар. Не можам да сфатам по кој критериум Бориело и Хунтелар „рипнаа“ во статусот на ѕвезди на тимот но можеби имам недостиг на IQ. Тоа што се наброени Бориело и Хунтелар во „недопирливите“ можете и да го преведете како: не купуваме нов, класа напаѓач!
Потврдено е дека Марио Јепес е наш фудбалер (се надевам дека нема да има лошо пломбиран заб). За Астори нема договор со Каљари па ќе се оди на принципот на затворени плика. Претежно ќе се атакува на фудбалери од француското и шпанското првенство, не дека тие се најквалитетни туку дека во гореспоменатите првенства има најмногу фудбалери кои се на крајот од договорот. Околу Леонардо, Галијани изјави дека ќе се обиде да го задржи во тимот но доколку тој замине за Бразил, следната солуција за клупата на Милан повторно ќе биде интерна (Тасоти, Гали).
Затоа мои драги Росонери запаметете:
Секогаш кога мислите дека сте го допреле дното не грижете се... надолу секогаш има
уште!
65 comments:
Техничка грешка Хунтелар е CF, знаев дека е Бори суспендиран ама по навика...
P.S Ако продолжиме со ова темпо секој викенд сам да си ги читам и коментирам постовите...
Повредите ни ги закопаа шансите за титула.Тоа е факт.Имавме екипа се држевме во поголем дел од сезоната при врвот имавме тренер кој ги состави сите коцки (иако поткршени) но против ваков малер не се може.Ни МиланЛаб неможе да ги санира повредиве кои се претешки едноставно.Скинати лигаменти, скршени колена, скинати мускули...
И сега се зборува за т.н. трансфер пазар во кој со други зборови ни кажуваат дека нема да бидат активни.Така да може да биде само полошо од ова.Таа глупава трансфер политика ќе не доведе до 0.Ќе станеме второкласна екипа и пак ќе кажам ако Берлускони навистина го сака тимот и срцето го дава за него ќе не продаде на некој кој може финансиски да го одржава.
Вечерва дефинитивно може да лапнеме 5-6 гола со оглед на изгледот на екипава.Но би сакал пријатно да ме изненадат и да излезат со победа од дуелот.Треба да ги мотивира фактот дека Палермо немаат пораз дома исто така и тешкотијата во која се наоѓаат (Милан).Со еден здрав стопер во одбраната тешко може да се излезе на крај со Палермо.Ич не ми се свиѓа Одо - идејата, колку и да е "жешка" утакмицата јас би го ставил Албертаци.
Во нападот ќе биде Хунтелар кој ќе се обиде да работи за тимот како што он вика.Дињо лево и шпионот десно.Средина Сидорф, Пирло и Гатузо и бекови Замброта и Антонини изгледа.
Да не бегаме од реалноста, колку и да е болно, мора да се признае дека само на среќа можеме да тепаме вечерва.Секако дека ќе се надеваме на 3 поени и излез од кризаава......
FORZA MILAN SIEMPRE CON TE !!!
Васе, ти ги читам коментарите во последно време и сакам да ти кажам нешто... незнам колку си стар, ама муабетите дека цела лига е наместена, дека не ни суделе пенали, дека сите се против нас, дека тренрот ни е јак, па слаб за бркање, па после пак најјак, "констатациите" околу љубовта на газдата за клубот и слични работи, се детски, да не речам лаички муабети..има една работа што треба да ни биди јасна на сите: Milan оваа сезона немаше доволен број на квалитетни играчи за да биди шампион и Milan има просечен тренер, чиј максимум е ова (секако со оваа екипа)..не велам дека треба да си оди Leo, уште помалку што знаеме дека нема пари за врвен стратег..голем ентузијаст е и тоа она што највеќе го ценам кај него..има нос за играчи, меѓутоа дефинитивно му е потребно време за да можиме да го сврстуваме меѓу најдобрите..
јас ја разбирам фрустрацијата кај тебе околу трансфер политиката, затоа што сите сме погодени од тоа..ама ако мислиш дека Silvio нема пари за да го финансира клубот како што го правеше тоа години наназад и ако мислиш дека љубовта кон Milan му е поголема од љубовта кон парите и моќта, едноставно си се залажуваш..не е тој толку мутав да го напушти местото каде единствено сите го почитуваат..нема да си дозволи да го загуби угледот што го носи оваа позиција..и јас искрено не гледам каде води оваа политика и кога и кој ќе му стави крај на овој вртоглав пад на клубот..единствено ако навивачите не направат некој огромен притисок преку летото, па да дојде до некаква промена..
затоа ве молам немојте со тие плитки муабети дека сме ептен добри, ама сите се против нас..барем судиите да не сакаа и ќе бевме прваци, така?
и јас заедно со сите вас бев напален до пред две кола дека можиме до титула, ама тоа се должеше на стварната ситуација на табелата која ни даваше за право да го сонуваме Скудетото..уште повеќе што одамна не сме биле толку блиску..и пак доаѓаме до тоа дека ако имавме уште некој квалитетен поединец што ќе ја наполни Catania или ќе го одржи резултатот од првото полувреме со Sampdoria ќе бевме на дофат на пехарот..ама него (или нив) ги немаме во изобилство и пак заради раководството и пак тој круг на бедата од кој, како што реков, моментално не гледам излез..
да не бевме на крај на сезона, за крај ќе речев само - ЖАЛНО; ама бидејќи трасфер периодот почнува за брзо, пак постои во мене некоја надеж дека сееепак можда ќе се купи нешто квалитетно (а по можност и младо)..
значи не Yepes господа! рековме нешто малку поквалитетно и многу помладо!!
FORZA MILAN!!!
а за вечер скоро и да нема сомнеж дека тој ќе биди составот, за жал..незнам колку ќе можиме да бидиме опасни, а уште помалку колку ќе можиме да со одбраниме од ваква, доста незгодна екипа..за младинците, како што имаме речено, убаво е да им се даде шанса особено во ваква ситуација, па и ако сакате, на теренот кој им е пресно изоран од финалето на Купот :) кога сме кај нив, нека им е честита новата победа денес од само 0:6 против Vicenza..
Вечер на Телма очекувајте го Стево Костовски, оти Бане ќе биди зафатен со спремањето на утрешниот вербален напад кон лидерот на табелата, па и се друго што не е црно-плаво (дури и Atalanta) :)
и секако најбитното, вечер на Телма очекувајте победа на Milan!
FORZA RAGAZZI!!!
Forza Tiribocchi! :)
Се согласувам Навигатор... Лео е одличен за својата прва сезона како тренер и со овој тим што го има на располагање но на моменти доаѓаат на површина некои недефинирани потези од негова страна што помалку или повеќе ја покажуваат неговата неискусност. Сепак кој и да беше на негово место сезонава со овој тим и со овие повреди... не можеше да извади повеќе од него, можеше да биде само полошо.
А јас лично сметам дека нема подобра позиција од оваа за да им се дадат шанса на некои млади фудбалери (на 1 или 2, нормално не можат сите да влезат на терен). Немаме шанси за погоре, тешко е за верување дека ќе паднеме и подолу значи идеално за некои млади деца да го почувствуваат првотимскиот фудбал а тоа да не влијае толку трагично на резултатот доколку тие деца не се снајдат на теренот.
Јас лично денес би стартувал со Албертаци или Ромањоли, сеедно... барем 1 од нив!
Друже имавме дефинитивно шанси за титула.Јас сфаќам дека екипата е слаба дека нема клупа и ред др работи ама незнам дали поради конкуренцијаата во лигата или поради падот на мерда,важно дојдовме на чекор до титула а тие резултати не ги направи никој друг освен играчите.Колку и да сум млад (а не сум многу) можам да сфатам што се случува во тимот.Сите тие падови и грешки ми се јасни но ако земеме за се да пишуваме треба да искиснеме пред компјутер.
И немам ништо против Берлускони и Галијани само неинтересот нивен ме вади од кожа.Кога дојде ред една мерда да ја тепа Барселона и да биде на чекор до финале на ЛШ и нас да ни дава по 5 гола се гледа дека многу сме паднаати.Не се вложи оваа година не се вложи годината откако освоивме ЛШ навидум е уште едно празно лето....само се прашувам има ли крај?
FORZA MILAN
Иако вечен песимист, сега ќе гледам на позитивната страна.
Имаме млад тренер чиј ентузијазам и нос за играчи е уникатен.Имаме неколку ворлд клас играчи кои со 2-3 засилувања одлично би се вклопиле во една машинерија.Ја имаме најдобрата младинска екипа на Апенините,и меѓу подобрите во Европа.
Го имаме и Верди :)))
Не сум разочаран од оваа сезона затоа што барем за мене е многу подобра од претходната!Не сум разочаран со оглед на неизбежните околности кои нема потреба да ги набројувам.Не сум разочаран затоа што уште од првиот натпревар со Сиена не се палев на титула туку потајно се надевав.
Не очајувајте момци,биче боље :))
FORZA MILAN !!!
И кога више знаеме дека ќе купиме максимум 2ца играчи а сите останати би биле позајмици или аут оф контракт тогаш да почнеме да бараме такви!
Ако некој може да пастира некоја листа со сите играчи чиј договор истекува ова лето би било супер да почнеме со евентуално желби.
За мене #1 Кевин Курањи!Ми е гајле дали ќе се снајде онака меѓу омилените ми е :Р
Легенда си :))
Шала на страна, Какау би бил добро засилување поради тоа што може да игра и како замена за Пато односно Роналдињо. Имаш во Франција неколку деца кои се добри а се на крај од договорите... сепак еден од нив сега треба да лежи 7 месеци затвор оти изгубил на суд откако и го удрил ќотекот на девојка му. Такви не ни требаат...
MILAN: Dida; Zambrotta, Oddo, Thiago Silva, Antonini; Gattuso, Pirlo, Jankulovski; Seedorf; Huntelaar, Ronaldinho.
Засрами се Лео! Засрами се!!!
FORMAZIONI UFFICIALI:
PALERMO: Sirigu; Cassani, Kjaer, Bovo, Balzaretti; Migliaccio, Liverani, Nocerino; Pastore; Hernandez, Miccoli.
MILAN: Dida; Zambrotta, Oddo, Thiago Silva, Antonini; Gattuso, Pirlo, Jankulovski; Seedorf; Huntelaar, Ronaldinho
Добро е, го нема Mancini духот..дури и Јанко ми се допаѓа повеќе од него..ајде дечки израдувајте не уште еднаш!
FORZA MILAN!!!
Leo? Па незнам дали е баш до него овојпат..
јас би рекол... che vergogna papa Silvio...
Абе ајде, Додо?! Зошто Додо?!
Како Карлито е со оваа одлука... фујјјј :(
Другиот дел е ОК, најдоброто што може да се извади во моментот + Мансини го остави на клупа. Ама Додо?!
Клупа:
12 Christian Abbiati Portiere
9 Filippo Inzaghi Attaccante
30 Mancini Attaccante
53 Simone Romagnoli Difensore
56 Andrea De Vito Difensore
59 Michelangelo Albertazzi Difensore
51 Rodney Strasser Centrocampista
Еден трагикомичен коментар:
Cristina: Wonder what happened to Mancini?
Revolution: hopefully he died or broke both his legs.
Чисто дека сме во период на нов калчополи, па јас само би се надоврзал, на пример би одиграл едни 'лоши' 90 мин. во Палермо, во замена ако ништо друго за предност пред купување на Пасторе, Кјаер и ред други деца кои можат да се најдат во тимот на Палермо. anyone?
Ипак изненадување во составот, но не и во резултатот.
Владе во нормално услови таква замисла е луда!И некомпетентна и нефудбалска!Но во реалната фудбалска италија тоа е сасим нормално и мораме да го прифатиме :)
И Какау го заборавив, пред 4-5 години на менаџер ршум праев со него уште пред да стане фаца :)
Одлична асистенција на Додо! Да беше Албертаци на негово место тоа ќе го препишев на неискуството...
Ај малку од посветлата страна. Нашите навивачи кога пристигнале вечерва на Барбера... пееле: Балотели, еден од нас! И тоа извор фан клубот на комшиите:
http://www.fcinternews.it/?action=read&idnotizia=17979
Нормална фудбалска состојба?! не ме заебавај, Италија е можеби најекспонирана во тој поглед, но дали само некој се сеќава кога немоќниот, за жалење да не речам Вест Хем кога го победи шапионот Јунајтед на сред Олд Трафорд на кој патем тоа му беше прв пораз сезоната! ...да не зборам дека единствено 2-2 и никој друг резултат на мечот Данска-Шведска ја исфрлаше Италија до Еуро 2000, и би 2-2, смешки...ај ќе ја отвориме темава другпат.
Истото го имам и јас зборувано... а истото лето Тевез замина на позајмица во Јунајтед ;)
Шо им се случува на Телма? -.-
лелеееееее колку се нервирам нема пренос.... а 2:1 е.... -.- да ти го турам у телевизијата умрена...
Очајно, анемично, апатично...
Ова навистина боли!
не само што боли, ова убива дечки, убива..скроз сум разочаран..како целиот клуб да се распаѓа..ова не е мојот Milan, за жал..
FORZA ...CHI?
Катастрофа и понижување
Незнам за вас, ама мене ова ми е прв пат толку лесно да си прифатам пораз, доста тежок пораз. Некако уште пред почетокот на натпреварот се знаеше дека нема што да бараме таму, прво со толку повредени играчи ни дрим тим не би се справил, второ, состојбата на табелата е крајно демотивирачка за нас, а крајно мотивирачка за Палермо, дечките дома немаат пораз, и милион други фактори кои се на се укажуваа дека денеска нема што да бараме на Сицилија.
Секако, ова не значи дека не се сложувам дека состојбата е во најмала рака загрижувачка, исто така незначи дека има било какво оправдување за играчите и за тренерот, и нормално за раководството нема ама ни најмало оправдување!
јбг...да сме таму можеби и покорсни би биле во сево ова, т.е. сигурно би учествувале во што и да се организира против сегашните случувања во клубот, но вака, од тука, само можеме самите на себе да си олеснуваме, али и тоа е нешто. :)
Ама јас не реков дека очекував нешто повеќе... но начинот на кој ги губиме натпреварите боли! Нормално дека некогаш ќе победиш а некогаш не но било тоа што нема никаква глад во екипата, никаков жар. Натпреварите ги губиме премногу бледо и апатично! Тоа е она што боли! Сигурен сум дека да играме со заби и да изгубиме нема толку да ми биде мака...
То је то!
Само Курањи е мајката за нас :Р
Аман бе и ти со тој Курањи :D
Мене па ме нервира некако ми е смотан...
Во Германија играчи на free transfer нема многу а најзвучни се Курањи,Какау и Хилдебранд...
Курањи и мене ми е смотан некако коо Амаури е само со глава игра.Подобро да ни остане Хунтелар а да го земат Какау.Само едно не ми е јасно - зошто не игра Адија?Го донесоа Мансини го игра крило Сидорф а Адија никако да добие шанса.Нема смисла за мене тоа.
Многу работи во клубот немаат смисла..да беше само тоа...
Ајде де малце да се нашалиме :Р
Еве и за Хилдебранд незнаев и он нема лошо да дое чим е Гага :Р
А ја ако ми верувате Адија скроз го забораив....имало и зашто очигледно...
Готово ја више не навивам за Милан...
хаххахахаа се шалам, во вакви моменти се препознаваат вистински навивачи, само не знам дали од негде црпат мотивација играчите наши. Титула нема, 3то место "сигурно" ни е, и шо сеа треба до крај на сезона да си играме победа-реми-пораз. Тоа не е тој Милан ние што го знаеме:)
FORZA MILAAAAN
Ја више не навивам за Милан, слабо играат.. ХАХХХХАХАХАХХА се ШАЛАМ НОРМАЛНО, во вакви моменти се препознаваат вистински фанови и поддржувачи.
Факт е за титула неаме шанси, 3то место ни е "сигурно" таман за у влез на ЛШ каква што беше целта на Галијани, и шо сеа тоа значи дека треба да си играме к.рот до крај на сезона.. Ако ова е нивниот максимум во моментов, свака част. Настрана повредите..
ФОРЦА МИЛАН
3тото место не ни е баш осигурано,играме дома со Виола и Јуве и им гостуваме на Џенова,тимови кои до крајот ќе се борат за излез во Европа.
Курањииииииии :Р
http://www.youtube.com/watch?v=LpVGi0-PmDg
Нема мн мн податоци за него само дека дебитираше оваа сезона,втора-трета година средно е и негде никна шпекулација дека сме го барале :)
Hi there!
My name is Hannah Tolliver. I work for SoccerPro.com; the best soccer gear retailer on the web. :O)
I happened to come across your site and thought you may be interested in striking up a partnership with us. We get some great PR and you get some great freebies.
How it works: You post a review on your site or do a product promotion and you get free stuff! Keep it for yourself or give it away as prizes. You choose. You also get to choose what you want from our inventory.
Interested?
What to do: Contact me back by any of the means below for more details.
Thanks much!
Hannah Tolliver
Marketing Engineer
SoccerPro.com
(877)-762-7776 x1207
Facebook.com/hannah.tolliver
Facebook.com/SoccerPro
Twitter.com/SoccerPro
http://www.facebook.com/group.php?gid=109150569117436&v=info
:P
http://www.facebook.com/group.php?gid=109150569117436&v=info#!/photo.php?pid=199341&o=all&op=1&view=all&subj=109150569117436&aid=-1&id=1740130911&fbid=1109441873156
Врх хаха ментиши се на Јуве овие
мерда после 45 (четириесет и пет) години стигна до финалето од лига на шампиони хаахахахахахахахаха алал да им е тоа ти се вика екипа
Шо се смееш,го имаат најпаметниот стратег у Европа и меѓу подобрите тимови.
Знам сеа ќе речат сите чист гол им поништија на Барса,ама ај нека ви текне као се пласираше у финале Барса прошлата година.
Чист гол им поништија на Барса ама и без врска им исклучија фудбалер на комшиите. Иако не сакав тие да одат понатаму, иако не сакам тие да го освојат ЛШ пехарот, иако ќе навивам против нив на финалето... Капа долу за желбата и срцето коешто го прикажаа во двобојот против Барса. Да играш против Барса на Ноу Камп цел час со фудбалер помалку и противникот да има само еден шут на голот (до постигнувањето на голот во финишот) е за секоја почит!
Forza Bayern...
FORZA RAGAZZI QUESTA SERA!!!
FORZA PER SIEMPRE !!!
Незнам дали го забележавте ова, јас го забележав:
Gattuso-Leonardo: a hug that means a lot
"With Gattuso and Inzaghi, I discussed the changes. It 'was very nice." It seems the moral of a story reached its happy end, is the romantic tale of Leonardo in the post-Milan Fiorentina. The Rossoneri often provided reviews on the sweet taste, almost rare and away from the coldness that football requires with due conquest of the three points. The result of maintaining an exchange of words with Gattuso and turnover. Everyone expected entry into the field of No.8 Rossoneri act might give breath to maneuver, but no. Flamini Leo throws into the fray. The game ends and the whistle that comes to mind thick dialogue starring his midfielder Calabria and the Brazilian coach: there is a disagreement on the bench again and that failure to enter? Absolutely not, vigorous embrace between the two, seasoned with "five" slap and vibrant, just like the days of Ancelotti. The Albertazzi so significant finding himself in front of the stage, he jumped at the Rossoneri and teaching veteran Leonardo and affectionately greeted this victory that entertain and confound some 'atmosphere, suddenly heavy shewn in the last hour.
Сепак, штом сите зборуваат дека не сакаат Лео да си оди, ќе си оди дефинитвно. Истото се случуваше и со Кака. Инаку „дуелот“ меѓу Берлу и Лео го доби Лео и тоа убедливо. Curva_Sud пред за време и по завршувањето на натпреварот без престан го скандираше неговото име
Жално е ова што се случува со Лео.Човекот направи се што можеше и душата ја даде за екипата.Но очигледно бара да се направи конкурентна екипа а тоа не го сака Силвио.Не сака да даде ни 1 евро за Милан.Имавме еден млад и помалку неискусен тренер кој има огромен потенцијал и тоа го имавме без пари и наш производ е и туку така го изгубивме.Сите сме откај него играчите, тифозите, "стручњаците" ни препорачуваа да го задржиме но тука не се работи за фудбал.
За утакмицата немам што да искоментирам не е ни многу битно веќе тоа.Си го осигуравме 3тото место и сега може со мирна глава да играат и последниве 2 утакмици да ги изиграат за Лео.
FORZA MILAN FORZA LEO
Навистина ќе биди жално ако само по една сезона Leo не напушти..не оти е голем стручњак, туку затоа што го сака овој клуб и ја водеше екипата со срце..понекогаш повеќе со срце отколку со памет, ама и тоа ќе го заборавиме оти сепак не е лесно од скаут да бидиш промовиран во тренер и тоа на екипа од која се очекуваат титули..ако Leo си оди заради што не успеа да обезбеди титула, тогаш тоа е негов неуспех, но многу многу повеќе тоа е неуспех на управата, зашто ако очекуваа од тотално неискусен тренер и просечна екипа да се красат со нов трофеј, тогаш морам да кажам дека:
Вие господа големци не само што го изгубивте чувството за фудбал, туку и се почнавте да гледате низ призмата на парите! Срамота!!
Па нели ние бевме фамилијата Milan?
Не сакам да ни се повтори периодот кога менувавме тренери малтене секоја сезона..Сепак Leo може да понуди повеќе во следната година, секако со некое засилување ама по негова мерка..знаеме дека тој не е алчен и нема да го побара Torres, Aguero и Fabregas..
жално е кога читаме вакви работи, а уште пожално е што не ја доби правата прилика да управува со екипата..
За натпреварот сношти ќе речам само браво за резултатот, ама не и за играта..додуша не е ни веќе важно дали играта е убава за око..само нека продолжи вака добрата атмосфера без оглед на сите случувања..и секако нека добие некој од младинците некое полувреме..знаете колку ќе им значи меч со Genoa или Juve секако..
FORZA MILAN!!!
It is no secret that I'm a Milan fan. Wear the Rossoneri would be a dream.
I would go to Milan this summer with Dzeko. We would be a lethal tandem. There's no doubt. We played in the Champions League match against Wolfsburg and I realized that really is a formidable player Dzeko. Besides, you can see from his stats in the Bundesliga. I think we can become leaders Rossoneri when Milan bought us both. "Talent Serbian He added that the separation with CSKA is closer:" The truth is that we are discussing my departure. By May 15th I will be in Moscow. Then fly to Belgrade for the preparation of the forthcoming National World. As for the new club, I leave it all to my manager. My head is full of different stories. One day I give departing Germany, the other in England, the third in Italy
Зборовите на Красич......и Берлускони уште спие - ЖАЛОСНО
Играчи како Џеко и Красич кои се млади квалитетни и желни за докажување не им се обрнува внимание и згора на се сакаат да го носат нашиот дрес.Нервоза ме фаќа ке земам кредит од банка и ќе ги купам аман више :D:D
FORZA KRASIC FORZA MILAN
http://www.facebook.com/photos.php?id=1130032772#!/photo.php?pid=956256&id=1130032772&fbid=1310116269554
Хахах целиот албум е лудница :)))
Forza Milan!!!
New post? Anyone?
Пред да станам член на блогов ептен ми се свиѓаше што после секоја утакмица пишувавте Player Ratings и слично. Така и поише коментари...
Дајте нешто да смениме?
ФОРЦА МИЛАН
Нема мотивација,први разлог а втор е што блогот изгледа ОЧАЈНО мајке ми убаво рече владе изјави на Анчелоти пред 4 години...
Ќе се потрудам во најскоро можно време да го најдам Мохикан, да ни го даде пасвордот и ако има некој желен и што знае нека го потсреди блогов, јас стварно појма како да го направам тоа.
...Иван друже што праиме со Азуриве? За почеток, знаеш зошто Де Роси не е повикан во поширокиот список?!
појма немам* :)
Најдов разумно објаснение...
'The Italian tactician has clearly excluded players from Inter Milan and AS Roma as they are currently in a dogged race to the finish for both the scudetto and Coppa Italia trophy.'
иако од интер стварно не гледам кого би повикал, освен Балотели можеби.
По се изгледа Малдини ќе биде назначен за директор и амбасадор на Италијанскиот фудбал.Вистинската работа за него.Честитки
FORZA PAOLO "IL CAPITANO"
Ај нека биде :)))
Него остај тоа владе ни Балотели ни Касано нема да бидат повикани лошо влијалеле на атмосферата :))
А ај зошто не Миколи?самиот изјави дека моментално и самиот не би се повикал затоа што не играл во квалификациите.Нз шо му е на Липи,ако му е за добра атмосфера нека си го земе Чиро Ферара,Ерос Рамазоти,Нек.... :))
А рачунајте уште сеа собиранка за Милан-Јуве ко што е редот :))
Fabio Aurelio?
За бес пари супер е
http://www.goal.com/en/news/11/transfer-zone/2010/05/07/1913899/bosmanfree-transfer-list-spain-la-liga
http://www.goal.com/en/news/11/transfer-zone/2010/05/07/1913887/bosmanfree-transfer-list-england-premier-league
http://www.goal.com/en/news/11/transfer-zone/2010/05/07/1913828/bosmanfree-transfer-list-italy-serie-a
Не сум многу воодушевен од изборот,боље Курањи и Какау да си ги земеме и мирна глава за нападот :Р
Колку и да биде болен отказот на Лео, сепак ако на клупата седне Ван Бастен сигурно ќе ја отстрани болката.
Колку убаво е кога ќе ја видам екипава во полн состав, сите повикани.Неста може нема да игра ама Пато сигурно ќе игра уште од 1 минута.Нова приказна ќе биде утрешната утакмица но сепак многу задоцнето ЗА ЖАЛ.
И утакмицата ќе се игра без публика.
Abbiati, Dida, Roma, Abate, Albertazzi, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Nesta, Thiago Silva, Onyewu, Zambrotta, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf, Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Mancini, Pato, Ronaldinho.
Денеска примаверата доживеаја пораз од Катанија во 8 финалето со 1-0 но може и тоа како да ја свртат работава.
FORZA MILAN
Ништо нема да отстрани Ван Басте,секоја му чест за играчката кариера,но тренереската кариера не му е многу импресивна,иако во ситуација да дојде и да не направи нешто спектакуларно(а изгледа така ќе биде)виновна ќе биде управата.
Минатото лето кога покрај Лео постоеше опција и за Ван Бастен јас бев за Лео. Сега доколку Лео мора да си оди би бил задоволен со Ван Бастен од причина што тој досега покажа дека практикува да игра со млади фудбалери а Милан се насочува токму кон градење на таков тим. Значи би требало да се совпадне со патеката и правецот кон кој се движи тимот во иднина. Од друга страна евентуално доаѓање на Ван Бастен според мене би требало да значи и релативно богат трансфер пазар бидејки Ван Бастен не е тип на човек кој би дошол во тимот доколку нема гаранции за градење на солиден тим во најмала рака. Тоа што е миленик на Силвио е само карта плус во овозможување на пристоен трансфер пазар. Инаку неговата досегашна кариера навистина е далеку од импресивна но тоа не мора ништо да значи. Значи како резиме, доколку дојде Ван Бастен за мене тоа би значело поживо трансфер лето, отстранување на некои фудбалери од постарата генерација од тимот (или во најмала рака од првите 11) и можеби некој екстра подарок од Берлускони за својот миленик. Значи се’ на се’ јас сум за.
Е сега тоа што мислам дека најверојатно Филипо Гали ќе биде новиот тренер на Милан тоа е друга приказна.
[url=http://www.pi7.ru/zdorove/1609-ot-raka-spaset-aktivnost.html ]Мне кажется, его приворожили.. [/url]
Я вот не возьму в толк,неужели буквально все обязаны быть зарегистрированы в этом пресловутом контакте и ему аналогичных сайтах!Это же кошмар.Кого не встретишь "ты есть вконтакте?-нет-а отчего?давай быстрее регистрируйся!".Зачем?Да не нужна мне эта показуха,а друзей у меня и в жизни хватает.Общаться с людьми,которых не видела с 5го класса желания особенного нет.О чем говорить?Что спрашивать?Да что эта за мания у всех такая?Почему считается,что это неприменная деталь обязана присутствоавть в жизни каждого человека.Если тебя там нет,то люди как-то странно реагируют,будто это значение жизни.Зачем пишу?Да задолбали уже все знакомые,захотлось вот высказаться.Неужели я одна такая?Может действительно надо срочно бежать и региться,да выставить еще кучу фоток,начиная с рождения и по сей день с доскональным отчетом,а то неверно возьмут в толк?родить ребенка, полагаясь только на личные вполне вероятности? Муж не работает, работу ищет очень пассивно. Я работаю, могу работать, могу зарабатывать нормальные деньги (уже не год содержу мужа и себя). Я хочу ребенка. Очень хочу. Я делаю чтобы достичь желаемого результата все. Муж также хочет ребенка. Очень хочет. Но не работает. Намекает, что как только я забеременею, у него появится сильный стимул работать. Я, естесственно, не верю. Мне не 15, для того попосмотреть на мир и мужчин сквозь розовые очки. Я хочу родить здорового ребенка. Я дам ему все сама. Муж... любовь... может быть, она все еще есть. Но в данный момент я использую мужа только как производителя. Да. Ловлю овации и тухлые помидоры. Выслушаю любое высказывание в свой адрес. Рожал ли кто из вас вот так - от мужа, так как хочется ребенка, при всем при этом материально полагаясь только на себя? В чем были трудности и как вы их преодолевали?
Hi,this article is great,I found it on google and I love it very much.
[url=http://www.hogansitoufficialeonline.net]hogan rebel[/url] on [url=http://www.hogansitoufficialeonline.net]www.hogansitoufficialeonline.net[/url] ---- Very often, Hogan shoes industries will hold many activities to get their Hogan shoes for being well-known to the public. For them, this will be the quickest and the best way to be famous and win an awesome popularity.
[url=http://www.hogancollezione.com]hogan donna[/url] on [url=http://www.hogancollezione.com]www.hogancollezione.com[/url] ---- Hogan shoes can be your best choice in this kind of season. They all private unique design and traditional style. Now Hogan shoes like a high reputation and always popular in abroad. In the end, they should become the required equipment in your way of life.
[url=http://www.hogan-scarpe-ufficiale.com]hogan on line[/url] on [url=http://www.hogan-scarpe-ufficiale.com]www.hogan-outlet-ufficiale.com[/url] ---- On the whole, Hogan shoes are more prepared bring in new ideas and are more willing to challenge. And it was said that they are aiming to invite many electronic business alliances to join in them so that you can enlarge their business.
[url=http://www.sitoufficialehoganscarpe.org]hogan 2012[/url] on [url=http://www.sitoufficialehoganscarpe.org]www.sitoufficialehoganscarpe.org[/url] ---- Hogan shoes are unique however is not too exaggerated, fashionable however is not too flamboyant, functional and piratical however is not vulgar. They have already been the symbol of luxury and casual lifestyle. Hogan shoes are favored by many people.
[url=http://www.maillotfootonline.com]maillot psg 2013[/url] on [url=http://www.maillotfootonline.com]www.maillotfootonline.com[/url] ---- Enter the entire world of maillot and you may discover a world connected with luxury footwear designed for people fashion. Our shop delivers fashionable, quality and cost reasonable maillot shoes. Purchase maillot Shoes Now!
[url=http://www.calzadoonlineshop.com]Timberland zapatos[/url] on [url=http://www.calzadoonlineshop.com]www.calzadoonlineshop.com[/url] ---- Our shoes are terrific and trendy. And we have factories by working together, we can make sure that shoes have got high quality and fashionable shoes. Free shipping!discount!
Post a Comment