Translate

Wednesday, 14 April 2010

ЧЕСТИТКИ ШАМПИОНИ!!!



Baby-Coppa Italia е наш!! Пред само 10-тина минути заврши финалето од Купот на Италија во Примавера... Милан играше против Палермо (актуелниот освојувач на Скудетото во Примавера). Првиот натпревар во гости беше 1-1 Милан играше дома на реваншот! Да потсетам, последен пат кога Примавера тимот на Милан освои трофеј беше пред 25 години а во тимот играа едни деца со презиме Малдини и Костакурта!
Имав среќа да го гледам целиот натпревар. Преполн сум со емоции... треба тие што седеа на трибините и ги гледаа децата (сениорите) да учат од деца како се бранат боите на овој дрес! Максимална пожртвуваност... Во шпицот почнавме со Зигони, Верди и Сченети а подоцна на местото на Сченети влезе Одуманди... за тоа како играа нашите офанзивци ќе кажам само едно: Аддиа попрво ќе се избори за место во првиот тим отколку во Примавера! Човек на натпреварот и многу повеќе од тоа... Симоне Верди! Иако беше најмлад на теренот (има само 17 години) беше УБЕДЛИВО најдобар, за 2 класи над останатите. Го постигна првиот гол, му ја нацрта на Зигони за вториот (откако во соло пробив им побегна на 3-4 гостински фудбалери), погоди статива и имаше уште еден куп додавања, дриблинзи, криење на топката. Играше AMR AML AMC и FC! Посебно по 60-тата минута доби слобода во играта каква што на времето имаше Роналдињо во Барса, К. Роналдо во УТД или Меси. Играше секаде, не постојат зборови да се искаже неговата игра, неговата посветеност, неговите бравурозни потези (обид за лоб во трк од работ на 16-никот), несебичноста (креирање шанси за соиграчите) и враќањето назад да покрие. Оду беше одличен, влезе на местото на Сченети и покажа дека во секое време би одиграл подобро од Мансини, Абате или Хунтелар на крило! Во одбраната на ниво одиграа сите во линија, Де Вито, Албертаци, Ромањоли...
Ама Верди ејјјјјјј.... Абате делува како мало дете :( :)
И претходно зборував дека верувам во ова дете... веќе не верувам, уверен сум!!
Да не излезе дека сум премногу објективен ќе копирам само „неколку“ коментари за играта на малиот:

-verdi is phenomenal
-Verdi is a fucking legend
-GOAL Zigoniiiiiiiii Verdi is AMAZING!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
-Verdi for first team squad !!
-Verdi is only 17 years old right? lol, don't ever sell that kid, he will be gold in a few years
-I'm so impressed by Verdi, he is such a talent.
-Verdi plays Seedorf's position, right? Can he also play on BOTH wings? I think he can play left wing.
-he played on both wings this match, kept moving from right to left and vice versa
-Well,at least our Primavera has brought up one supertalent in the last 100000000 years: Verdi.Is he really 17,because damn me he is good.
-Odu chance again, Verdiiiiiiii is just to good for Primavera
-Lol Vedi is killing palermo's defends
-verdi beating players left right and centre
-Verdi despite being the youngest there is probably the best.
-verdi is all over the place MOTM performance from him
-Verdi def. is amazing, he's everywhere on the front attacking. He moves around much and is very active.
-he's killing palermo defends for sure
-Man verdi really is impressive
-Verdi should be inserted in our senior squad next year,after Pato he is the best option for the wing,even if he is 17 he is good enough.I think he can be a big one just like Pato.
-Lol, Verdi keeps beating players.
at 17 he looks too good for Primavera, can't really sure what to do with him, I think physically he is not ready for a 90 minutes run in the first team yet, he should get more time playing first in serie A

5 comments:

Ultra red and black said...

И конечно и убави вести...немаш појма колку ме израдува ова Ри :))
Посебно и муабетите за Верди,само да му се даде време и простор па и ние да си имаме еден Меси у тимот,а не да заврши како 80% од талентите од Примавера.

FORZA PRIMAVERA FORZA VERDI :)

Vase_AC Milan said...

Ри оти не остави линк? Јас насекаде барав ама неможев да најдам а умрен бев за да ја гледам утакмицава :S
Но по коментариве останав со отворена уста.Значи станува збор за вонсериско дете дефинитивно само да се набилда и малце да пркне ама млад е има време 17 год има.Да сум јас Ѕигони веќе ќе имаше минутажа стандардна во прв тим а до година оваа двојка (Верди и Ѕигони) плус Ромањоли сакам да бидат стандардни првотимци.
Незнам колку се израдував кога го читав постов :D Браво за момците браво за нивната пожртвуваност и успех.Не е исто само да победиш и да победиш со стил :)

FORZA PRIMAVERA

ReBorned said...

Ќе ми простите ама компјутерот ептен ме заглавуваше и неможев да мрднам на друг browser веднаш ми блокираше :( А и пред натпреварот дојдов овде и видов нема никаков коментар околу Купот па затоа потоа и не постирав...
Verdi е Verdi :) Засега во играта многу ме потсетува на Педро од Барселона...

Nidzo25 said...

ЧЕСТИТКИ И ОД МЕНЕ:) АКО НАЈДЕТЕ ХАЈЛАЈТС ОД УТАкМИЦАТА ПИШЕТЕ ОДМА!!

ФОРЦА МИЛАН ПРИМАВЕРА

ReBorned said...

He was impressing yesterday and was great the whole game. Many good attacking moves created by him, he was a real threat for the Palermo defense. Verdi should sooner or later be in the first team imo, to get some more experience there. His performance yesterday for sure showed his worth and I hope that also our people from the first team saw that and let him get some playing time there too.
I really liked to see him moving around everywhere at the front and attacking from every side, that way you can really confuse your opponent's defense and be a big problem for them. Some players of our first team should take him as example and stop being so static and move around more like Verdi.