Translate

Friday, 2 April 2010

CON IL MILAN NEL CUORE!!!



И не дека се испогубивме и дека немаме теми на разговор, туку едноставно, како што кажа некој од вас, кога ни се даваат толку многу шанси за (во една поприлично лоша сезона) да бидиме шампиони, а ние упорно одбиваме, незнам веќе од кај да најдам инпирација да пишувам нешто..очигледното е што како навивачи несакаме да признаеме дека не заслужуваме титула, а таа па пуста титула толку убаво и блиску изгледа што не става во позиција да незнаме што да пишуваме и каков став да заземиме..сите се надеваме на нови славни денови затоа што текот на првенството ни го дава тоа право, ама од друга страна кога ќе помислиме на нашиот тим, на нашата игра и на нашите натпревари, во прв план доаѓа тоа што Milan не игра шампионски и не игра константно..затоа е најверојатно дека до крајот ќе бидиме во неизвесност и без прилика да донесиме некоја дефинитвна констатација за нашите шанси за Скудетото..единствено со по некој излив на радост или тага да ги пребројуваме бодовите негатива или предност и ќе калкулираме со различните варијанти..
Е сега... јас предлагам уште од утре, да почниме една позитивна серија и низа на константно солидни партии за да не киниме живци веќе на секоја можна утакмица и полесно да си го трасираме патот до врвот на Италија..тешко ќе биди уште утре, уште во ова коло, не само заради нашето гостување на Сардинија, туку и домашниот меч на Printer со Bologna..сепак тука е гостувањето на Roma во Bari, така што тоа можиме да го сметаме за позитивен стимул..
Гостување на Сардинија е доста незгодна работа, како што е впрочем и скоро секое гостување низ Италија..едино што ова е малку подалеку :) знајме колку можи да биди незгодна екипата на Cagliari, со дечкото Matri кој би го издвоил по овој повод..го видовме тоа и во Milano, а ќе го видиме и утре ако ја даваат на Телма (што се граничи со невозможно со оглед дека и Printer игра во исто време)..за нас е плус што се враќаат суспендираните креатори на играта, па со нив можиме да се надеваме на потечна и подобра игра..и тоа..само да се надеваме... оти веќе нема смисла да прогнозираме... уствари ако некој од вас е расположен да погодува или анализира поопширно нека повели...

јас само ќе речам како и стално... FORZA MILAN!!!

35 comments:

ReBorned said...

Така е другарче... Одамна го зборев тоа, немаме екипа за титула а по повредата на клучните фудбалери немаме ниту игра за титула. Додека сите беа здрави со таа револуционерна 4-2-fantasy формација победувавме во просек со 3 гола разлика но по повредата најпрвин на Пато а потоа и на Бориело па Неста, пукна меурот од сапуница. И кога се ќе се стави на една вага повторно на површина излегува фактот дека губиме поради послабата клупа! И покрај тоа што реално комшиите имаат за 3 класи подобра екипа од сите останати во Италија ние со нашите први 11 можевме да се носиме годинава. Посебно по применувањето на претходно споменатата тактичка замисла. Сепак при првите повреди (кои се очекувани и ги има во секој тим) ние имаме огромен гап меѓу повредениот фудбалер и опциите на клупата. Па на клупата се фудбалери кои одамна потпишале капитулација на зелениот терен. Можам да го издвојам Фавалињо кој рака на срце одлично си ја врши работата посебно во неговите години (кога реално тој не ни би требало да игра освен ако сите други пред него не се повредени). Човекот ја заслужува сета почит. Покрај него, во одбраната се е крш! Средниот ред/крилата бетер! Ах кога би имале барем солидни замени за овие два сегменти од играта на Милан како што е Хунтелар за шпиц. Хунтелар не е сјаен но е солидна замена и фудбалер кој може да влета во стартните 11. Во средниот ред и во одбраната се е многу под просечноста за еден шампионски тим!
Со Каљари на поширокиот список се повикани дури 4 Примавер-ци.
Forza Milan!!
P.S Мора да се спомене, нашите надежи вчера го играа првиот натпревар од ФИНАЛЕТО НА КУПОТ на Примавера против шампионите - Палермо. Натпреварот заврши 1-1 во гости, Зигони постигна одличен гол, Палермо изедначи и потоа имаше можност за водство бидејки нашиот прв голман Дорумина заработи исклучување и пенал (а дотогаш беше ѕвер меѓу стативите!) но неговата замена Перучини го одбрани пеналот.
Ние игравме без Албертаци и Меркел кои би требало да се вратат за реваншот во Миланело!
Џовани Стропа играше ала Леонардо формација со Зигони напред и Сченети, Оудимани и Верди позади него. Оудимани и Зигони одлично соработуваа, Зигони човек на натпреварот а воопшто не заостануваше и Дорумина, нашиот голман, кој доколку не добиеше исклучување и црвен ќе беше човек на натпреварот!

Navigator said...

Прочитав за дечките од primavera и мислам дека се на добар пат да ја освојат првата титула годинава..ќе биди одличен успех за клубот и голема сатисфакција за оние кои во иднина ќе треба да го носат црвено-црниот дрес..а се надевам дека ќе биди и поттик за управата да прекомандува некој од нив во првиот состав, затоа што има поединци кои заслужуваат и тоа како..знам дека можда личи на празен муабет, ама искра надеж беше влегувањето во игра на Zigoni на првенствен натпревар, КОНЕЧНО..и не е толку битно дали Zigoni, Verdi, Stasser, Albertazzi или Adiyiah ќе влези, битно е да им се дава шанса на дечките да се докажат..тоа во Milan, за жал, одамна го нема, едноставно исчезна..
и за уште нешто сакав да зборувам, а тоа е изедначеноста на лигата, јачината на лигата и споредувањето на calcio-то со другите големи првенства, а притоа и неизбежното омаловажување на италијанскиот фудбал... ама сега морам на стрижење, ќе пишам кога ќе се вратам :)

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

кога пред година дена почнаа да се најавуваат големите трансфери на Kaka или Ibrahomovic и општо одливот на играчи од Serie A, стана јасно дека италијанскиот фудбал го губи здивот во трката со финансиски појаките EPL и La Liga..нема да навлегувам во тоа зошто се тие побогати и (сега) поквалитетни оти тоа не ми е муабетот..
сакам да кажам дека со ваквиот состав на лигата, без оглед колку е јака или слаба, таа е убедливо најизедначената од сите во големата петка..прво сакам да се разбериме дека ова не го зборувам заради раритетот да три екипи се борат за Скудето до последното коло, туку заради еднаквоста на перформансите на тимовите..во право си Ри кога ќе речиш дека Printer има три пати подобра екипа од сите други и дека без оглед на повредите во екипата, Mourinho можи да го надополни секое место..
ама кога ќе ги споредите игрите, претставите на сите тимови, ќе видите дека и покрај таа ростер-доминација, тие не се доминантни во поредокот, дури и не се убедливи во своите утакмици..тоа не важи само за гнасите, туку и за сите останати "фаворити"..во Италија денес е проблем да победиш на скоро секое гостување..во Италија денес е пробелем за го згазиш противникот..и конечно, во Италија денес е проблем да се одлепиш на врвот..можите да замислите, најголемата победа на некоја екипа сезонава беше 5:0 и тоа беше само еднаш..уште една победа од 5:1 и две од по 4:0..тоа е се!!
и додека во другите лиги фаворитите газат се пред себе и првата двојка или тројка е непобедлива, туку имаме знак на релативна еднаквост помеѓу 9-10 клубови..во Италија неможи да се случи, на пример Roma да го демолира Napoli, Palermo, Fio... во Англија Chelsky го можи тоа со Aston Vila или во Шпанија Barca со Valencia..
јас знам и признавам дека Serie A не се наоѓа на место кое му припаѓа и дека моментално неможи да се носи со двете водечки лиги во Европа, ама страшно ме лути лаичкото однесување на луѓето, а што е пострашно и на некои спортски новинари и "аналитичари", кои убедуваат дека италијанскиот фудбал е неинтересен и досаден..разбирам дека луѓето научиле и се навикнале да гледаат страшна Serie А, меѓутоа ваквото потценување премногу ме нервира..италијанската лига е поинтересна и понеизвесна од никогаш порано..замислете луѓе, заради ваквото првенство екипи како Lazio и Udinese стигнаа да се борат за опстанок..
можеби нема да се сложите со мене, ама ако јас се прашувам, порадо би избрал ваква неизвесна лига, него лига каде однапред се знае за кој се резервирани првите неколку места..единствено неуспехот во европските натпреварувања е проблемот на италијаните..
па на крај краева, Италија со каква и да е потценета лига е светски шампион!!

FORZA MILAN!!! FORZA ITALIA!!!

Navigator said...

можда не е место и време, ама неможев веќе ова да го држам во мене..морав да се олеснам :)

на Телма нема да има никаков фудбал во 15.00 ниту во 19.00..единствено Udinese-Juve во 21.00 оди во пренос..професионално нема што...

ANDIAMO RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Тоа со паралелите на Калчото и другите лиги е за поширока дискусија и за посебен пост. Има повеќе фактори кои и тоа како влијаат на (не) квалитетот на екипите и на лигите во Европа. Тие фактори се субјективни и објективни. Во некоја друга прилика...

CAGLIARI-MILAN: FORMAZIONI UFFICIALI
03/04/2010

MILANO - Cagliari e Milan così in campo alle 15.00 al Sant'Elia:
CAGLIARI: Marchetti; Pisano, Canini, Astori, Agostini; Biondini, Conti, Lazzari; Cossu; Matri, Ragatzu.
MILAN: Dida; Abate, Thiago Silva, Favalli, Antonini; Seedorf, Pirlo, Ambrosini; Huntelaar, Borriello, Ronaldinho.

ReBorned said...

myp2p.eu нема стримови... Некој стрим?

Anonymous said...

http://www.vshare.tv/live/231936/gio46_1/1

Navigator said...

неверојатна утакмица!!!
2:3 по само 38 минути!!!

стрелци: Borriello, Hunter, Astori o.g. (M); Ragatzu, Matri (C)

многу шанси, многу отворена игра и што е најважно многу ефикасно

FORZA CAMPIONI!!!

ReBorned said...

Кога го видов третиот гол за Милан ми текна дека Марчети и Астори се наши трансфер цели за летниот преоден рок :(

Navigator said...

а да гледаш на светлата страна и да речиш дека Matri е наше дете? :)

Navigator said...

Извинете, зошто Hunter е повлечен за да влези Zambro?? Се затвораме???

ReBorned said...

Е наше дете но немаме ништо со него веќе :(
За жал...

ReBorned said...

Се донервирав со стримов како да гледам во slow motion

Navigator said...

http://www.justin.tv/gutiz777#r=bPM486E~
еве ти добар стрим

ReBorned said...

Со Абате во средниот ред добиваме свежи нозе, Пирло и Сидорф стандардно веќе не трчаат... Плус Абате е темпирана бомба назад...
Сепак жал ми е за Хунтелар, јас ќе го извадев Бориело!

Navigator said...

А новата измена Rino за Pirlo???

ReBorned said...

Прочитај го претходниот коментар повторно... Пирло не може да оди а и веќе имаше една асистенција... кон нашиот гол

ReBorned said...

Не јадат физички, срамота е фудбалери на таков тим да не бидат спремни за 90 минути. Нормално дека ќе се браниме, немаме повеќе сила во нозе...

ReBorned said...

Секоја чест за дечките од Каљари. Со какво срце и со какво темпо играат во второто полувреме посебно од 60-та наваму...

Navigator said...

И Abate излезе??? е ова е премногу...

ReBorned said...

Ова веќе е класичен бункер!

ReBorned said...

Колку е тешко да си Роналдињо во Милан. Сите чекаат од него. Нашата единствена офанзивна сила во тимот!

Navigator said...

победа, ама тешка и мачна..фуриозен старт, за потоа да имаме лигав финиш..не ми се допаднаа одлуките на Leo и цела среќа што уште во прво полувреме дојдовме до предност..инаку пак ќе имаше мачење и најверојатно без успех..како и да е, се надевам ме послушаа дечките за она околу новата серија на победи и ќе продолжат во тој стил..за жал двете екипи што се пред нас во поредокот победија и пак ја имаме истата негатива..добро е тоа што Printer-овци имаат екстремно тешки две недели пред нив почнувајќи од вторник во Москва, па на двапати со Viola (првенство и куп), па со Juve..значи тука ни е шансата..од Roma искрено не се плашам, оти реално не е екипа која можи да издржи до крајот..кај нив дефинитвно ќе има неколку киксови од кои исто очекувам Milan да профитира..честито дечки!

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Се убаво ама тактиката ме изнервира.Неможе да се браниме со вакви тимови.Не ми се верува колку е паднат Пирло неможе да издржи лелеле.Имавме и многу среќа денеска затоа што си ги искористивме шансите инаку пак ќе плачевме денеска.Браво и за Дида практично ни ја зачува победата.И за Хунтелар браво - голот чудесија...

FORZA MILAN

ReBorned said...

И јас не го сакав финишот и измените ама нели целта ги оправдува средствата.
Доколку беше 2-2 или губевме сигурно измените ќе беа поинакви

CurvaSud_Milan said...

не е многу интересно да читаш 23 коментари одеднаш, поубаво е да бидеш секогаш во тек со коментарите верувајте :))))

...како и да е, прво за денеска, почнавме многу офанзивно, со Дињо и Сидорф во средината и Марко и Класот напред, плус Пирло и не е некој дефанзивец, и само Амбро остана деструктивец, и од една страна нападнавме одма дадовме гол, но затоа и примивме два, токму затоа влезе Замбро место Хантерот но дечкото заслужи да остане, а Марко да излезе. Абате отиде понапред, но Абате играше и дефанзива,за разлика нели од Хунтелар, после влезе и Рино, но пак Каљари имаше неколку одлични шанси, само Дида знае како го фати шутот на Матри мислам беше. Реално во второ не изигравме ништо, но со малку среќа и доста искуство резултатот си остана во наша полза.


...Иван друже, во 99, да не речам 100% се согласувам со тебе околу споредбата со калчото, и тие пари што ги трошеа англиските клубови се испостави дека голем дел од тие пари се кредити, кои сега неможат да ги враќаат, и тек допрва ќе се појави должничка криза во англискиот фудбал, иако и сега е веќе на големо појавенa, Портсмут пропаѓа, Вест Хем исто и што е најинтересно и Јунајтед е во огромни долгови! Така да таму воопшто не цутаат рози.

И дај да гледаме некоја утакмица да си попраиме моабет и за Милан ама и за Италија, што ќе се праи на светсково, јас само знам дека ќе биде многу тешко да се стигне далеку, под далеку подразбирам барем полуфинале,за разлика од 2006 на пример кога бев голем оптимист дека Италија ќе оди далеку. Ама ај тој моабет кога ќе се видиме ќе го направиме.

Navigator said...

Ќе гледаме Владе обавезно..еве следено коло кога сигурно ќе ја даваат на ТВ ќе те побарам за да гледаме..и за Ultra важи и за сите други..наредно коло многу тешко дека ќе ја даваат, ама во секој случај ако има таква најава се огранизираме..поверојатно е дека по 2 недели против Samp ќе оди во пренос..

НАГРАДНО ПРАШАЊЕ: Дали знајте зошто денес на Телма немаше фудбал во 15.00??

ReBorned said...

Оти имаше една убава емисија со Делфини...

Navigator said...

Оти натпреварот Printer-Bologna не беше понуден во мултилатерал!

Ако не е Printer, нема да биди никој!! - едногласно одлучија во Макпетрол ТВ

FORZA TELMA!!! FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Пато се враќа со Палермо ако сеуште сме во трка за скудетото - паметно.Ама не ми се свиѓаат гласиниве за негово заминување највеќе поради тоа што се случи со Кака, значи нема никој сигурен.И Лео ако не напушти ќе бидеме како Тотенхем

Zoki said...
This comment has been removed by the author.
Navigator said...

ајде росонери активирајте се, титула не чека...
Владе ништо не прајме за собирање оваа недела..на Телма ќе оди Roma-Atalanta..наредна недела веројатно ќе имаме прилика

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Аман па овие претераа... Толку бев убеден дека ќе ја даваат нашата кога комшиите играат во Сабота :(

ReBorned said...

Farewell good fourth place ...
09/04/2010 22:08

It seems of interest only to Galliani, who anticipates the epilogue for years, but in the 2011/2012 season will become a reality to which everyone must face: the fourth in the Italian Serie A will no longer be valid for a place in the Champions League. Ran the distance in 1998 when Italy led again Ranking UEFA since before Spain (in 1999) and England (in 2004 before and 2007 definitely) have surpassed Italy in the results of its representatives in European competitions. Adriano Galliani repeats since then, but found no evidence in the relevant institutions. Germany for the third consecutive year gets more points in the factor considered and next season there will be yet another passing down of Italian football. Currently in fact the score in the special championship sees Italy in third place with 63,624 points against 63,207 in Germany. The ranking takes account of the last 5 years, Italy will move to fourth in the ranking, which allows only the first 3 teams classified access to the highest European club competition. Subject returned today Rossoneri AD: " Now the third place is practically lost, the Germans with the move in Europe dell'Amburgo League are less than half a point, then 99% we lost a team . " Aufidersen fourth.

koljo said...

Ајде Мерда 2-2 повторно ни се укажува интересна шанса..
Утре очекувам интересно привју..
Едвај чекам 15ч00