Translate

Sunday, 18 April 2010

Кон жешкиот „Luigi Ferrari“



По презафатеноста околу нашата Примавера ( дај боже почесто да бидеме зафатени заради позитивни вести) се навраќаме на она што се вели дека е најдобриот тим на Милан. Вообичаено како на секој натпревар сезонава и на Луиџи Ферарис одиме со скини-врзи екипа. Се враќаат Бонера и Јанкуловски но ги изгубивме The Professor и Фламини. Има повикано и деца во тимот како што се Албертаци, Верди, Аддиа... Сепак мала е веројатноста да заиграат посебно првите двајца пред се поради фактот што вчера(не) планирано настапија за Примавера. Албертаци беше замислен да остане на клупата за да биде свеж во случај да притреба за сениорите но по повредата на Гирингели уште во првото полувреме едноставно Стропа мораше да го стави во игра. Од друга страна Симо играше во првиот тим но беше заменет од Зигони на полувремето што можеби укажува дека би можел да добие некоја минута. Адиа реков, попрво би се изборил за место во стартните 11 на сениорите отколку во Примавера.

Очекувани стартни 11:

----------------------Дида

Абате (Замброта)--Бонера--ТС---Антонини

---------Гатузо---Сидорф---Амброзини

-----Хунтелар-----------------Роналдињо

----------------Бориело

Незнам како Бонера ќе се снајде против Касано + Пацини директно од болница на терен но тоа е тоа... Каладзе е темпирана бомба :)
Па одиме во Џенова
Forza Milan!!
P.S Во текот на викендот се можни врнежи од снег и град поради фактот што Телма ќе го пренесува тимот со поголем шмек од Милано.
После P.S Што значи љубов кон Милан на македонски начин? Одговорот следи во првиот коментар ;)

24 comments:

ReBorned said...

Singles stop in for a Macedonian Piacenza 28 years. The young man was caught red-handed while yielding two doses of cocaine to a woman, but the motivations that led the boy to sell were not for profit, but ... sports. His goal was to follow Milan. From a search at his home, operated by the police were, in fact, the Rossoneri are flags and scarves everywhere, pictures of the team, players, won the championships, souvenir photos, banners, widgets, everything that could affect the 'Rossoneri universe. The activity on the street, it is argued, needed to cultivate their passion: income fueled the expensive tickets for matches at San Siro or abroad. Finally, the most curious, a picture of Beckham in costume "dusting" of cocaine and a tube for snorting: 28 year old is likely to inhale cocaine on the image of the Rossoneri midfielder. And for this reason the operation of his arrest has been called "Spice Boy".

Anonymous said...

Е ова ти се вика лојалност.Браво за дечкото.Незнам зошто се сомневаш во Бонера, човекот директно од болница Руни го чуваше а не па Касано и Пацини.Подобро он да игра у секој случај.

MILAN: Dida; Abate, Bonera, Thiago Silva, Antonini; Gattuso, Ambrosini; Seedorf; Mancini, Borriello, Ronaldinho.

Јас сум оптимист за победа поради фактот дека играме порастеретено на гости и време е да се тепа нели.Неможе 3 утакмици без победа сепак станува збор за Милан.Да се одржиме во трката за скудето денеска па здравје боже game after game и нека се вратат Пато и Неста - тогаш ќе пееме друга песна


FORZA MILAN

ReBorned said...

Пато не го чекај...
Бонера дефинитивно е најдобар партнер за ТС кога Неста е во аут, јас тоа не го спорам.
На клупата е Албертаци

ReBorned said...

Како ја погодив сликата а? Барем засега...

kiko_pato said...

Миланези незнам дали приметивте во прво полувреме бонера колку почетнички грешки имаше... на 2 пати ја остави топката... и на полувреме цело време мислев околу тоа дали е можно да има некои нечисти игри... и не бев во можност почетокот на второ да го гледам...и сеа коа видов црвен бонера... и пенал направи... незнам што да речам...

го примети ли некој друг истово?

Anonymous said...

@ Васе рече:
Незнам зошто се сомневаш во Бонера, човекот директно од болница Руни го чуваше а не па Касано и Пацини..
Драган рече:
И го изначува Руни :)))

А во ваква ситуација нерешено е премија да бидеме реални.

Anonymous said...

Abe ne bese za crven i celo vreme Rizzoli nekakov nesvatliv kriterium ima.Na Marco mu dade zollt karton za prigovor a covekot go iskrsija i sega nema da igra so Palermo

ReBorned said...

Ај на здравје...

Anonymous said...

То је то :)

ReBorned said...

Разочаран сум од Леонардо и неговата измена со Одо! На крајот токму Одо го „маркираше“ Пацини

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=lxySB-bi5UU

Го следам веќе некое време,сте го заприметиле и вие гарант,едноставно го засакав!(како играч не буквално да се разбереме :Р)

Anonymous said...

Детево ме потсеќа на Роналдињо - само што е левак.Но ме радува кога читам за Алвес од Алмериа голманот стварно е чудотворец!Истовремено и мака ми е оти прерано зборуваме за ова а не за титула :S
Не е можно што пропуштивме ама господ не не сака а и некој друг.Цела Италија како да е против нас.Судиите последниве 2 кола катастрофа.Но тие луѓе што седат во ложата се криви за оваа состојба на болка која ја доживуваме сите.
Продажбата на Кака донесе неверојатни пари во клубот.Каде се?Во што ги вложија?Сега се виде дека реалноста е сосем поинаква.Ако ситуацијава не се подобри и ако не се направи топ екипа ќе не нема на блогов еден ден, ќе скинеме сите.Нареднава сезона ќе немаат изговори за трансфер пазарот затоа што имавме приходи и од ЛШ плус промената на спонзорот и други "ситни" заработки треба да придонесат околу 30 мил плус ако проработи вољата на Берлускони да пушти уште едно 20че значи за 50 мил можеме и тоа како да ја закрпиме екипава.
Ако тоа не се случи Лео не да си замине, ни чао нема да им рече...
И навивачите ќе ги изгубиме се.Сега за сега најубаво е да се сконцентрираат на 3тото место оти и тоа ни се лизга од рака.Па летоска со господ напред.


FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

Anonymous said...

Јас моментално читам за Бербатов се смеам,ако воопшто е вистина фактот дека Милан се заинтересирани а за колку пари не ни спомињам ондак нз...на интензивна ќе ме носат...
А Васе,не се разочаруј, со овој состав и околности 3то место е премија.Токму затоа јас си поставив пониска цел годинава,т.е. не очекував многу :))
Нешто друго ми се врти во глава...секогаш на крајот на сезоната последните 10ина кола резултатите ми се крајно сомнителни...може ќе звучи пацерски и неуко ама ми се чини дека цело првенство е режирано,буквално цело до детаљ.
Вие шо мислите?

CurvaSud_Milan said...

Бонера немаше свој ден. Едноставно как од спиење да го станале и да го пикнале во игра. Како мува без глава беше цела утакмица. Викате судиите, какви судии луѓе па го покоси Касано, на метар и пол од голот беше чоекот со чиста позиција за шут! ...некогаш треба да се биде и објективен.

Инаку после црвениот игравме добро, дури и имавме неколку зрели шанси, за разлика од Сампдорија која во задните 5 минути малку повеќе притисна и во првата посериозна шанса даде гол. јбг...сами сме си криви за овој пораз, никој друг.

...а за другата сезона, здравје, за почеток имам две желби, Лео да остане, и по никоја цена нејќам да го видам Митко македончето во нашиот тим!!!

Anonymous said...

Незнам дали имавте сретнато некаде дека сме поврзани со Вијналдум од Фејнорд.

http://www.youtube.com/watch?v=ZSeI3pMUkao&feature=related

Еве едно клипче кое покажува кои моќи ги поседува дечкото.Фантастично крило, во меѓувреме може да игра на скоро секоја позиција во средината.Има десна има лева има прецизен шут и центаршут итн.И има само 20 тина год.Би сакал да го видам во нашите бои.

ReBorned said...

Сега ќе бидеме поврзувани со 100 ѕверови! Сепак, на крај ќе го купиме Давид Пизаро или Бербатов или пак ќе го продадеме Пато а ќе го земеме Дрогба...

Anonymous said...

Можно ли е Ониеву да го ризикуваат и да го спремат колку толку за со Палермо? Поарно он со една нога отколку Камиказаладзе

ReBorned said...

Поарно Ромањоли или Албертаци отколку било кој од претходнонаведените...

CurvaSud_Milan said...

Друже Ониеву нема видено терен добри 8 месеци, така да и да е опоравен, а не е, нема да види терен до крај на сезона.

ReBorned said...
This comment has been removed by the author.
ReBorned said...

Ако е сериозно ова со Трезеге ќе извршам Харакири!

kiko_pato said...

и ја...

Anonymous said...

Почнавме на Јуве остатоците да ги собираме....

Anonymous said...

СОставот за утре полн со младинци.
Ромањоли или Албертаци да играат !!!