Translate
Sunday, 11 April 2010
МИЛАН - КАТАНИЈА
Комшиите повторно одиграа само реми и повторно ги зголемуваат апетитите во Рим и во правилната страна на Милано! Денес Рома ќе игра за прво место а Милан за чекор поблиску до него. Секогаш бев скептик за позитивен резултат кога конечно имаме шанса да стигнеме блиску до врвот но денес се чувствував релативно сигурен во победата! Незнам дали тоа се должи на трите постигнати гола во Каљари или на нешто друго но сметам дека ќе бидеме во ред. Составот, стандардно нестандарден. Повредите ги диктираат стартните 11 па и оние на клупата. Покрај негативните вести позитивно е тоа што Бориело и Хунтелар успешно се средија од повредите (се разбира тоа никогаш не е 100 % кога е во прашање Милан Лаб) и треба да бидат најопасните фудбалери фронтално. Покрај нив сигурен во офанзива е Роналдињо а во средниот ред Пирло и Амброзини. За третото место во средината Фламини е во мала предност пред Сидорф (уште се мачи со повреда и тренираше одвоено) и Гатузо. Одбраната и голот ќе биде иста како против Каљари со мала непознаница на десната бековска позиција но сепак сметам дека Абате ќе добие предност пред Замброта. Па тоа е тоа момци, ќе се обидеме уште еднаш. Forza Milan!
P.S Вреди да се напомене дека Примавера успеа да го победи Албинолефе во гости 1-2 и покрај тоа што костурот на тимот (Зигони, Одуманди, Адиа, Ромањоли (капитен)) се повикани во сениорите. Стрелци на головите за Милан беа Калвано (дечкото што го земавме во Јануари од Аталанта, според некои новиот Де Роси на Италија) и Гаета (AMC, FC 18 год. беше повикан во U17 за Италија лани и кој заедно со Верди и Меркел беа фантастични во allieve nazionale и влетаа директно во Примавера без воопшто да играат во beretti тимот).
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
15 comments:
и јас овојпат дефинитивно имам добар осеќај..за разлика од минатите пати, мислам дека денес конечно е шансата да го направиме тој исќекор кон титулата..штета е изборот на Телма, додуша тоа не треба да не чуди..можда некој ќе речи дека моментално Roma е екипата со најголеми шанси за Скудето, јас никогаш не би се сложил со тоа..имам кажано и порано и пак ќе повторам дека тоа е екипа која нема таков ментален склоп и шампоински дух.на крај краева не се ни доволно квалитетни за да одиграат беспрекорно до крај и да се радуваат на титулата во Мај..од причина што мислам дека Milan ги има тие особини и предности, ќе речам дека можиме, па и мораме до Скудето оваа сезона..одамна не сме биле толку блиску..
затоа, ај прво да ги наполниме сицилијанциве денес, па преку Samp, да стигниме онаму каде што сите посакуваме..
и уште еден апел за сите на блогов за поголемо ангажирање, оти не му личи на екипа која ќе биди шампион да има ваква слаба блог-поддршка..
FORZA MILAN!!!
MILAN: Dida; Abate, Thiago Silva, Favalli, Antonini; Pirlo, Ambrosini; Seedorf; Ronaldinho, Borriello, Huntelaar
CATANIA: Andujar; Alvarez, Spolli, Terlizzi, Capuano; Ricchiuti, Carboni, Biagianti; Izco, Lopez, Mascara
Само да се внимава на Лопез и Маскара оти мерда ги распарчија они 2 ца ама Милан не е мерда.ВО меѓувреме Сидорф се опоравил и ќе игра што придонесува во нашиот напад многу така да дефинитивно ќе играме ултра офанзивно и со првиве 11 не памтам да сме изгубиле утакмица?
FORZA MILAN
Епа тоа е друже... се’ бара привју а после нема никој. Значи кој и да дојде тука после натпреварот ќе чита нешто што било напишано пред почетокот на самиот натпревар што е многу погрешно и извртено :(
Forza Milan!!
Сидорф на последниот натпревар даде 2 топки со очи, едната беше голот на Бориело а другата беше 100 % на Антонини кој ја упропасти... Значи со Сидорф добиваме пинг-понг пасови во длабочина кон шпицот а и добро соработуваат со Роналдињо.
Ни прават што сакаат... Очајно!
Еден мој пријател често вели: Отвори ја вратата на соблекувалната на Милан, фрли една кашикара внатре и затвори ја вратата. После започни да правиш нов тим!
На денешен ден за жал почина еден од најпрестижните фудбалски клубови
Што заради самиот клуб што заради судијата кој не свирна 2 очигледни пенала врз Дињо
„Пеналите“ над Дињо немаа врска, самиот се фрлаше напред! Но овој врз Бориело во второ беше чист како солза! Веднаш по голот за 1-2
Првиот ај не беше толку ама вториот го собори од земја го акна, а за тој врз Бориело...којзнае кој ни го наместил вој судија.Тука има нешто сомнително некој ни го има наместено за да не бидеме шампиони.Неможе да не свирне барем еден пенал од 3те.Се надевам дека господ ќе му плати за ова и ќе му земе некој од најмилите.И остај тоа на СИлва му дава жолт картон коо некој кретен а немаше врска.Одвај чекаа контакт да има и одма фаул.Критериумот КАТАНИЈА...НЕка се лечат тие што не мразат и да знаат дека се ќе им се врати мило за драго - кога сме најранливи не газат со сите средства.Наместо мерда да ги газат пошто немаат ниеден италијанец у тимот они нас не газат КАКО НЕ ИМ Е СРАМ.Тоа се слуќува затоа што камилата (морати) дава којзнае колку милиони у федерацијата ете затоа се случуваат овакви работи.ГЛУПАЦИ
FORZA MILAN
Знам дека звучи грубо но Forza Roma до крај на сезоната.
Се согласува некој...?
Нормално дека НЕ!!!
Каква Рома какви бакрачи... Немаат тие снага за до крај. Не знам више од кај да најдам инспирација за пофални зборови кога се е црно, нема едно коло кога мерда киксира а ние да ја искористиме шансата.
Факт е дека Милан има и срце и желба за титула но нема тим, тоа гарантирам.. Пола тим повреден, без квалитет на клупа, смачено ми е више:) Нема чаре годинава за нас.
Јас стално ги вадев позитивните нешта од успесите и неуспесите, но мора да гледаме реално:(
FORZA LEO
Разбирам на што целиш Ри,се е боље од мерда за шампион, ама пак од друга страна коа ќе ми текне дека рома се движеа едно време кај 10тото место...е ми се плаче бе батка...али тоа е тоа.
Иако шансите за титула се рамни на нула,пред се ради распоредот останувам со главата горе,и не ме боли толку што ништо нема да се освои сезонава тукушто знам дека и следната нема да биде ништо поразлична.Како само ни почна??Јепес!!??
FORZA MILAN
Сега ќе следи Cacau од Штудгард... ги има сите потребни квалитети за Милан: Бразилец, 30 год. и free transfer
Многу тешки денови за нас момци.Цело време ми е стегната душава и неможам на ништо да се израдувам (на спортски план).Па сега и овие глупости со Јепес и Какау па и Макароне го спомнуваат ми се лоши дури.Во што ќе се претвориме?Сите вложуваат и одат напред а ние уназадуваме.Ако Берлускони го сака толку клубов ќе го продае а нема да гледа како пропаѓа во мизерија.Економска криза ќе има долго време така да мора да се адаптираат на тоа.Ќе се надеваме цело лето да се земе некој играч асален да се ојача тимов па ќе видиме или иста ќе биде наредната сезона или ќе се радуваме и конечно ќе бидеме шампиони.
Инаку за сегашноста, распоредот наш уопште не ме радува и мислам дека е најтежок од сите.А играме и против "црни магии" - судии, повреди, незадоволни играчи, неискусен тренер, таака да незнам кај ни е крајот.И покрај тоа доста успешна сезона имавме никој не се надеваше да се бориме за титулата до крајот.Жал ми е што ќе го кажам ова аама реално не заслужуваме да бидеме шампиони, ме боли ама така е!
FORZA MILAN SIEPRE CON TE
И да бидеме реални, греота е да зборуваме негативно околу шампионските аспирации на Рома. Ако ништо повеќе да имавме барем половина од гладот за успех што го имаат тие фудбалери на теренот... ќе бевме на врвот! Се’ е презаситено во нашиот тим освен Лео, Абате, ТС и Антонини. И тоа не дека ги бранам претходно споменатите туку поради тоа што првпат имаат шанса да бидат дел од тимот па затоа се гладни за успех...
Post a Comment