Translate

Sunday, 9 May 2010

На местото на злосторот...

Сепак натпреварот Џенова - Милан повторно по којзнае кој пат ќе се игра зад затворени врати. За тие што не знаат, ова е директна последица по еден трагичен настан во 1995 година кога пред „Мараси“ стадионот во Џенова беше избоден до смрт Vincenzo Spagnolo, навивач на Џенова од страна на т.н навивач на Милан. За жал виновникот никогаш не е откриен. Поради овој немил настан секоја година натпреварот Џенова - Милан е натпревар од висок ризик. До последен момент се сметаше дека годинава сепак ќе се игра натпреварот пред публика и пред околу 400 навивачи од Милано кои со карта во раце го чекаа овој викенд но во последен момент сепак натпреварот ќе се игра без публика.
Во однос на самиот натпревар двете највредни алки во тимот (покрај Дињо) се враќаат во тимот иако се чини ќе бидат само на клупата. Неста и Пато недостасуваа до болка, со нив можеби се’ ќе беше поинаку. Ќе недостасува Амброзини а триото во нападот најверојатно ќе биде Дињо - Бориело - Хунтелар. Лео секој следен ден е се’ подалеку од Милано. Има повеќе шпекулации за нов тренер отколку за нови фудбалери. Некои одат до таму што тврдат дека Лео уште денес ќе ја напушти клупата на Милан доколку и математички се обезбеди третото место и директниот пласман во ЛШ. Гали + Тасоти, Алегри, Ван Бастен... рингишпил од имиња за клупата на Милано. Ајде и математички да го обезбедиме тоа трето место и после да видиме со што ќе не „израдуваат“ B&G.
Тогаш беа некои други времиња, тогаш имаше глад за успех...

Forza Milan!!!

9 comments:

Ultra red and black said...

Хех првпат ја гледам сликава :)))
За овој не ни може,но за последниот натпревар со Јуве очекувам големи банери со имињата на Лео,Силвио,Галијани...
И ајде да речеме дека јас би го избрал подоброто од двете(или трите) зла односно Ван Бастен.
Очекувам победа денес,иако мислам дека Ф1 трката ќе биде далеку поинтересна за гледање одколку мечевите во Серија А :)))
FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Околу моите размислувања околу нов тренер ќе го копирам мојот коментар од претходниот пост, да не се повторувам:

Минатото лето кога покрај Лео постоеше опција и за Ван Бастен јас бев за Лео. Сега доколку Лео мора да си оди би бил задоволен со Ван Бастен од причина што тој досега покажа дека практикува да игра со млади фудбалери а Милан се насочува токму кон градење на таков тим. Значи би требало да се совпадне со патеката и правецот кон кој се движи тимот во иднина. Од друга страна евентуално доаѓање на Ван Бастен според мене би требало да значи и релативно богат трансфер пазар бидејки Ван Бастен не е тип на човек кој би дошол во тимот доколку нема гаранции за градење на солиден тим во најмала рака. Тоа што е миленик на Силвио е само карта плус во овозможување на пристоен трансфер пазар. Инаку неговата досегашна кариера навистина е далеку од импресивна но тоа не мора ништо да значи. Значи како резиме, доколку дојде Ван Бастен за мене тоа би значело поживо трансфер лето, отстранување на некои фудбалери од постарата генерација од тимот (или во најмала рака од првите 11) и можеби некој екстра подарок од Берлускони за својот миленик. Значи се’ на се’ јас сум за.
Е сега тоа што мислам дека најверојатно Филипо Гали ќе биде новиот тренер на Милан тоа е друга приказна.

ReBorned said...

MILAN: Dida; Abate, Thiago Silva, Favalli, Antonini; Flamini, Pirlo, Gattuso; Pato, Borriello, Ronaldinho.

ReBorned said...

Besides the usual questions about a game that Leonardo himself called it "surreal", a sportswriter Rai, Enrico Varriale, closed the connection thanking the Milan coach for all these months of mutual respect and good interviews. Varriale said he was hopeful that the coach does not leave wishing Rossoneri still have a long future on the bench for AC Milan.
-----------------------------------
Present studies of Premium Football, Arrigo Sacchi has expressed a desire to see Leonardo again next year on the bench for AC Milan. "Leo, I hope you can stay again next year in Italy and AC Milan because if you were to go away, lose all an extraordinary person," so the magician of Fusignano while Leo was in connection from Genoa.

Vase_AC Milan said...

Се прашувам дали некогаш ќе се вратат тие времиња...
Ван Бастен во аут, не бил спремен за да биде тренер на Милан.Ја би за Алегри

Nidzo25 said...

Момци дај ангажирајте се најдете го тој Мохикан.. Не иде више вака.. Очајно делуваме

Ај да ги искинеме јуве за крај и чао

ReBorned said...

Малите гризат ли гризат!
Ја победија Катанија на реваншот 3-1 (првиот натпревар го изгубија 1-0 во гости). Верди постигна гол веднаш гостите изедначија и со тоа имаа супер резултат но малите покажаа карактер во второто полувреме и покрај тоа што Верди заработи сериозна повреда :( Сченети и Гаета од пенал за 3-1 и четвртфинале во борбата за скудетото. Младите на комшиите и Јуве во аут ;)

Vase_AC Milan said...

FORZA PRIMAVERA

kiko_pato said...

Чао Леонардо! иако сакав да остане... благодарност до него за се шо направи...

идемо даље!