Translate

Saturday, 15 May 2010

End of the line

Истоимениот наслов на последната мисија на играта на сликата се поистоветува со крајот на сезоната.
Видовме се сезонава, од неверојатни пресврти, газењеа на противници, голови во последните минути, театарска претстава на сред Бернабе...но и видовме и срам на Олд Трафорд, и безброј слични срамови со далеку поанонимни клубови и стадиони.
Сума сумарум на сезоната е дека беше добра,прашувајќи го Галијани беше одлична!3то место освоено,1/8 финале во Лига на Шампиони-доста е нели?
Да се разбереме, не сум толку разочаран од резултатите, игрите, повредите, па ајде и вољата за победа но она од што сум најмногу разочаран е фактот што работите не идат на арно а никој не се обидува да стори нешто во врска со тоа.
Срамота е за 7 (СЕДУМ) кратен еврпоски првак да си постави цел во сезоната да заврши на 3то место!Срамота е тренерот кој со едвај некакви ресурси,раштиман и застарен тим да успее да направи се што направи да биде избркан(а и да не е избркан што мислите од убавини не останал?)
Како вечен песимист, предвидувам исто сценарио и следната сезона, можеби со малку среќа ако успееме да направиме некој паметен пазар како со Пато или Т.Силва и уште подобро промовираме некој од младичиве во првиот тим(уште едно браво за нив!)
Натпреварот со Јуве ќе се игра за престиж, иако знаеме дека за фудбалските состојби во Италија тоа би значело формалност, и некое здодевно 1-1 реми.
Бараме залаганост!Бараме напредок!

Збогум Лео, се надевам дека ќе се вратиш за 2-3 години со поголемо искуство и да го вратиш овој тим на победничките патеки!


Еден е Милан!!!





FORZA GRANDE MILAN !!!

5 comments:

Vase_AC Milan said...

Со среќа вечерва да го испратиме Лео на достоинствен начин со исправени глави како што заслужува.Па од утре па натаму ќе се мисли што да се прави.Не дека неможе да се најде достојна замена но не требаше вака да му се направи на човекот кој се жртвуваше за екипата - за да биде тренер.Но уште тоа лице го немавме видено од нашиот газда па еве ни го прикажа.Толку многу имиња, толку многу играчи се поврзувани со нас но сега за сега тоа е неважно.
Иднината е матна како вардар и играчите се скоро 70% за у пензија.Што и да правиме џабе ни е.Само молење ни преостанува нас фановите да се случи некое чудо летово и секако да продолжиме жестоко да ги бодриме нашите момци.
Новите дресови мн ме бендисуваат и дали некој знае дали ќе ги промовираат вечерва?

FORZA IL GRANDE MILAN

Ultra red and black said...

Васе не сум прочитал офијално соопштение за дресовите така да незнам, камо среќа да се овие конечно ќе добиеме асален дрес.
FORZA MILAN !!!

Navigator said...

не верувам дека вечер ќе има некаква промоција..знам дека сите од клубот, а посебно навивачите како одвај да чекаат да заврши и оваа сушна сезона..малку е тажно кога знаеме дека е крај..ќе ни фалат утакмиците секој викенд, ама барем Светското првенство е тука да не се оладиме..ајде вечер нека изиграат дечките квалитетно, па после ќе коментираме што мислиме и што сакаме да се случува летово со екипата..сепак ова е едно големо дерби без оглед на апсолутната резултатска незначајност..убаво е да се победи Juve, а уште поубаво ќе биди да се простиме од Leo (а се надевам и од некои од играчите) со победа!
Затоа, уште еднаш, за последен пат сезонава...

FORZA MILAN, SIAMO TUTTI CON TE!!!

Navigator said...

MILAN-JUVENTUS - LE FORMAZIONI UFFICIALI

MILAN: Dida; Zambrotta, Thiago Silva, Favalli, Antonini; Gattuso, Pirlo, Seedorf; Pato, Borriello, Ronaldinho.

JUVENTUS: Buffon; Zebina, Cannavaro, Chiellini, Grosso; Salihamidzic, Poulsen, Marchisio; Candreva; Iaquinta, Del Piero.

Nidzo25 said...

GRAZIE LEOOO

Голем човек!! Се најдобро!
Емоционален крај на сезоната и морам да признаам дека и мене ми доаѓаа солзи на очите:)

Иначе дресовите за следната сезона се ТОП.
Браво за навивачите!!
ДОЛЕ БиГ