
1-0!Сосема доволна победа која можеше да биде изразена и со поголема разлика,но на моменти изгледаше и Фиорентина ќе биде таа што ќе слави.Уште во петтата минута се виде дека Виола не е наивна и се закани преку Јоветич кој падна во шеснаесетникот,но по асистенцијата на својот помошник,Росети ја повлече првичната одлука да досуди пенал.Само 2 минути потоа,по добрата комбинација помеѓу Бекам и Јанкуловски,Пато се најде во одлична позиција која максимално ја искористи и со силен и прецизен удар во долниот лев агол од голот на Сторари постигна гол.
Од тогаш па се до крајот на натпреварот Фиорентина имаше поголем дел од играта и шансите,но со изненадувачки одличната одбрана и сигурниот Абиати,Милан се погрижи резултат да остане непроменет.
Абиати 7.5 Одличен натпревар се на се со кој се повеќе ме убедува мене а верувам и вас дека е вистинскиот човек за Милан,и дека ако продолжи вака нема да има потреба од купување на голман во наредните 4-5 години :)
Замброта 7.5 Газда!Заедно со натпреварот кога даде гол против Лацио,оваа му беше најдобра партија.Едноставно го имаше секаде а особено беше забележителен во одбраната каде што ако добро се сеќавам не беше прејден освен негде при крајот кога Јоветич се ослободи со него,но тоа беше на противничката половина и не претставуваше проблем за нашата одбрана :)
Малдини 7.5 Со едно око ја гледав утакмицата во целост,а со другото го следев секој потег на Малдини и што да кажам освен КРАЛ!не помина ништо покрај него цел натпревар,(скоро)сите воздушни дуели ги доби и на неколку наврати покажа и атракција,која само ја отсликува неговата уметност во бранењето :)
Фавали 7.0 Тивок но добар натпревар од него.Смирен како и секогаш и со неколку добри интервенции и беше една од главните причини зошто од Џилардињо видовме само бунење и какање :)
Јанкуловски 7.0 Ќе беше и 7.5 ама поради црвениот картон поради кој ќе паузира против Болоња доби само 7мица.Инаку константно одличен и напред и назад а забележително во нападот каде што упати неколку опасни центаршутеви.
Бекам 7.0 Бексссссссссссс :) добар е добар...неколку опасни центашутеви и еден многу опасен удар кој беше скротен од Сторари.Штета што немаше шанса да тртне некој гол од слободен :)
Пирло 7.0 Си беше Пирло :)
Амброзини 7.0 Константно добар и борбен во текот на целиот натпревар.
Сидорф 6.0 Најниска оценка од сите.Едноставно нели не беше ова негов натпревар(пак).Подобро ќе беше Шева или Пипо да почнат со Пато.Мислам дека последниве 2 натрпевара треба да го натераат Анчелоти да го седне Сидорф на клупа(ако остане Кака се разбира :(
КАКА 10. Бидејќи ова му беше можеби последен натпревар ја добива оценкава.Нема да коментирам за неговиот учинок во овој натпревар.
Пато 8.5 МеН оФ Д мЕч!3 утакмици по ред вауууууу!!!Патката распалува пак!на последните 5 натпревари постигна дури 7 гола!!!скор кој зборува сам за себе!Од Јувентус па се до Виола денес Пато посигнува голови.Ако вака продолжи во поскоро од очекуваното ќе се оствари предвидувањето на Кака дека Пато ќе ја освои златната топка еден ден :)
Замени: Фламини 7.0 Роналдињо / Сендерос 7.0 -Ме импресионираше за само кратко време поминато на теренот,браво! :)
Co oваа победа се доближивме на 6 бода од мерда и само 2 од Јуве кој утре против нашиот Горчо ќе се обиде да остане во чекор со горенаведените душмани :)
и за крај..... Кака и да остане,и да си замине ќе биде секогаш во нашите срца.Јас,(а верувам и голем дел од вас)плачев и бев во нок даун гледајќи неколку клипови со Кака...јас мислам дека нема да биде паметно да си оди но сепак,начинот на кој се поздравуваше со соиграчите по завршетокот на натпреварот говори нешто друго....како и да е остануваме
ЦРВЕНО-ЦРНИ!!!
FORZA KAKA!!! FORZA MILAN!!!