Translate

Sunday 16 March 2014

Совршен хаос!

Веројатно ова е единствената ситуација кога може еден хаос во клубот да се гледа од позитивен аспект и да се очекува да донесе нешто подобро. Ситуацијата во црвено-црната половина на Milano врие како никогаш во последните неколку децении! Пукна тиквата дури и кај секогаш верните Curva Sud кои за првпат после долго време во пишано комунике решија отворено да ги нападнат речиси 3/4 од фудбалерите и CEO G himself!


Curva Sud на чело со Il Barone е бесна на најголемиот дел од фудбалерите кои не знаат што значат боите на овој клуб но знаат како да дојдат до најдоброто сепаре во дискотеките низ Milano, не знаат што значи овој дрес но знаат да постираат трагикомични selfie фотографии низ социјалните мрежи, фудбалери кои не ја знаат тежината на овој колектив но знаат да ги заобиколуваат половина од вежбите на тренинзите! Curva Sud е бесна и на G особено што тој од нив направи „минорна група која не е вклучена во трансфер активностите на клубот“ кога тие бараа квалитетен дефанзивец и midfielder наместо Matri летово а G во Јануари ги голтна сопствените зборови па го отстрани Matri а донесе дефанзивец и midfielder. Curva Sud е бесна на G и поради тоа што Milan се претвори во клуб кој го прибира сето она што другите клубови не го сакаат и се претвори во финансиска институција на Genoa! Нека гори во Milanello, нека гори на San Siro, нека гори во соблекувалните и во канцелариите на новата Casa Milan!

Да додадам и збор - два од сопствен аспект. Дадов безусловна поддршка на Clarence Seedorf и реков дека неговата работа ќе ја оценувам дури кога ќе може самиот да си создаде тим (т.е следната сезона). Останувам на тоа мислење МЕЃУТОА разочаран сум од недостигот на елоквентност и пред се криењето на лошите резултати исклучиво зад Allegri. Доста непрофесионално и прилично несериозно е после секој лош резултат како главен виновник за тоа да се споменува претходниот тренер кој веќе 2 месеци не е во клубот! Clarence, доста! И навистина физичката неподготвеност, несериозниот пристап на натпреварите и изгубената самодоверба да се должат на Allegri, еден сериозен тренер кој веќе 2 месеци е во клубот, не смее да дозволи да се крие зад името на поранешниот тренер. Друга работа е тоа што дел од тие проблеми веќе би можеле да почнат да се поправаат бидејќи новиот тренер е веќе пристоен период на чело на клубот! Clarence, доста!

Форсирањето на Bonera во стартните 11 е друга болка. Чувствувам дека Seedorf во некои ситуации повеќе се води според личните и приватните врски со одредени фудбалери отколку според реалните квалитети. Ова особено се однесува на Bonera и Kaka (да, Kaka)!

Сè уште не знам кој ќе биде составот денес меѓутоа се шпекулира со De Jong и Essien во средината а Poli, Montolivo (на AMC) и Kaka пред нив. Со што Essien заслужи нов старт после натпреварот против Atletico? Беше најлош во ужасниот тим а и очигледно не е доволно фит за да одигра цел меч а не па да одигра 2 меча во серија. Друга работа, како Seedorf ќе игра со тројца „централни“ офанзивци во формација која бара 2 крила? И на крајот на краиштата, би го седнал Balotelli а би го пуштил Pazzo од старт. Така барем знам дека во тимот ќе имам фудбалер кој дава 100 % на тренинзите и кој ќе направи се што е во своја моќ да помогне на тимот, на овој или на оној начин. Не, не сакам веќе плачко на CF и не сакам веќе фудбалер кој повеќе размислува на глумење пенали и расправање со судиите и противниците отколку на тоа како да постигне гол. Balotelli, се сеќаваш кога последен пат постигна гол?

Како што споменав погоре, ова не значи дека се откажувам од Seedorf, јас пак ќе почекам до следната сезона меѓутоа не можам слепо да давам константна поддршка и да поминам преку некои работи!

За G веќе подолго време констатиравме дека е сенилен и дека е потребна негова смена. Тој досега и ќе беше сменет меѓутоа беше спасен од неговиот колега по сенилност. Доколку старата гарда го напушти клубот не знам дали ќе биде подобро но прилично сум сигурен дека нема да биде полошо од ова. На овој клуб му треба ново раководство кое како за промена наместо да размислува кои фудбалери би можел да ги добие на approach to sign и free loan ќе размислува како најпаметно да го потроши својот годишен буџет (па нека е и мал буџет)! На овој клуб му треба раководство кое сериозно ќе се нафати на изградба на нов стадион! И на крајот на краиштата, на овој клуб му треба НОВО раководство, какво и да било тоа!

Тоа го сакаат и најголем дел од овие фанови кои во моментов протестираат пред San Siro.



Околу натпреварот со Parma, нема да должам многу. Формациите веројатно ќе бидат овие а резултатот е прилично излишен. Не верувам дека дури ни петарда во мрежата на гостите би сменило нешто во моменталните чувства на фановите на клубот на San Siro и низ светот.


FORZA MILAN!!!

5 comments:

Navigator said...

Одличен текст, браво Ри. Многу добро си ги опфатил случувањата пред мечот што се во тек. Можам да речам - конечно! Доволно беше слепа поддршка, време е за реакција. Ова веќе не се трпи. Нека е заминат возот, нека е пропадната сезоната, но мора да добиеме впечаток дека клубот има план, дека Seedorf има визија. Јасно е дека играчите ќе имаат страшен притисок, но ова мора да е нов почеток. Единствено не се сложувам дека убава победа денес нема да донесе расположение. Сигурен сум дека ќе донесе, иако не значи дека ќе биде било каква компензација за последните неуспеси. Seedorf ја има харизмата, го има позитивниот став, тимот го има потребниот квалитет за да докаже до Мај дека полошо од ова едноставно не може. Мора да тргне на арно, уште од денес, преку едно лето со многу промени, до нова и успешна сезона!

FORZA GRANDE MILAN!

Navigator said...

Можете да замислите колку глупаво се осеќам сега кога гледам што сум напишал пред утакмицата...

Unknown said...

Колку е опадната атмосферата и тука...

ReBorned said...

Не знам за Вас, јас го посетувам блогот повеќе пати на дневна основа, само немам што ново да додадам од она што го напишав во последниот пост.

Anonymous said...

Незнам што има да си кажеме (барем овде) да се видиме у живо многу поубав муабет ќе си сврземе :)