Translate

Thursday 14 March 2013

Milano siamo noi!


Главата горе момци, се обидовме, како што кажа Макс сантиметри до целта бевме но тоа е тоа, спортски поздрав и повеќе среќа следниот пат. Не е важно сега дали Меси бил малце во офсајд, или Пике играл со рака, бидејќи Барселона ни даде 4 причини зошто моментално се едно ниво пред нас. Реално гледано не очекувавме ваков исход, но пред почетокот на онаа фантастична серија која започна во новата година апетитите ни беа задоволени, затоа што двомеч со најдобриот тим во светот во моментот можеби не беше најидеална опција за нас.
Се враќаме викендов онаму каде што застанавме, а тоа е борба за второто место (ни рипна стандардот) на табелата и освојување максимум бодови до крајот на сезоната.

10 натпревари до крајот:

Палермо (дома)
Киево (гости)
Фиорентина (гости)
Наполи (дома)
Јувентус (гости)
Катаниа (дома)
Торино (дома)
Пескара (гости)
Рома (дома)
Сиена (гости)

Малце е нереално да извадиме 10 од 10 но мое лично верување дека со 6 победи,2-3 нерешени и 1 максимум 2 порази второто место ќе биде наше. Палермо, Киево, Катаниа, Торино, Пескара, Сиена на хартија би требало да бидат 4-5 победи и некој нерешен исход, ама 5 од овие 6 екипи се во опасната зона што значи дека нема така лесно да ги дадат тие бодови.
Мое видување е дека победа против Наполи и Рома како и да се остане непоразен на Артемио Франки ќе биде клуч за остварување на нашата цел покрај освојување на колку што можеме бодови против гореспоменатите противници.
До крајот на месецот ни останува натпреварот в недела потоа следи интернационална пауза поради квалификациски дуели па за крај на месецот гостување кај Летечките Магариња.
Нема за што да жалиме момци одиме напред!



FORZA MILAN PER SEMPRE !!!

11 comments:

Anonymous said...

Седнав да пишувам коментар и кога тргнав да го постирам сватив дека е доста долг, а ми текна и дека имам постирано подолги коментари отколку постови, така да момци ве охрабрувам во иднина кога сакате да искажете некое мислење поткрепено со факти зошто да ни биде тоа едно постче?
Да бидам искрен, јас се мачам при пишување на секој пост пред се бидејќи работам на машина стара 8 години со спецификации на микробранова, во главно седам на интернет од телефон.
Како и да е, забележав дека во последно време другите се зафатени и затоа превземав една мини иницијатива со пишување.
Значи апел до Коле и Владе да бидат поактивни во пишување постови, и до сите останатите да коментираат, затоа што верувајте еден коментар макар било и еден линк или една реченица доста значи и ми е криво кога ќе видам пост со 150+ pageviews а со 10 коментари од кои 2 се од мене :)
Наредната недела во план е да се собереме на исто место со Navigator i Reborned и сите кои на било каков начин придонесувате кон овој блог макар и тоа да е читање одвреме навреме дојдете, ви гарантирам добра дружба и росонерски муабети на највисоко ниво.
Датум, време и место ќе бидат накнадно кажани

ReBorned said...

Целосно те разбирам и тотално сфаќам што сакаш да кажеш.

Околу Palermo и специфичниот период во кој се наоѓаме, напишав нешто во коментарот од претходниот пост. Натпреварот против Palermo ќе биде тежок од психолошки аспект. Евентуална победа против Palermo ќе нè врати на стандардниот mindset и веќе нема да се навраќаме на мечот кој помина. Ќе повторам, лани ваков клучен меч во клучен период беше натпреварот против Fiorentina. Тогаш не поминавме добро и таа лоша серија ја влечевме со нас до крајот на сезоната. Сезонава верувам дека ќе биде подобро. Од една страна Palermo не е Fiorentina а од друга страна некако тимот сезонава ми делува многу посплотен, поприврзан и повеќе спортски агресивен. Лани сè се вртеше околу Zlatan и ако тој не е расположен и се дере наоколу, трпи целиот тим. Сезонава е нешто друго, сезонава сите се како еден, не отскокнува буквално ниту еден фудбалер во тимот (дури ниту Balotelli). Јас би започнал повторно со Niang во првите 11 за да му се даде рака кога му е најтешко! Се вадам од контакт кога најголем дел од „фановите“ и спортските аналитичари тој пораз му го препишаа нему, на неговата младост и неискусност. Доколку Niang при излегувањето очи во очи со Valdes, ја треснеше топката во трибините, се сплеткаше со неа или Valdes му ја фатеше жива, тогаш можеби ќе го препишев тоа на неговата неискусност и можеби ќе зборувавме дека вината е целосно негова. Момчето шутираше ОДЛИЧНО, момчето шутираше без страв и ја одбра најлогичната варијанта, шут во аголот кој Valdes не го покри. Момчето погоди статива, таму решаваа сантиметри и стативата не е показател за тоа дали некој се уплашил, не знаел што да прави со топката и што уште не! Момчето има психолошка бариера (јас дури би ја нарекол и малер), погодува веќе неколку пречки и диреци во дресот на Milan а не може да постигне гол. Тоа не е показател за лош finishing. Да Ве потсетам, показател за лош finishing беа трагикомичните промашувања на Robinho, кога од еден метар успеваше да го префрли голот.
Баш поради тие причини, јас би започнал повторно со Niang во првите 11, да му се даде рака и да му се пружи доверба кога тоа му е најтешко. Верувам дека тоа ќе влијае многу добро на неговата личност и дека ќе врати со гол.
E Andiamo Niang!!!

Navigator said...

Убава ти е иницијативата Драган и држи муабетот, сосема е на место. Јас сум во еден период кај што полагам испити и имам малку отповеќе работа на работа, така да ќе издржите без мој пост уште викендов. Навистина можеме да се активираме малку повеќе од ова. Собирот мислам дека позитивно ќе ги размрда работите :)

Околу Barca и ефектот врз првенството... цела среќа што после ваков нокдаун имаме следат три перфектни недели. Прво, ни доаѓа на гости некој што е уште позбунет. Palermo е во катастрофална ситуација. Играта им е конфузна, резултатите ужасни, а Zamparini како да сака што порано да се осигура дека догодина ќе гледа второлигашки фудбал. Второ, паузата доаѓа како нарачана, само да нема повреди за тие што ќе играат квалификации. Трето, Chievo е одличен противник за продолжување на низата и загревање за следните три меча, кои според мене, ќе го решат нашиот ефект во првенството. Кога го гледам распоредот, јас како оптимист (за разлика од Драган), не гледам каде би можеле да изгубиме бодови, освен во Торино и Фиренца. Домашните натпревари под дифолт ги рачунам за добиени, иако тука е директната борба за второто место со Napoli. Гостувањата кај екипи како Chievo, Pescara и Siena, екипа што атакува на второ место, едноставно мора да ги добие. За Niang немам еден лош збор и веројатно сите тука се сложуваме со тоа, само би бил малку претпазлив во врска со неговиот старт во Недела. Тоа најдобро го знае Max, а видовме како постапи уште на мечот во Вторникот. Сепак се работи за дете од 18 години, а премногу ги има оние што не го познаваат доволно фудбалот и си дозволуваат сешто да коментираат. Тоа, сакале ние или не, прави притисок. Дека клубот верува во него не мора да се покаже уште на следниот натпревар. Не дека не би го играл против Palermo, само би бил претпазлив. Искрено не знам каква е ситуацијата со Pazzo и Balo, ќе видиме дали ќе ги има меѓу повиканите и тогаш Max ќе има слатка мака :) Ама ајде еднаш да почекаме да го видиме списокот, па да коментираме.

Navigator said...

А и ова со долгиве коментари не ни оди во прилог. Колку подоллги, толку малку коментари :)

Anonymous said...

Кажете ми дефинитивно само, и двајцата ќе одите на Македонија-Белгија?

Navigator said...

Јас не планирам, барем засега. Двајцата ќе одиме на Металург, ама посебно. Муабетот беше да се видиме додека е тука Жарко. Петок или Сабота...

ReBorned said...

Мене веќе ми се купени и картите за Македонија и за Металург

Navigator said...

Allegri ќе напаѓа со Boa, Balo и SES/Binho, а од мечот во ЛШ, ќе менува еден од стоперите и еден играч во средината. Веројатно Zaccardo на местото на Mexes и Noce/Muntari на местото на Ambro. Иако јас би го сменил и Flamini. Гостите ќе го немаат ниту Miccoli, уште тоа им фалеше...

ReBorned said...

Убави моменти

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=cpeciv_VzhE

Navigator said...

Се ми се чини дека утрешниот меч е баш ваков материјал. Ќе има утре моменти што ќе можат да се надоврзат на видеово, веруавјте.

Navigator said...

Сепак се очекуваат повеќе од две измени во стартниот состав, како што најави Max на пресот вчера. Нападот е јасен Boa-Balo-SES, но во средината се очекува Traore и Muntari да застанат десно и лево од Monti. Назад исто, две промени: Mattia на лев бек и евергринот Bonera во друштво на Zapata на стопер.