Завршивме со Coppa, завршивме со CL, останува борба за CL во следната сезона. За да ни биде финишот поинтересен и за да имаме нова цел кон која се стремиме, се обидуваме и да стигнеме до второто место, место кое директно води во ЛШ следната сезона. Денес на гости ни доаѓа тимот со најрасштрафаната клупа сезонава и во последните 20тина години. Сите имаме фетиш, фетиш има и Zamparini. Сопственикот на Palermo по своето доаѓање на чело на клубот има сменето 26 тренери, неколку од нив на повеќе пати. Успеа да го направи Palermo од еден респектабилен клуб со солидна база и резултати до клуб кој ита кон Serie B. Но толку за фетишот на Zamparini.
DAIIII RAGAZZI!!! E ANDIAMO!!!
Вакви натпревари против грогиран противник веднаш после ЛШ меч знаат да бидат многу опасни! Затоа мораме максимално да се посветиме на денешниот меч и на дуелот кој следи. Allegri изјави дека ќе има 2 измени во средниот ред и една во последната линија. Во офанзива ќе започнат Boateng, Balotelli и еден од El Shaarawy или Robinho. Во средината е можно да добие старт Traore а сигурен за настап е Montolivo кој ќе игра како regista и ќе го покрие местото на Ambrosini. Во дефанзива е можно да добие настап по подолго време, нашиот Golden Boy.
Одиме на победа, одиме на убедлива победа! Што побрзо кршење на отпорот, толку полесен и поубав меч за гледање.
Кога сме кај убавите работи за гледање, ГЛЕДАЈТЕ ГО ОВА!
Forza Milan!!!
48 comments:
Ран гол, тоа ни требаше, тоа го добивме.
За некој нема многу да значи но за нас победа денес ќе значи ГОЛЕМИ 3 бода.
Имаме пауза од една недела па после може да се мисли на гостувањето во Киево на крајот од месецот.
Па после во Април ни следи најтешкиот распоред.
Околу натпреварот денес, би сакал до 60тата минута да се реши прашањето околу победникот, па од клупа да добијат шанса и некои помалку запоставени фудбалери а можно е и некое деби.
Лесен меч иако Abbiati на 2 ситуации беше на ниво па дозволи мечот да тече лесно до крајот. Рутински 3 бода. Balotelli иако има и техника и сила, во Milan повеќе игра како Pippo. Го нема никаде цел меч и дава лесен tap in.
Giovanissimi Nazionali ги преслушаа Printer во мини дербито со 3-0. Стрелци се Cutrone x 2 и Modic.
Рутински како што сакавме.
Бало со 7 гола на 6 натпревари, сличен скор како оној на Шева кога дојде во Милан.
Иначе јас дефинитивно ја пропуштам Македонија-Белгија поради празникот младенци кој ќе биде на истиот ден па давајте предлози за датум и време на средбата.
И очекуваме инфо да видиме зошто СЕС така се залета накај соблекувалната.
https://twitter.com/Altaqui/status/313326822744023040/photo/1
Баш колку што ни требаше. Беше лесно, може да заклучиме. Противникот безвезен, печен за Serie B. Мене ми се допадна играта на бековите: Mattia неверојатно цврст и снажен за изгледот што го има и пред се паметен. Без излетувања, секогаш знае колку и каде може да влезе. И Abate многу активен денес, иако не премногу продуктивен. Од средниот ред не сум многу задоволен. Го исклучувам тука Montolivo, ама и тој и другите двајца имам впечаток дека мора да создаваат повеќе шанси за напаѓачите. Свесен сум за формацијата и што таа носи, а и кој игра во средината кај нас, ама сепак, ова решето од екипа што го има Palermo мораше повеќе да биде измалтретирано од нашите везњаци. Само да бидеме начисто, мислам на играта во офанзива на нашиот среден ред, а не на дефанзивата која на моменти изгледаше перфектно - висок пресинг и координирани движења на сите што се позади топката. Од нападот, стандардно издание на Boa (мораше подобро да на искористи неверојатната асистенција на Balo), некако бледа партија на SES и одлична на Balo, во смисла не ефект, не толку во смисла на перформанс. Ова со Stephan не е ништо страшно, ама мора да признаеме дека кога некој ќе те научи да игра како во транс цела полусезона, ти очекуваш уште од истото. Сето ова што се случува со доаѓањето на Balo, кризата со головите негови и на крајот на краиштата подобрувањето на играта на цела екипа, не смее да влијае лошо на малиот. Сега треба да ја искористи растеретеноста врз себе и концентрацијата на туѓите дефанзивци на Mario. Имаме одличен потенцијал на двете крила и со вакви крупни шпицеви, тие можат само да користат. Не само SES и Niang, туку и Binho и Bojan.
Одиме напред, да не беше Гочето денес, ќе бевме уште сега втори. Ама кај и да е...
Zapata МОРАМЕ да го откупиме целосно, тој е нашиот најдобар дефанзивец во тимот а во ваква конкуренција, ќе биде штета да го испуштиме. Не за друго, веќе игра тука и гледаме дека се снаоѓа. Секогаш е ризик да се потпреш на некое ново лице кој не знаеш како ќе се снајде во тимот. Ова со Стефан искрено не го видов (не знам каде сум гледал тогаш) а прочитав потоа низ интервјуа, Алегри рече дека нема проблем со Ел Шарави но подобро ќе беше ако мечот го догледа на клупата отколку да оди директно во соблекувална. Ако може да ми објасните што е финтата со Nini и Amelia? Кој го бранеше SES92 а кој напна? Што всушност се случи?
Кога сме кај Mattia, интересен податок: Од повиканите на Prandeli за дуелите со Бразил и Малта дури 4 дефанзивци од репрезентацијата се израснати во младинските погони на Milan: De Sciglio, Abate, Astori и Antonelli!
Бонус:
Tiziano не може да издржи :)
http://www.facebook.com/MilanFansMkd/posts/493243427401703
Амелиа сакаше да оди кон соблекувалната за да го праша/кара СЕС зошто не седнал на клупата а Нини го држеше со намера да спречи евентуална фрка. Ама на крај попушти Антонини и Амелиа отиде во соблекувалната. Е после што се случило не знам.
Amelia на неколку пати настапува како авторитет, дури и од клупата. Го имам забележано тоа на повеќе пати. Ми се допаѓа!
Antonini: "Petagna could have a great career. He has a good physique, and he reminds me a bit of Borriello in that sense."
Па муабетот за тоа што дискутиравме:
Antonini: "El Shaarawy was annoyed when he left the pitch yesterday vs. Palermo, and I don't know why."
Antonini: "El Shaarawy decided to go directly into the dressing room instead of sitting on the bench, and that's not the right thing to do."
Antonini: "Amelia went after El Shaarawy, but I stopped him and told him that it was better just to let El Shaarawy leave but we cleared the whole thing up afterwards."
---------------------------------
Во останатиот дел од интервјуто, Nini вели дека Zlatan никогаш не направил проблеми во соблекувалната на Milan, дека тој сака да се бори за место во екипата но дека му годи да се обиде некаде надвор, дека Dinho бил најдобриот фудбалер со кој играл и дека Dinho пред некое време го сменил телефонскиот број па се немале слушнато извесен период (може и затоа го сменил :) ).
Antonini: "Russia? Yes, it's true that there was something going on back in January."
Го читав интервјуто кај @Milanelo, него шала на страна со Роналдињо на левата страна Антонини изгледаше како Ѕамброта во најдобри денови, а Бориело како Ван Бастен :)
И богами во право е, според физикус,фризура,тен, и посилна нога доста потсеќаат.
Се надевам дека Петања ќе испадне подобар фудбалер и подобар човек пред се :)
http://www.football-italia.net/32076/dede-leave-vasco-da-gama
А вака едно прашање до вас го гледал ли некој Деде воопшто?
Јас го имам гледано 2-3 пати во бразилската репрезентација. Крупен, робусен, цврст, ме потсеќа на Алекс од ПСЖ. Тоа ми падна во очи, друго не можам да ти кажам :)
Во секој случај повеќе ветува од Јепес и Бони така?
Инаку интересна работа што мене лично многу ме изненади е игнорирањето на Бонера и Нини од страна на Макс.
Јес да е оправдано (што мене ме радува) ама не очекував така лесно да се откаже од нив.
Секоја му чест за некои негови одлуки, посебно ако одлучи да исклучи некој од првиот тим исклучен е.
Така да реално е да се очекува Абијати,Бонера,Јепес,Антонини,Фламини,Амброзини,Урби,Робињо,Бојан да добијат клоца бидејќи на 5мина од нив им истекува договорот, а на едниот му завршува позајмицата.
Вака или така, Max успеа да го направи веројатно најдлабокиот рез во историјата на Milan. Рез исполнет со многу суети, ега и авторитети. После таков рез со такви специфични лица, ова сезонава е мачкина кашлица за него.
Сепак, во ваква ситуација најважно е дали тренерот ја има поддршката од клубот за ваквите потези. Во Milan, таа поддршка е уште понеопходна отколку во било кој друг клуб на светот.
И не, оваа констатација нема никаква допирна точка со моето појавување на Екстра Ексклузив денес и во Капитал, пред 2 месеци. #трололо
Леле како си се рекламирашшшшшшш
Сега никој од Вас нема да оди на Филип II и во Борис Трајковски?
Одличен почеток на интервју со MilanNext, тип кој ги следи сите млади категории на Milan и има одлични податоци, секогаш од лице место. Интервјуто е на италијански (користете Google Translate) и ова е само прв дел. Ќе следи нов:
http://www.rossonerosemper.com/milan/21806/il-nostro-futuro-prima-parte/
за неколку минути Нианг live на youtube. Да видиме што има да каже :)
Во врска со резот во клубот и одлуките на Max, апсолутно се сложувам со двајцата дека потегот е храбар, ама и неопходен истовремено. Кога веќе беше познато заминувањето на сите тие легенди на клубот, ова беше неизбежен процес. Една работа е сигурна тука: довербата на управата во Allegri како човек што може да ја направи оваа трансформација. Затоа беше цела таа летаргичност и навидум незаинтересираност во на управата во првиот дел од сезоната, кога натпреварите беа од лош, полош. Сега е веќе многу појасно што се случуваше тогаш, кој се беше свесен за текот на процесот и како е можно еден Berlusconi да не избрка тренер што нуди така лоши резултати. Лично, ме изненади стрпливоста и решителноста на главното трио во клубот. Се сеќаваме и порано, секој мал неуспех Berlo го решаваше со купување на супер-ѕвезда или две. Се сомневам дека дури и Curva Sud беа свесни за проектот и за првичните можни несакани ефекти, што реално се случија, па така буквално цело време останаа верни, мирни и со огрмна поддршка за сите во клубот. Едноставно, да не поверуваш дека тоа го прават навивачи. И на крај, она што мене ми остави надобар впечаток и како исход излезе одлично е исклучително краткиот период на прилагодување, привикнување на новите услови и констелации, лошите игри и резултати. Многу брзо, спредувано со други екипи што правеле вакви резови, клубот доби лик, душа и почна да гради стил. Работите се средија буквално за една полусезона. Јас би менувал уште една ваква, иста, само ако знам дека ова што се случи со Nesta, Rino, Pirlo, Seedorf, Ibra, TS, Zambro, Pippo лани ќе се случи и со Ambro, Abbiati, Nini, Flamini, Bonera, Yepes, Binho, а за возрат ќе добиеме нови момци од типот на SES, Niang, Balo, Mattia, Salamon, па и Bojan, Montolivo и Constant.
А за МКД-БЕЛ, дефинитивно не сум за. Дефинитивно имам карта за Металург. Ама јас предлагам едно дружење во Сабота претпладне. Мислам дека на сите најмногу ќе ни одговара. Плус изборен молк е, Владе ќе нема работа во штабот :D
И уште за екстра ексклузив не разбрав што е муабетот...
Јас веројатно ќе бидам во Скопје уште околу 12:30 во Петок а пријателот кај кој треба да одам е некаде до 16:30 - 17:00 на работа. Ако некој е слободен во петок околу пладне може и тогаш да одиме на едно кафе. Ако не, Сабота.
Околу екстра ексклузив, давале некој мој твит на екстра ексклузив, Ultras ми кажа, јас не гледав тогаш.
Лелеее ја скроз забораив зошто владе го нема сеа ми текна :)
Инаку за Металург не си купив карта на време, а за МКД-Белгија неможам да ја гледам од 20:00 сум на прослава.
Би требало да сум тогаш слободен, уште битолскиов да потврди а другиве слабо активни не читаат ама се праат ко да не не читаат :D
Читаме, како не читаме.
Ама чим не реагираме, значи не располагаме баш со времево најдобро... Јас утре полагам од 1, а во сабота вечер терам родендени..
Освен ова време, секогаш сум за собир.
Јас сум на работа до 5 во петок. А и гледам по ова што го кажувате дека сите сте слободни во сабота околу пладне. Мислам дека е најдобро. Околу 12-13h
Епа гледам натаму иде муабетот.
Сабота попладне момци? До сите важи ова и до Владимир и до Аце и Коле и сите.
А ова со Сантон коа го прочитав незнаете каков ќеф ми се направи.
Со Де Шиљо и Сантон по страните обезбедени сме за наредните 10ина години по бочните позиции.
Се разбира да не ги заборавиме и Констант и Абате мада медиумите го поврзуваат заминувањето на Абате (во Русија) со доаѓањето на Давиде.
Нека биде сабота попладне.
Сабота попладне е малку матен термин оти Металург игра од 18:00 а јас (мислам рече и Иван) ќе одам на Металург.
Па добро веќе 18:00 е поручек/приквечер, можеме на пример било кога измеѓу 12:00 и 14:00?
Што се однесува до мене, договорено. Ајде не ме задржувајте, одам за Скопје :)
Ок, може. САБОТА ВО 13.00, НА РЕКОРД, ОД СТРАНАТА НА МЕКИЦИТЕ :))
Јас не ги знам каде се мекиците, само читам како сите сечете вени на нив :)
Ама затоа знам каде е Злате и само што ќе стигнам (веќе сум на Петровец) ќе се стационирам. Ми се јаде, ми се плаче.
Ќе ти каже другар ти кај што ќе спиеш, на улица Македонија, не можеш да промашиш и да сакаш
Се задркавам бре, мекиците не ги знам ама Рекорд го знам :)
значи дефинитивно утре 13ч ?
јас жаре ке го познаам, другите ке се снајдеме :)
дајте бе стрим, гледа некој?
Неее http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=rMevfbiO77s
Држ хајлајтс.
Договорено е значи. Ивче ако имаш број или пиши му на фб на Владе ако може да ни се придружи утре :D
Му пишав на Владе, ако има некој број од Фичо нека го извести, знам беше заинтересиран и тој
Јас правев муабет со Фичо, многу сака да дојде ама утре е до 16:00 на работа.
Ние сме спроти мекиците, на ѕидот.
Vidic? Го применуваме ли рецептот со Stam?
Kade procitavte toa?nesto konkretno ima ili?
Не, нема конкретно, ама на повеќе места прочитав дека интерес за Vidic, затоа искоментирав да не знае некој нешто повеќе.
Интересна карикатура за Видиќ, ја споделив на ФБ.
Јас лично не верувам во тоа, Видиќ со себе носи фудбалер во години и голема плата, два аспекти кои не се вклопуваат во новиот правец на клубот.
Еве веќе денес Кориере вели дека Милан ќе му понуди нов договор на Мексес со намалување на платата и ако не прифати ќе оди на трансфер листа. Кориере вели дека Милан е насочен кон две имиња за дефанзива, Деде и Мангала. Повторно се реактивираат и шпекулации за Наинголан а вчера и денес повторно се разжестија муабетите за Заза и дуелот меѓу Милан и Јувентус. Наводно фамилијата и самиот фудбалер биле фанови на Милан но веројатно Милан не притиска толку многу како Јуве поради тоа што ние имаме други позиции за крпење а нападот ни е подеднакво млад и квалитетен (до додајте го тука и Сапонара и Петања кој догодина ќе биде прекомандуван).
Во средината нема воопшто да ме зачуди ако догодина ова време (значи следната сезона после Јануари), Кристанте да игра барем од клупата.
pisete post nema da mozam ni da pisam nit pa da ja gledam utakmicata.
Hugo Naturals markets various different dramas, bathtub salt,
physique scrub uniforms, area stress so it will distribute easily of the skin.
wrinkle eye cream Common
attractiveness makeup don't have the nutrition dropping skin color needs but anti--ageing items being rich delivered to skin. [url=http://www.sociableworld.com/viewupdate.php?id=15041]http://wrinklecream247.com[/url] Deirdre Haggerty, ALL Privileges Set-aside. Stay Seeking Youthful organic creation of collagen and elastin within your body, and thus decreasing outlines, loose, creases and brown spots. Continuous get worried types brow collections and constant pursing significance if you have rosacea. http://www.twitterchirp.com/viewupdate.php?id=7240 Thisprocess raised the chain reaction of poisons, so which many women are trying to find today.
Also visit my web site; wrinkle cream
Blend a single refreshing the apple company, increase a single tsp of every single for the
dissolved natural skin oils and enable awesome within an air-tight pot.
I had not been truly thinking about buying anything at all ever
since i was will not melt away in any way! Individuals are who using bodily hormone made up of products
will anti aging skin care cream to treat dropping and creased neck pores and
skin? [url=http://dsjnqn.com/Shownews.asp?id=39013]anti aging skin care[/url] Anti-aging supplements possibly that various and they focus on the main probably successful when there
obtaining vitamins, vitamins as that some are completely natural.
What's Organic Skin Care Product or service? There Are http://www.sysn.cn/Shownews.asp?id=36597 further damage, but exactlty what can you do concerning the destruction which is recently been completed?
Post a Comment