Translate

Friday, 8 March 2013

Genoa vs Milan


Иако сите со мислите сме на Ноу Камп на тимот му предстои едно не така лесно гостување кај нашите деловни соработници и нашиот добар пријател Прециози благодарение на кои Милан преку неколку зделки осетно го засили тимот. Макс изјави дека ќе го изнесе најсилниот можен состав не размислувајќи на дуелот на годината за нас во вторник. Балотели повторно тренира но нема да биде стартер, а и покрај изјавата на нашиот тренер се очекува и некој од Амбро,Пацини,Запата и Абате да биде одмаран за дуелот со Барса.



Во противничкиот табор пак, очите ќе бидат вперени кон Бартолачи за кого Галијани е сериозно загреан, но и кон Марко Ван Бориело кој ги "почитува" поранешните клубови Рома и Јуве но не и тимот кој го направи тоа што е тој во моментов.
Три бода ќе бидат одлична увертира за натпреварот што ни предстои, а и воедно одржување на третата позиција втора недела по ред што би значело многу со оглед на распоредот кој го имаат нашите ривали. Бод пак за Џенованите би било рамно на победа и ништо чудно и да одиграат на таа карта, затоа мора да се започне натпреварот агресивно, да се контролира топката во поголемиот дел од мечот, да се игра концетрирано во одбраната и резултатот ќе си дојде сам по себе.

Петок 20:45, Телма Џенова - Милан


FORZA MILAN !!!

14 comments:

Navigator said...

Не смееме вечерва да бидеме со мислите на Camp Nou, тоа не смее да се дозволи. Ова е исто толку важен натпревар. Сега кога стигнавме до 3тото место, не смееме да го прокоцкаме. Сигурно е тешко и ќе биде со доаѓањето на крајот на сезоната, ама буквално секој меч ќе има огромно значење и ќе пресудува за европската судбина догодина. Уште повеќе што ова вечерва е гостување, а ситуацијата во Genoa не розова ни оддалеку. Имаат 5 бода од зоната за испаѓање што дава малку од малку комоција. Сепак, 17то место е разочарување за Preziosi и сигурно ќе сака максимум од оваа и не така слаба екипа на Genoa. Искрено се надевам дека не очекуваат многу од дуелот вечер, затоа што може да биде гадно, знаеме од порано. Ние размислуваме само на победа, нормално, со било кој состав, против било која екипа. Ако можевме да поминиме скоро перфектно низ пеколот што помина, можеме исто така и сега.

FORZA GRANDE MILAN!!!

ReBorned said...

Niang ќе стартува на местото на Boateng. Мислам дека тоа е добар потег со оглед на тоа дека неколку натпревари во серија малиот беше на клупа, очекувам сега да ја врати гладта за успех и зошто да не, да го видиме деби голот на Niang во дресот на Milan. Многупати досега е многу блиску до него, се чини повеќе лоша среќа отколку недостиг на завршница го делат од тој погодок.
Жал ми е што Balotelli не е 100 % подготвен за старт, Pazzini се наоѓа во одличен период и воопшто не се сомневам во неговиот придонес но добро ќе беше да може да стартува Balotelli а Pazzini да биде 100 % подготвен за мечот во Вторник.
Многу, премногу врне во Џенова, речиси цел ден. Сепак, натпреварот не е под опасност да биде одложен поради тоа што Marassi има одлична дренажа и теренот е во добра состојба. Сепак, добра никогаш нема да биде идеална состојба и особено ќе биде непредвидливо доколку продолжи да врне и во текот на мечот.

CurvaSud_Milan said...

Симнувам капа и ги повлекувам сите коментари во врска со Пацини! Во меѓувреме не стана подобар играч(иако е факт дека е во солидна форма), но ме фасцинираше со желбата и пожртвуваноста што ја демонстрираше, а тоа го нема секој!

FORZA PAZZO!

ReBorned said...

Ги добивме трите бода што ги сакавме. Имавме и среќа со некои ситуации што Да Мато не ги виде но се на се, одигравме толку колку што ни беше потребно за победа, без непотребно форсирање и губење снага. Се надевам дека повредите на Pazzini и Mexes не се сериозни и дека ќе играат од самиот старт во вторник. Станува збор за двајца фудбалери кои се сигурен дел од првите 11. Abbiati одличен (најдобар) а Constant не смееше да си дозволи толку голем излив на бес, тоа во некои други натпревари може скапо да ја чини неговата екипа!
Повеќе од очигледен е фактот дека Balotelli по своето второ доаѓање во Италија има посебен третман кај противничките фудбалери. Не знам дали толку се плашат од него и мислат дека е незадржлив без такви фаули или играат на картата краток фитиљ па сметаат дека ќе го испровоцираат со тие фаули но факт е, јаде (пре) многу ќотек!

Уште сега да најавам, за Вторник пост пишува Ultras Milano!!

Forza Milan!!!

Navigator said...

Ми се чини дека и кој и да е на местото на Balo ќе попушти во 90 минути. Тоа што го доживува и трпи на секој меч откако е во Milan, едноставно е претерано. Но за чудо, Mario одлично се држи и одолева. Јас мислам дека тоа е некоја комбинација на двете причини што ги спомна Ри: ем не можат чисто да го чуваат, ем сакаат одвреме-навреме да го испровоцираат.
Глупоста на Constant не смее да му се повтори. Ова му е првпат и веројатно веќе му е простено, ама реакцијата вознемирува. Не може професионален спортист 5 минути цела екипа да го смирува, а тој да одбива. Мора да се знае граница, такви фаули ќе добие и добивал. Среќа што исклучувањето е по втор жолт, затоа што судиите знаеле ова да го оквалификуваат и како директен црвен.
За Pazzo секоја чест. Ја прифати конкуренцијата на одличен начин, прифати да се бори за место и минута повеќе. Можете да замислите колку направил кога некој размислува кого да одбере, него или еден Balotelli. Денес погодија двајцата што е прекрасна ситуација за клубот. Ваљда нема да останеме без напаѓач против Barca. Кичо - MOTM!

И најважното... моментално сме на 2 бода од местото што води директно во ЛШ. Па дали е ова можно? :)

ReBorned said...

Околу Mexes, еве пресно:

Mexes is feeling fine and will be ready for the match against FC Barcelona, according to Milan Channel.

Имал мал незгоден удар и повеќе бил изваден превентивно.

За Pazzini сè уште нема ништо.

Мислам дека не би било никаков проблем да се искомбинираат на некој меч заедно Pazzini и Balotelli. Mario може да игра на AMR и би било интересно да се види ваква комбинација. И така немаме константен квалитетен фудбалер на таа позиција. Сепак, добро е кога еден од нив двајца е на клупа затоа што се целосно различен тип на напаѓачи и може да се предизвикат многу проблеми на противничките дефанзивци кога еден од нив влегува од клупа.

Navigator said...

Ај сега на раат: Што беше тоа со доаѓањето во Скопје Ри?

ReBorned said...

Здравје боже доаѓам на 22ри Март, одам вечерта на Македонија - Белгија, утредента на 23ти Март одам на Металург - Динамо Минск реванш и си одам дома на 24ти Март.

ReBorned said...

Паднаа тешки зборови пред мечот:

Costacurta: "De Sciglio has an amazing ability fo find space when going forward and his crossing is really good."

Costacurta: "De Sciglio still needs to improve defensively but he's a phenomenon in the offensive phase."

Costacurta: "I played with Maldini, and when he was 17-18 he wasn't as good with his left foot as De Sciglio is now."

Tassotti: "De Sciglio has good technical qualities, but above all his personality grew during the season".

Navigator said...

Јас одам само на Металург, ама имаме цели два дена да организираме нешто. Ок, супер, има време до тогаш, ќе се договориме.

ReBorned said...

http://www.facebook.com/photo.php?fbid=471203379599945&set=a.396383597081924.94030.394696360583981&type=1

Anonymous said...

Како тргнале нашиве ривали, второто место не ни бега.
Ни останаа 2(3) натпревари пред оној бурен априлски распоред и ако ги добиеме и двата ќе имаме шанса дури и да се издигнеме на 2рото место или да го зацврстиме третото.
Вечер Х на Лацио-Фиорентина и кикс на Интер и колово пак ќе биде мед.
Утре ќе има пост за Барса-Милан.

Navigator said...

Napoli во последните 5 натпревари има 4 ремиа и еден пораз. Додека Lazio беше пред нас на табелата во последните 5 натпревари имаа 4 порази и едно реми. Кога Printer беше пред нас во последните 5 натпревари имаа 2 порази, 2 ремиа и една победа. Кога со Roma водевме борба за петтото место, почнаа да губат бодови против Napoli, Cagliari, Bologna и Catania.

Екипите што се пред нас, како да не повикуваат што побрзо да ги преминиме. Како плавото знаменце во Ф1 :) Ова е нешто што ретко се пружа, мора да се искористи. Одиме до второ место!

Anonymous said...

Postot e gotov vecer ke go objavam ne sum doma.