Можеби во сенка на вечерашното дерби помеѓу прво и второ пласираниот тим, во сабота вечер силите ќе ги одмерат и трето и четврто пласираниот тим на табелата!!
Ова коло може многу да не издигне, но и многу да не спушти затоа мора да се победи за конечно сезонава да бидеме осамени на тоа толку посакувано трето место.
На последниот прес Макс повторно ги отвори картите и разјасни многу дилеми околу составот.
Имено Бало добил некој удар против Интер и не тренира цела недела така што нема да да биде во составот. Констант сеуште се опоравува и мали се шансите да започне утре. Ел Шарави не е 100% и доколку тој не е во состојба да почне Бињо ќе го завземе неговото место. Според нашиот тренер Нианг има падови и успони во играта и затоа е и моментално на клупата. Во одбранатата ќе има мала дилема околу тоа дали Јепес ќе го завземе местото до својот репрезентативен колега или за првпат сезонава ќе дебитира Закардо. Според мене нема дилеми и поискусниот ќе почне од старт. Мексес е суспендиран и според сите работи што ги кажа Алегри вака би требало да изгледа нашиот тим утре:
Абијати
Абате-Запата-Јепес-Де Шиљо
Ночерино/Фламини-Монтоливо-Мунтари
Боатенг-Пацини-ЕЛ92/Робињо
Мене лично Лацио ми се едно од најантипатичните тимови во лигата, и наша должност е да им вратиме за тесниот пораз на стартот на сезоната. Во продолжение и календарот за овој месец за да знаеме горе-доле каков распоред ни предстои.
FORZA MILAN !!!
16 comments:
El Shaarawy не тренира неколку дена поради грип. Вчера изјави дека лежи во кревет и се чувствува малку подобро. Грипот и треските се чувствителна работа кога станува збор за тимски спорт. Можеби е подобро за целиот тим тој да остане надвор од строј за да не дојде до проширување на вирусот. Јас лично, верувам дека ќе настапи. Кога сме кај Constant односно кај неговата замена, поради тоа што комшиите ни извадоа реми сите заборавивме какво прво полувреме одигра De Sciglio против Inter. За прв пат сезонава одигра толку добро на позиција лев бек. Едноставно му го истури мозокот на противничкиот десен бек, на неколку пати дури го поминуваше со директен дриблинг еден на еден и сите акции (центаршутеви) во првиот дел доаѓаа од таа наша лева страна. Поради тоа Stramaccioni беше принуден во вториот дел да го премести Zanetti на десен бек за да го затвори De Sciglio. Се надевам на ново слично издание на малото.
Знаев дека Mexes е под закана за отсуство и се сетив на тоа уште во моментот кога го доби жолтиот картон претходниот викенд. Олеснителна околност е тоа што не им игра Klose иако Floccari е еден од најпотценетите напаѓачи во Италија. Покрај него, Lazio веројатно ќе настапи и без Mauri и Konko. Двајца стандардни првотимци и едни од носителите на играта на Lazio! Мораме да одиме на трите бода и да добиеме на предност, бодовно и психички! Inter беше очаен и против нас, само одличниот ден на Handanovic и среќата ги спаси од катастрофа. Не верувам дека толку драстично ќе го сменат стилот на игра и дека ќе победат на едно од најжешките гостувања во Calcio кај веројатно најпријатното изненадување сезонава, Catania. Со евентуална победа против Lazio, полека но сигурно ќе излеземе од овој тежок период со одлична позиција на табелата!
Dai Ragazzi!!!
Милан-Лацио
Џенова-Милан
Милан-Палермо
Киево-Милан
Повторно мини распоред кој ќе биде прекинат од Барселона во најважниот натпревар сезонава за нас.
На хартија 12 бода се и тоа како возможни, но ние повторни мислам дека ќе бидеме задоволни со 10 бода пред се бидејќи распоред на нашите ривали е таков што ни дава комотност да се надеваме дека по овие 4 кола ќе се наоѓаме на тоа трето место со 3 или повеќе бода предност од тимот зад нас.
Знам дека се е ова некоја теорија, и дека формата во која се наоѓаме не ни гарантира ништо, но ако ја иземеме пресметката со Барса тогаш месец март може многу добро да ни дојде на нас како тим.
Официјално во аут се Balotelli, Bojan, Constant и Antonini кои денес воопшто не тренираа со тимот и не се на списокот со повикани фудбалери. El Shaarawy се наоѓа меѓу повиканите.
И вечерва сме за бабата, нели?
И мене Лацио ми се едни од поантипатичните тимови во лигата. Играат исклучиво физички фудбал со малку шанси, кои за беља редовно ги користат ама буквално цела сезона.
За тоа не може да им се замери бидејки вродува со плод, мегутоа итекако може да им се одбие од глава по неколку дебакли во серија, налик оној од Сиена.
Мислам дека нема да има проблеми Јепес да го замени Мексес, бидејки првиот лесно се справува со напагачи кои не менуваат правец побрзо од него :)
Хернанес ако е солидно покриен, Лацио не игра ништо. Тоа е познато и со тоа ке се справиме.
Доколку не игра ни ЕлШа, тоа е потенцијален проблем на нападот, прво затоа што останатите ретко играат заедно од почетокот, второ затоа што сум убеден дека можеме и мораме да го добиеме мечот со контри и полуконтри, а не со организирани напади.
Искрено очекувам тесна победа и Алегри уште еднаш да покаже дека третото место е наменето за тим со реноме за натпревари во вто/сре навечер.
Инаку, Чави е вон строј 10 до 15 дена, што итекако не е безначајно.
За тоа, потоа.
DIAVOLO VINCI PER NOI
Luciano Moggi: "Milan youth project is very interesting. Now they'd need two good central defenders and another midfielder with good feet"
Моџи поише знае од Галијани какви играчи ни требаат :)
"Мислам дека нема да има проблеми Јепес да го замени Мексес, бидејки првиот лесно се справува со напагачи кои не менуваат правец побрзо од него :) "
Лајк за мислењево имаш од мене Коле :)
Иначе Барса пак изгуби.кхм
Tutti Pazzo per Pazzini!
Неможев да ја гледам утакмицата ми се поклопи терминот а резултатот го дознав без да сакам, да го симнувам натпреварот или?
Одигравме без грешка!
Grazie Mister Allegri!
http://www.sportski.mk/statija/14554
А интер ги гледам моментално очај се!
Касано ја спукал пак. И официјално во сите клубови во кои бил до сега се скарал со некој.
Повторно излеговме како поуспешни во еден дил со комшиите, во моментов Пацини >>> Касано.
Интересно - Каков е учинокот на Pazzo во првиот, а каков во вториот дел од сезоната:
2008-2009
1' parte della stagione (da Agosto a Dicembre): Fiorentina, 1 gol Pazzini
2' parte della stagione (da Gennaio a Maggio), Sampdoria, 11 gol Pazzini
2009-2010
1' parte: Sampdoria, 7 gol Pazzini
2' parte: Sampdoria, 12 gol Pazzini
2010-2011
1' parte: Sampdoria, 6 gol Pazzini
2' parte: Inter, 11 gol Pazzini
2012-2013:
1' parte: Milan, 7 gol in 17 partite
2' parte: Milan, 5 gol in 4 partite - Media gol nettamente più alta
Закажувам доаѓање за Скопје за одличен дубл:
22.03 - Македонија - Белгија
23.03 - Металург - Динамо реванш!
Ми треба само едно ќебе и сува клупа.
Кандидати за пишување пост?
Post a Comment