Подготвени сте за спектаклот кој ќе следи утревечер? Подготвени сте за епската пресметка меѓу двата клуба кој го одбележаа светскиот и европскиот фудбал во последните 2 декади? Подготвени сте да играте против најдобриот тим на светот на нивниот храм пред 90.000 Каталонски грла?
Фудбалска класика во 1/8 финалето на Лигата на Шампионите, само еден од овие два елитни клуба ќе продолжи во следната рунда. Рано испаѓање на секогаш фаворизираната Барса ќе биде своевиден шок за европската јавност - шок кој тие ќе дадат се од себе да не се случи. Но за нас, вистинските Росонери продолжување на традицијата на играње на фантастични партии во европски рамки не ни е непознат поим.
Многу веѓи беа подигнати после натпреварот на Сан Сиро кога Барселона беше тотално отсечена, и најголемите критичари му аплаудираа на Милан кој под диригентска палка на Мистер Алегри успеа да направи нешто што многу екипи само го посакуваат.
Немаше многу еуфорија од страна на нашиот тренер по тој натпревар, пред се бидејќи знаеше дека тимот доби една важна битка, но војната сеуште не е завршена. Второто полувреме од овој двомеч ќе даде многу одговори за нашиот тим и ќе го трасира патот по кој оди оваа сезона. Евентуална елиминација е епилог кој не би сакале да го видиме, пред се поради тоа што ќе ни останат само 10 натпревари и премалку фудбал на највисоко ниво до крајот на сезоната.
Продолжување на европската приказна пак ќе значи многу интересна завршница на сезоната, многу поголем финансиски прилив и она што најмногу нас не засега - добар фудбал.
Нашиот херој викендов Пацини ќе отсуствува поради едно невнимание на Портанова, кој иако го оневозможи Пацо да го продолжи натпреварот неможеше да го спречи да даде еден одличен гол, куцајќи. Други поголеми рокади нема во составот и погодување на стартните 11 нека продолжи низ коментарите.
D-Day, најважниот меч за нас годинава. Барселона го има целосниот респект од нас исто како што и тие не почитуваат нас после првиот дуел меѓу овие две екипи. Но тоа незначи дека се плашиме, бидејќие НИЕ сме Милан и Милан не се плаши од никого!!!
"Нашите бои се црвена - како оганот бидејќи ние сме тим на ѓаволи, и црна како стравот кој го предизвикуваме кај нашите противници." - Х. Килпин, 1899
DAI DAI DAI MILAN !!!
17 comments:
Скоро секогаш кога доаѓаат вакви натпревари ги гледам оние класици во ЛШ на youtube. Против Manchester, Liverpool, Ajax, Inter, Juve, PSV, Celtic... И си замислувам како овој двомеч (повеќе првиот меч) може да биде инспирација за некои други дечки што сега или допрва ќе се заљубуваат во Milan. Иако многу работи се изменети и се повеќе се гледаат и ценат низ некоја друга призма. Без да звучам многу драматично, морам да кажам дека веќе три недели постојано си се прашувам: колку ли е само голем овој клуб? Од една ситуација на тотална анемичност и блага депресија, да се искачиш толку многу, да ги промениш пристапот и игрите, за на крај комплетно да го шокираш светот со преубава победа над најсилниот. Знам дека дури и да се случи нешто лошо вечерва, онаа победа од пред три недели не може ништо да ја избрише. Сепак, колку би било убаво да успееш кога веројатно и најголемиот број од сопствените фанови не ти даваат никаква шанса. Одвај чекам, како сите вие, да видам дали Milan ќе успее да докаже дека тоа што е случајно, може да се случи само еднаш, не и на реванш.
P.S. Не е некакво мерило за љубов, предвидување или пак некој чалам, само си кажувам дека пред првиот меч уплатив 100че на Milan за победник во ЛШ. Ве интересира коефицинетот? 90!
FORZA GRANDE MILAN!!!
За Pazzo ми е многу криво, заради две работи. Прво, неговата улога и придонес во една ваква поставеност и вакв важен натпревар е немерлива. Уште повеќе кога тој ти е единствен шпиц во екипата (не го сметам Niang за шпиц, никогаш не добил вистинска шанса таму). Задржувањето на топката, стабилноста, изнудувањето на фаули, предизивикувањето на нервоза кај противничките стопери и Busquets, опасноста од прекини... моментално никој не може овозможи тоа од расположливити. Второ, промената на формацијата што донесе резултат, во една друга, која беше користено кога уште тимот ја бараше идеалната поставеност на играчите. Формација од едно лошо време, без успеси. Таа лажна 9ка е едно од најголемите промашувања на Max, така да се надевам дека доколку напред ги имаме SES, Boa и Niang, тоа повеќе ќе изгледа како 4-3-1-2, отколку како 4-3-3 со false 9.
Уште една решавачка работа може да биде Mexes и стварно се надевам дека тука ќе имаме малку среќа и позитивни вести довечер.
Ептен сум во фрка и не можам да пишувам ама Ве читам и подготвен сум! И тоа како!!
Sportal нè испочитува на ФБ
http://www.facebook.com/sportalmk/posts/226812767462735
Веројатно сите 'неутралци' се на наша страна и тоа носи огромен притисок. Но и мислам дека може да ја допишеме историјата...
Инаку, Арена Спорт пренесува така? Месецов е гага како што знам?!
Да
OFFICIAL line-up vs. Barça (4-3-3): Abbiati; Abate-Zapata-Mexes-Constant; Flamini-Ambrosini-Montolivo; Niang-Boateng-El Shaarawy.
МУНТАРИ ?????
Премногу, премногу офанзивно.
Алегри, подобро да си во право.
Колку што му фалеше на Niang за да погоди, толку му фалеше на Mexes на двапати да го блокира шутот на Messi. Премалку среќа за едно полувреме, нели? И да, другата страна е дека и Milan премалку пружи. Раниот гол си го направи своето, казната за промашувањето не врати на нула. Како сакаш врти, нашиот еден гол значи два, нивниот само еден. 45 минути за да одлучиме, не бива во вакви ситуации или не.
FORZA GRANDE MILAN
Остај тоа што Нианг ке го памти, ама и ние со него... Во иднина ке се види од што материјал е...
Играме до крај
Ambrosini и Constant ужасни! Constant колку што беше брилијантен сезонава толку беше очаен и потпросечен вечерва! Апсолутно сите акции беа преку неговата страна, тој исплива во празно за решавачкиот гол на Villa. Ambrosini константно губеше топка на средината (процент на успешност на додавањата му беше 60 %).
Глава горе за Niang, така се калат децата! Ќе биде подобро!
Пружаме рака и тоа е тоа.
Ги чекаме следната година...
Монтоливо објаснува како се однесувал Нианг во соблекувалната:
"Niang è entrato negli spogliatoi con la testa bassa alla fine del primo tempo, non parlava con nessuno, gli ho chiesto che aveva e lui ha detto solo "SCUSATE"
FORZA MILAN, FORZA NIANG
После ла коруња,истанбул 2005 и ова вчера ќе влезе во утакмиците од кои најверојатно до крај на животот нема да гледам highlights.
Пробаа дечките,добро е да имаш почит за ривалот ама шампион станува само тој што е дрзок и таму кај што никој не се осмелува. Многу ми е жал за Мбаје,се надевам дека ќе го искалеми ова во нешто незапирливо во иднина,ги докрши сите пречки и диреци кај стигна детето.
Ни треба брза психолошка рехабилитација како викаат не е срамота да паднеш,срамота е да не станеш,така да не чека трагикомичнито Палермо сезонава и мора да се смогнат сили и ако треба и најмизерни само 3 бода нека бидат,зашто иако е таква ситуацијта со сицилијанците ,поради младоста и кревкоста на новоизградениот тим мислам дека може да имаме големи проблеми во недела.
FORZA MILAN SEMPRE E COMUNQUE !
Само потсетувам, премногу пресно: лани по елиминацијата од Барселона, игравме веднаш следниот викенд со Фиорентина (како сега со Палермо). Од тој меч тргна колата надолу. Не алудирам на ништо, премногу верувам во овој тим сезонава и во оваа сплотеност и позитивна атмосфера. Само предупредувам, да нема спуштање на гардот.
Post a Comment