Translate

Saturday, 30 March 2013

Освојување на Bentegodi!


Помина еден од најтешките периоди за секој фан на фудбалски клуб, репрезентативната пауза. Веднаш по неа, одиме на јуриш на Bentegodi. Таму нè очекуваат неколку познати фаци, пред се Paloschi и Acerbi. Palo изјави дека му недостига постигнувањето на голови и дека доколку постигне гол против Milan, ќе слави. Ова многу повеќе го ценам од идиотскиот пристап на типот со симптоматични фризури. Acerbi е Acerbi, за недоволниот квалитет кој го поседува за играње во еден голем клуб како Milan, го обвини клубот. Тоа значи дека денес можеме да очекуваме наострена бемка.


Во ростерот на светиот тим, ситуацијата е матна. Не можеме да сметаме на De Jong, Boateng и Pazzini во прв план, фудбалерот кој се наоѓаше во одлична форма пред идиотскиот старт на Portanova. Останатите, повеќе или помалку сите се во строј и спремни за игра. Allegri размислува само за 2-3 позиции на теренот но тимот отприлика би можел да изгледа вака:


Една од дилемите е токму изненадувачкиот старт на Binho. Другата варијанта е таму да започне Niang. За одбележување е дека вечерва за прв пат Salamon ќе биде директно вметнат во ростерот (ќе го започне мечот на клупата за резерви). Во дефанзива е можно Bonera да добие натпревар по долго време а на левата бековска позиција ќе настапи момчето кое со својата смиреност, скромност и зрелост ги гали срцата на сите италијанци во последно време, особено на фановите на италијанската репрезентација.


Продолжуваме онаму каде што застанавме пред паузата! Одиме на нова победа и нова пресија кон второто место! 

Dai Ragazzi!!!

24 comments:

ReBorned said...

Јас сум денес на свадба па нема да го гледам мечот и нема да имам тука коментари. Планирам по доаѓање од свадба да го симнам цел меч и да го гледам вечерва.

Anonymous said...

Исто само што ја сум на утакмица а не а свадба :)
Ајде, ваљда ќе има некој на http://www.fullmatches.net/ да ја стави вечер, пошто гледам Ман Ју само што заврши а веќе го ставиле првото полувреме.
Целосна контрола на топката е првиот чекор кон победа вечер.
Бидејќи ако лесно ја контролираме средината тогаш и полесно ќе создаваме шанси, но од друга страна пак пак ако Киево малку се под отвори тоа ќе ни даде шанса да притиснеме малце повеќе кон нивниот гол.
Составот е и повеќе од доволен за да се слави, така да ќе нема изговори за евентуален неуспех.
Фиорентина и Интер губат пред крајот на полувремето, и ако остане вака а ние победиме ќе бидеме на +6 од виолетовите и +10 од интер да повторам ПЛУС ДЕСЕТ од тимот што ни бегаше со 7-8 ако не и повеќе бодови во еден дел од шампионатот.

Navigator said...

Пак конкурентите ни помагаат :) И Fio и Inter изгубија, ние се надеваме на кикс и на Napoli. Очигледно дека само јас ќе гледам во живо, така што ќе избегнам да се правам муабет сам со себе. Ќе пишам на полувреме и на крај на мечот, кој го интересира мое мислење.

FORZA MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

Момци во исто време и ми е мило што договоривте конечно средба и ми е криво што не успеав да стигнам! Иван ми пиша смс за договорот, веројатно и ви кажал, му пишав сабајлето дека ќе имам работа дента и прашање е дали ќе стигнам... што е тука е, искрено се надевам во брзо време ќе се организираме пак за уште една средба.

Околу постовите, муабетот од пред недела-две, морам да кажам дека сте потполно во право и ќе гледам колку што можам да се активирам повторно во пишување постови :)

Инаку и јас ќе ја гледам во живо, така да не си осамен, освен ако не сакаат да им коментираме тука за да може на раат да го гледаат натпреварот после тоа, а без да се воздржуваат да го отворат блогот :)

Navigator said...

Многу досадна утакмица, без убавина, на ултра лош терен, со неинвентивен противник. Единствените интересни моменти беа 7те слободни удари на Balo (не е грешка, 7 беа), кои беа идентични, одбиени од голманот од кои за среќа на една од нив налета Montolivo. Освен слободните удари, уште по една сериозна шанса на двете страни. Binho, кој по којзнае колку време одигра многу минути, имаше добар шут од десно, но одбрани Puggioni. Пред нашиот гол, Luciano имаше идеален шут под пречката, ама Abbiati со крајни напори ја исфрли во корнер. Мечот го одбележаа и шесте жолти картони кај Chievo, сите над Balo. Max направи само една измена и тоа доцна, Niang за Binho.
Сега уште Torino да одбработи за нас...

FORZA GRANDE MILAN!!!

ReBorned said...

Дури сега го гледав мечот, без да го знам конечниот резултат.
Ужасен терен и ужасен противник! Chievo секој втор старт го играше на нога! Среќа што после мечот некој не се пожали на повреда.
Околу голот на Montolivo, јас ќе си земам за право да кажам дека и не беше баш така на среќа како што делува. Неколку пати го погледнав шутот и додека Balotelli земаше залет, непосредно пред шутот, во ист момент се уфрлија Binho на левата и Montolivo зад живиот ѕид, на десната статива. Шутот на Balotelli беше силен, низок и на страната на голманот. Таа топка (исто како и сите после тоа) не се фаќаше жива а поради тоа што беше ниска а не висока, не можеше ниту да се префрли преку голот, со парада. Puggioni имаше опција или да ја исфлри странично во корнер или да ја одбие па да заврши во еден од Binho или Montolivo. На крај излезе ова второто. Мене ми делуваше како уиграна варијанта која сепак, нормално треба и малку среќа за да се изведе на терен. Нешто слично се обидувавме и на другите слободни ама Puggioni си ја научи лекцијата.

И на крајот, секоја чест и почит за Dramé во финишот од мечот!

Anonymous said...

Само што го изгледав мечот и морам да признаам поради недостиг на време а и интензитетот на натпреварот го мотав нанапред затоа што немаше многу фудбал.

Одличен месец март за нас.
4 победи од 4 натпревари.

Лацио 3-0
Џенова 2-0
Палермо 2-0
Киево 1-0

по подолго време имаме 100% скор во Серија А во еден месец максимални 12 бода кои не донесоа на посакуваното трето место и на само 2 бода од второто.

Fiorentina-Milan
Milan-Napoli
Juventus-Milan
Milan-Catania

Најтешкиот распоред и предпоследниот квартал од натпревари.
Преоптимистички е да се очекува 12 бода, а јас како вечен реален/песимист ќе бидам задоволен со 7-8 бода со оглед на противниците.
Но 10 бода би биле ПРЕМИЈА и според мене заверка на местото во ЛШ.

Navigator said...

Екстремно тежок период, факт. Ама има неколку олеснувачки фактори:

1. Поразот на Fio вчера. Одлично за нас е тоа што во пресрет на нашиот меч, тие изгубија непланирани бодови и практично ја изгубија битката за последното ЛШ место. Шест бода разлика со нас, со екипа што има најдобрата форма и не е баш мотивирачки :) Cagliari ни заврши одлична работа, иако Viola е екипата со најдобар домашен скор од сите екипи во лигата. На Franchi загубиле само еднаш во 15 меча и ремизирале само 3 пати.

2. Napoli и Catania се типични домашни екипи. За сицилијанците не сакам ни да разговарам околу исходот. Против Napoli, исто, влегуваме како фаворити, уште повеќе што тие имаат лош скор во последните 4 натпревари на гости - една победа (вчера, многу тешко остварена), две ремиа и еден пораз. Како и да е, ќе биде тоа веројатно мечот што ќе го одлучи вице-шампионот.

3. Дербито против Juve доаѓа во едно исклучително незгоден период за нив. Тие, овој месец имаат уште погаден распоред. Ем двомечот со Bayern, ем две дербиа во Калчото, против нас и Lazio. Уште повеќе, ако го поминат Bayern, нашиот дуел би дошол баш пред првото полуфинале. Затоа, во вторник, сите за Juve :)

Ете, да не испаднам премногу оптимист и нереален, со оглед на напишаните работи од погоре, јас типувам на 10 од 12 бода во април

Navigator said...

И сега кога веќе се одлепивме на 6 бода од Fiorentina и извесно е дека ние со Napoli ќе се бркаме за второто место, еве една кратка паралела на нашите и нивните последните 8 кола:

31: Fiorentina v MILAN ----- NAPOLI v Genoa
32: MILAN v Napoli ----------- Milan v NAPOLI
33: Juventus v MILAN ------- NAPOLI v Cagliari
34: MILAN v Catania --------- Pescara v NAPOLI
35: MILAN v Torino ----------- NAPOLI v Inter
36: Pescara v MILAN -------- Bologna v NAPOLI
37: MILAN v Roma ------------ NAPOLI v Siena
38: Siena v MILAN ------------ Roma v NAPOLI

ReBorned said...

За одбележување во овој месец покрај максималниот ефект на бодови е и извонредната одбрана. 12 бода без ниту еден примен гол е игра на ниво на шампионска екипа. Продолжуваме да бидеме најдобриот тим во Италија од Јануари наваму. Милан сè уште го нема почувствувано поразот во 2013та година. Штета за екстремно лошиот старт на сезоната, ова е шампионски од и шампионски резултати.

ReBorned said...

Еве на темата која што ја начнавме

http://off.net.mk/offside/fudbal/milan-caree-vo-2013-godina

ReBorned said...

Inzaghi: "Which player I see making it to the first team? Alessandro Mastalli. He's a Maldini type of captain - everybody loves him."

ReBorned said...

Inzaghi: "I asked my players to vote for the team's captain: 24 out of 25 chose Alessandro Mastalli. And Mastalli didn't vote for himself."

Martin said...

Што мисилите за денешниве натписи "Julio Cezar in AC Milan next year" јас лично мислам дека е одлично,има дечкото уште 3-4 години на врно ниво башка ја седам премиер лигата и мислам дека е сеуште оној стариот само не можеме да го приметиме заради идиотине како Самба,Фердинанд(секако помалиот),Босингва итн. Башка да ги изнервираме малку комшиите :D

Navigator said...

Не дека би било нешто ново ако купиме играч што играл во Inter :)
Моето мислење во врска со голманската позиција е во друг правец. Да кажам од старт дека кога се работи за голманска позиција, не се залетувам со деца од по 22-23 години, колку и да изгледаат перспективно. Барем од наше искуство е потврдено дека младите голмански надежи никогаш не добивале вистинска шанса. Milan е една конзервативна средина кога се работи за голмани. Не верувам дека Milan некогаш би можел да направи потегот на Man Utd, на пример, со заменувањето на van der Sar (42) со de Gea (22). Затоа претпазливо ја исклучувам можноста за ангажирање на Mattia Perin како прв голман. Ми се чини дека тоа момче, за жал, ќе заврши во Juve. Некако се поклопуваат неговото надоаѓање и повлекувањето на Gigi. Интересно ќе биде да се види како ќе реагира Genoa за него, бидејќи повеќе од сигурно е дека нема да го остави уште една сезона на позајмица во екипа што ќе игра во Serie B. Дали ќе го повлечи во својот прв тим или ќе го продава, друга опција нема, или барем не би била логична за играч што е прв голман на U21 репрезентацијата.
За мене идеална прилика, сум кажал и порано, беше замената на Amelia со Stekelenburg. Тогаш беше период кога Goicoechea беше прв избор во Roma, а таму е на позајмица, а холанѓанецот не задоволуваше и сериозно размислуваа за прекинување на договорот. Amelia е познат romanista и за нас ќе испаднеше идеално. Вака, без строг фокус на иден голман веќе овој јуни, ми изгледа се поголема веројатноста дека Abbiati би можел да истурка уште една сезона. Управата и покрај цела оваа реконструкција што се случува, воопшто не зборува за голман. И уште една работа што мора да се земе во предвид е губењето на единствените двајца "влијателни старци" во тимот во исто лето. Збогувањето со Ambro и Abbiati во исто време, остава голема дупка во соблекувалната. Некој ќе рече, кога ништо не се случи оваа сезона по напуштањето на многу од авторитетите во клубот, ова нема да значи многу, ама сепак, остануваш со тим без влијателен играч со 30+ години. Овде секако не ги вклучувам Bonera, Nini, Zaccardo...
И уште во однос на Cesar, не сум за од проста причина што во овој нов концепт на Milan не гледам простор за "доцедување" на играчи. Прво, прашање е дали во Cesar има уште неколку години врвен фудбал, а второ, дури и да е така, зошто би долгорочно да не го решиме проблемот. Дури и опцијата со Stekelenburg е далеку поисплатлива со оглед на неговите 30,за разлика од Cesar-овите 33 години.
Да сумирам, не сум за :)

Anonymous said...

Радо би ризикувал со Консиљи отколку со Цезар.
Дури и подобро е да ги имаме Кичо и уште еден голман него жулио.

ReBorned said...

Веројатно сите го сфаќаме прашањето (или дискусијата) на различен начин :)

Муабетот е:

1. Дали сметате дека OUT за Амелија и IN за Цезар го прави Милан подобар?

2. Дали сметате дека OUT за Абијати а IN за Цезар го прави Милан подобар?

3. Дали сметате дека Цезар е добар за прв / втор голман на тимот?

-------------------------------

Веројатно на тие прашања би требало да одговориме, сите сме свесни дека има многу подобри голмани од Цезар во светскиот фудбал но го споредуваме него со нашата моментална ситуација. Амелија на лето е без договор, исто и Кичо.

Anonymous said...

Амелија има договор до 2014.
Значи едно прашање има, а тоа е Цезар во Милан да или не, јас сум категорично НЕ. :)

ReBorned said...

И јас се свестив после тоа, го помешав фактот дека ќе си оди со неговиот договор. За Цезар, не знам. Мислам дека како и да се изјаснам, ќе згрешам. Како што рече Мартин погоре, има уште квалитет во него, сезонава е меѓу најдобрите голмани во Премиер и тоа со одбрана како онаа на QPR.

ReBorned said...

Galliani: "Julio Cesar to Milan? I deny that he will join Milan, even though he's a good goalkeeper."

Navigator said...

Многу важна победа на primavera! Не само затоа што е во дерби, туку и затоа што ова беше директен дуел за второто место што води директно на Final8 турнирот. Момците се во извонредна форма, со 8 победи во последните 9 натпревари. Да не спомнувам дека во тие последни 9 меча, одиграа и против 3те најдобри екипи до тој момент - Atalanta, Inter и Chievo и на сите три меча остварија победа. Сега се втори со бод пред Inter, на 2 меча до крајот, а не очекуваат дуели против деветтиот Udinese дома и против десеттиот Sassuolo на затворањето на сезоната.

GRANDE PRIMAVERA!!!

Navigator said...

Момци, нека превземе некој за пост затоа што немам компјутер со мене, а од мобилен не се пишува...

ReBorned said...

И јас нема да бидам во можност. Утре рано од сабајле имам некои обврски. Еве помош за тој што ќе го пишува постот

The only doubt Allegri has regarding the formation against Fiorentina is De Sciglio or Constant according to reports.

Anonymous said...

Resveretrol can be found in red wine which is the
reason some medical professionals have become expressing a http://wrinklecream247.com greatest under eye lotion?
[url=http://www.seevisual.com/read_blog/102010/choosing-the-very-best-natual-skin-care-merchandise]wrinkle cream[/url] Most of the people have
fun playing the InchbettingIn . video game track of selecting anti aging lotion, and intensely dangerous very toxic chemical compounds or ingredients known to result in beginning problems.

In relation to counter and slow up the means of ageing you
can find constant lookups going on through the afflicted
individuals https://h2u.hartlake.org/groups/blakessciencepage/wiki/2c292/Normal_Natural_Skin_Care__Are_Most_recognized_Anti_Aging_Products_Really_worth_Your_Hard_Earned_Money.

html its usefulness as well.