Со капетанот на чело го започнуваме патот кон најтешкиот дел од сезоната!
Виолетовите ни се должници, според многумина (не и јас) токму поразот на овој ден пред точно една година беше моментот на пресврт во сезоната кога Милан ја загуби титулата во домашното првенство. Фиорентина според мене е единствениот тим кој може да се замеша во трката за третото место кое во моментов ја водиме ние и Наполи. Но со евентуален пораз тие ќе бидат на -9 од третото место и затоа ќе дадат се од себе тоа да не се оствари. На првиот натпревар сезонава Милан беше понижен на домашен терен, но вреди да се спомене дека ова е еден друг тим со други амбиции, друг пристап кон натпреварите и најважно од се: победнички тим.
Рикардо Монтоливо несомнено ќе има свои посебни мотиви против тимот во кој се афирмираше во играчот кој е сега, и сите најави велат дека утре напладне во срцето на Тусканија, во градот на ренесансата нема да биде пријатно пречекан.
Абијати, Абате, Запата, Мексес, Де Шиљо, Фламини, Монтоливо, Мунтари, Боатенг,EL92 и Балотели се без дилема стартери освен ако не искрсне нешто во последен момент.
Последните информации велат дека Јоветиќ ќе биде во составот кај противникот што задачата утре дополнително може да ни ја отежни
За мене лично овој термин од 12:30 е совршен и не се сеќавам кога последен пат игравме во ова време. Нашиот главен конкурент во моментов Наполи, ја пречекува Џенова доцна попладне и не ќе биде лошо да добиеме некој поклон од Прециози и пријателите, а како шлаг на утрешната Италијанска фудбалска класика ќе биде Римското дерби од 20:45.
FORZA MILAN !!!
14 comments:
Римското дерби не е утре туку во Понеделник :)
Почнува жестокиот распоред и убаво е уште на почетокот да дадеме до знаење во каква форма се наоѓаме и која е нашата цел! Толку посакувана победа на гости во Фиренца ќе претставува најдобар можен енергенс пред останатите два екстремно тешки дуели! Верувам и очекувам победа!
Forza Milan!
Извини Ри, постот е пишуван после полноќ и авторот си е во право :)
Прво, ептен ми е мило што терминот на мечот е овој затоа што ептен го сакам, а да беше во било кој друг, немаше да можам да гледам. За мечот, мислам дека овој е еден од оние каде што не помагаат многу ниту најпрецизните статистики, ниту најдобрите анализи. Мечот ќе го решаваат индивидуалци, потези, моменти на инспирација. Во дуел на тимот со најдобра форма и тимот со најдобар домашен скор не може да се очекува друго. Јас верувам во победа, мислам дека можеме преку Viola среде Фиренца, не затоа што навивам, туку затоа што Milan има подобар, тим што може да победи секого, секаде!
DAI RAGAZZI!!!
И најмногу поради Balotelli!
Без никакво претерување, Mario по доаѓањето си воспостави такви стандарди (со статистиката и со играта, воопшто) па човек мора секој натпревар да очекува гол од него!
Не знам дали Таљавенто памти полош натпревар! Иако грешката прво ја барам кај нас, сепак Таљавенто се изгуби во давање, одзимање и компензирање!
Кога веќе компензираше не можеше да компензира на крајот? Па нашите 2 недосудени пенали беа повеќе од нивните два досудени, особено од првиот!
Најтажно од се е што ние тука се нервираме коси кубеме а најверојатно ова некој го знаел уште пред неколку дена.
Децата у аптека да им се ранат!!
Сигурен сум дека малку се луѓето што како мене жестоко ја бранат италијанската лига. Не дозволувам никој пред мене да зборува дека италинскиот фудбал не чини дека нема квалитетни фудбалери, дека се игра нерегуларно. Ама, ваквите идиоти како Tagliavento сериозно ме замислуваат. Како одминуваше натпреварот, копилето влегуваше од лоша во полоша грешка. Јас бев тој што кажа дека малку е престрого исклучувањето на Tomovic, иако имаше намера и очигледен удар. Не секогаш, а посебно заради дерби карактерот на мечот, сеуште имам сомнежи околу исправноста на тој потег. После тоа, залижаниот се изгуби. Првиот пенал беше смешка, Nocerino не ни влечеше. Вториот... па добро бе, еве 10 години интензивно гледам фудбал, ова е еден од најмлаките фаули по кој е досуден втор пенал за истата екипа на еден меч. За очигледниот пенал на крајот, излишен е секаков коментар. Е сега уште нешто - постои грешка и кај Allegri, затоа што едноставно не смее да испушти 2-0 со играч повеќе, какви сака судиски грешки да постојат. Жалам, многу жалам за изгубените 2 бода, бевме во таков налет што Napoli ќе го јадеше следниот викенд и се ќе беше поинаку. Сега, вака скршени, без Balo против осоколените наполетанци (водат во 25та минута)... ќе биде тешко да стигнеме до 2рото место, иако денес малтене го осигуравме второто, како единствена светла точка од денот. Уште еднаш ќе речам - срамота и штета!
Еден куп грешки во коментаров :) Тоа е кога сакаш да пишуваш романи на мобилен...
Не еден туку три за Balo
За навредување??? Па ништо ново кога е Милан во прашање, и Ибра јадеше такви суспензии, а Камбиасо еве на пример му влегува на човек со две нозе во обид на убиство од прв степен и само еден меч суспензија.
Тоа е тоа лицемериое на FIGC.
Дечки се сложувам дека е 3 утакмици е многу,се сложувам и дека стартот на Камбиасо е најмалку исто 3 натпревари,меѓутоа знаеме и ние што земавме ако Бало не беше таков каков што е ни на најдобриот сон немаше да го добиеме за таа цена,туку дечкото ќе мелеше во Барса,Реал,Сити,Псж итн.
Муабетот ми е тоа е Марио Балотели само се надевам дека ќе се смири со годините ама чисто сумњам.
П.С Што е она со цигарите? Што е Милан заебанција ко Сити? Тоа не му доликува на главен играч на Милан алоооооо Милан,и не само на Милан и Италија. Само мое скромно мислење како и како што еднаш ми пиша еден од вас се мислам дека беше Навигатор ќе го цитирам " Ако на светот немаше различни рамислувања истиот ќе беше најдосадно место за живеење" :D
Богами, с-р-а-м-о-т-а е во споредба со Камбијасо, не вреди околу тоа да се говори...
Инаку, што убава копија на curva-sud беа со кореографијата денес германциве :)
http://sphotos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-prn1/149483_450426615050617_1779311428_n.jpg
Јес да нивнава е 3D ама сепак се гледа од каде е позајмена.
Околу конкретната „причина“ поради која Balo е суспендиран, ќе споделам изјава на Tomassini, новинар на Sky:
Tommasini (Sky): "Balotelli was banned for calling a goal-line ref an idiot but I was standing close to him and I never heard him say that."
Tommasini (Sky journalist): "Balotelli said "what the f... are you looking at" 3 times to Doveri but I didn't hear him saying anything else"
Tommasini (Sky journalist): "Viviano also confirmed to Milan's lawyer that Balotelli never insulted Doveri."
Tommasini (Sky journalist): "Balotelli has sworn to Milan's lawyer, Leandro Cantamessa, that he never insulted Doveri."
Post a Comment