Translate

Wednesday 26 September 2012

AC Milan - Cagliari Preview



Продолжуваме онаму кадешто застанавме - во потрага по првата победа на Сан Сиро сезонава!
Интер на 5 а Милан на 3 натпревари сеуште немаат победено на домашен терен одкога е ставена новата толку фалена синтетичка трева.
Каљари е моментално во тежок период пред се поради административни проблеми кои и немора многу да се одразат кај екипата. Треба да обрнеме внимание на Астори и Наинголан како доста интересни играчи.
Кај нас се враќаат од повредите најкреативните играчи што ги имаме (Робињо и Монтоливо) но не се очекува да стартуваат. Во исто време, Запата и Боатенг имаат 1 меч суспензија како и Макс чие место на клупата ќе го завземе Тасоти кој ако победи ќе добие многу поени кај управата.


Повикани играчи:

Abbiati, Amelia, Gabriel
Abate, AcerbiAntonini,Bonera, De SciglioMesbahMexesYepes
Ambrosini, De Jong, Constant,EmanuelsonMontolivoNocerinoTraorè 
Bojan, El ShaarawyNiangPazzini,Robinho



Мексес и Ачерби мора да бидат приоритетни во срцетото на одбраната а не Јепес и Бонера, Де Шиљо МОРА да стартува десно или лево па нека се прилагодуваат на неговото присуство во првиот тим Абате и Анте (замислете стварно да беше вака.)

САКАМЕ ПОБЕДА !!


19 comments:

DraganTr said...

Монтоливо играше и на претходната утакмица, така да мислам дека и вечерва ќе биде во првиот состав.

Ако и подпросечното Каљари не го победиме, тогаш очекувам отказ на Алегри.

ReBorned said...

Tassotti со многу стил и респект за Allegri. Иако сите добро знаат дека токму Tassotti е првата опција за главен тренер доколку Allegri добие отказ, со доста стил и респект од Tassotti за Max:

Tassotti on Allegri: "Allegri is one of the best coaches around and one of the best Milan has ever had. I have no doubts that the team will get out of this funk. People talk too much about changing coaches for a spark and it has saddened me that our own coach has been put in question"

Ова го вели човек кој е 32 години дел од Milan.

ReBorned said...

Во повеќе различни варијанти на први 11 од различни извори се споменува константно Traore во првите 11. Интересна варијанта.
За левата бековска позиција се трча фото финиш меѓу Antonini и De Sciglio.

Navigator said...

Сепак ние ќе го скршиме проклетството на San Siro, а не комшиите :) Моето очекување е стандардно - победа. За вечерва имам малку повисоко предвидување, победа од три гола разлика. Оваа екипа не може вечно да игра лошо. И покрај поразот во Удине, евидентна беше разликата во пристапот на послениот меч. Очекувам тоа да се подобрува на секој следен меч и да кулминира во Дербито за десетина дена. Самодовербата што може да се добие од овој меч може да испадне и клучна во овој дел од сезоната. Победа вечер ќе промени доста работи, а две победи во низа ќе значи враќање на почитта и стравот да кај противниците да се игра против големиот Milan.
Од овие двајца назад нема да го добиеш Acerbi. Mexes веројатно ќе игра заедно со Bonera, а De Sciglio тешко дека вечерва ќе добие шанса. MilanNews предвидува дека Traore конечно ќе добие првотимска шанса, на мое огромно задоволство, ама така ќе имаме проблем кој во конкуренција на Montolivo и NDJ да застане на DMC. Има две веријанти: поверојатна со 4-3-3 или попосакувана со 4-2-3-1. Во првата NDJ ќе застане на DMC, Traore десно, а Montolivo лево. Во втората, која моментално повеќе ни одговара, NDJ и Traore ќе игра како задни везни, Montolivo на либеро, SES како лево крило, Urby како десно и Pazzo истурен. Е сега, Tassoti има убава прилика да го заебе Max и покрај убавите зборови за кои мислам дека се искрени. Сепак, не постои човек на кого побитна му е туѓата кариера, отколку својата. Самоиницијативно или не, без разлика, менувањето на формацијата во 4-2-3-1 вечерва, проследена со победа убава за око, на Tassoti може да му донесе многу симпатии и секоја следна грешка на Max да води рокада во полза на помошникот. Јас лично не го посакувам тоа, не сакам промени на сред сезона, пред се затоа што ова е проект на Allegri. Дури и да добие отказ, нема да биде фер Tassoti да продолжи нечиј започнат проект. Не сакам лојален човек како Mauro да биде нов Di Matteo кој само ќе чека кога ќе биде сменет. Баш затоа што е дел од клубот 32 години.

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

@Navigator мислам дека тимот пак го формира Allegri исто како што тимот го формира Conte и било кој друг тренер кога е суспендиран. Не верувам дека кога Allegri е суспендиран тој нема да има завршен збор на тренингот и тој да одлучи кои први 11 ќе го започнат мечот. Не дека тоа не е направено во меѓусебен договор со Tassotti но сметам дека Max пак одлучува на крајот.
Ама ете, ова изненадувачко влетување на Traore во стартните 11 (досега не добиваше минути ниту од клупата) зборува за нешто друго.
Сè погласни се шпекулациите дека De Sciglio ќе започне лево наместо Antonini.
Јас лично сметам дека формацијата ќе биде 4-3-3 или 4-3-2-1 (со AML и AMR) со тоа што Traore ќе игра десно во средина а Montolivo лево (каде што и самиот се чувствува најслободно). Мислам дека воопшто нема да претерам ако кажам дека пак најмногу очекуваме од El Shaarawy. Момчето игра најдобро на почетокот од сезоната од сите во тимот и му фалеше само погодок, тоа го реализираше (и тоа како?!!) против неговите веќе слободно можеме да ги наречеме, пациенти. Еве, после неколку денови сè уште ми е жал што таков извонреден погодок не беше крунисан барем со бод т.е немаше никаква вредност за тимот. Но тој прекрасен гол може да има и тоа каква вредност за El Shaarawy и неговите соиграчи кои сега верувам почесто ќе го хранат со топки!
Тоа што малото после ваков фантастичен, извонреден погодок не се израдува воопшто поради тоа што сакал да не се губи време и побрзо да се изведе топката од центарот (според неговите сопствени зборови по мечот), доволно зборува за неговата зрелост! Браво момче!
Интересно, тренерот на Cagliari го испофали El Shaarawy и изјави дека очекува токму тој да му направи најмногу проблеми на неговиот тим!

Верувам во победа, верувам во сигурна, убедлива победа и верувам во нов погодок на El Shaarawy!

ReBorned said...

Дали конечно најдовме фудбалер кој во иднина ќе знае да изведува слободни удари?

14 години :)

http://youtu.be/7beEBuGeEtE

ace1899 said...

Еј овој за слободниве беше тој со жонглираше со тениски топчиња така?
Срамота е бе кевин констант и ачерби да изведуваат слободни ради ова еве е срамота !

https://pbs.twimg.com/media/A3Kzh7yCMAEsLlS.jpg

А освен изведување во игра од прекини полоши сме од дрита на ништо не личи ни поставеност ни тактички варијанти..Јас не памтам кога Милан даде последен гол од прекин со тие скратени корнери најлоши, а богами памтам дека секој прекин е нормално закана за Угро наш на голот.

На голот на Шарави се радував како да е даден на Дерби дела Мадонина,пошо сезонава на една рака ми се бројат таквите моменти.Ај бе нека тепаат више пошо нема смисла :)

FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Аце воопшто при прекини сме катастрофа и во офанзива и во дефанзива. 80 % од нашите проблеми во дефанзива се при прекини (корнер, скратен корнер, слободен удар, нафрлена топка од аут директно во петерецот). Очајни сме!
Исто забележав при изведување на корнери против Удинезе, зошто не стојат фудбалери на стативите лево и десно при корнер?! Тоа е основа во фудбалот и многу често значи спасување на сигурен гол!
Вечерва побеедуваме :)

Споделете добри стримови овде.

ReBorned said...

И еве ги официјалните. Оние што беа предвидувани:

OFFICIAL (4-3-3): Abbiati; Abate-Bonera-Mexes-De Sciglio; Traoré-De Jong-Montolivo; Urby-Pazzini-El Shaarawy

Navigator said...

Убава прилика да го видиме Mattia лево! Одиме момци!
FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Само Бонера штрчи во стартната формација, вака другото се ми е по мерак.
Него во дилема сум дали да се мачам по стримови или да чекам тек утре да ја симнам утакмицата да ја гледам во HD ко човек.

Anonymous said...

http://www.deporte42.com/

http://thefirstrow.eu/watch/143198/1/watch-ac-milan-vs-cagliari.html

Navigator said...

http://www.sports-x.net/p/channel2.html

Navigator said...

стварно е чуден критериумот за жолт картон за нашите и за противничките играчи

Navigator said...

ECCO LO IL FARAONEEEEEEE!

Navigator said...

Ми се бендиса полувремето. Мора да признаете дека на сите ви олесна кога погоди SES :) Момчето игра одлично, скоро перфектно вечерва. Движењето на цела екипа ми се допаѓа. Многу посинхронизирано од претходно. Интересен ми е тој пресинг, неочекуван, кога SES и Urby се повлекуваат доста длабоко, па наеднаш им се пуштаат на дефанзивците на Cagliari. На двајцата им одговара оваа формација. И Pazzo е солиден засега, штета за онаа среќна одбрана на Agazzi. Во средината, чудно колку офанзивно е поставен Traore, па оттаму и неколкуте грешки повеќе од предвиденото. За сметка на тоа, Montolivo е поназад и го прави незабележлив во споредба со други натпревари. NDJ исто супер, освен онаа грешка со дриблингот. Назад, Bonera и Abate стандардно, во рамки на можностите. Mexes е доста сигурен во дефанзива, ама кога ја има топката во свои нозе е ко темпирана бомба. Mattia има солидно полувреме со оглед на промената на страната, иако на моменти е сериозно загрозен од Ibarbo.

Одиме да ги изгазиме! FORZA RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Мое резиме на првото полувреме:

El Shaarawy, алфа, омега, делта и гама на овој натпревар! Не само поради голот (каде одлично ја повлече таа топка од Montolivo со првиот допир што му овозможи одличен агол за реализација), едноставно секоја топка која одеше таму лево горе беше кошмар за противничките дефанзивци! Имаше уште неколку одлични соло пробиви (некаде на почетокот на мечот нанижа пола тим на Каљари во соло пробив), имаше уште неколку опасни удари (една пречка по блокиран удар) и додели неколку добри топки кон соиграчите! Факт: по менувањето на формацијата во 4-3-3 и откога El Shaarawy е на „неговата“ AML позиција, игра како во транс. Ова е трет меч во серија кој го игра на таа позиција и веќе има постигнато 2 гола! Можеби ќе имаше уште еден ако Urby не одигра максимално себично во контрата 3 на 2 во корист на Милан и ако не го проиграше осамениот El Shaarawy лево!

Montolivo - Додаде топка со очи за El Shaarawy при голот а и во текот на мечот има повеќе слобода да оди понапред со тоа што назад покрива De Jong и Traore. Целата креативност на тимот доаѓа од него и од El Shaarawy.

Traore - Не одигра ништо посебно, очекувам повеќе. Во неколку наврати беше добар но и во неколку невообичаено лош. Сè на се, просечно полувреме.

Urby - Не дава ниту пола од она што го дава неговиот колега од спротивната страна и одигра лошо на онаа контра.

De Sciglio - Просечно полувреме. Не беше лош но не беше ОНОЈ De Sciglio кој бушеше на десен бек на претходните натпревари. Сепак, можеби намерно седи назад со тоа што Abate оди напред од спротивната страна а тука неговиот радиус на движење го покрива El Shaarawy кој буквално ја држи цела лева страна + со тоа што De Sciglio стои назад, му го чува грбот на Montolivo и Monto може да оди понапред.

Крајно резиме: Во најголемиот дел од првото полувреме игравме sexy football со тоа што се изгубивме некои 15тина минути од 25 до 40 минута. Во тие моменти бевме лоши и непотребно им дадовме поголема самодоверба на гостите во продолжението од мечот, Cagliari беше апсолутно изгубен претходно!

Мораме да го затвориме мечот! Очите ми се насочени кон Pazzini и нормално El Shaarawy за втор гол!

Forza Milan!!!

Navigator said...

Вистински егзекутор! Големо браво за SES! Иако голема заслуга за голот оди и кај Pazzo за повлекувањето на чуварот на SES! Одлично момци!

Navigator said...

Проклетството е скршено!