Translate

Tuesday 3 April 2012

AWAY TO STAY IN EUROPE!!!


Убавиот наслов што го прочитав во оние неделни известувања што ги испраќаат на сите што се регистрирале на acmilan.it веројатно најдобро и наједноставно ја опишува ситуацијата во која се наоѓа Milan. Гостување кај Barcelona, без предност и без куп значајни играчи во тимот многумина го поистоветуваат со невозможна мисија. Нема да одам со стандарден вовед и најавување на мечот. Нема да цитирам и да пренесувам кој какви шанси ни дава за пролаз во полуфинале. Многу ни е јасно дека се игра против најсилната екипа во светот, која е уште посилна на Camp Nou и дека треба да се одигра скоро перфектно за да се радуваме пред 90тина илјади смрзнати лица. Всушност ни противникот не е перфектен, иако е блиску до таа фудбалска совршеност. Деновиве многу се споменуваше финалето од 94. Ги прегледав сите можни видеа со тој наслов, пропратно и сите други успеси од ЛШ, а богами и двомечот на нашите комшии против истиот ривал пред две сезони, иако спротивно на мојата заклетва пред црвено-црниот дрес дека никогаш нема да го славам успехот душмански. Демек Пандев го гледам како слави финале... ;)
Муабетот ми е дека знаат да погрешат, да кикснат. И против слаби екипи, додуша поретко против силни екипи. Дома го бркаат Real (што ќе испадне дека сепак не се најдобри) и уште шест пати играле реми + два пати загубиле. Па еден Juventus има помалку порази од нив, а ги добивме на гости :) Она што сите го сакаме утревечер е едно повторување на септемвриската вечер на Camp Nou. Баш тоа што ни треба... Дека имаме играчи кои знаат да одиграа цврсто знаеме, а дека имаме и тренер кој знае магично да ги склопи коцките се уверивме пред недела дена. Уште еден таков меч и малку спортска среќа и таму сме, каде што многу малку не гледаа после ждрепката.
На ден пред мечот работите изгледаат добро. Планирани играчи се здрави и на број, додека противникот или се соочува со еден голем проблем за нив или како што правеле и порано, протнуваат сомнителна информација за повреда на клучниот играч после Messi, Xavi Hernandez. Сме ја гледале Barcelona многу пати и знаеме што значи отсуство на тој човек, mastermind-от на играта на каталонците. Guardiola е сигурен дека Milan ќе постигне гол утревечер, а ако е така верувам дека е свесен оти полуфиналето за него и неговите момци ќе биде многу подалеку. Кога човек ќе го види нападот што Allegri го спрема за мечот (Binho-Ibra-Prince), претпоставува дека Pep е во право. Единственото прашање би било дали Milan ќе ги брани домашните 0-0 или ќе отвори поофанзивно. Каква и да е тактиката на Max, нивниот напад останува опасен. Да се спречи Barcelona да постигне гол во два меча во низа по цели две и пол години ефикасност е практички невозможно. Веројатно овој факт мора да делува при креирањето на играта на нашите момци. Искрено, ме плаши ова да не биде разбрано по негатива од еден или уште полошо два гола. Ран гол во било чија мрежа ќе значи преголема предност. Уште еден факт што ми ги мати претпоставките за текот на натпреварот...
Можеби ни годи, од моментален аспект тоа што не отпишаа уште кога топчињата во Nyon беа отворени. Елиминацијата на Barca ќе значи потрес во фудбалскиот свет, но полуфинале во ЛШ за екипа како Milan не е незамислив успех. Напротив, ние сме створени за шампионски глории, за шампионски предизвици и успеси. Ова е само уште еден таков, историски! 


FORZA GRANDE MILAN!!!

27 comments:

ReBorned said...

По многу, многу долго време ќе го гледам Милан во натпревар од ЛШ на ТВ.
Само нека изиграат момците на ниво па што биде нека биде! Уште еден интересен податок, освен фановите на Барса (апсолутно разбирливо) и ДЕЛ од фановите на Интер, сите други фанови низ светот се' на наша страна :) . Да се сплотиме заедно во успех!
FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Морам да забележам дека за првпат на нет прочитав толку многу страв и претпазливост кај навивачите на Barcelona. Секако дека не зборувам за оние стари навивачи на каталонците кои убаво знаат што значи кога се игра вакво светско дерби, туку за оние дечишта што знаат за Barca од времето на Dinho па наваму. Не се навикнати на вакви ситуации и сега паничат. Сакам да го читам тој страв... :)

Navigator said...

Bonera на лев бек на местото на Antonini? Не ми изгледа како некоја паметна идеја...

ReBorned said...

И јас прочитав нешто вакво. Незнам што да мислам. Антонини (како и Бонера) беше одличен на првиот натпревар и беше одличен против Катанија викендот. Првичната дилема беше меѓу Абате и Бонера на десен бек а сега излегува ова. Можеби Алегри не сака да стартува и со Абате и со Антонини по страните бидејки и двајцата знаат да повлечат напред па да не бидеме изложени во брза контра само со двајцата централни стопери што би било рамно на самоубиство. Веројатно сака т.н 3 централни фудбалери во одбраната па кога Абате ќе оди напред нашата 4-3-1-2 би се претворала во 3-4-1-2 со тоа што Абате ќе оди на десно крило а Бонера ќе се повлекува повеќе кон средина и ќе биде дел од тројцата стопери во линија.
Макси има роденден денес, полни 28, се надевам дека момците ќе го прослават со пласман во 1/2.
Forza Milan!!!

Navigator said...

Да, и двата знаат да повлечат напред ама видовме дека сите наши бекови знаат да одиграат максимално трпеливо и дисциплинирано кога тоа се бара од нив. Искрено не гледам логика во потегов, се надевам дека е само размислување на Max. И не само тоа, ако Bonera би се претопувал во стоперската линија, треба да имаше играч што ќе игра по нашата лева страна кој ќе може да се врати и до сам шеснаесетник како треба. А ние за таа позиција го спремаме баш Seedorf :S

Navigator said...

Анализирајќи многу секвенци од првиот меч и околностите во кои ќе се одигра вториот, извлеков три работи кои верувам дека ќе бидат клучни вечерва:
1. Спинот или вистинската главоболка на Guardiola околу Xavi. Без потреба од нагласување што значи тој дечко за играта на противникот. Без Xavi во нападот, Ambro се концентрира исклучиво на Messi, стоперите на Sanchez, a Abate константо го јаде Iniesta по левата страна. Со Xavi е далеку покомплицирано, ако се знае дека вечерва ќе треба да се сопре уште еден напаѓачки ориентиран везњак како Cesc.
2. Позицијата на Fabregas. Од големо значење за нашата одбрана ќе биде распоредувањето на Cesc и Xavi по теренот. Не се сомневам дека Pep ќе тргне доста поофанзивно уште на стартот, па така ако ги има и двајцата на располагање би било опасно доколку Seedorf се најде на истата страна на која ќе напаѓа Cesc. Тој е доста попробивен, повеќе трча по паралела и помалку го интересира топката за разлика од Xavi. За разлика од Seedorf, Nocerino е играч кој има предиспозиции да го неутрализира плејмејкерот на Barca. Впрочем дечкото играше често и на DMC во Palermo. Да сум на местото на Max, дури и би ротирал на сред натпревар само да го спречам тоа.
3. Дали Binho ќе делува по средината, позади Zlatan или лево како некој модифициран AML. Според мене, многу поефективно, и поради нападот и поради одбраната би било кога бразилецот би оперирал по левата страна. Видовме и на првиот меч, по влегувањето во игра на SES, Alves беше многу повеќе ангажиран во одбраната и нивната десна страна не беше толку опасна. Ако овој потег се одигра, извесно е дека Boa ќе биде послободен и ќе дојдат до израз неговите физички квалитети.
Веројатно дека ќе има многу тактички надмудрувања и промени во текот на мечот и е скоро невозможно да се предвиди играта на двете екипи пред отсега. Во секој случај очекуваме ноќ за паметење. По добро, се разбира :)

ReBorned said...

Според последните информации Чави сепак ќе стартува. Најверојатно игри пред натпреварот.
Бињо во формацијата е напаѓач, игра во линија со Златан а пред Боатенг. Сепак, тој секогаш во текот на мечот се извлекува горе лево и оди на AML, не само против Барселона, воопшто таков му е стилот на игра. Нешто слично играше и Кака кој стартуваше како AMC но секогаш од крило влетуваше во шеснаесетникот на противникот. Од друга страна, Боатенг кој фигурира како AMC, кога сме ние во напад или оди на AMR (најчестата варијанта) или прави секундарни втрчувања во шеснаесетникот на противникот особено кога Златан е извлечен надвор за да прими длабочинска топка од него.

Anonymous said...

Изјавата на Пеп е само дополнителен притисок за неговиот тим дека треба да се ангажираат дополнително и да постигнат повеќе од еден гол. А јас нешто слично како него размислувам, а тоа е дека Барса ќе даде гол :) Јас мислам дека ако до 60та минута не примиме гол Барса ќе почне да паничи и да напаѓаат како муви без глави, е тука лежи нашата шанса, контри и 1-2 бранови на напади и наши се.
За да го гледам натпреварот одложив операција што требаше да ја правам денес за утре, нека има спектакл, борба и голови да не биде бадијала моето одложување :))

FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Официјалните 11 се извадени:

OFFICIAL:
Abbiati - Abate, Nesta, Mexes, Antonini - Seedorf, Ambrosini, Nocerino - Boateng - Ibrahimovic, Robinho

Кај нив стартува Чави заедно со Фабрегас а изненадувањето е стартот на Куенка на местото на Санчез.

Кај нас Стефан го нема на клупата, таму е Пато.

Forza Milan!!!

Navigator said...

Мене ми изгледа ОК ова со составите. Една грижа помалку во нивниот надад. Ама пак средниот ред... Било како било, одиме на полуфинале момци!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Куенка е екстремно брз фудбалер, нека не те залажува неговата „анонимност“. Уште поважно, тој е повеќе крило па лесно можат да менуваат во 3-5-2 кога Бускец ќе се повлече на централен бек а Дани Алвес ќе оди на крило.

ReBorned said...

Тасоти пред самиот меч вели дека малку се изненадени што и двајцата (Чави и Фабрегас) ќе го започнат мечот затоа што во текот на вчерашниот ден и двајцата не се чувствувале добро. Рече дека со тоа Барселона ќе биде уште подобра во дриблинзите и ние треба да ги затвориме линиите и да не дозволиме грешки.
Од друга страна Тасоти потенцираше дека Барселона повторно настапува со таа нивна висока одбрана со која поставуваат офсајд стапици многу високо и ние треба да се обидеме да ги искористите тие ситуации и со повеќе внимателност да го искористиме тој простор што нивната одбрана го остава зад себе!

Forza Milan!!!

Navigator said...

NOCERIIIIIIIIINOOOOOOOO!!! :)

Navigator said...

Се прашувам зошто воопшто гледаме фудбал? Треба Farcelona по секоја цена да игра финале? Нека им е, барем да знаеме дека е така! Срамота!!

ReBorned said...

СУДИЈАТАААААА!!!!!

Anonymous said...

Ајде уште 2 пенала за Барса и во финале се ;)

Navigator said...

Стварно е проѕирно ова што ни го сервираат како престижно уефино натпреварување. Ако за вакви влечења се судат пенали треба да ги има по 10тина на натпревар. Да не зборуваме за тоа дека имаше класичен бодичек од Pujol. Најискрено момци, не ми се гледа веќе... Ја уништија убавината и страста за фудбалот!

Anonymous said...

Одамна реков дека ќе гледаме Барса-Реал финале.
Официјално од денес сум против секој тим со кој ќе играат.
И да Бускетс е stronzo di merda.

Anonymous said...

за секој тим*

ace1899 said...

ajde site kaj file na fb spamcinja

ReBorned said...

И овој Пато па што прави...

Anonymous said...

Абе битно барса имале повеќе посед на топка што вие ;)
Пато остај, него Берлускони што згреши кога даде да му се качи на ќерката па мајкому стара 25 милиони како бонус би дошле за него не па тие 45 што наводно ќе ги добиевме.
Сега со неговата ситуација тешко дека и 20 ќе извадиме.

Anonymous said...

Не ми се мисли веќе на тоа што се случуваше вечерва.
Треба да се фокусираме на нашата цел, само 8 натпревари не делат од тоа.
Почнувајќи од сабота па во наредните 30 дена играме 7 натпревари:
Фиорентина(дома)
Киево (гости)
Џенова (дома)
Болоња (дома)
Сиена (гости)
Аталанта (дома)
Интер (гости)

И за крај на 13ти Мај в недела на Сан Сиро ја пречекуваме Новара.
Значи сите 5 домашни средби МОРАМЕ да ги победиме без изговор, а за триве гостувања мислам дека и 7 бода ќе завршат работа, пред се бидејќи сметам дека Јуве до крај ќе киксне барем уште 2 пати (немора да изгуби туку да изигра нерешено.)

ReBorned said...

Титулата само ние самите можеме да ја изгубиме! Распоредот до крајот ни е одличен и не можеме да бараме изговори ниту во тоа ниту во жестокиот распоред (сега играме во Сабота со Фиорентина и потоа по еден натпревар неделно). Сакам да имаме позитива до мечот со Интер за да можеме да си дозволиме кикс таму затоа што како што за нив сезоната е изгубена најголема сатисфакција ќе им биде да ни ја одземат титулата на нас!

Anonymous said...

Апсолутно се слагам јас лично ќе бидам пре нак**чен ако ја изгубиме титулата.
А како еден натпревар неделно кога во вторник им гостуваме на магарињата?И после во сабота ја пречекуваме Џенова?И од 29ти април до 6ти мај играме со Сиена, Аталанта и Интер барем според распоредов.
И ако се оди според планот играчите играат на ниво и ни се поклопат коцките, титула ќе славиме или на гости кај Интер или дома во последно коло со Новара.
Ама ништо не е готово одиме чекор по чекор.

Anonymous said...

Момци отсутен ќе бидам цел викенд.
FORZA MILAN.

Navigator said...

Убаво што се најави Драгане :) Еве јас најавувам пост за денес, ама во доцните часови...