Translate

Tuesday 20 December 2011

Кон освојување на Sant'Elia



Во забрзано темпо пред паузата за празниците. Веќе вечерва Milan гостува на Sant'Elia кај Cagliari. Бившиот тим на нашиот тренер, тимот во кој тој си ја изгради репутацијата (две години по ред избран за најдобар тренер во Италија, пред Мурињо) која му овозможи трансфер во Milan. Max предупредува дека Cagliari се незгоден противник и треба да се направи уште еден, завршен финиш пред зимската пауза. Останатите 2 тима на првенствената табела утре играат еден против друг па со било кој резултат од тој дуел доколку Milan оствари победа во Cagliari ќе профитира! Затоа оваа шанса мора да се валоризира!
Во нашиот тим сеуште има претумбации и проблеми со повредени. Zambrotta и Abbiati се вратија во тренажен процес но не и Abate. Средниот ред веќе подолго време е без Gatusso и Flamini а во нападот во аут е Cassano до крајот на сезоната. Mexes конечно стартуваше од првата минута викендов против Siena но се чини вечерашниот натпревар ќе го започне од клупата, сеуште не е доволно подготвен за 2 натпревари во серија. Иако има 1-2 непознаници Gazetta го прогнозира ова:



Од евентуалното (не) играње на Mexes ќе зависи и распоредот на останатите тројца (покрај TS) во одбраната. Јас лично не верувам дека Zambro eдноставно ќе влета од болница во стартните 11. Другата непознаница се однесува на партнерот на Zlatan во нападот. Ако нешто е повеќе од сигурно тоа е четворката во средниот ред.
Значи сигурно но и внимателно до нови 3 бода. Да ја затвориме со победа во гости годината во која на San Siro не претрпивме ниту еден единствен пораз во Serie A.
Forza Milan!!!

14 comments:

Anonymous said...

Се мислам бонера ќе почне десно...а и Робињо ќе другарува со Ибра напред...
Пренос ќе даваат телма така? таман ќе си ја исполнам спортски вечерта :)

ReBorned said...

Ќе има пренос, да.

Navigator said...

Мора да се искористи приликата и да се застане на врвот како есенски шампион (сами и со Juve заедно, без оглед). Нема причина зошто да не веруваме дека тимот може да победи вечерва и да се освојат тие, можеби веќе израчунати бодови. Мое мислење е дека Max не би ризикувал со Zambro од прва минута и на негово место би играл со Bonera. Така во средина би се испразнило местото за Mexes и негов втор старт по ред. Ќе се сложам со графичката претпоставка од постот дека Luca треба да стартува.
Ќе се надоврзам на дискусијата на Драган и Владе од претходниот пост: баш на мечот со Siena размислував за левата бековска позиција гледајќи го што прави Taiwo таму. Потполно дезориентиран, несигурен и неопасен. Од сите додавања во мечот, сигурно 90% беа враќање на топката наназад кон ТЅ најчесто. Ме потсеќа на Zambro кога нема решение и она негово веќе препознативо ширење на раце, но за разлика од него, Taye не е воопшто офанзивен. Споредувајќи ги него во оваа сезона и Luca од минатата изгледа како да споредуваш world-class со professional играч. Јас сум за давање на потполна поддршка на Nini за да добиеми позитивен фидбек од него и до крајот на сезоната да не мора да купуваме лев бек.

Одиме момци на нова победа за затворање на годината!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Добра вест: одлични стартни 11ако ме прашувате мене. Еве ти уште една шанса дечко!
Лоша вест: зулу затаи а на работа сум :@

Anonymous said...

Antonioooo NOCERINOOOOO !!!!!

Navigator said...

многу дива игра, лош фудбал во главно. треба да бидеме задоволни од резултатот и уште на почетокот на второто полувреме да ги смириме домаќините со барем еден гол.

FORZA RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Zlatan 10ти гол во последните 9 средби. Асистенциитњ се плус

Navigator said...

оноколку колку што беше потребно. без многу форсирања. само така момци...

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Taiwo...?

Navigator said...

цк, не го бива...

ReBorned said...

Ај во дефанзива што не го бива, не го бива. Ама сретнав еден фрапантен податок: Taiwo има најслаб процент на успешни додавања во тимот (ако се изземе голманот Абијати) од само 67%.

Navigator said...

Ајде малку статистика кога почнавме да зборуваме да тоа:

- Milan има најмногу победи во првенството - 10
- Milan има најмногу постигнати голови во првенството - 35 или 2.2 по натпревар (и дома и на гости поединечно има најмногу постигнати голови)
- Milan ја има најголемата гол разлика - 19
- Milan е вклучен во 5 од 8те натпревари со најмногу постигнати голови
- Milan ги има двете најголеми победи во текот на првенството од по 4-0
- Milan ги има двата најдобри асистенти во лигата: Cassano и Aquilani
- Milan го има најдобриот стелец во лигата - Ibra
- Milan е вториот најдобар тим по број на "clean sheets" - 8
- Milan ја има најдолгата серија на победи во првенството - 5
- Milan е третиот најдобар тим по % на исполнетост на стадионот позади клошарите и Napoli
- Milan го има најдобро оценетиот играч во првенството според RaiSport и SkySport Italia - Ibra
- Milan е тимот со најмногу досудени пенали во негова корист - 5
- Milan не успеал да постигне гол во само 2 од 16 натпревари

Summa summarum, одлична статистика, одлични бројки за досегашниот дел од првенството. Единствено, мене што не ми е по кеиф е бројот на примени гола и како одбраната се справува со опасните противнички напаѓачи, за разлика од лани. Следува заслужениот одмор!

ReBorned said...

Одлично спакувано, браво!
Лошиот старт сеуште не' чини. И покрај невњеојатната серија без пораз на Јуве пак сме на врвот. Едноставно тие бројки погоре сами по себе го зборуваат моралниот шампион во лигата, барем засега. Се надевам и пред се' верувам дека ќе бидеме и шампиони на хартија во Мај.

ReBorned said...

Baresi about Maldini: "We were team-mates for 15 years. We read each others brains; moved as if we were 1 person. He could play in every defensive role - extraordinary. Playing with him was a pleasure and an honor."