Translate

Saturday 17 December 2011

Milan - Siena


По завршувањето на ждребот за дуелите во ЛШ и ЛЕ (кој за што си е кадарен) и одличниот двомеч кој не' очекува во Февруари против пулените на Wenger, со мисли и дела се враќаме на домашно тло. А таму ја пречекуваме Siena.
Меч кој сам по себе наметнува императив победа од повеќе аспекти. Сеуште го бркаме Juventus а веќе подолго време и Udinese. По нагазувањето на лушпата од банана на Renato Dall'Ara во Болоња едноставно не смееме да си дозволиме нов луксуз! Има уште 2 натпревари до паузата и тие 6 бода кои предвреме се вкалкулирани мораме и реално да ги
евидентираме на нашето конто. Siena не е екипа од која Milan треба да справува, нивната стратегија на San Siro ќе започне со „паркирање на автобусот“ и обид да се направи нешто преку контри и полуконтри. Имаат незгодни фудбалери во нападот (Desttro и Caliao) и брзи фудбалери за контри (Mannini). Сепак разликата во класи е повеќе од очигледна и треба да ја наметнеме нашата игра од самиот старт.

Во редовите на тимот од Milanello во последните неколку дена се случи една вистинска мини криза во во задните редови. Antonini и Abate се повредија и им се приклучија на веќе повредените Zambrotta, Nesta, Yepes (2 ипол месеци) и Abbiati. На последниот тренинг се пожали на повреда и Amelia па иако сега се чувствува подобро сеуште постои реална можност денес против Siena на голот да застане и Flavio Roma, третиот голман. Исто така на десната бековска позиција има реални изгледи да стартува момчето од Primavera, Mattia De Sciglio. Ова пред се зависи од тоа колку Sexy Mexy е подготвен да стартува во срцето на одбраната по операцијата на коленото. Доколку Mexy застане покрај TS тогаш Bonera ќе се најде на таа бековска позиција. Другата варијанта би била со Bonera централно а десно De Sciglio. Јас лично би сакал една трета варијанта како микс од претходните две, веќе погодувате.

На левата бековска позиција по сплет на околности кои беа погоре наведени ќе добие нов старт Taye Taiwo, фудбалерот кој е на излезната врата од Milanello и го повиши својот глас во последните неколку дена во интервју во кое изјави дека веројатно ќе го напушти клубот бидејки не добива доволно шанси за игра. Епа кога јавно бараш шанси за игра подобро прикажи квалитет кога ќе добиеш шанса! Веројатно последниот воз за Taye.

Средниот ред и нападот се константни, најголема позитива е враќањето на вториот стрелец во тимот (секогаш сакам да го потенцирам ова J ) Antonio Nocerino. Напред по бледите изданија на Pato, Max повторно ќе го избере тоа што е најдобро за тимот и ќе му даде шанса на Binho во стартните 11. Значи ќе има нервози пред противничкиот гол J

Графички прикажано тоа би изгледало вака:




Udinese гостува во Рим па имаме реални шанси да ќариме нешто после ова коло. Одиме на победа, како и секогаш.
Forza Milan!!!

10 comments:

ReBorned said...

Primavera ќе игра во полуфиналето од купот, пред малку загуби дома од Каљари 1-2 но во првиот натпревар победивме 1-3 кај нив и одиме во полуфинале. Игравме со шарен состав и стрелец за нашиот тим беше Ganz. Со неговиот гол поведовме 1-0 во финишот од полувремето изедначија на 1-1 а во финишот од натпреварот примивме за 1-2.

ReBorned said...

Според последното инфо Seedorf ќе добие предност пред Aquilani (кој рака на срце беше очаен во последните неколку натпревари) на MCR.

Anonymous said...

Бев во струмица и додека течеше натпреварот патував цело време ништо не фатив ако некој најде некој торент да си ја гледам би бил благодарен :)

ReBorned said...

Едноставно мора да го споделам ова:
Ариго Саки вели дека видел 4 тима во историјата на фудбалот што биле вонсериски: Тимот на Ајакс и холандската репрезентација од 70тите, неговиот Милан и Барса на Гвардиола. Ама она најважното:
"Милан како клуб и челниците на клубот имаа огромна доверба во мене. Се сеќавам по поразот дома против Фиорентина во сезоната 87/88 Ван Бастен ме критикуваше многу низ медиумите околу мојата тактика но бордот рече да продолжам по мојот пат и по мојата филоофија бидејки таа е онаа, вистинската. Веќе на следниот натпревар со Чезена го изоставив Ван Бастен од стартните 11 и го оставив на клупата. Кога побара објаснување од мене зошто е на клупата му реков: Well Marco, since you are so good tactically, you can sit next to me on the bench and point out all my mistakes to me during the game.
Јас успеав затоа што сите во Милан верувааа во мене."

CurvaSud_Milan said...

Дрско!:)

Navigator said...

In your face Marco! :)

Anonymous said...

Затоа и Макс успева! остварива! :Р
Луѓе кажете како изигра таиво? си иде во јануари дефинитивно или има надеж за него?

Anonymous said...

остварува*

ReBorned said...

Ома надеж дека не е тотално безнадежен. Изгубен е во просторот назад

Anonymous said...

Па добро ако ништо друго кога ќе си иде ќе го има изговорот дека не добил доволно шанси.