Translate

Monday 22 November 2010

CAPOLISTA!!!


Тоа е еден од моите омилени зборови во италијанскиот, особено кога е искористен во правилен контекст..тоа е баш оваа ситуација, кога capolista е оној кој заслужува да биде или едноставно нашиот Milan..и чудно е што при ваков развој на настаните, кога ние треба да бидиме презадоволни од игрите и резултатите на клубот кој го обожаваме, блогот е понеактивен од кога било..за ваква битна утакмица како онаа вчерашната немаше ни еден единствен коментар, а камо ли пост..во коло кога нашите ја зголемија разликата пред другите и кога најголемиот душман доживеа срамен пораз, блогов е најтивок и личи како да е наменет на Splinter..
се надевам дека повеќето од вас ја гледаа утакмицата во саботата..тие што ја гледаа, видоа еден јак Milan, компактен, одлично тактички поставен..побрз од тоа што сме навикнале да го гледаме, пред се, благодарение на разиграниот Robinho, кој е желен за докажување, ама и на Flams поради тоа што не ја задржува топката во средината, туку одма ја проследува до напаѓачите..јас сум за враќање на Pirlo во стартната постава, ама кога тој и Seedorf играат заедно од почеток играта е многу многу побавна..за Ibra секоја чест за мајсторијата при голот вреден три бода..меѓутоа дефинитивно се осеќа дека е преморен, а за жал нема кој да го смени..до кога ќе издржи вака, ке видиме..и уште огромно браво за Кичо, имаше неколку одлични одбрани за враќање во формата што ја имаше на почетокот на сезоната..
треба да бидиме презадоволни од расплетот на сезоната досега..во супер позиција сме по една третина од првенството, на шест бода од најблискиот сериозен ривал Juve, а гнасите се во огромна криза и заостануваат девет бода..следува незгодното гостување во Genoa, кај Sampdoria, а со евентуална победа во сабота, ќе можиме да здивниме и со полесен распоред да ја дочекаме новата година на врвот..пред тоа уште во Вторник, уште едно гостување кај Auxerre, за потврда на прогресот во втората фаза..
очекувам поголемо ангажирање на сите на блогот, најпрво за мечот во ЛШ, оти момците редовно не радуваат и заслужува овој официјален блог да биди многу поактивен..

FORZA CAMPIONI!!!

6 comments:

kiko_pato said...

Јас секогаш сум за да бидеме поактивни на блогов, и треба да бидеме барем во ваквите периоди. Се согласувам и јас за натпреварот со фиорентина,видовме тактички спремен Милан и играње до последната минута до последен здив, што не беше така во некои од претходните натпревари, само лошо е тоа што имаме само еден класичен здрав напаѓач( кој сега за сега иако е единствен ги извршува задачите ) се плашам да не се повреди и он... треба мислам да се земе од младите некој замена да има , колку толку ќе може да го замени во некои натпревари во кои веќе сме обезбедиле победа.
Не очекува во вторник многу важен натпревар со Оксер, во кој мора да победиме и Милан да го докаже тоа што е ...

FORZA MILAN!

Navigator said...

баш така Кико, треба во екипата да се вклучи некој од младинските напаѓачи..стварно неможам да разберам која е причината, да речиме, Odu да не е на клупа..дали е во прашање толкава недоверба во нивните квалитетите или повеќе се потребни на primavera составот во тој момент? не сфаќам...
згора на тоа, после оваа напорна недела, ни следува порелаксиран распоред со дуели против Brescia, Bologna, Catania..зарем и при поволен резултат против таков противник нема да добие шанса Strasser, Odu, Merkel?
ние нема да можиме да извадиме играч од погонот на клубот ако вака се однесуваме спрема нив..видете ги некои од клубовите познати по нивните школи..ако ништо друго, видете го само Juve..колку и да ми се одбивни, тие се екипа по моја мерка..со еден куп домашни играчи што го сочинуваат костурот на националниот тим, со неколку странци, со уфрлување по неколку младинци секоја сезона...
ова последното, треба да го практикува и Milan, дефинитивно!

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Повиканите за вечерашната утакмица:
Abbiati, Amelia, Roma, Bonera, Jankulovski, Nesta, Papastathopoulos, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Abate, Ambrosini, Boateng, Flamini, Gattuso, Seedorf, Strasser, Merkel, Ibrahimovic, Robinho, Ronaldinho.
Giocatori indisponibili: Antonini, Oddo, Pirlo, Inzaghi, Pato.
Го изгубивме Pirlo за важното гостување кај Auxerre, ама пак на располагање се сите играчи што ги добија последните натпревари..најверојатно и Allegri би го почнал мечот со истите 11 како против Fiorentina, со евентуална измена на десната бековска позиција, во зависност од спремноста на Bonera да го одигра целиот натпревар..но и во тој случај го има одморениот Abate, кој по мое мислење можи повеќе да понуди вечерва..од младинците повикани се само Strasser и Merkel, меѓутоа и двајцата најверојатно нема да бидат на клупа..
како и да е, очекуваме продолжување на успешната серија со победа на Stade de l'Abbé-Deschamps и со помош на Real, осигурување на прогресот во втората фаза на ЛШ..

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

http://www.pirlo-tv.com/p/canal-deportivo-2.html

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Дечки уште немам интернет дома (повеќе од 2 недели) и затоа ме нема :(
ама душата ми се полни од резултатите
Forza Milan!!!

Cleferje said...

Дечки уште немам интернет дома (повеќе од 2 недели) и затоа ме нема :( ама душата ми се полни од резултатите Forza Milan!!!