---------------Дида
--Замбота--ОДО--ТС---Јанкуловски
------Гатузо----------Пирло
--------------Сидорф
-----Мансини------------Роналдињо
---------------Бориело
И искрено, жал ми е за Тиаго Силва со ваква одбрана :(
Толку за тоа, нешто повеќе за она што е многу поважно...
Вчера на годишното собрание на акционери беше усвоен буџетот за 2009-та и 2010-та година. Загубите во текот на минатата година се само 9,8 мил. евра односно 85 % подобри резултати од претходната година кога имавме минус од 66,8 мил. Акциите пораснале за 38 %. Сепак, црната страна на нештата... Галијани пред акционерите рече дека оваа сезона ќе биде потешка од претходната и овој трансфер пазар ќе биде многу потежок од ланскиот (каде што патем речено ги купивме, Хунтелар и Онуеву, зарем може полошо од тоа?).
Примарна цел на тимот ќе бидат фудбалери кои се на крај од договорот, кои би дошле бесплатно. Од друга страна Галијани потврди дека „ѕвездите“ на тимот нема да бидат продадени и тука ги наброја: Пато, Тиаго Силва, Роналдињо, Бориело и Хунтелар. Не можам да сфатам по кој критериум Бориело и Хунтелар „рипнаа“ во статусот на ѕвезди на тимот но можеби имам недостиг на IQ. Тоа што се наброени Бориело и Хунтелар во „недопирливите“ можете и да го преведете како: не купуваме нов, класа напаѓач!
Потврдено е дека Марио Јепес е наш фудбалер (се надевам дека нема да има лошо пломбиран заб). За Астори нема договор со Каљари па ќе се оди на принципот на затворени плика. Претежно ќе се атакува на фудбалери од француското и шпанското првенство, не дека тие се најквалитетни туку дека во гореспоменатите првенства има најмногу фудбалери кои се на крајот од договорот. Околу Леонардо, Галијани изјави дека ќе се обиде да го задржи во тимот но доколку тој замине за Бразил, следната солуција за клупата на Милан повторно ќе биде интерна (Тасоти, Гали).
Затоа мои драги Росонери запаметете:
Секогаш кога мислите дека сте го допреле дното не грижете се... надолу секогаш има
уште!
