Translate

Sunday 1 February 2009

LAZIO-MILAN PREVIEW

Уште еден ту-би ор нот ту-би натпревар :) .И повторно на Олимпико во Рим но овојпат против Горчо и неговиот Лацио.Ако се земе предвид фактот дека во минатото коло 3тите бода ни избегаа во последните неколку секунди,и дека вчера Јуве изненадувачки го доживеа вториот пораз во серија тогаш побеќе од очигледно е дека победата е императив.

Повредите и суспензиите во Милан веќе станаа секојдневие,така да повторно ќе играме без Неста,Каладѕе,Гатузо,Бориело...а од ова коло и без Фламини и КАПИТЕНОТ-единствениот играч кој е константен во одбраната.Добра вест е што Бонера се опорави од повредата.
Кај Лацио Броки се опоравил навреме и најверојатно ќе игра вечерва.Главната опасност повторно доаѓа од двоецот Пандев-Зарате


Абијати,Дида
Антонини,Бонера,Матиони,Фавали,Сендерос,Замброта,Јанкуловски
Амброзини,Емерсон,Пирло,Бекам,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато,Шевченко,Инзаги


*Само еден од Емерсон/Матиони ќе биде на клупата,сеуште не се знае кој.


Абијати
Замброта,Бонера/Сендерос,Фавали,Јанкуловски
Амброзини,Пирло,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато

Според мене вака треба да се почне и конечно да му се даде шанса на Дињо од почеток,но ништо чудно и Сидорф да игра на негово место,а Бекам или Јанко евентуално да играат во средината.

По нерешениот резултат со Џенова бев крајно разочаран,и како да се опростив со скудетото но со поразот на јуве вчера надежта се врати во мене.Па и да не ја освоиме титулата барем да знаеме дека сме се обиделе!


FORZA IL GRANDE MILAN!!!

5 comments:

Milanist od srce said...

После поразот на Јувентус , уште еден поволен резултат во корист на нашиот МИЛАН !

Интер-Торино 1-1

Преостанува МИЛАН вечерва да го победи на Лацио и со тоа да излезе втор на табелата пред Јуве и поблиску до Интер.
Па да се надеваме на победа и повеќе вакви промашени натпревари на Јуве и Интер , а Милан да ги користи таквите дадени прилики , и да се искачи на врвот .
Иако во Милан ги нема многу клучни играчи ќе се обиде да ја искористи оваа шанса да ги добие овие многу важни бодови и да го фати можеби последниот воз за титулата .

Па со среќа ! ! !
Повеќе ќе коментираме после натпреварот кој верувам дека ќе бидат поволни коментари за нас со победа над Лацио .

FORZA MILAN ! ! !

Anonymous said...

чул те Господ друже :)

ReBorned said...

Прв повик за Матиони :)
Најверојатно назад ќе бидат Сендерос - Фавали и тој дел од тимот најмногу ме плаши...
Напред ќе игра КА-ПА-РО
Ајде Але... Рим ти лежи :)

Anonymous said...

Богами и треба да те плаши...ама и Лацио треба да ги плаши троецот Ка-Па-Ро!
FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Сепак Дармиан и пумата на клупа а не Матиони,и уште поважно Бекам на местото на Дињо и Бонера на местото на Фавалињо кој не е ни на клупа!

FORZA MILAN