Translate

Sunday 26 January 2014

Против критиките и грипот!

 

Таков е денешниот Milan. Слаби резултати во серија па еден добар резултат / игра и веднаш се креваат надежите на навивачите пред повторно да бидат сурово приземјени. После добрата игра против Verona следуваше нокаут од Udinese во Coppa Italia и сега по некоја топло - ладно аналогија би требало да следи позитивен натпревар во Сардинија. Како да не беа доволни спортските повреди во тимот (ги има еден куп) па сега и грипот ги покоси половина првотимци. Abbiati, Poli, Petagna и Cristante (кој се врати на клупа) имаат грип па Amelia е првата опција меѓу стативите иако треба да се напомене дека и тој има незгодна повреда на коленото па доколку не е спремен може и Gabriel да се појави како трета опција.

Balotelli влече повреда заработена во Coppa Italia но повторно ќе се најде во самиот шпиц. Добра вест е тоа што Pazzo се враќа многу порано од предвиденото и веќе денес ќе биде на клупа. Одлична вест со оглед на тоа што буквално немаме резервен напаѓач во моментов. Кога сме кај повредите, вреди да се спомене и дека Zapata заработи повреда поради која ќе отсуствува околу 3 недели па денес Rami ќе игра покрај Bonera (со оглед на тоа што се работи на продажба на Mexes сега, нема да се ризикува со негов старт и евентуална повреда). 

Се надевам дека фудбалерите ќе дадат свој statement после срамната елиминација и пред се недостигот на желба против Udinese. Се надевам и дека Clarence се повеќе ќе има свој печат во играта на Milan. Се надевам на добра игра а резултатот ќе си дојде по себе.

P.S Се шират шпекулации дека Essien има мали проблеми на медицинските прегледи поради проблеми со коленото и постои можност да биде картиран назад во Chelsea. Сепак докторите во Milanello се запознаени со неговиот проблем и вршат подетални испитувања. Првично се очекува сепак дилот да се финализира, тоа што нема уште многу време до крајот на преодниот рок и тоа што фудбалерот може да игра ЛШ а дојде за безпари, имаат големо влијание на одлуката.

FORZA MILAN!!!

29 comments:

ReBorned said...

Essien ги заврши медицинските прегледи и утре ќе потпише договор со Milan.

Anonymous said...

Аман бе, грип има значи не пандемија па неможат ли да се справат со тоа што се шири низ цела екипа??
Мајче мила. Ни требаат позитивни резултати ама во моментов се поважни позитивни партии. Премногу се чека на Кака и Бало напред. За одбранат од никој не се очекува ништо така да...

Anonymous said...

Си шетаат сардиниве по нашата лева страна.

Navigator said...

Три шанси добри, трите шутирани во голманот. Светски голман го направија Avramov. На другата страна, миланска класика - Amelia и Bonera. Па преку кур веќе. На цел свет, само луѓето во клубот имаат позитивно мислење за такви пропалици. Еден навивач нема да им даде пролазна оцена години наназад. Ако почнува чистка, од нив ќе почне секој со здрав разум. Ама не, тие се нашите шампиони.
Играта беше динамична, солидно полувреме, ама не може ние да не користиме, а така лесно да не казнуваат. Kaka го има еден од најлошите натпревари. Ја демонстира баш таа грижа која ја имавме сите пред да дојде. Млак е едноставно. Honda мора да решава подобро и побрзо. Balo е одличен, исто и Binho. Urby со старата болка - супер напред, не покрива назад. NDJ стандардно сеприсутен. Останатите на просек. Мора до победа дечки, мора!

FORZA MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

што се случи?! :) не гледам, не сум во можност, само пратам на flashscore...уф каков relief!

Anonymous said...

Пацооо Пацооо Пацооо!! Како да не го сакаш после?! Типот за Матри е Фалкао. Останувам на своето дека стартната формација треба да ни биде со Де Јонг,Монтоливо и Хонда во средината, Кака зад напаѓачите и Бало и Пацини во шпицот.
Позитивна работа е што притискавме доста и што дадовме 2 гола од прекина.

Navigator said...

Прво Balo од слобеден во '85 за 1-1, па Pazzo во '89 од корнер во Ibra-style за пресврт. Далеку од факт за радување, но охрабрувачко звучи тоа дека ова е првпат сезонава Milan да врзи две победи со ред. На мусклули, ама се брои!

ReBorned said...

Имавме одлично прво полувреме (минус Amelia) и многу лошо второ полувреме некаде до 75-та минута кога почнавме повторно да притискаме. Не беше којзнае колку задоволителна претстава но победа си е победа а победа на ваков начин може само да го крене духот и самодовербата.
Rami беше одличен и доминантен. Не знам дали тоа се должи на уште една буквално идиотска партија на Bonera но Rami беше одличен. Honda делува многу отсечено покрај аут линијата, а да пробаме еден меч без Kaka а со Honda на AMC? Или ако Pazzo се консолидира 100 % на физички план, да играме како што игравме во финишот, со Balotelli на местото на Robinho (на AML) а Pazzo во самиот шпиц? Pazzini е далеку поопасен фудбалер во гужвата од Balotelli и далеку со поголем процент ги реализира шансите од Balotelli. Овој вториот од друга страна многу повеќе може да придонесе кога ја влече топката во зачетокот на акцијата.
Bonera би требало да биде апсолутно последната опција во одбрана, дури и после Silvestre. Настрана примениот гол, денес на неколкупати ја промаши топката а 2-3 пати таа го удри него наместо обратно. Rami покриваше се што можеше да стигне. Веројатно (со оглед на тоа дека веројатно Mexes ќе оди во Monaco), најдобра варијанта за стартни дефанзивци е Zapata - Rami со Silvestre како прва опција од клупа.
Многу ме израдува фактот што De Scigio си се израдува баш како мало дете на голот на Pazzini и не престана да го гушка можеби 30 секунди и повеќе. Rosso Nero душа :)

Navigator said...

И кога конечно врзавме две победи, и кога атмосферата сигурно ќе биде поинаква, следниот викенд ќе го немаме Balo. Џабе му е се, ментално каска зад нормалните луѓе. Дали Seedorf ќе успее да го среди? Не, затоа што никој нема пристап до празната глава на Mario. Цел живот ќе си пати од тоа, ама и екипите каде што ќе игра.

ReBorned said...

Seedorf: "I have told Balotelli that he can count on me. He will always have my support and help."

И пред голот и пред тој жолт картон и пред овој меч... повеќе се расправа со противничките навивачи отколку што му е паметот на теренот.

Navigator said...

Рака на срце, многу го провоцираат. Има такви идиоти низ Serie A, буквално идиоти, кои се поглупави од Mario неколкукратно, ама си умислиле дека треба да го вреѓаат, удираат, буцкаат додека не побесни. Се сеќавам на еден таков малоумен од Bologna. Беше или Cherubin или Portanova (овој вториот мислам дека беше кај повредата на Pazzo, а не со Mario). Постојано, 90 минути го работеше, ти се чини само заради тоа е на терен. Исто и Heurtaux од Udinese, Pasqual од Fiorentina. И не само индивидуални провокации, се сеќавам на мечот со Udinese лани, беа решени да го извадат од игра, дали повреден или со црвен картон заради реакција, сеедно.
А Balo не реагира така очигледно кон противничките играчи како порано. И тоа е напредок. За жал не издржува, постојано прави будала од себе и им дава поттик на дебилите, а богами и на судиите. Сега му е интересно да се расправа со публика. Освен тоа, многу бе сака да симулира. И затоа после не му даваат вистински фаули, кога стварно е во право, па се нервира. Тоа веројатно нема да го промени цел живот, за жал. Ниту Seedorf ќе успее. Премногу е навлезен во "лошата улога". Ќе му требаат челични нерви и многу повеќе мозок за да го промени ова.

ReBorned said...

Milan и Napoli сè уште се цврсто решени да помине трампата Armero - Constant. Трите страни веќе се согласни (двата клуба + Armero), останува уште да се убеди Constant (тој веќе еднаш ја одби трампата). Се надевам дека ова ќе помине, од Constant апсолутно немаме никаква корист а од друга страна Pablo Armero додека беше во Udinese беше еден од најбрзите фудбалери во цело Calcio и сметам дека може да одигра и високо на AML за Seedorf. Многу многу брз фудбалер!

Anonymous said...

Секоја комбинација каде што си оди Констант е добра, па уште за играч со физички предиспозиции како Армеро. Пффф

ReBorned said...

Constant засега не го прифаќа Napoli затоа што сака да биде целосно продаден а не само позајмен до летото. Тоа ми одговара и мене.

Сакате една весела математика? Iturbe е позајмен во Verona од Porto. Iturbe е еден од најневеројатните млади талентирани фудбалери во светот а Verona за него има buy out опција на лето за 15 милиони евра. Трансфер гуруто на Verona, Sogliano на лето доаѓа во Milan. Milan нема фудбалер кој игра на AMR а шутира со лева нога (Honda е повеќе централен и помалку помага во дефанзива). Iturbe би можел да биде одличен еквивалент на El Shaarawy од спротивната страна и баш фудбалер каков што треба. Одлично шутира со својата контра нога, може да прави cut in, извонредно шутира и слободни удари и што е најважно за 4-2-3-1, континуирано трча назад и помага во дефанзива, ја држи целата десна страна. Момчето е Шрек во однос на физикус.

Navigator said...

Iturbe ми фати око уште во Porto. Да не правам муабет колку брзо ми напредуваше на FIFA12 :) Само една работа ме плаши во врска со расплетот на Ри: во последно време, во некои од договорите за loan w/ buy out ја има баш таа клаузула да тимот кој купува по истек на заем, да не може да го продаде или позајми извесен период. Сум читал, моментално не можам да се сетам на пример. Веројатно некои од поголемите клубови што даваат на заем на помали се изгореле со таленти кои ќе блеснат во малиот тим, ќе бидат откупени, па продадени на голем клуб - ривал. Замислете Niang да одигра супер пролет, французите да го купат за 10 и да го продадат на Juve за 20 милиони. Многу е глупо. Не знам дали ја има таа клаузула во заемот на Iturbe, се надевам не.

Navigator said...

А за трампата Constant-Armero, одма, уште денес, со две раце!

Navigator said...

Deloitte секоја година прави ранг листа на најуспешните фудбалски клубови според приходите за претходната сезона. Economist денес ја објави годинашната листа.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10152169620964060&set=a.10150279872209060.361054.6013004059&type=1&theater

Паѓа во очи минорното учество на приход од продадени билети. И тоа веќе 3-4 сезони наназад. Можам да замислам како ќе биде следната сезона, кога многу веројатно нема да има приход од карти од ЛШ. Добро е што клубот има одлични спонзорски договори со компании кои постојано целат на најдоброто од светскиот фудбал, што значи дека овој Milan тешко ќе успее да ги задржи.

Anonymous said...

Гледајќи го графиконот, во broadcasting само Реал, Барса и мала разлика со Јуве пред нас, тоа е одлично.
Од комерцијален аспект сме во топ 8 и тоа е за поздрав.
Ама ова со публикава загрижува.
Треба да се напомене дека некои клубови ги имаат распродадено сезонските билети уште пред да почне сезоната. (Баерн.М, Дортмунд) и дека скоро на сите тимови билетите се каде каде поскапи од нашите, ама посетеноста на Сан Сиро е болна тема веќе 5 години наназад и мора да се направи нешто околу тоа.
Многу ќе ми биде криво ако Констант ја укочи трампава.
Итурбе не сум го гледал доволно за да го коментирам.

ReBorned said...

Дури и G призна на пресот денес за тоа дека и 2 клуба и Армеро се веќе согласни за трампа и с е чека само на Констант. И потоа пак разговарал со него и неговиот агент. И Констант пак одбил... Не знам како можеш да форсираш останување во еден клуб кога очигледно ниту навивачите а еве отворено сега ниту клубот не те сака. Ама ете Констант пак одби преселба.
Вртоглави инфрмации во последниот час за навонка трампа Zaccardo - Tarabt.
Слично како и за Констант, било која трампа во која си оди Закардо е добра но оваа е одлична! Тарабт важи за еден од најталентираните млади фудбалери но има проблеми во главата и една наводна изјава во врска со Милан од пред 1 година. Тарабт е одличен фудбалер, само ако се среди во главата. Сепак веројатно тоа би било само позајмица до лето затоа што тој е играч на QPR а позајмен е во Фулам. Би сакал да вметнеме клаузула за откуп...

Anonymous said...

Измешани чуства имама околу ова со Мароканецов. Пред една година типот изјави дека на Милан не можеби не му оди најдобро во моментов, но затоа пак тој смета дека токму клуб како Милан (ПАЗИ КЛУБ КАКО МИЛАН) може да му биде отскочна даска за тимовите од рангот на Реал.М и Барса. Таков играч за мене не е добредојден во тимот па макар и да е Меси, а реално типот не е ни 10ина од Меси или друг поквалитетен играч.
Да беше толку добар, и да си го искористеше потенцијалот што го има(ше) немаше тимови од Чемпионшип да го позјамуваат во Фулам (каде што не се изнаигра).
Несватлив потег, ајде овој со Есиен ќе сватиш, тенка ни е позицијата заден везен во ЛШ ама паничново пазарење AMC/Крило не го сваќам.
И сеа Галијани може комотно да каже успешно меркато.

Хонда без пари
Есиен без пари
Рами и Таарабт на позајмица.

Anonymous said...

Д'Амброзио се договори со Интер.

ReBorned said...

Ова со Tarabt се случувало милион пати претходно во други клубови. Реално, фудбалерите знаат да истропкаат глупости (ако веќе може да се тврди дека ги кажал токму тие зборови, а тоа може да се тврди само со видео доказ) а подоцна да се искупат за тоа. Постои само еден начин на кој тој може да се оддолжи на навивачите, со игрите на теренот. Доколку игра како што знае (а верувајте знае! Ова не го зборувам затоа што дојде во Milan туку затоа што ова дете го гледам од негови 18 години) тогаш сите ќе заборават (или ќе му простат) за она што било. Да бидеме реални, Milan веќе може само на ваков хазарден стил да ќари некој талент, вистинските чисти таленти како Koke, David Silva, Oscar, Hazard и сл. се недостапни. Само вака можеме да стигнеме до некој одличен фудбалер за ниска сума. Во оваа ситуација не можеме да изгубиме, тој доаѓа САМО на позајмица а имаме ОДЛИЧНА 7 милионска опција да го задржиме. Доколку се глупира, си оди во Јуни (и така сезонава е речиси отпишана па колку и да се глупира нема да изгубиме нешто посебно како клуб). Ама од друга страна, ако распали тие 7 милиони ќе бидат вистински bargain! Универзален е, може да игра на сите 3 позиции зад напаѓачот, шутира слободни, асистира и шутира одлично од игра од 20-тина метри. Има одлична техника.

ReBorned said...

А за да биде уште позамрсено, можно е да го земеме и Биабиани :)

Anonymous said...

Дај боже да грешам, ама мое мислење е дека од Јуни па натака (а може и порано) ќе заборавиме дека играчот некогаш играл за нас.
Ќе пишувам пост утре за натпреварот со Торино, и воедно round up на пазарењето зимава.
Незнам што ќе ни е Бианбиани. Навистина, при ваква катастрофална одбрана ние редиме офанзивни играчи за врска, крила и напаѓачи.
На крајот од денот не гледам како Таарабт и Бианбиани ќе не направат подобар тим.

ReBorned said...

Работата со Biabiany е многу сериозна! Речиси се е завршено а G вели дека Seedorf многу го сака Biabiany и дека е можно со негово доаѓање да се менува и формацијата.

ReBorned said...

И ако ме прашувате мене, прилично сум сигурен дека ќе се форсира продавање на Robinho денес со евентуално доаѓање и на Biabiany. Затоа донесоа 2 офанзивни фудбалери, веројатно некој ќе продадат а Robinho е најлогичниот избор.

Anonymous said...

Абе остај што е сериозна, ама како планираат да го продадат Робињо за еден ден кога неможеа година ипол незнам.

ReBorned said...

Па кога ќе размислиш подобро, не мора за 1 ден, имаат 2 месеци фора, во Бразил до Март е преоден рок :)

ReBorned said...

Ништо од трансферот на Биабиани, Милан го сака само на позајмица, Парма сака само да го продаде а Сапонара не сака да оди во Парма.
Милан го контактира МАН УТД за да го побара Нани на позајмица.